You are on page 1of 7

ГРАДБА НА КОЖА (ДЕРМИС И ХИПОДЕРМИС)

ЕПИДЕРМИС

ДЕРМИС

ХИПОДЕРМИС

Кожата е изградена од три слоја. Тие се епидермис, дермис и хиподермис.

Дермисот е среден слој на кожата. Карактеристично за него е дека е изграден од клетки на сврзно
ткиво, колагени, еластични влакна и основна супстанција. Дебелината на дермисот варира од 0,5мм
на веѓите, па до 3 мм на дланките и табаните.

Во овој дел од кожата се наоѓаат крвни садови, нерви, коренот на влакното, потни и лојни жлезди.
Колагените влакна ја даваат цврстината на на кожата и се испреплетени и групирани во снопчиња.
Изградени се од белковина која се вика колаген.

Еластичните влакна имаат способност да се издолжуваат при растегнување на кожата и потоа да се


вратат во првобитна состојба. Еластичбите влакна секогаш се поединечни. Овие влакна и даваат
еластичност на кожата.

Хиподермисот или поткожното масно ткиво е изграден од масно ткиво одделено со прегради од
сврзно ткиво. Во
преградите се наоѓаат
крвнисадови, лимфни
садови и нерви. Дебелината
на поткожното масно ткиво
е различна наразлични
делови. Најмногу масно
ткиво има на стомакот и на
седалните делови. Кај
жената епоизразено
отколку кај мажите.
Поткожното масно ткиво
служи како топлотен
изолатор, амортизер од
удари и депо на масти кои
најбрзо се трошат при
гладување

Потна жлезда
ГРАДБА НА НОКТ

Ноктите претставуваат творби на кожата. Ноктот се наоѓа на завршниот дел на


прстите.
Во однос на хемискиот состав содржи мртви клетки , вода и масни материи.

Функцијата на ноктите е да гиштитат прстите т.е.


сетилото за допир од несакани повреди.

 Видливиот дел од ноктот се нарекува ноктна плочка


или тело на ноктот која е изградена од мртви клетки..
Плочата на ноктот завршува со слободна ивица која се
надвисува над јагодицата на прстот. Слободната ивица ја
сечиме при одржување на лична хигиена.
Во основата на ноктната плочка се наоѓа
лунулата, тоа е белатa месечинка позади која се наоѓа коренот на ноктот.

Единствениот жив дел од ноктот е матриксот и тој е одговорен за растот наноктот.


Матриксот е добро прицврстен за околното
ткиво и е добро снабден со крвни садови
Кожичката околу ноктната плоча се
нарекува кутикула и таа го спречува
навлегувањето на бактериите под ноктот.
Бојата на ноктот е бледо розеникава
со специфичен сјај. Ноктот расте
преманапред лизгајќи се по лежиштето.
Растењето на ноктот е различно во различни
периодиод животот како и во различни
периоди од годината.
Приближно расте 2,5cm на секои 8
месеци или 0,1mm дневно. Летновреме
ноктот расте побрзо отколку во зима. Ноктите
на нозете растат поспоро.Кај постари особи ноктите растат поспоро.Освен заштитна
функција, ноктите имаат и естетска функција посебно ноктитена рацете. Летно време
ноктот расте побрзо отколку во зима. Ноктите на нозете растат поспоро.
Освен заштитна функција, ноктите имаат и естетска функција посебно ноктите на рацете.
ГРАДБА НА ВЛАКНОТО

Влакното претставува творба на кожата. Изградено е од 3 дела.


 Видливиот дел на влакното се нарекува стебло или прат на влакното. Тоа е
изградено од мртви клетки.
 Делот од влакното кој се наоѓа под површината на кожата е единствениот жив дел
и претставува корен на влакното со помош на кој влакното се храни.
 Самиот корен е сместен во своето лежиште кое се нарекува фоликул на влакното.
Секое влакно и фоликул има и мускул кој го држи влакното исправено. Фоликулот
е извор на клетки кои служатза растење на влакното и се најдинамични и
најактивни клетки во организмот. За фоликулот е прицврстен долниот крај на
влакнениот мускул. Во исхраната на коренот помага себумо тшто го лачи лојната
жлезда.
 Околу коренот на влакното распоредени се и лојни жлезди кои лачат масна матери
ја во фоликулот на влакното т.е. Вршат подмачкување на влакното.

Анатомска градба на влакното

Ако влакното се пресечи попречно. На микроскоп


се гледа дека има три слоеви.
Надворешниот слој го штити влакното од
надворешно од штетното влијание. Многу често
под дејство на некои хемиски средства или
механички со тапирање, надврешниот дел може
да се оштети косата е сува и без сјај.
Внатрешниот слој на влакното

Во внатрешниот дел авлакнито се наоѓаат


клетки со меланин. Меланинот е пигмент кој ја
определува бојата на косата. Колку е поголема
количината на пигмент во косата, толку е потемна
косата.
Центарот на влакното е изграден од од клетки кои се неправилно распоредени, а
учествуваат во пренесувањето на хранливите до другитр слоеви.
ВИДОВИ НА ВЛАКНА

Според местото каде што се наоѓаат влакната можат да бидат:

 Меки влакненца, кои го покриваат целото тело,


 влакна на веѓите и клепките,

 влакна под пазувите и

 влакна во носот и ушите,

 влакна на брадата и косата.

Според должината и дебелината влакната можат да бидат:

 кратки и тенки (поцелото тело),


 кратки и подебели (пр. веѓите),

 долги и дебели (косата, брадата )

ХЕМИСКИ СОСТАВ НА ВЛАКНОТО


Од хемиски аспект влакното е изградено од протеинска материја наречена кератин.
Кератинот по својот состав е белковина.
Содржи и вода, масни материи и метали кои ги има и во останатите делови на телото
како на пример цинк, бакар и олово.
ОСОБИНИ НА ВЛАКНОТО

Влакното поседува одредени особини кои се важни при изведувањето на


козметичките третмани.
• Влакното има способност да прима вода.
• Друга особина е еластичноста и цврстината што оневозможува лесно кинење на
• влакното.
• Статичката наелектризираност претставува особина која најдобро се
• забележува при чешлање на сува и чиста коса.
Бојата на влакното зависи од видот на пигментите и нивната концентрација што
РАСТЕЊЕ НА ВЛАКНОТО

Растењето и опаѓањето на влакната претставува нормален процес кој се одвива во


следниве три фази:
АНОГЕНА ФАЗА која трае неколку години и месечно влакното расте приближно 1cm. Кај
жените косата расте побргу отколку кај мажите, а и во лето расте побрзо отколку во зима.

КАТОГЕНА ФАЗА е период кога растењето е во мирување т.е фоликулот навлакното ќе


престане да функционира и влакното не расте. Оваа фаза трае неколкумесеца.
ТЕЛОГЕНА ФАЗА период на опаѓање на
влакното. Уште во катогената фаза почнува
да се развива нов фоликул, тогаш почнува
да расте ново влакно за сметка на старото
кое одумира

ПОТНИ И ЛОЈНИ ЖЛЕЗДИ


Потните жлезди спаѓаат во творби на кожата и се делат на:

• екрини или мали потни жлезди


• апокрини или големи потни жлезди

ПОВРШИНА НА КОЖА

ПОРА НА ЕКРИНА ЖЛЕЗДА


МУСКУЛ НА ВЛАКНО

ЛОЈНА ЖЛЕЗДА

ЕКРИНА ЖЛЕЗДА

АПОКРИНА
ЖЛЕЗДА
ФОЛИКУЛ НА ВЛАКНО
Екрините или мали потни се повеќебројни и ги има
насекаде особено на дланките и табаните.
Имаат цевчеста структура и се состојат од клопче
(секреторен дел) сместено во дермисот, изводен канал и
отвор на површината накожата преку којшто се излачува
потта. Потта содржи 95 % вода, 0,5 % сол и 0,5 % органски
материи (тоа се главно непотребни материи кои преку
потта се исфрлаат од организмот).
Потните жлезди учествуваат и во
терморегулациониот механизам на организмот, односно
во регулирањето на телесната температура. Човекот со
потењето ослободува вишок топлина која е натрупана во
организмот.
Апокрините или големи потни жлезди) се наоѓаат под
пазувите, околу гениталните органи, на градите, на
очните капаци и вонадворешниот ушен канал. Апокрините потни жлезди излачуваат
(создаваат) пот која се излева во фоликулот на косата. Овие жлезди се развиваат и се
активни после пубертетот, под дејство на половите хормони. Секретот од апокрините
жлезди секогаш се излева во иста количина. Тој секрет во однос на оној од екрините жлезди
е погуст и содржи масти и делови од самите жлезди. Овој секрет е без мирис, а типичниот
мирис на потта настанува со бактериската разградба на потта на површината на кожата.
Затоа апокрините жлезди се нарекуваат уштеи мирисни жлезди
Овие жлезди НЕ учествуваат во регулирањето на телесната температура.

Апокрините жлезди кои се сместени во надушниот канал лачат жолтеникав секрет, т.н.
церумен
ЛОЈНИ ЖЛЕЗДИ
Лојните жлезди се наоѓаат насекаде на
кожата, освен на дланките и табаните.
Кожата е богата со лојни жлезди и ги има
околу 300 000 кои се нерамномерно
распоредени. Најмногу ги има на главата,
веѓите, очните капаци, делови од лицето,
зад увото, на градите, грбот, препоните на
нозете,дел, околу папокот,. Овие уште се
наречени себороични предели.
Овие жлезди лачат масна
супстанција т.н. лој или себум. Лојните жлезди немаат сопствен отвор на површината од
кожата, но тие се отвораат во фоликулот на влакното. Наликуваат на кесичка којашто
директно се влева во фоликулот.

На таков начин себумот, преку фоликулот на влакното излегува на површината од


кожата и овозможува премачкување на влакната и кожата со масна материја, со што тие
стануваат мазни, меки и сјајни. Себумот се создава со распаѓање на клетките од лојните
жлезди. Се состои од вода, триглицериди, слободни масни киселини, восок, холестерол и
други секреторни продукти. Себумот заедно со потта ја премачкува површината од
кожата, градејќи заштитна емулзиона обвивка којашто ја заштитува кожата од
прекумерно сушење. На тој начин се одржува физиолошка влажност на кожата, а се
спречува продор на разни микроорганизми во кожата.
Кај деца и стари лица, кожата лачи многу малку себум, додека во доба на пубертет
доаѓадо целосен развој на овие жлезди. Нивната функција е регулирана со ендокриниот
систем сопомош на хормони.

Намалената функција на лојните жлезди може да доведе до нееластична, сува и


рапава кожа, а влакната се кршливи. Тоа значи дека отсуството на себум предизвикува
појава на сува(посна) кожа.

Во случај на појава на зголемена функција на лојните жлезди, кожата станува масна


и сјајна (себороична кожа). Зголемена функција на лојните жлезди најчесто се јавува во
пубертетот, но има и лица кои целиот свој живот имаат засилена работа на лојните жлезди.

You might also like