You are on page 1of 6

Метаболизам и енрегија

АТР, ADP АМР, анхидрични врски.

Најголем број од сите бактериии енергијата ја црпат од хемиските ракциии,


односно со разградувањето на сложените соедниненија до прости.
Бактериската клетка е богата со фосфорни соедниненија кои се најодговорни
за продукција на одредени количества енергија кои бактеријата ги троши. Овие
фосфорни соединенија така наречени анхидриди, поседуваат анхидрични
врски богати со енергија .при раскинување на тие врски се ослободува големо
количество енергија. Најпознато вакво соединенија е АТР, кое во својата
структура носи три анхидрични врски. АТР овозможува постојано да кружи
енергијата. Ако АТР изгуби еден молекул на Р, тогаш премикува во ADP, кој
може или да добие еден молекул на Р или да изгуби и премина во АМР.

Основните процеси во кои се создава енергија се:

 Ферментација
 Фотосинтеза
 Респирација

Ферментација- Тоа е процес при кој огранските соединенија служат за давање


или примање на енергија. Дарител на енергија најчесто е гликозата, а
приматели се разни соединенија кои настануваат во интермедијарните
процеси. Овој процес е анаеробен. За секоја органска супстанца која се
ферментира постои граница до која таа се ферментира. Енергијата за овој
процес се добива од АТР.

Респирација – се означуваат оние процеси при кои се создава енергија. Имено


некое органско или неорганско соединение оддава електрон, а го прима некое
друго соединение кое по правило мора да е неорганско. Најчесто тоа
неорганско соединение е кислородот и тогаш зборуваме за аеробна
респирација. Ако пак неорганското соединение прими електрон станува збор за
анаеробна респирација.

Реакциите на примање и отпуштање на електрони всушност се оксидо-


редукциски реакции. ( оксидација е губење на електрон, а редукција е примање
на електрон).

Однос на бактериите према кислородот.

Аеробни бактерии, анаеробни бактерии

Бактериите различно се однесуваат спрема кислородот. Според тоа се делат


на четири групи:

1. Стрикно аеробни бактерии- не можат да егзистираат без кислород.


2. Стриктно анаеробни бактерии- овие бактерии се толку осетливи што
не трпат ни најмало количество на кислород.
3. Факултативно анаеробни или факултативно аеробни бактерии кои
подеднакво може да живеат и во присуство и во отсуство на кислород.
4. Микроаерофилни бактерии- овие бактерии имаат потреба од мали
концентрации на кислород. Поголеми концентрации или недостаток на
кислород доведуваат до смрт на бактеријата.

Растење и размножување на микроорганизмите

Бактериите како и другите организми растат се размножуваат и умираат.


Но, карактеристично кај нив е што нивната клетка е многу мала. При
растење се зголемува волуменот на бактериската клетк. Бактериите се
разможуваат со цепење преку L- форми, парасексуално размножување и
други начини на размножување.

Цепење на две- Најчеста форма на размножување е со цепење или


делење на од една клетка мајка се создаваат две клетки ќерки.
Бактериската клетка пред да почне да се дели најпрво го зголемува својот
обем. Потоа од клеточниот ѕид се јавува еден сптум кој врастува во
цитоплазмата и ја дели на два еднакви дела. При тоа се дели и предходно
реплицираната ДНК како и рибозомите и плазмидите. На крајот
бактериската клетка се стеснува на местото каде се создал септумот. Така
се создаваат две еднакви клетки кои се споени. Местото каде се споени
станува потанко и на крајот се оделуваат две еднакви клетки-ќерки.

Пупење- започнува со протрузија на еден дел од цитоплазмата. Во таа


протрузија влегува една половина од репликуваното јадро. Таа протрузија
расте се формира пупка. Кога таа ќе нарасте до одредена големина,
отпаднува и од неа се формира клетка која е еднаква на клетката од која се
оделила.

Разгранување- на овој начин се размножуваат стапчестите бактерии, кога


ќе се најдат во неповолни услови. Настанува на тој начин што бактериската
клетка при растењето се издолжува, се дуплира целокупниот материјал во
клетката и понатаму клетката се издолжува и се разделуба во по две гранки
во кои влегува нуклеински материјал. На овие места каде се одвоиле
гранките доаѓа до стеснување и тиа отпаѓаат. Од секоја гранка настанува
нова клетка. Кај некои, гранките не отпаѓаат туку остануваат заедно,
одделени една од друга со прегради.

Спорулација- кај мал број на микроорганизми се формираат т.н.


репродуктивни спори. Кога ќе наидат на поволи услови од низ изртува нова
клетка, најчесто со стапчеста форма која се вика хифа.
Размножување преку L-форма. Овој начин е типичен и единствен кај
некои бактерии. Бактериската клетка почнува да расте, при што се формира
едно големо тело кое во одреден момент се распрскува на многу ситни
делови. Од секој дел се развива нова клетка.

Сексуален начин- всушност не е право размножување. Се нарекува


сексуално затоа што доаѓа до пренесување на јадровиот материјал меѓу две
бактериски клетки, преку т.н. секс-пили ( специфичен само за стапчестите
бактерии). Од две клетки се добиваат две клетки и двете имаат ист генетски
материјал.

Фактори кои влијаат на размножувањето на микроорганизмите

Микроорганизмите се размножуваат многу брзо. Временскиот интервал на


настанување на нови клетки се вика време на една генерација. Кај секој вид
микроорганизми ова време е различно и може да биде од неколку минути,
часови, па дури и денови. Најголем број од бактериите имаат време на една
генерација од 20-25минути при што за 24 часа има создавање на видливи
колонии на вештачки хранилишта. Фактори кои делуваат на брзината на
размножувањето се: храна, вода, концентрација на кислород и јаглерод
диоксид, температура, осмотски притисок, концентрација на OH- јони и H+
јони и др.

Храна- Служи за снабдување на енергија и материјал за обновување на


клеточните органели, нивното дуплирање и создавање на нови генерации.

Јаглерод диоксид ( CO2)- Неопходен е при растењето и размножувањето


на бактериите особено е потребен на почетокот на размножувањето. Ако
концентрацијата е поголема или помала од потребната може да делува
инхибиторно на растото и размножувањето.

Кислород (О2)- зборувано е предходно

Влага- има огромна важност затоа што бактериската клетка црпи ОН- јони и
Н+ јони, кои се неопходни за тургорот на самата бактериска клетка. Исто
така, водата ги овозможува процесите на дифузија и осмоза преку кои
бактериската клетка се снабдува со хранливи материи неопходни за
нејзиниот живот.

Температура- многу битен фактор во размножувањето и е специфичен за


одделни видови бактерии. Во однос на минимална, оптимална и
максимална температура бактериите се делат во три големи групи:

-психрофилни бактерии (10-20 С)

- мезофилни бактерии (35-37 С)

- термофилни бактерии (60-65 С).


Други фактори кои се многу важни се: оксидо-редукциониот потенцијал,
осмотскиот притисок, површинскиот напон и др. Бактериите се разликуваат
во однос на рН на средината. Некои подобро живеат во киселна средина,
патогените најчесто живеат во неутрална средина, а само мал број во
алкална средина.

Фази во растењето и размножувањето на бактериската клетка:

1. Фаза на адаптација –трае неколку часа, скоро и да нема пораст на


микроорганизмите (бактериската клетка бавно се размножува).
2. Фаза на експоненција- максимално брзо се размножуваат бактериските
клетки, но при тоа ја трошат храната и скоро за неколку часа го
достигнуваат својот максимален број.
3. Стационарна фаза- најдолго трае и тука растат, се размножуваат ги
црпат последните резерви.
4. Фаза на изумирање- храната е потрошена, а распраднатите продукти
штетно делуваат врз сеуште живите бактерии.

Размножување на вирусите

Еклипса, репликација

Размножувањето на вирусите нема никаква сличност со размножувањето на


бактериите. Затоа што вирусите немаат свој метаболизам тие мора да
паразитираат во живата клетка. Бидејќи вирусите не можат да се размножуваат
со проста делба или со цепење, повеќе одговара терминот умножување на
вирусите отколку размножување.

Фази на умножување:

1. Адсорпција на вирусот на чустивтелна клетка- во оваа фаза вирусот


се прицврстува на определено место на површината на клетката. Тоа
место се вика рецептор на вирусот.
2. Продирање на вурисниот материјал во клетката- во оваа фаза
вирусот ја пробива клеточната обвивка и ја впрскува својата нуклеинска
киселина во клетката.
3. Фаза на еклипса- вирусниот материјал не може да се види во клетката,
затоа што нуклеинската киселина на вирусот се распаѓа
4. Репликација на вирусната нуклеинска киселина и вирусниот
протеин во клетката- во оваа фаза настанува т.н. провируси
5. Создавање на нов вирус
6. Ослободување на новоформираните вируси од клетката- вирусите ја
пробиваат клеточната обвивка и ја напуштаат клетката.
Новоформираните вируси можат подолго или пократко време да бидат
надвор од клетката. Но за да останат живи и да се умножуваат мора
повторно да дојдат во нова клетка на домаќинот.

Култувирање на микроорганизмите

Култивирање на бактериите

Култувирање, инокулација, агломерации

Под култивирање на микроорганизмите се подразбира нивно размножување


на разни микробиолошки хранилишта или подлоги. Тоа се разни материи и
смеси од разни супстанци кои овозможуваат нивното размножување како и
истакнување на нивните колонии. Колонии се агломерации (збирови) на
намножените микроорганизми. Агломерациите на колониите на
микроорганизмите се викаат култури.

Нанесување на бактериите на секоја подлога се вика посејување или


инокулација. Посеаните подлоги се чуваат во термостат. Тоа е апарат со
постојана температура од 37С. Во термостатот подлогите се ставаат од 18-
24 часа. Така се добива култура на бактериите. Колониите на разлилчните
бактериски видови меѓусебно се разликуваат по големина, форма, рабови,
површина, провидност и др. Овие способности можат да се видат со голо
око или лупа.

Видови подлоги

1. По потекло подлогите можат да бидат природни (млеко, јајце, жолчки


др.) и вештачки (бујон, пептонска вода, хранлив агар и др.).
2. По својата конзистенција подлогите можат да бидат: течни подлоги
( хранлив бујон и пептонска вода). Овие подлоги се чуваат во епрувети.
Цврсти подлоги се чуваат во Петриеви шолји и содржат помало или
поголемо количество агар, на кој му се додаваат и др, супстанци.
Полуцврсти подлоги- се користат за одредување на подвижноста на
бактериите.
3. По својот состав подлогите можат да бидат едноставни-основни 9кога
содржат само една супсанција) и сложени (содржат повеќе супстанции).
Сложените подлоги се делат на диференцијални и селективни.
- Диференцијалните подлоги ги истакнуваат карактеристичните
особини на разните видови бактерии по кои тие се разликуваат едни
од други.
- Селективните подлоги содржат разни супстанции кои го стимулираат
размножувањето на определени видови микроорганизми, а на други
микроорганизми го спречуваат нивното размножување.
Култивирање на вируси, рикеции и кламидии

Култура на клетки, ЦПЕ, хорион, амнион

Вирусите, рикециите и кламидиите можат да се култивираат само во


живи клетки. Такви се:

1. Култура на клетки- Под ова се подразбира размножување на


клетките во вештачка подлога (специјални вештачки подлоги).
Размножувајќи се формираат еден слој на клетки па се нарекуваат
еднослојни клетошни култури. За да клетките бидат во супспензија
потребно е постојано да се ротираат за да не дојде до нивно
нелепување на ѕидовите од шишето. На вака подготвена култура се
инокулира материјал во во кој се наоѓа вирус. Инокулираните култури
на клетки се инкубираат на температура од 32-37С во зависност од
видот на вирусот. Вирусот може да предизвика промена на клетките
(гигантски клетки, дефекти, инклузии и др.), па сите тие промени се
напрекуваат цитопатоген ефекти (ЦПЕ).
2. Култивирање во експериментални животни- се изведува кај
чувствителни животни (глушец, `рчко, заморец). Обично се одбираат
млади животни бидејќи во младите клетки подобро се култивираат.
Треба да се води сметка животното да биде здраво, а материјалот да
се култивира на соодветен начин (во крв, мозок, кожа, стомачна
празнина).
3. Култивирање во ембрион од јајце од кокошка- Овој начин е доста
подобен за некои вируси. Инокулацијата на материјалот мора да се
врши прецизно во одделни делови на јајцето (алантоична шуплина,
хориоалантоична мембрана, амнионска шуплина и жолчкино кесе).

за култивирање се користи јајце од кокошка оплодено 7-15 дена. Откако


со игла прскалка низ лушпата ќе се внесе испитуваниот материјал,
јајцето се инкубира 48-72 часа на температура од 37С. После тоа следи
испитување на делот во кој се намножил вирусот.

Рикециите се мали бактерии кои се прилагодиле на интрацелуларен


живот на затоа не можат да се размножат на вештачка подлога.

Каламидите претставуваат посебна група на прокариотски


микроорганизми кои се култивираат како и вирусите и нивното
размножување се следа според цитопатогениот ефект.

You might also like