You are on page 1of 2

ПОТНИ И ЛОЈНИ ЖЛЕЗДИ

Потните жлезди спаѓаат во творби на кожата и се делат на:

• екрини или мали потни жлезди


• апокрини или големи потни жлезди

ПОВРШИНА НА КОЖА

ПОРА НА ЕКРИНА ЖЛЕЗДА


МУСКУЛ НА ВЛАКНО

ЛОЈНА ЖЛЕЗДА

ЕКРИНА ЖЛЕЗДА

АПОКРИНА
ЖЛЕЗДА
ФОЛИКУЛ НА ВЛАКНО

Екрините или мали потни се повеќебројни и ги има


насекаде особено на дланките и табаните.
Имаат цевчеста структура и се состојат од клопче
(секреторен дел) сместено во дермисот, изводен канал и
отвор на површината накожата преку којшто се излачува
потта. Потта содржи 95 % вода, 0,5 % сол и 0,5 % органски
материи (тоа се главно непотребни материи кои преку потта
се исфрлаат од организмот).
Потните жлезди учествуваат и во терморегулациониот
механизам на организмот, односно во регулирањето на
телесната температура. Човекот со потењето ослободува
вишок топлина која е натрупана во организмот.
Апокрините или големи потни жлезди) се наоѓаат под пазувите, околу гениталните
органи, на градите, на очните капаци и вонадворешниот ушен канал. Апокрините потни
жлезди излачуваат (создаваат) пот која се излева во фоликулот на косата. Овие жлезди се
развиваат и се активни после пубертетот, под дејство на половите хормони. Секретот од
апокрините жлезди секогаш се излева во иста количина. Тој секрет во однос на оној од
екрините жлезди е погуст и содржи масти и делови од самите жлезди. Овој секрет е без
мирис, а типичниот мирис на потта настанува со бактериската разградба на потта на
површината на кожата. Затоа апокрините жлезди се нарекуваат уштеи мирисни жлезди
Овие жлезди НЕ учествуваат во регулирањето на телесната температура.
Апокрините жлезди кои се сместени во надушниот канал лачат жолтеникав секрет, т.н.
церумен
ЛОЈНИ ЖЛЕЗДИ
Лојните жлезди се наоѓаат насекаде на кожата, освен на дланките и табаните.
Кожата е богата со лојни
жлезди и ги има околу 300 000
кои се нерамномерно
распоредени. Најмногу ги има
на главата, веѓите, очните
капаци, делови од лицето, зад
увото, на градите, грбот,
препоните на нозете,дел,
околу папокот,. Овие уште се
наречени себороични предели.
Овие жлезди лачат
масна супстанција т.н. лој или
себум. Лојните жлезди немаат сопствен отвор на површината од кожата, но тие се отвораат
во фоликулот на влакното. Наликуваат на кесичка којашто директно се влева во фоликулот.

На таков начин себумот, преку фоликулот на влакното излегува на површината од


кожата и овозможува премачкување на влакната и кожата со масна материја, со што тие
стануваат мазни, меки и сјајни. Себумот се создава со распаѓање на клетките од лојните
жлезди. Се состои од вода, триглицериди, слободни масни киселини, восок, холестерол и
други секреторни продукти. Себумот заедно со потта ја премачкува површината од
кожата, градејќи заштитна емулзиона обвивка којашто ја заштитува кожата од
прекумерно сушење. На тој начин се одржува физиолошка влажност на кожата, а се
спречува продор на разни микроорганизми во кожата.

Кај деца и стари лица, кожата лачи многу малку себум, додека во доба на пубертет
доаѓадо целосен развој на овие жлезди. Нивната функција е регулирана со ендокриниот
систем сопомош на хормони.

Намалената функција на лојните жлезди може да доведе до нееластична, сува и


рапава кожа, а влакната се кршливи. Тоа значи дека отсуството на себум предизвикува
појава на сува(посна) кожа.

Во случај на појава на зголемена функција на лојните жлезди, кожата станува масна


и сјајна (себороична кожа). Зголемена функција на лојните жлезди најчесто се јавува во
пубертетот, но има и лица кои целиот свој живот имаат засилена работа на лојните жлезди.

You might also like