You are on page 1of 9

ИНТЕРЕН МАТУРСКИ ИСПИТ ПО ИСТОРИЈА

Шифра на ученикот ___________________________

Упатство за работа:
1. Внимателно прочитај го текстот;
2. Секој одговор пишувај го со сино пенкало;
3.Секој прецртан одговор со еден (1) бод, односно со два (2) бода е нула(0);
4. Забрането е користење на молив и било какво пенкало со друга боја;

I. Заокружи ги точниот одговор! Од вкупно 30 на тестот 10

- Крајот на праисторијата и почетокот на историјата го одредуваат следните настани:


а) употребата на металот и отривањето на тркалото
б) создавањето на државата и употребата на писмото
в) раѓањето на Исус и појавата на христијанството

- Средниот век започнува со следниот настан:


a) пропаѓањето на Западното Римско Царство б) појавата на христијанството
в) откривањето на Америка

- За ,,татко на историјата” cе смета:


а) Хераклит б) Херодот в) Херакле

- Првата монотеистичка религија се појавила во:


a) Eгипет б) Израел в) Персија

- Првото фонетското (гласовно) писмо било создадено во 1400 година п.н.е од


страна на:
a) Хелените б) Персијците в) Феникијците

- Кои од наведените се заеднички карактеристики на старите цивилизации кои се развиле во


Месопотамија и во Египет ?

а) создале држави покрај реки и верувале во повеќе богови


б) пишувале на фонетско писмо и верувале во еден бог
в) граделе пирамиди и произведувале свила
- Карактеристично за државното уредување на античката македонска држава е тоа што:

а) кралот бил обврзан да го ислуша секој Македонец, кој ќе му се обрател.


б) единствено кралот имал право да одлучува.
в) право на глас во Народното собрание имале само аристократите

- Александар III Македонски сакал да создаде светска империја во која :

a) Единствено Македонците ќе ги уживале придобивките на освојувањата

б) Народите ќе биле поделени на цивилизирани и варвари

в) Ќе дошло до измирување на победените со победниците

г) ќе доминирала хелениската култура над ориенталната култура

- Кои се сличностите помеѓу Македонија, Хелада, Египет, Персија и Индија?

a) сите се наоѓале под власта на Персиската Империја во 4 век п.н.е

б) биле освоени од Римската Империја во текот на нејзиното постоење

в) мешањето на нивните култури ја сочинувале хеленистичката култура

г) сите нивните народи имале индоевропејско потекло

- Во римската држава државното уредување се менувало во следните фази:

a) Кралство – Република – Империја б) Демократија – Империја – Република

в) Империја – Република – Кралство

- Кои племиња учестувале во Големата преселба на народите:


a) Хуните и Готите б) Византијците и Словените в) Хуните и Римјаните
- Со Верденскиот договор државата на Франките се распаднала на три кралства, од кои подоцна
биле формирани денешните држави:
a) Шпанија, Франција и Австрија б) Франција, Германија и Италија
в) Франција, Германија и Холандија

- Моравската мисија на Светите браќа Кирил и Методиј била резултат:

a) на барањата на моравскиот кнез Ростислав за воведување на словенски јазик во моравските


цркви и воспоставување на отпор против влијанието на германските свештеници

б) на барањата на византискиот цар Михаил III за воспоставување на латинскиот јазик во


моравските цркви и воспоставување на отпор против влијанието на германските
свештеници

в) на барањата на бугарскиот кнез Борис за воспоставување на бугарскиот јазик во моравските


цркви и воспоставување на отпор против влијанието на византиските свештеници

- Кои околности им овозможиле на комитопулите да ги подигнат востанијата во 969 година и


во 976 година?

a) во 969 г. го искористиле рускиот напад на Бугарија, а во 976 г. неповолниот договор на


Византија со Бугарија

б) во 969 г. ја искористиле граѓанската војна во Бугарија, а во 976 г. нападот на Византија врз


Русија

в) во 969 г. го искористиле рускиот напад на Бугарија, а во 976 г. граѓанската војна во


Византија

- Која црковна организација го признала Самуил за цар, а македонската црква


за патријаршија?
а) Римската црква б) Цариградската црква в)Охридската црква

- Кои општествени групи биле подржувачи на хуманизмот во Италија?

а) занаетчиите и трговците б) феудалците и свештениците в) селаните и свештениците


- Која била една од клучните причини за почетокот на Големите географски откритија?

а) освојувањето на Константинопол од страна на Османлиите


б) освојувањето на Рим од страна на Византиците
в) освојувањето на Константинопол од страна на Крстоносците

- Кои технички пронајдоци биле откриени од страна на научниците во периодот на


Ренесансата и развиениот Среден век?

а) хартијата, компасот и барутот б) микроскопот, барометарот и печатницата


в) парната машина, динамитот и вакцината

- Двата привилегирани сталежи непосредно пред Француската буржоаска револуција


во Франција биле составени од:

a) свештениците и благородниците б) буржоазијата и работниците


в) благородниците и буржоазијата

- Со индустриската револуција започнал процесот на премин:


a) од феудализам во социјализам б) од социјализам во капитализам
в) од феудализам во капитализам

- Во текот на своите походи Наполеон во Европа:


a) го укинувал колонијализмот б) го воспоставувал социјализмот
в) го укинувал феудализмот

- Кој бил главен организатор и водач на Разловечкото востание во Македонија


од 1876 година?

а) Димитар Поп Георгиев Беровски б) Стојан Карастоилов

в) Дедо Иљо Малешевски


На кој конгрес била направена ревизија од страна на големите сили на
Сан Стефанскиот договор од 03.03. 1878 година, помеѓу Русија и Османлиската Империја?

a) Берлински конгрес б) Солунски конгрес в) Париски конгрес

Која од овие функции е заедничка во револуционерното делување на Гоце Делчев и Ѓорче


Петров:

a)задграничен претставник б) претседател на Рилски конгрес в) основач на МРО

Кои од наведените настани се случиле во текот на 1903 година?


а) Спроведувањето на Солунските атентати, загинувањето на Гоце Делчев и издавањето на
Крушевскиот манифест.
б) Основањето на МРО, избувнувањето на Илинденското востание и одржувањето на
Солунскиот конгрес.
в) Спроведувањето на Мирцштегските реформи, одржувањето на Рилскиот конгрес и
избувнувањето на Младотурската револуција

Кои од следните држави пред Првата светска војна биле во сојуз и ги поврзува колонијализмот:

a) Велика Британија и Франција б) Русија и Германија

в) Италија и Австро - Унгарија

Сојузот на Централните сили бил создаден во 1882 година од:

a) Италија, Германија и Австро-Унгарија б) Италија, Германија и Франција

в)Франција Русија и Австро-Унгарија

. Koja од наведените држави војувале една против друга и во двете Светски војни?

а) Германија и Британија б) Русија и Австро-Унгарија в) Франција и СССР


Кои од наведените држави, иако победиле во Втората светска војна, сепак во повоениот период
(1945-1990) изгубиле голем дел од своите територии

а) Советскиот сојуз и Југославија б) Велика Британија и Франција


в) САД и Советскиот сојуз

- Во текот на студената војна дошло до идеолошки судир помеѓу:

а) САД кој го подржувал капитализмот и Советскиот сојуз кој го подржувал социјализмот


б) Советскиот сојуз кој го подржувал капитализмот и Велика Британија која го подржувала
империјализмот
в) Советскиот сојуз кој го подржаувал капитализмот и САД кој го подржувал комунизмот

II. ДОПОЛНИ ГИ РЕЧЕНИЦИТЕ СО ТОЧНИОТ ОДГОВОР вкупно 12 на тестот 4

Римската стратегија на освојување позната како Легија овозможила создавање на огрoмна


Империја, која била најголема за време на владеењето на императорот Трајан.

. Филип II искористувајќи го судирот помеѓу Грција и Спарта успеал конечно да ги покори


Хелените по извојувањето на победата во битката
кај Херонеја_.

Александар и македонската војска во текот на походот кон Исток од страна на дотогаш


покорените народи под персиска власт биле пречекувани како _ослободители. a на враќање од
походот во градот Суза Александар организирал свадба со цел Да ги спои различните
култури.

Со миланскиот едикт од 313 година, кој бил потпишан од страна на императорот константин,
било одлучено Христијаните да се еднакви со сите останати

Процесот на преселување на Словените во Македонија траел во периодот од 6-7 век, а како


резултат на заедничкото живеење помеѓу староседелците Македонци и доселените Словени
настапил процес на мешање наречен ________ембиоза_________________________.

Во средниот век карактеристично било феудално општествено уредување, а во Новиот век


капиталистичко oпштествено уредување во Западна Европа.
Последиците од задушувањето на Карпошевото востание во ____1689__година биле
Македонските селани скапо платиле за востанието.

Македонија целосно потпаднала под османлиска власт после загинувањето на


______________________Марко_________________ како османлиски вазали во битката кај
_____________________Ровине___________.

За избувнување на Првата светска војна причини биле тоа што централните сили сакале да
имаат колонии, додека пак повод за избувнување на војната бил убивањето на
австроунгарскиот претстолонаследник.
Пресвртница во Втората светска војна претставува Сталинградската битка, после која армијата
на СССР започнала контраофанзива што резултирала со капитулација на Германија.

Германските сили преку освојување на суецкиот канал во Африка и пробивот преку Кавказ кон
исток имале намера да се спојат со јапонските сили на територија на Индија.

Првиот претседател на Крушевската Република бил Никола Карев, a првиот претседател на


президиумот на АСНОМ бил Методија Андонов Ченто.

III. ОДГОВОРИ НА ЗАДАДЕНИТЕ ПРАШАЊА од вкупно 6 на тестот 2

Објасни го значењето на создавањето и употребата на глаголицата и кирилицата во однос на


опстојувањето на Словените во Средниот век.
Тоа им дозволило да имаат пишан јазик и откако биле прифатени во Рим дошле на исто
ниво со Еврејски и Латински.

Зошто ниту една држава од Големите сили не ја подржала борбата на македонскиот народ за
ослободување од османлиската власт, а воедно дел од Големите сили ја подржале поделбата
на Македонија во 1913 година.
Македонија имала лоша географска позиција и Големите сили не добивале ништо од тоа
ако помогнат.

Објасни ја пораката и значењето на Крушевскиот манифест и образложи ги универзалните


вредности применети преку републиканското уредување, во текот на десетдневното постоење на
Крушевската Република.
Пораката била сите да помогнат во света борба на обесправени во Македонија. Тој бил
напишан до муслиманите.

Кои биле причините кои условиле нацистичка Германија да биде поразена во Втората светска
војна.
Се борела на повеке фронтови, немала доволно ресурси, се борела против неколку
светски сили.
Kако успеал Махатма Ганди да ја деколонизира Индија и зошто Велика Британија, иако победник
во Втората светска војна, ги изгубила своите колонии во Светот по војната.
Ганди на мирен начин протестирал и со помош на вести успеал да донесе притисок врз
британците за тие да деколонизираат.

Кои биле клучните фактори за победата на САД над СССР во Студената војна
СССР имале полоша економија и имале помала подршка во светот додека САД ја имале
најсилната економија и влијание во светот.

IV. НАПИШИ ЕСЕЈ ЗА НАВЕДЕНИТЕ ТЕМИ од вкупно 12 на тестот 4

Раскажи за воениот поход на Александар III Mакедонски и објасни го значењето на неговото дело
во античката историја.
Походите на Александар македонски се воени походи на регионот на македонската
фаланга кон Азија и Африка, прво против Персија, а потоа и против разните индиски
владетели.

Објасни го значењето на делото на Словенските просветители Св. Кирил и Методиј и делото на


нивните ученици Св. Климент и Наум.

Објасни ги предусловите за појавата и кое е значењето на Ренесансата во историјата на Европа.

Раскажи за причините, резултатите и значењето на Француската буржоаска револуција во


европската историја

Опиши го формирањето на Македонската револуционерна организација и објасни кои


биле нејзините главни цели.

Објасни ги целите на Илинденското востание, востаничките дејствија и неговото значење во


историјата на македонскиот народ.

Опиши ги причините за појавата на нацизмот, кои се неговите карактеристики и како била


спроведувана нацистичката идеологија.

Опиши ги воените операции во Втората светска војна што се одвивале на Источниот фронт и
значењето на овој фронт за исходот на војната.
Објасни ги одлуките донесени на АСНОМ и образложи го значењето на АСНОМ за историјата на
македонскиот народ.

Објасни го процесот на отцепување од Југославија и осамостојување на Македонија.

Одговори во кое македонско


востание се употребувало
ова знаме и направи
споредба на девизата
максимата ,,Станете да ви
освобода” со максимата
,,слобода или смрт”.

Објасни го значењето на карикатурата.

Кои биле карактеристиките на Студената војна


и какви промени во меѓународните односи
предизвикало пронаоѓањето и евентуалната
употреба на нуклеарното оружје?

You might also like