You are on page 1of 4

Г

Г1.ГГГРГХБ
2.1.2. Г
ГРАДБА НА БАКТЕРИСКА КЛЕТКА

Бактериите се едноклеточни, прокариотски организми со сложена градба. Иако се


разликуваат по форма, во однос на градбата и структурата на клеточните компоненти меѓу
различните видови бактерии нема поголема разлика. Сите бактерии се состојат од
клеточна обвивка, цитоплазма, јадрова суспстанција и органели за движење. Некои
бактерии имаат и спори.

Јадрово телце. Бактериите се прокариотски клетки, немаат јасно изразено и морфолошки


диференцирано јадро, ниту пак имаат јадрова мембрана.

Цитоплазма. Кај бактериите цитоплазмата претставува колоидна мешавина која содржи


околу 80% вода. Во неа се растворени или суспендирани аминокиселини, протеини,
пептиди, пурини, пирамидини, јаглеродни хидрати, липиди, витамини, разни неоргански
јони и други супстанции. Во неа покрај големиот број рибозоми, групирани како
полизоми, се наоѓаат и метахроматски зрнца, зрнца од гликоген и скроб, масни капки и
други гранули. Сите овие материи служат како резерви на хранливи материи и играат
значајна улога при диференцијацијата на некои видови бактерии.

Обвивка на бактериската клетка. Бактериските клетки имаат три видови на обвивка:


цитоплазматска мембрана, клеточен ѕид и каспула.

Цитоплазматската мембрана претставува тенка обвивка која се наоѓа под


клеточниот ѕид и ја затвора цитоплазмата. Се состои од протеини (60-70%), липиди (20-
30%) и мали количества јагленохидрати. Таа може да содржи дури 20% од вкупните
количества на бактериските протеини што ја потенцира нејзината голема функција.
Цитоплазматската мембрана има повеќе функции: ги пренесува електроните , ги
синтетизира липидите и компонентите на клеточниот ѕид, учествува во репликацијата на
ДНК, учествува во размената на материите, секрецијата на протеините, содржи
хемотаксичен систем со чија помош бактериите ги пронаоѓаат хранливите материи и се
прилепуваат за другите клетки од каде ги црпат потребните хранливи материи.
Градба на бактериска клетка

Клеточниот ѕид претставува цврста обвивка која се наоѓа под капсулата нa


инкапсулираните бактерии, додека кај бактериите кои немаат капсула тој е површинска
обвивка. Тоа е тенка, ригидна еластична мембрана со дебелина од 10 до 20 nm.
Изграден е од пептидоглукани (мукополисахариди) кои формираат еден вид на вреќичка
која ја затвора внатрешноста на бактериската клетка. Пептидоглуканите се соединенија
кои се најдени само кај бактериската клетка. Ова има големо практично значење при
употребата на антибиотиците кои делуваат врз тие соединенија и ја убиваат бактериската
клетка, без притоа да му наштетат на човекот.
Клеточниот ѕид има многу големо значење за бактериската клетка: дава облик и тургор на
бактеријата, ја штити од физички и хемиски оштетувања, ја штити од интраклеточниот
осмотски притисок поради растворените хеми- ски супстанции во цитоплазмата и
учествува во размената на материите со надворешната средина.
Постојат различни фактори кои можат да го разградат клеточниот ѕид. Тоа се најчесто
некои ензими, хемикалии, бактериофаги или механички фактори. Различните
антимикробни супстанции, како на пример, пеницилините, цефалоспорините и некои
други антибиотици можат да ја спречат синтезата на клеточниот ѕид.

Капсулата претставува обвивка која некои микроорганизми ја формираат под влијание


на факторите на средината. Кај тие микроорганизми на површината се насобира лигава
материја, која ако е доволно густа, формира капсула. Сите бактериски видови не
формираат капсула, а оние кои имаат се нарекуваат инкапсулирани бактерии. Капсулата
е дебела повеќе од 0,2 микрометри и може да се види со светлосен микроскоп. Капсулата
на бактериите главно се состои од полисахариди во вид на мрежа. Кај патогените
бактерии капсулата е носител на вируленцијата и со нејзино отстранување се намалува
инфективноста на бактеријата. Капсулата ги штити микроорганизмите од исушување, а
патогените микроорганизми ги штити од фагоцитите, лизозомите, бактериофагите.

Спори. Спорите се резистентни форми на некои видови бактерии. Тоа се ситни,


тркалезни или елипсовидни телца кои се создаваат во цитоплазмата на некои видови
бактерии. Бактериите кои формираат спори се нарекуваат спорогени бактерии. Процесот
на создавање на спори се нарекува спорулација.
Од здравствен аспект, спорите се важни, бидејќи преку нив се пренесуваат некои болести
и предизвикуваат потешкотии при стерилизација на инструментите и на другиот
медицински материјал. Спорите на некои микроорганизми го преживуваат термичкото
конзервирање на некои животни продукти и предизвикуваат нивно расипување. Спорите
на повеќето спорогени бактерии умираат на температура од 115 до 120оC по 15 до 20
минути, додека спорите на некои бактериски видови можат да останат живи три и повеќе
часови на температура од 120оC. Спорите на Bacillus antracis во почва можат да
преживеат и да бидат способни да предизвикаат болест до 60 години. Спорите покажуваат
многу голема отпорност и спрема дезинфекционите средства.

Израстоци на бактериската клетка. На површината на некои видови бактерии има


помал или поголем број израстоци кои им служат за движење. Има два вида израстоци:
флагели или камшичиња и трепки или фимбрии.
Флагелите (од лат. flagellum-камшик) се органели кои им служат на бактериите за
движење. Тоа се долги, кончести, еластични и подвижни израстоци. Бактериите кои ги
поседуваат се нарекуваат флагеларни бактерии. Изградени се од протеин кој се нарекува
флагелин.
На бактериското тело може да има една или повеќе флагели. Во однос на распоредот на
флагелите на бактериското тело се разликуваат неколку вида: перитрихи облици - кога
флагели има по целото тело, монополарна монотриха - кога има една флагела на едниот
пол, монополарна политриха - кога има снопче од флагели на едниот пол и биполарна
монотриха и биполарна политриха - кога бактериските клетки поседуваат снопче од
флагели или поединечни флагели на двата пола.
Фимбрии или трепки се многу тенки кончести израстоци по површината на многу Грам
(-) стапчести бактерии, и за разлика од камшичињата, не служат за движење. Долги се
неколку микрометри, а пречникот им е 7,5-10 nm. Фимбриите не се свиткани како
камшичињата. На една клетка може да ги има од 100 до 500. Можат да се видат само со
електронски микроскоп. Главно се изградени од фосфопротеин-пилин. Фимбриите не се
локомоторен апарат на бактеријата. Тие овозможуваат бактериската клетка да се прилепи
за површините на други клетки од што зависи инфективноста на бактериите. По функција
се разликуваат: соматски трепки за прилепување кон специфични површини, полови
(сексуални) трепки за пренесување на генетскиот материјал од една на друга клетка и
други.

You might also like