You are on page 1of 7

Старогрчка митологија

*Митот за златното јаболко


*Митот за Прометеј
*Митот за Ахил
*Митот за Сизиф
*Митот за Одисеј
Митот за златното јаболко
 На свадбата на Пелеј и Теида, божицата Ерида го фрлила златното јаболко со натпис „најубава“
пред Зевс, за да одреди која од трите божици, Хера, Атена и Афродита, е најубава и која ќе го
добие јаболкото. Не сакајќи да направи раздор, зашто Хера е негова жена, Атена ќерка, а
Афродита поќерка, Зевс таа улога му ја препушта на Парис (изгубениот син на тројанскиот крал
Пријам).
 Парис треба да одреди која од нив е најубава. Тој живее на планината Ида и не знае дека е
кралски син. Неговата мајка тајно го потплатила убиецот да не го убие и него. Го задоила мечка
и така тој израснал во прекрасно момче. Богот Хермес, во придружба на божиците Хера, Атена
и Афродита, доаѓа на планината Ида со златното јаболко и му вели: „Парисе, бидејќи си ти така
убав и мудар, кога е во прашање срцето, Зевс нареди да пресудиш која од нив трите е најубава“.
 Парис во почетокот се противел, тврдејќи дека сите три се најубави и сакал да им го подели
јаболкото. Но, по наредба на Зевс морал да избере само една и затоа наредил сите три да се
соблечат за да ги погледне убаво. Меѓу Атена и Афродита настанал спор. Атена барала
Афродита да го извади својот појас што имал моќ да влијае секој да се вљуби во жената што го
носи, а Афродита барала Атена да го извади шлемот што ја прави многу убава. Додека овие две
се расправале, Хера му вели на Парис да ја погледа нејзе убаво и да ѝ го даде јаболкото, а за
возврат таа ќе го направи господар на Азија и најбогат човек на светот. Парис вели: „Не сакам
да ме поткупуваш убава госпоѓо, видов сè што сакав да видам“.
 Атена му нуди да го направи победник во сите битки, најубав и најпаметен човек во светот, ако
ѝ го даде нејзе јаболкото. Но, Парис не потпаднал ни на ова.
 Штом Афродита застанала пред него, тој веднаш поцрвенел од нејзината убавина, а
таа почнала милно да му зборува: „Погледни ме убаво, немој ништо да пропуштиш,
штом те видов, си реков, еве иде најубавиот човек во Фригија. Што бара овој човек
овде во пустина меѓу овци и крави, нему местото му е во град да живее градски
живот. Зошто не се ожениш со Елена од Спарта, која е убава како мене,
темпераментна и страсна жена? Верувам дека кога таа би те видела, веднаш би ја
напуштила фамилијата и мажот и би тргнала за тебе. Елена е прекрасна жена, го
сака ловот, борењето, а уште како мала предизвикувала војни, има долги руси коси
и прекрасно лице, излезена е од лебедово јајце. Кога порасна, сите грчки принцови
ја бараа за жена. Сега е жена на Менелај, братот на Агамемнон, но таа многу не го
сака и можеш да ја добиеш со моја помош“.
 Кога Афродита видела дека Парис е загреан за нејзината приказна, таа му нуди
помош од нејзиниот син Ерот да направи Елена смртно да се вљуби во Парис и да го
напушти мажот. Воодушевениот Парис златното јаболко ѝ го дава на Афродита. Со
тоа добива два смртни непријатели, Хера и Атена, кои ветуваат дека ќе ја уништат
Троја (бидејќи знаат дека Парис е тројански принц и ќе се врати меѓу своите). На
еден натпревар Парис се враќа во Троја, Хекуба признава дека тој е нивниот
погубен син. Афродита го исполнува ветувањето и му ја подарува Елена… Но, тоа е
причина за десетгодишната Тројанска војна.
Митот за Прометеј
Прометеј е грчки митолошки јунак, син на титанот Јапет. Тој бил Кронов брат кој Зевс го протерал во Тартар. Прометеј е познат по тоа што
се смета по грчката митологија дека на луѓето им го дал огнот со кој ние денеска се служиме и ни е неопходен во нашиот живот.
Еве како започнува таа прометеева авантура.
Прометеј бидејќи бил миленик на Зевс живеел добар и удобен живот и бил заштитен од боговите. Долго време живеел среќно и кога
поодминале години Зевс, кој веќе ги имал создадено луѓето, му било жал да ги гледа да живеат без неколкуте потребни дарови со кој
животот ќе им биде поубав. Но Зевс не сакал да им ги даде сите потребни нешта на луѓето и затоа го испратил Прометеј да им даде некои
нешта потребни во секојдневниот живот. Прометеј луѓето ги научил да зборуваат, да се разбираат меѓу себе, да прават оружја од камен и од
некои поцврсти ресурси, ги научил и да ги употребуваат, исто така ги научил да лекуваат со билки ги научил кои се отровни растенија и
што треба да се јаде од растенијата а што од животните и уште многу други работи. Зевс кога го видел тоа малку се налутил, бидејќи им дал
на луѓето толку многу неоткриени работи дотогаш непознати за луѓето. Зевс сакал даровите да им се даваат постепено а некои да не им ги
даде воопшто плашејќи се дека тогаш луѓето ќе станат непослушни. И тогаш го викнал Прометеј и му рекол да престане да им дава дарови
на луѓето. Но Прометеј иако и тој бил човек не им го дал уште огнот еден од најважните дарови. Не се помирил со таа помисла сè додека не
им го дал огнот на луѓето. На Прометеј му текнало дека богот Хефест работи со оган и решил да го украде од кај него. Отишол скришум и го
зел и им го дал оганот на луѓето и им кажал како се пали оган и како се користи. Зевс бил разлутен од ова што го видел и се почуствувал
измамен. Решил да го измами Прометеј и да го казни и тоа да му биде како поука за уште еднаш да не го мами врховниот бог. Се симнал и му
рекол да му принесе жртва за даровите кои му ги дал на луѓето. Прометеј ја сфатил Зевсовата одмазда и решил да го насамари. Заклал еден
вол и во кожата од волот ги ставил лојот и сланината, а другиот дел го ставил во коските на волот и му рекол: „Пресветол Зевсу, одбери го
делот кој те привлекува. Зевс го одбрал делот во кој биле завиткани лојот и сланината и се почуствувал измамен и се вратил на Олимп, а
Прометеј се радувал бидејќи го насамарил Зевс. Зевс му наредил на Хефест да го зароби Прометеј на планината Кавказ. Тогаш Хефест му
наредил на своите помошници Кратос и Бија, односно Моќта и Силата да го приковаат на Кавказ. Тие го фатиле и го приковале Прометеј.
Тогаш Зевс радосен ја довршувал својата одмазда. Пратил и орел да му го клука црниот дроб секој ден и откако орелот си заминувал дробот
повторно зараснувал. Една ден кога Херакле трагал по златните јаболки го ослободил и го убил орелот и на Прометеевото место го
ставил кентаур Херон кој бил бесмртен. Под прстенот на Прометеј имало камче од карпите на Кавказ на кои бил заробен и на тој начин
Зевс бил среќен мислејќи дека Прометеј живее прикован на планината Кавказ и одтогаш го сметал за еден од најголемите непријатели а
Прометеј останал да живее со луѓето и сепак бил сакан од некои други богови а Зевс го мразел засекогаш. Така завршува митот за Прометеј
кој му се спротиставил на семоќниот Зевс за да им помогне на луѓето.
Митот за Ахил
 Ахил во грчката митологија е син на кралот Пелеј и на божицата Тетида, главен
јунак во Илијадата и, воедно, најголем грчки јунак . Мирмидонците, племе
од Македонија, беше си имале крал по име Пелеј со царски двор во Фтија. Ахил
растел и се воспитувал според македонските кралски обичаи, со кралски другари и
придружба во учењето, игрите и борбите . Претставен е како слика на отприлика
совршен човек. Тој верува во чест, не лаже, и убива само кога е во опасност.
Неизмерната сила се крие во неговата слаба точка (ахиловата пета) за што зборува
легендата дека неговата мајка кога го родила го фатила за петтата и го потопила во
реката Стикс за да го направи бесмртен, единствено место каде водата не допрела
била неговата пета, а воедно и единствениот ранлив дел кој
принцот Парис случајно ќе го открие и ќе ја заврши легендата за Ахил.
Митот за Сизиф
 Сизиф бил син на Еол (богот на ветровите ) и бил најмудар во древните времиња. Еднаш Сизиф
му го покажал на речниот бог Азоп вртилиштето на Зевс а овој завозврат му ветил дека ќе
избие студен извор со вода во градот Коринт кој го основал Сизиф. Поради тоа предавство Зевс
решил да го казни Сизиф со тоа што го пратил богот на смртта Танатос да го одведе Сизифа
долу во мрачното царство наХедес. Сизиф успеал да го закове богот на смртта така да никој на
земјата не умирал додека не дошол Арес богот на војната да го ослободи.
      Откако Танатос се ослободил пак отишол по Сизиф. Но итриот Сизиф знаел дека кога тогаш
ќе дојдат по него па и наредил на жена си откако ќе го одведат да не го погребува неговото тело
нити да дава задушница или какви било жртви на боговите.
      Подземните богови Хадес и Персефона долго време чекале жртва од жена му на Сизиф но
попусто. Тогаш итриот Сизиф му рекол на Хадес да го пушти за да отиде кај жена си и ја
наговорил да почне да принесува жртви за боговите. Хадес го пуштил, а овој нормално почнал
пак да пирува и да се радува бидејќи бил единствениот кој успеал да се врати од царството на
умрените.
       Хадес многу лут и разгневен повторно го пратил Танатос и овој повторно му ја земал
душата. Подземните богови токму за ова го осудиле Сизиф така што требало да тркала еден
камен од рамницата па се до врвот на еден рид. Кога мислел дека го истуркал на врвот каменот
му се лизгал од рацете и повторно се тркалал надолу. Така што тој морал од почеток да го турка
нагоре и никако не можел да стигне до целта. Затоа по примерот на тој безмислен напор на
Сизиф, дури и денеска секој претежок или безмислен труд се вика „Сизифов камен“ или
„Сизифов труд“.
Митот за Одисеј
Одисеј во грчата митологија бил крал на
островот Итака. Тој е син на Лаерт и Антиклеја,
сопруг на Пенелопа и татко на Телемах. Неговото
име е поврзано со голема итрина и мудрост.
Одисеј учествувал во Тројанската војна, и поради
него истата завршила со победа на Грците, бидејќи
негова била идејата за изградба наТројански коњ.
Освен ова, тој е еден од главните херои во Одисеја,
епопејата на Хомер.
Одисеј бил убиен од страна на неговиот
син Кирка.

You might also like