You are on page 1of 12

СОСУ “Св.

Кирил и Методиј” Охрид

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО
ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ

Тема:
Електронско банкарство
(E-banking)

Ментор: проф. Милена Јакшовска Изработил:Димитар Митрески

Март, Охрид 2019

1
Содржина

1. Вовед .................................................................................................................................. 3

2. Историја на електронското банкарство .......................................................................... 4

3. Карактеристики на електронското банкарство и предизвици ...................................... 5

4. Форми на електронско банкарство.................................................................................. 6

2.1 Банкомати

2.2 POS Терминали

2.3 Платежни картички

2.4 Електронски чекови

2.5 Електронски или дигитални пари

5. Домашно банкарство......................................................................................................... 8

3.1 Телефонско Банкарство

3.2 Интернет Банкарство

3.3 Мобилно Банкарство

6. Е – трговија.......................................................................................................................... 9

7. Електронско банкарство во Македонија......................................................................... 10

8. Заклучок............................................................................................................................. 11

9. Користена литература....................................................................................................... 12

2
1. Вовед
Електронското банкарство се појавило во поново време и се развива со брзо темпо во
последните триесет години. Неговата примена и застапеност се поврзани со развојот на
информациско-комуникациската технологија (компјутерите, интернет-мрежата,
мобилната телефонија итн.). Исто така, распространетоста на електронското
банкарство зависи и од некои други фактори, како што се: степенот на урбанизација на
земјата, нивото на образование на населението, старосната структура итн. На пример,
во сите земји, електронското банкарство претежно го користат лицата со повисок
доход, со повисоко образование, помладите и градското население. Во секој случај,
дури и во развиените земји, услугите од електронското банкарство повеќе ги користат
претпријатијата, отколку луѓето.

Овој вид банкарство е наменет за сите клиенти кои имаат отворено сметка во банката
која нуди услуги од областа на е-банкарството. Сите клиенти, преку пополнување
соодветен образец, може да станат корисници на оваа услуга, при што, банката му
доставува на клиентот корисничко име и лозинка. На корисниците им е овозможено
преку архивата да ги следат сите промени на својата сметка до три месеци наназад од
моментот кога ќе се вклучат во е-банкарството. Плаќањето се врши на однапред
регистрирани сметки на корисникот. Оваа предрегистрација на уплатата на корисникот
претставува дополнителна заштита од злоупотреба на електронското банкарство од
страна на трети лица. Корисниците можат по пат на пишувани пораки од банките да
добијат потребни информации во врска со употребата на е-банкарството. Банката
преку најразлични известувања го информира корисникот за сите важни работи кое се
неопходни за непречено одвивање на електронското банкарство. За употребата на е-
банкарството, банките наплаќаат соодветен надомест. Корисникот може да се откаже
од овие услуги преку поднесување писмено барање за престанок на користење на
услугите на е-банкарството. Од друга страна, банката може да на корисникот да му го
одземе правото на користење на оваа услуга, доколу утврди дека корисникот не се
придржува до правилата издадени од страна на банката.

3
2. Историја на електронското банкарство

Првиот електронски трансфер на пари бил направен уште во 1860 година. Трансферот
го направила фирмата Western Union од САД, со помош на телеграф. Подоцна
телеграфските трансфери на пари станале вообичаени. Еден од најголемите денешни
системи за исплата и наплата, Fedwire од Америка бил во функција уште од 1918
година како телеграфска услуга за трансфер на пари. Уште во средината на шеесеттите
години на дваесеттиот век во Велика Британија и САД бројот на трансакции во
банкарството прераснал во неквалификувани нивоа. Стариот метод за обработка на
транксациите веќе не бил ефикасен, а проблемот нараснал до тој степен што би можел
да го загрози целиот финансиски систем. Владите на Велика Британија и САД презеле
мерки за автоматизација на ситните и чести трансакции. На база на идеи во САД во
1968 е формирана работна група за унапредување на размената “без хартии” (SCOPE –
Special Committee on Paperless Entries) која функционирала во банката за федерални
резерви во Сан Франциско. Желбата била да се створи евтин алтернативен платен
систем како алтернатива на чековите.

Како реакција на зголемената побарувачка за меѓународни трансакции на порамнување


валути и скапоцености, системите за електронско плаќање се развиени за исплата на
големо. Во областа на меѓубанкарското известување моментално доминира SWIFT,
основана во 1973 година во Брисел. SWIFT е во сопственост на нејзините членови,
односно конзорциум од над 2.200 банки. Автоматизацијата на банкарските трансакции
е одложена долго време затоа што просечната вредност на трансакцијата е релативно
мала. Само пред десет години цените на потребната опрема и инфраструктура за
формирање на системи за малопродажни плаќања биле толку високи што трошоците за
обработка на трансакција во ново формираните системи биле повисоки од вредноста на
самата трансакција. Развој на информациии комуникациските техники и технологија,
сепак, веќе дозволуваат автоматизација на трансакциите за банкарство на мало со
прифатлива цена по една трансакција. Трендови во информатичката и
комуникациската технологија, како што се намалување на трошоците за компјутерска
обработка на податоци, развој на дигитални безжични комуникации, стандардизацијата
итн., влијаат на намалувањето на трошоците за компјутер и комуникациска опрема, со
што се намалуваат трошоците по една банкарска трансакција за малопродажба.

4
3. Карактеристики на електронското банкарство и предизвици

Електронското банкарство е фокусирано на оние банкарски производи и услуги


обезбедени преку електронски канали преку интернет. Со други зборови,
електронското банкарство опфаќа множество на различни начини вршење финансиски
трансакции со користење на информации и телекомуникациски технологии.
Електронското банкарство е брз, ефикасен и сигурен систем кој им овозможува
пристап на интернет до банката независно од времето работи 24 часа на ден, седум
дена во неделата. На овој начин може да се направат многу финансиски операции -
вршење финансиски трансакции, увид во биланс и дневни промени во сметката,
преземање на изјавата од претходниот ден, увид во архивските перформанси итн.
Нивоата на електронско банкарство се различни.

Во електронското банкарство можат и да се сретнат неколку предизвици како што се:

- Активности за електронско банкарство надвор од земјата

- Е-сигурност:

1. Кражба на личниот идентитет


2. Губење на приватност
3. Превземање одговорност во случај на измама
4. Идентификација на клиентите
5. Воспоставување нето е-банкарски трансакции
6. Неодговорност и одговорност за активностите

Голем предизвик е и следење на информациите и деловните трендови,


кои се појавуваат во форма на нови стандарди, технологии, методологии и кои
доведуваат до некои промени чии ефекти може да се рефлектираат
општиот бизнис.
Заклучок е дека електронското банкарство е чуствително на ризици особено –
управување, легалност, оперативност и углед кои се својствени за традиционалното
банкарство. Како одговор на тоа многу законодавни системи ги измениле своите
прописи за постигнување на нивните цели: да се обезбеди сигурност и издржливост во
банкарскиот систем ,подобрување на пазарните дисциплини и заштита на правата на
корисниците и довербата на јавноста во банкарскиот систем.

5
4. Форми на електронско банкарство
Електронското банкарство претставува користење банкарски услуги и извршување на
банкарски трансакции со посредство на компјутер или терминал, кој овозможува
пристап до телекомуникациска мрежа за пренос на податоци. Освен тоа овозможува
заштеда на време и пари користеќи ги услугите на банката во било кое време и место.
Од гледна точка на корисниците, електронското банкарство може да се групира како:
 Куќно
 Корпоративно
 Меѓубанкарско
Исто така, електронското банкарство ги вклучува и системот за електронска размена на
податоци за финансиските трансакции (SWIFT), како и банкоматите и POS-
терминалите.

3.1 Банкомати
Првиот чекор кон електронското банкарство бил појавата на банкоматите (Automated
Teller Machines - ATMs). Освен подигање на готовина, тие овозможуваат и плаќање на
сметки, дополнување на сметките на мобилните телефони, трансфер на средства на
друга сметка и др. Банкоматот, всушност, претставува терминал за внесување податоци
со два влеза (читач на картички и тастатура) и четири излези (звучник, монитор,
печатач и касета за пари). Тој треба да биде поврзан со централниот сервер на банката
(преку телефонска линија), со цел да се изврши верификација на ПИН-от кој
корисникот го внесува за идентификација.

3.2 POS терминали


POS терминалите (point-of-sale terminals, POS) претставуваат електронски системи кои
ги поврзуваат потрошувачите, банките и трговците. POS терминалите служат за
плаќање на купената стока во традиционалните продавници. Купувачот ја користи
својата кредитна/дебитна картичка за да се поврзе, преку POS терминалот, со
компјутерот на банката (од каде е издадена картичката) и да го изврши плаќањето.
Прво се врши идентификација на купувачот (со внесување на ПИН кодот) и проверка
на важноста на картичката, потоа, компјутерот проверува дали има доволно средства
на картичката и најпосле, се врши плаќањето.

6
3.3 Платежните картички
Платежните картички (payment cards, bank cards) претставуваат инструмент за
безготовинско плаќање. Овие картички се користат за подигање пари од банкоматите,
за плаќање на купените производи преку POS-терминалите, а често се користат и за
плаќање на интернет. Кај платежните картички сигурноста е обезбедена преку
идентификациониот број, кој се состои од дигитални знаци вградени на магнетна лента
или на чип. Во зависност од тоа, картичките може да се поделат на:

 Картички со магнетна лента


 Паметни (smart) картички
 Оптички картички.

3.4 Електронски чекови


Електронските чекови (e-checks) претставуваат дигитален документ кој има дигитален
потпис. Со него, потписникот (сопственикот) на чекот му налага на банката да исплати
одредена сума пари од неговата сметка (сметката на сопственикот) на корисникот на
чие име гласи чекот. Притоа, времетраењето на дигиталниот чек е ограничено, што
значи парите треба да се подигнат до точно одреден временски рок (потоа, чекот е
неважечки).

3.5 Електронски или дигитални пари


Електронските пари (e-money, e-cash) се најголемото технолошко достигнување во
развојот на електронското банкарство. Тие претставуваат замена за хартиените пари и
може да се користат за плаќање на производи и услуги преку интернет или во
деловната активност на банкарските мрежи (на пример, SWIFT).

7
5. Домашно банкарство

Домашното банкарство (Home banking) спаѓа во сферата на самоуслужно банкарство и


се дефинира како систем за директно користење на банкарските услуги од дома. Тоа
овозможува трансфер на средства, информации и налози преку телефон или компјутер
кој, преку комуникациски линк, се поврзува со централниот сервер на банката.
Заштитата на податоците од неовластени пристапи се врши преку употреба на посебен
сервер (од страна на банките) во кој има инсталирано програма и база на податоци
само за корисниците на услугите од домашното банкарство и кој мора да биде одделен
од останатата интранет-мрежа.

Корисникот на оваа услуга, за да се најави на системот, потребно е да го внесе својот


пин код (што претставува дел од заштитата). Кај домашното банкарство, разликуваме
три фази, во зависност од комуникацијата меѓу банката и клиентот, а која зависи од
развојот на телекомуникациските системи:

 Телефонско банкарство
 Оn-line банкарство
 Интернет-банкарство

4.1 Телефонско банкарство


Телефонското банкарство (Тelephone banking) се појавува во 1970-тите години и
овозможува добивање информации за состојбата на сметката и издавање налози за
плаќање преку телефон. На клиентите им се нуди оваа услуга во текот на работното
време на банката, при што клиентот треба да се јави на одреден телефонски број и да
го информира операторот за бројот на својата сметка и сигурносниот код. Крајната цел
на овој систем е приближување на банките до клиентите и овозможување поедноставна
услуга, без додатен напор, односно доаѓање на клиентот во банката. Со овој систем,
клиентот може да користи услуги на банката од дома.

8
4.2 Интернет-банкарство

Интернет-банкарството (Internet banking) претставува банкарство кое се одвива од дома


со посредство на интернет-мрежата. За извршување на банкарските трансакции не е
потребен специјален софтвер, туку тоа може да се врши од секој компјутер и од секое
место каде што има пристап до интернет. Притоа, податоците за трансакцијата не се
складираат на тврдиот дискот на компјутерот, со што е остварен одреден степен на
заштита. Банките се тие кои се грижат за заштита на податоците, односно за
одржување на сопствениот хардвер и софтвер. Интернет-банкарството нуди најевтини
банкарски услуги, достапност 24 часа на ден, без физичко ограничување. Тој е
практичен, економичен и најбрз начин на остварување на банкарските услуги од дома.

4.3 Мобилно Банкарство

Мобилното банкарство (Mobile banking) е најнов тренд во електронското банкарство.


Тоа претставува начин на извршување на банкарските услуги со употреба на мобилен
телефон или сличен апарат.

6. Е-трговија

Продажбата преку интернет е една од развојните сегменти на неговата употреба.


Брзиот развој на технологијата допринесе навиките на потрошувачите да еволуираат,
додека некогаш купувачот беше принуден да посетува разни трговски центри во
потрага по потребниот производ, денешниот модерен купувач истото го постигнува
преку интернет многу поудобно и за значително помалку време

Предности:

 Неограничено време 24/7


 Директно учество во глобалниот светски пазар
 Елиминирање на посредници и директен пристап до клиентите
 Евтина и ефикасна промоција и реклама на производите и услугите

9
7. Електронското банкарство во Македонија

Народната банка на Македонија го дефинира електронското банкарство на следниов


начин: „Електронското банкарство подразбира понуда на банкарски услуги и
производи преку интерактивни електронски комуникациски канали, како што се
пристап до финансиски информации, информации за производи и услуги, извршување
банкарски трансакциии сл.

Од аспект на видот и употребата на услугите во електронското банкарство, Македонија


е на прилично слично ниво како и Балканските земји. Единствено, Македонија
заостанува во доменот на мобилното банкарство. Според истражувањата од 2014
година, Хрватска доминирала, со употреба на 19% од населението, следна од Србија и
Македонија, во кои 9% од населението користело услуги од мобилното банкарство, а
тој процент во Бугарија изнесувал само 5%.

Во Македонија вкупно постојат 15 банки и сите овозможуваат одредени електронски


услуги, а исто така сите банки подржуваат картично работење. Интернет (виртуелни)
банки кои нудат исклучиво услуги по електронски пат сеуште нема во Македонија.
Иако Р. Македонија не може да се спореди со западноевропските земји во степенот на
употреба на електронските финансиски услуги, последниве години во тој поглед се
забележува големо подобрување односно електронското банкарство е во континуиран
развој.

Сè поголем број луѓе го прифаќаат како единствен начин за плаќање на своитео бврски
што се должи на неговите многубројни предности. Сè што треба да се направи за да се
започне со користење на електронските банкарски услуги е отворање на трансакциска
сметка и доставување на соодветно барање во банката.

10
8. Заклучок

Развојот на техниката и технологијата во последните години доведе до развој и на


електронското банкарство. Покрај традиционалните активности, банките и другите
финансиски институции им нудат можност на своите клиенти да го заштедат своето
време и на брз и едноставен начин, со едноставно кликнување на тастерот, ги извршат
сите неопходни плаќања и трансакции од нивната сметка. Самото воведување на
електронското банкарство бара воведување на нова опрема и софтвери, како и
едукација на клиентите на банките за користење на нивните услуги. Интернет банките,
во однос на традиционалните банки, работат со пониски оперативни и трансакциски
трошоци и затоа се во состојба да им понудат на своите клиенти пониски камати при
позајмувањето и повисок принос на нивните депозити. Развојот на интернет
банкарството оди до таму што банките не мора физички и да постојат, како на пример
Banknet (UK) или Telebank (Virginia), кои немаат никакви ограничувања во поглед на
географска рестрикиција и можат да вршат трансфери на огромни износи инстантно. И
покрај предностите, електронското банкарство има и одредени недостатоци и ризици,
кои мораат да се имаат во предвид и треба да бидат предмет на постојани напори за
нивно надминување и усовршување.

11
9. Користена литература:
1. Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски
факултет, 2011, стр. 341.
2. E-biznisi.net
3. Seity J. et al., „Internet banking - an Overview“, Journal of internet banking and
commerce, Vol. 3, No. 1 2003.
4. www.scribd.com
5. „Одлука за сигурност на информативниот систем на банката“, Сл. весник на
Република Македонија, бр. 31/2008.
6. www.wikipedia.com
7. Делово Работење за IV година
8. Elektronsko poslovanje, str. 197, (25.01.2014.)
9. Ibid.

12

You might also like