You are on page 1of 24

МУСКУЛЕН

СИСТЕМ
• опфаќа повеќе од 600 мускули
• Myologia – наука која ги проучува мускулите
• 45-50 % од ВТТ отпаѓа на мускулите

• 40 % - скелетни мускули
• 5-10 % - мазни мускули
• срцев мускул

• во директна врска со нервниот систем – примаат дразби,


овозможуваат координирани движења.
ГРАДБА НА МУСКУЛИ И ВИДОВИ
МУСКУЛНИ ОРГАНИ
• изградени се од мускулно ткиво
• А.) Напречо – пругасто мускулно ткиво - скелетно мускулно ткиво,
влегува во градба на мускулите што го покриваат скелетот.
• многу долги цилиндрични клетки ( 5-12 цм), со рамни краеви, кои можат да се
контрахираат.
• познати како мускулни влакна– поради нивната огромна должина
• волева контракција
• Мускулното влакно се состои од :
• * Сарколема – тенка мембрана која го обвиткува мускулното влакно
• ** Саркоплазма – дел од цитоплазмата, богата со хранливи материи,
електролити, АТП, креатин фосфат. Содржи најголем број митохондрии.
• *** Миофибрили – тенки влакненца ( 1мм), сместени во саркоплазмата и се
одговорни за контракција. Содржат 2 типа контрактилни протеини:
- актин ( потенки филаменти) наизменично
распоредени во светли и
- миозин ( подебели филаменти) паралелни линии темни зони

**** Јадра – сместени под сарколемата


• Б.) Мазно мускулно ткиво – изградено од вретеновидни клетки со
заострени краеви, распоредени едни до други. Содржи ЕДНО јадро –
централно поставено, а миофибрилите немаат наизменичен распоред.

• Внатрешните мускулни органи – изградени од мазно мускулно ткиво:


желудник, бешика, црева, мочен меур, јајцеводи, семеводи, крвни садови..
• Контракцијата НЕ зависи од нашата волја – неволеви мускули, бавни, ритмични
контракции.
• Кружни ( сфинктери ) на природните отвори (анален отвор), да се сместени на места каде
желудникот преминува во тенко црево, од мочниот меур во мочниот канал и сл.
• Плочести – во вид на мускулни пластови ( во ѕидовите на внатрешните органи )
• В.) Срцев мускул – miocard – сличен на напречно – пругастите мускули –
но клетките се пократки и поврзани меѓу себе со мрежа – sincicium ( нервниот
импулс брзо се шири низ целиот мускул)
• неволеви контракции
• стимулиран од вегетативните нерви – двојна инервација
СКЕЛЕТНИ МУСКУЛИ
• Мускулните влакна се распоредени едни врз други и се групираат во мускулни
снопчиња.

• Секое снопче е обвиткано со тенка мембрана


• Повеќе мускулни снопчиња се соединуваат во мускулни снопови – заедничка
обвивка – фасција, со што се формира мускулот.
• Мускулот преку тетивите се поврзува за коските.
• Стегање ( контракција) и отпуштање ( релаксација) ВОЛЕВИ
КОНТРАКЦИИ
Скусуваат,
задебелуваат издолжуваат
• 1. Долги – вретеновидни мускули – екстермитети, на кои разликуваме
проширен, активен дел, глава или мев, и два стеснати, пасивни краеви.
- Во зависност од бројот на главите кои поаѓаат од одделни тетиви, можат да
бидат:
 двоглави ( m.biceps ) – мускулите на предниот дел на надлактот или на
задниот дел на натколеното и потколеното
Триглави ( m.triceps) – задниот дел на надлактот
Четириглави ( m.quadriceps ) – правиот бутен мускул – најголем и најмоќен
• 2. Плочести мускули – дијафрагма, широк грбен мускул или можат да
бидат со форма на ладало, трапезовидни, косо поставени ( стомачни мускули )
• 3. Куси мускули – овални или кружни, ги опкружуваат
природните отвори на лицето ( кружен мускул на очниот капак и
усните )
ФУНКЦИЈА НА МУСКУЛИ

СКЕЛЕТНО – МУСКУЛНА ИНТЕРАКЦИЈА

• Мускулите кои учествуваат во свиткување на зглобот се наречени флексори


• Мускулите кои овозможуваат исправање на зглобот се наречени екстензори
• Антагонисти – мускули кои истовремено вршат спротивни движења
( контракција на бицепс, релаксација на трицепс), мускулите во стомачниот дел
при наведнување се собираат, а истовремено оние на грбната страна се
истегнуваат.
• Синергисти – мускули кои истовремено се движат во иста насока ( мускули на
надлактот и подлактот, при превиткување на раката )
МУСКУЛНА КОНТРАКЦИЈА

• Единствен принцип на движење на мускулите е контракција и релаксација на


мускулните клетки.
• Секој МУСКУЛ се состои од илјадници МУСКУЛНИ КЛЕТКИ ( мускулни
влакна).
• Секоја МУСКУЛНА КЛЕТКА содржи МИОФИБРИЛИ
• Во МИОФИБРИЛИТЕ се наоѓаат контрактилни протеини АКТИН и
МИОЗИН.(структурни компоненти на саркомерите –контрактилни единици- на
едно мускулно влакно).
• Z-линија – границата меѓу одделните саркомери
• Движењето на мускулите е последица на контракција и релаксација на
САРКОМЕРИТЕ во мускулните клетки.
• Подеднаков удел имаат и актин филаментите –за нивно движење потребни се
јони на Ca++ и Е која се зема од АТП.
ВИДОВИ МУСКУЛНИ КОНТРАКЦИИ

• Во зависност од тоа колку нервни импулси доаѓаат од мускулот, разликуваме:

1. Поединечни контракции – до нив доаѓа еден нервен импулс, што значи дека потоа ќе
следи една контракција и една релаксација на мускулот.
- кај скелетните мускули брзината на контракција изнесува неколку милисекунди – БРЗИ МУСКУЛИ
- кај висцералните мускули – бавно движење, до 100 мс – БАВНИ МУСКУЛИ ( мускули на цревата кои
со бавни контракции ја туркаат храната од желудникот кон аналниот отвор )

2. Сложени контракции – познати како ТЕТАНУС, настануваат кај скелетните мускули. До


мускулот доаѓаат повеќе импулси, едноподруго, па секој нареден импулс дејствува пред да заврши
другиот.
- Мускулот повеќе време е згрчен, контракцијата трае подолго
МУСКУЛНА СИЛА

• Мускулите можат да подигнат товар чија тежина неколкупати ја надминува


тежината на самиот мускул.

• МАКСИМАЛНА МУСКУЛНА СИЛА – максималната тежина што мускулот


може да ја подигне
o резултат на една максимална волева контракција
o силата на мускулот зависи од бројот на мускулните влакна и од тренингот на мускулот.
МУСКУЛНА РАБОТА

• Скелетните мускули и кога мируваат се во постојан тонус – згрчени

• Во зависност од мускулната активност тие извршуваат динамичка или статичка работа.

I. ДИНАМИЧКА РАБОТА – вршат мускулите на екстремитетите кога се во движење. Тие ја менуваат


својата должина, а тонусот останува непроменет. Овој тип на
контракција е познат како ИЗОТОНИЧНА КОНТРАКЦИЈА ( мускулите не се заморуваат брзо, се
обезбедуваат хранливи материи и кислородза клеточна оксидација )
II. СТАТИЧКА РАБОТА – вршат мускулите кои го држат телото во исправена положба, во услови на
мирување – стоење на едно место или седење. Тие го менуваат тонусот, а не ја менуваат својата должина.
( мускулите на вратот кои ја држат главата исправено при гледање телевизија,читање и сл )
Овој тип на контракција е познат како ИЗОМЕТРИСКА КОНТРАКЦИЈА ( мускулите брзо се заморуваат
поради притисокот што го вршат мускулите врз крвните садови и го забавуваат протокот на крвта низ нив ).

You might also like