You are on page 1of 6

ВЕЖБИ

1. Определи кои од наведените зборовни состави во рамките на речениците


се слободни, а кои се неслободни!

а) Тој ги гледа децата во паркот. СЛОБОДЕН


Тој гледа сеир додека седи на клупа во паркот. НЕСЛОБОДЕН

б) Го пресеков парчето леб. СЛОБОДЕН


Го пресеков со поглед. НЕСЛОБОДЕН

в) Црвениот телефон заѕвони во канцеларијата на претседателот. НЕСЛОБОДЕН


Моите ми купија црвен телефон за роденден. СЛОБОДЕН

г) Му ги врзаа рацете со тоа што му поставија надзорник. НЕСЛОБОДЕН


Полицајците му ги врзаа рацете на осомничениот. СЛОБОДЕН

д) Таа им е трн во окото. НЕСЛОБОДЕН


Ѝ влезе трн во окото. СЛОБОДЕН

ѓ) Трошеше безмислосно и целата негова заштеда заврши в дупка. НЕСЛОБОДЕН


Не внимаваше кога одеше низ шумата и заврши в дупка. СЛОБОДЕН

2. Кои од набројаните неслободни зборовни состави НЕ се ФИ?

надморска височина, ушно тапанче, бели ноќи, меко срце, именска група,
овчарска торбичка, лесна рака, жива вода, мртов гладен, граѓанско општество, шпанско
село, во четири очи, пазарна економија, златна душа

3. Провери дали има грешки во следниве ФИ!

а) Село гори, старица се чешла. баба


б) Гладна кокошка овес сонува. просо
в) На нероден Петко палто му кројат. капа
г) Угоре високо, удолу ниско. длабоко
д) Далеку од очите, далеку од умот. срцето
ѓ) Нема шеќер в очи. вода
е) Тоа е близу до мозокот. паметот
ж) Без врски нема работа. љубов
з) Ти ќе го носиш на стомак ако ја изгуби работата. душа
ѕ) Со лага бег не бидува. ага
и) Преку ѓеврек погача. леб
ј) Ме вади од интонација кога така зборува. такт
к) Марија има пространо срце. широко
л) Кадија те тужи, судија те суди. кадија
љ) Тие имаат поминато и сито и цедалка. решето
м) Никола е негова десна нога. рака
н) Дојдоа тројца без четворица. двајца без тројца
њ) Две дињи под една мишка не се носат. лубеници
о) Нема убав збор за никого, само повраќа отров. испушта
п) Си прави Рамазан на умот. Бајрам
р) Не е секој ден Божик. Велигден
с) Ако ти фаќа увото за оваа работа, придружи ни се. окото
т) Живее како црн дроб во лој. бубрег
ќ) Гледа како јаре во шарена врата. теле
у) Таму вработија многу луѓе, ги има со вила да ги ринеш. лопата
ф) Знам дека се сомневаш, се гледа дека те јаде скакулецот. црвот
х) Што е денес ваква, оди како пчела без глава. мува
ц) Изгледа како да паднал од Меркур. Марс
ч) Не умри коњче до зелена трева. магаре
џ) Овој новиов е како изгубен Холанѓанец. Германец
ш) Брат за брат, кашкавалот за пари. сирење

4. Дополни со цел да добиеш ФИ.


а) Кога бебето спие, ние одиме како по јајца.
б) Тој никогаш не се откажува, туку се бори како лав.
в) Како не можеш да разбереш, ова е просто како грав.
г) Ајде помогни ми малку, нема да ти падне бисерот.
д) Нешто не е расположена, очигледно не ѝ цветаат рози.
ѓ) Се бараат оние што се одговорни за неуспехот, што значи дека ќе летаат
пердуви.
е) Братот и сестрата се помирија по долги години, се знае дека крвта не е вода.
ж) Многу се посрамив, си помислив зини земјо голтни ме.
з) Тој е многу снаодлив, и шефот го пренесе жеден преку вода.
ѕ) Леле, колку многу зборува, меле како празна воденица.
и) Не може да сфати за што станува збор, не гледа подалеку од носот.
ј) Таа се омажи во богато и угледно семејство, ѝ падна секира во мед.
к) Не знам како можат да му веруваат кога е очигледно дека ги лаже, како да се
слепи при очи.
л) Тие се такви луѓе кои не сакаат да успеат со чесна работа, туку само ловат
грешки во матно.
љ) Нема шанси да ја најдеме обетката во тревата, тоа е како да бараш игла во
стог сено.
м) Што се замислува, се прави поголем католик од папата.
н) Го наследила својот талент од мајка си, не случајно се вели дека
крушата под круша паѓа.
Соматски фразеолошки изрази (соматизмите) се оние изрази во кои
се употребува барем еден назив на дел или делови од човечкото тело. За нив се
употребува и терминот антропоморфни, кој е позајмен од филозофијата.
Македонскиот лингвист Звонко Никодиновски појаснува дека се работи за значења
на изрази што се однесуваат на човекот, на неговите физички и психички особини
и на неговиот социјален живот.
Според истражувањето на К. Велјановска, во ФИ во македонскиот јазик се
среќаваат 61 назив на делови од човечкото тело. Притоа, некои делови
покажуваат голема продуктивност (на прво место оние што ја содржат
компонентата глава, потоа оние со око/очи, рака/раце итн.).

Фитонимиски (растителни) ФИ се оние што содржат називи на


растенија или нивни делови. Притоа, како мотивација се јавува името, својствата,
изгледот и др. елементи на растенијата. На прво место кај овие ФИ доаѓа
зеленчукот затоа што тој е поврзан со исхраната на луѓето, потоа овошјето,
шумските плодови, а понатаму доаѓаат оние изрази во чиј состав влегува име на
некој вид цвеќе.

Зоонимиските (анималните) ФИ во својот состав имаат лексема што


означува име на некое животно. Најчесто се прави споредба помеѓу човекот и
животното, односно се земаат некои особини што се карактеристични за некое
животно за да се окарактеризира човекот во позитивна или во негативна смисла.

Онимиски ФИ се оние во кои е употребено некои лично име, презиме или


прекар, потоа географски поим и сл.
5. Определи со помош на која стилска фигура е постигнато пренесеното
значење во следниве фразеолошки изрази.

а) Старите велеа на државна чешма да не пиеш. МЕТОНИМИЈА


б) Во водата/на небото прави дупка. МЕТАФОРА, ИРОНИЈА
в) Тој со кола зајци фаќа. ИРОНИЈА, ХИПЕРБОЛА со надолно
преувеличување
г) Таа има камено срце. СИНЕГДОХА
д) Од фустан ракав се прави, од ракав фустан не се прави. МЕТОНИМИЈА
ѓ) Јапонците се вредни како мравки. КОМПАРАЦИЈА (СПОРЕДБА)
е) Ќе ми го памти ова до седмо колено. ХИПЕРБОЛА со нагорно
преувеличување
ж) Како испадна работава – по смрт болест. ОКСИМОРОН
з) Што кажа, да ти пукни чирот. ИРОНИЈА, ХИПЕРБОЛА
ѕ) (О)вој газ не е од праз. ИРОНИЈА, РИМА
и) Пушти го него, тој е ситна боранија, тебе ти треба некоја голема фаца.
ИРОНИЈА, МЕТАФОРА, СИНЕГДОХА
ј) Што човек ќе беше, а отвори уста, а почнува да блуе зелени гуштери.
МЕТАФОРА
к) Многу сум среќна, душава бавча. КОМПАРАЦИЈА

6. Пронајди ги соматските, фитонимиските, зоонимиските и онимиските ФИ


изрази дадени во претходните пет вежби.

7. Дополни за да добиеш соматски ФИ.

а) Му ја одра кожата на татка си, крвта му ја исцица.


б) Нема јазик за да зборува.
в) Го зеде на заб.
г) Го фати господ за брада.
д) Му отрпна ногата.
ѓ) Дошол нож до грло.
е) Му го измиле/испрале мозокот.
ж) Крвта вода не станува.
з) Се смее под мустак.
ѕ) Си го пика носот во сè.
и) Го чеша некое ребро.
ј) Човек без срце.
к) Не знае кај му е главата.
л) Со прст покажуваат на него.
љ) Ова е информација од прва рака.
м) Му падна камен од срцето.
н) Му го зеде залакот од уста.
њ) Тој е со крстот на чело.
8. Дополни за да добиеш онимиски ФИ.

а) Ја откри Америка.
б) Пара на рака, Мара за рака.
в) Со прашување и до Стамбол се стигнува.
г) Мижи Асан да ти баам.
д) Ајде сега Јово на ново.
ѓ) Се прави на Тошо.
е) Од сите страни Ѓорѓи сардисан.
ж) Кај си Болен Дојчин? (кога е некој болен)

9. Наведи ФИ изрази во чиј состав влегуваат следниве лексеми што означуваат


имиња на животни и на птици:

а) куче
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________
б) змија
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________
в) петел
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________
г) магаре
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________
д) маче
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________
ѓ) волк
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________
е) зајак
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________
ж) риба
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________
10. Наведи ФИ изрази во чиј состав влегуваат следниве лексеми што означуваат
имиња на растенија (и плодови):

а) јаболко
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________
б) лук
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________
в) краставица
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________
г) тиква
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________
д) цвеќе
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________

You might also like