You are on page 1of 5

Структура и морфологија на вирусите

Еклипса

Вируси ( virus-отров) се најмали и наједноставни микроорганизми. Тие


претсатуваат микробиолошки агенски и се разликуваат од другите
едноклеточни организми. Вирусите се стриктни интрацелуларни паразити. За
нивното одржување потребна е жива клетка која им ги обезбедува сите услови
за живот ( хранливи материи, енергија и синтеза на протеини). Инаку се
неспособни за живот. Од генетски материјал содржат само еден вид на
нуклеинска киселина ДНК или РНК. Во нив се запишани сите генски
информации кои му овозможуваат живот на вирусите. Бажна особина на
вирусите по што се разликуваат од другите микроорганизми е т.н. скриена фаза
(еклипса) кога тие ќе навлезат во живата клетка се дезинтегрираат во
молекуларни состојки кои се невидливи и не можат да се докажат во клетките.
Големината вирусите се движи од 10-300нм. (нанометри). Се гледаат само со
електронски микроскоп.

Градба на вирусите

Капсид, капсомера Нуклеокапсид,вирион

Јадрото е изградено од нуклеинска киселина. Најпростите вируси околу својата


ДНК или РНК се обвиткани со т.н. капсид, заштитна обвивка. Капсидот се
состои од протеинска единица наречена капсомера.нуклеинската киселина со
капсидот се означува како нуклеокапсид. Некои вируси имаат и други обвивки.
Без разлика дали вирусот има само нуклеокапсид или и дополнителни обвивки,
комплетната вирусна честичка се нарекува вирион. Вирионот е
екстрацелуларна честичка . тој е одговорен за пренесување на вирусното
заболување.

По форма вирусите се различни. Можат да бидат топчести, елипсовидни,


стапчести, квадратни, додека бактериските вируси (бактериофлаги) личат на
полноглавци (имаат глава и опашка).

Со анализа на капсомерите забележани се две форми на симетрија кај


вирусите: спирални ( хеликс) и кубни (нкозаедар). Кај овие вируси кои се
комплексно градени не може да се забележи симетрија.

Кај спиралната симетрија, нуклеинската киселина е спирално завиткана, а


околу нека капсомерите се исто така спирално распоредени. Спиралниот
нуклеокапсид може да биде извиткан како клопче и обвиткан. Таков вирион
најчесто има топчеста форма.

Икозаедарната симетрија е условена со распоредот на капсомерите кои


формираат рамнострани триаголници. (икозаедар е геометриско тело кое има
површина од 20 рамнострани триаголници).
Бактериофаг (бактериски вирус) има најкомплицирана морфолошка градба.
Кај нив нуклеинската киселина е свестена во главата на вирусот, која одговара
на капсидот на вирусот со икозаедарна симетрија. Главата е сместена на
контрактилен тубус кој се нарекува опашка и кој завршува со базална плоча на
која се наоѓаат израстоци (фибрили). Било кој од наброените елементи да е
оштетен, бактериофагот не може да предизвика инфекција на бактеријата.
Фибрилите се соединуваат на рецепторите на бактериската клетка доведувајќи
ја базалната плоча и опашката на вирусот во контакт со површината на
клетката и при тоа доаѓа до контракција на опашката. При тоа нуклеинската
киселина директно се вбризгува во цитоплазмата на бактеријата, а капсидот на
вирусот останува надвор од бактериската клетка.

Хемиски состав на вирусите

Хемискиот состав на вирусите е многу сиромашен. Сите вируси имаат


нуклеинска киселина и протеини, а некои липиди и полисахариди. Хулеинската
киселина сочинува 1% до 30% од вирусната честичка. Таа има неколку стотина
гени што претставува релативно мал кодирачки капацитет, но сосема доволен
да ги обезбеди сите животни функции. Најголем дел од вирионскиот протеин го
сочинуваат структурните протеини кои го градат капсидот. Покај нив некои
посложени вирусии имаат и ензими (полимеаза реураминидази). Вирусните
протеини се многу добри антигени. Липиди и протеини имаат само вирусите
кои поседуваат додатни обвивки. Тоа се обично поголеми и посложени вируси.

Исхрана на бактериите

На бактериите како и на сите суштества потребна им е храна. За животот на


бактериите потребни се различни соединенија и елементи кои ќе им обезбедат
енергија и градивен материјал. Исто така потребни се и комплексни
соединенија кои бактеријата не може сама да ги создаде, а без кои не може да
опстане. Овие соединенија се нарекуваат фактори на растење. Потребните
супстанции бактеријата ги наоѓа во средината во која живее. Но тие како такви,
бактеријата не може да ги користи. Потребно е да се обезбедат хемиски
реакции кои ќе овозможат од сите тие материи да се создадат потребни
супстанции кои ќе можат да се внесат во клетката. Сите тие физички и хемиски
процеси кои овозможуваат да бактеријата ги внесе потребните супстанции и
кои се неопходни за живот и размножување на бактериите се нарекуваат
исхрана на бактериите.

Метаболизам на бактериите

Хемотрофи, фототрофи.

Скоро сите бактерии користат хемиска енергија која се ослободува со


разградувањето на соединенијата. Тие се знаци хемотрофи или
хемиосинтетски бактерии. Многу е мал бројот на бактерии кои ја користат
светлината како енергија. Тиа се нарекуваат фототрофи или фотосинтетки
бактерии.

Под метаболизам на бактериите се подразбираат сите хемиски процеси кои се


одвиваат во бактеристака клетка и кои доведуваат до ослободување на
енергија и изградба на бактериската клетка. Бактериската клетка никогаш не
мирува. Во неа постојано се одвиваат разни процеси. Таа прима хранливи
материи, ги разградува и создава нови соединенија, расте се размножува, го
менува својот состав, ги исфрла непотребните материи, создадени во текот на
разните процеси. За сето ова потребно е многу енергија. Бактериите најповеќе
користат хемиска енергија, а помалку топлотна.

Дисимилација и асимилација на бактериите

Анаболизам, катаболизам, катализатори.

Процесите на дисимилација (разградување или катаболизам), се сите оние


биохемиски реакции кои се одигруваат во бактериската клатка, а кои
доведуваат до создавање на енергија. Процесот се нарекува катаболизам, а
реакциите катаболистички.

Процесите на симилација (синтеза или анаболизам) се сите оние биохемиски


реакции при што се троши енергија за создавање на соединенија неопходни за
потребите на бактериската клетка. Процесот се нарекува анаболизам, а
реакциите анаболитички.

Овие два процеси меѓусебно се надополнуваат така да не моѓат да се


разделат. За да можат сите овие процеси да се извршат во бактериската
клетка потребно е присуство на катализатори-ензими.

Ензими на бактериите

Апоензим, коензим, биокатализатор

Ензимите се сложени протеини со голема молекуларна тежина кои ги создава


животната клетка. Бактериските ензими се биокатализатори кои влегуваат во
биохемиските реакции, ги забрзуваат и на крај, остануваат непроменети.
Ензимите имаат специфичност на дејствување, односно делуваат на одредено
соединение 9супстрат). Оваа специфичност е условена градбата на ензимот.
Тие се состојат од две компоненти:апоензим и коензим. Апоензимот е од
протеинска природа, а коензимот од непротеинска природа. Дејството на
ензимите во разградбата на супстратот е условено од бројни фактори како:
оптимална температура (помеѓу 30-40C), концентрацијата на ензимот и
супстратот, pH помеѓу 6 и 7,5, осмоткси притисок и др. Според местото на
дејствување ензимите се делат на: егзоензими и едноензими.
1. Егзоензими- Ги создава бактеријата и ги излачува надвор од клеточната
мамбрана. Најчесто се хидролази, учевствуваат во хидролитичка
разградба со цел ден од макромолекулите да се создадат помали
молекули кои ќе можат да влезат низ цитоплазматската мембрана во
клетката. Со тоа се овозможува бактеријата да дојде до хранливи
материи.
2. Ендоензими- исто така ги создава бактериската клетка, но тиа
остануваат во клетката. Во најголем број случаи се наоѓаат во
рибозомите, а помалку во мезозомите, цитоплазматската мембрана и
матриксот. Тиа учествуваат во разградбата на оние соединенија кои се
неопходни за живот на бактериите.
3. Констутивни ензими- сите бактерии не создаваат ензими. Секој вид на
бактерии има одреден состав и посебни ензими по што се разликуваат
од другите видови.

Ензимите кои се генетски одредени и кои бактеријата постојано ги создава


се наречени констутивни ензими.

4. Индуцибилни ензими- овие ензими бактериската клетка ги создава кога


ќе дојде во контакт со супстратот.

Начин на исхрана

Активен транспорт, пасивен транспорт

За разлика од целиот животниски свет, бактериите можат да се хранат само


со течна, растворена храна. Процесот на дигестија на храната во
животинскиот свет, се одвива во одредени структури или органи, а кај
бактериите надвор од нив во течноста која ги опкружува. Макромолекулите
во околината на бактеријата можат да бидат иситнети за да може
бактеријата да ги користи како храна. Таа функција ја вршат егзоензимите
(протеините се разградуваат до олигопептиди и иаминокиселини,
јаглехидрати до олиго и моносахариди, мастите до масни киселини и
глицерол).

Подготвените хранливи материи од средината во која се наоѓаат за да


можат да влезат во бактериската клетка мора да воспостават транспорт низ
обвивката. Клеточниот ѕид со неговата градба не претставува препрека
(бариера). Бариера претставува цитоплазматската мембрана. Таа покажува
селективна пропусливост. Транспортот зависи од повеќе фактори. Постојат
два вида на транспорт: пасивен и активен.

- Пасивен транспорт Овој транспорт е условен од дејството на


хидростатички, термодинамички и хидрокинетички сили, при чие дејство
доаѓа до: апсорпција, осмоза и дифузија.
- Активен транспорт За многу биохемиски процеси потребна е поголема
концентрација на хранливите материи во бактеријата отколку надвор од
неа. Тоа се остварува по пат на активен транспорт кој го овозможува
пермеаза системот.

Извори на храна на бактериите

Бактериите имаат потреба од бројни соединенија и хемисли елементи. За


бактериите се најважни: јаглерод, водород, кислород, азот, сулфур, и
фосфор. Така слободни не можат да се најдат, туку се сврзани во разни
соединенија. Тие соединенија се наоѓаат во природните средини (земја,
вода, растенија, животни, човек). Во лабораториски услови на вештачки
хранилишта се обезбедуваат потребни соединенија кои бактериите ги
користат како храна. Исто така на бактериите им се потребни некои
елементи во трагови како: натриум, калиум, калциум, магнезиум, цинк,
кобалт и.т.н. кои се наоѓаат во состав на ензимите и коензимите кои ги
регулираат хемиските процеси.

You might also like