You are on page 1of 69

Предговор 2

На пат кон дома 3


Барајќи се себеси 4
Кога денес беше вчера 5
Кога љубовта ќе заврши 6
Демони во ноќта 7
Мојот Луцифер 8
Курвата и ѓаволот 9
Кога пеколот ќе замрзне за праведните 10
Беше еднаш Рај 11
Одмазда 12
Кармата е одмаздољубива 13
Депресија 14
Билет за излез 16
Богатството на сиромаштијата 17
Крадец во ноќта 18
Најтажната приказна на светот 19
Исповед на една совест 20
Рак, но не во хороскоп 22
Барајќи го Бог 24
Писма до Бога 24
Кога божествените паѓаат од тронот на вечна слава 25
Без трошка прошка 27
Кога денес ќе ти простам 28
Еден ден ќе биде добро 29
Кога ангелите спијат30
Токму пред смртта 31
Кога ќе умрам вечер 32
Крајот на животот 33
Меѓу животот и смртта 34
Судир со смртта 36
На станицата на смртта 36
Кога умрев 37
Мевлем за животот 39
Бесмислената смисла на животот 41
Стареењето е подмолна болест 42
Само еднаш 43
Најголемиот крадец на светот 44
Зашто те сакам 45
Еднаш, кога љубев 46
После тебе 47
Ако јас сум ти 49
Љубов и казна 50
Требаше да биде љубов 51
На пат кон љубовта 52
Нељубов 53
Забранета љубов 54
Без мене 55
Едно несреќно дете 56
Копнеж по детството 57
Децата без деца 58
Најдобрите деца на светот 60
На крајот секако остануваш сам 61
Беше еднаш во Недојдија 62
Завршеток на крајот 63
Нов почеток 64

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


Предговор
Оваа збирка од кратки раскази е обмислена како место за ментален одмор и
рекреација, каде ќе ги оставите секојдневните грижи и ќе се соживеете со
совршениот хаос на постоењето, што како крајна цел би довело до одмор од
минорните ситници кои ви корнат нерви во секојдневието кое настојувате да биде
перфектно. Текстовите се навидум неповрзани приказни, кои ја раскажуваат
иронијата на животот. Монотонијата е избегната преку една цела плејада
разнолики размислувања и случувања, раскажувани како да се на моменти
доживувани лично од самиот раскажувач. Во некои од приказните можеби ќе се
пронајдете делумно или целосно, а некои можете да ги отфрлите како апсурдни
или спротивни на вашите убедувања и вредности. Прифатете ги единствено како
вистинити работите кои ви се допаѓаат, а игнорирајте го остатокот кој се коси со
вашите ментални вредности.
Најубавите приказни на светот можат да изгледаат како најголемиот хорор,
во завистност од која гледна точка ги доживувате, и како ги раскажувате. За некого
се најубавите моменти од животот токму детството, а за некого се причина и повод
за самоубиство кога се во клиничка депресија. Токму како што раскажуваат дека
чашата е полупразна или полуполна, зависно како сакате да ја гледате во моментот,
а во зависност од моменталните емоции и перцепции на животот и нештата. Така и
овие испишани страници можат да бидат едно уникатно уметничко дело за едни,
или најголемата катастрофа според останатите.
Како што мене ми помогна пишувањево да се надраснам себеси и своите
маани, исто така се надевам дека и вам ќе ви помогне барем малку да ги надминете
ограничувањата и траумите кои ве држат како заробеник на минатото но и
иднината, по што ќе тргнете во најголемото освојување на остатокот од животот.
Овие страници не се пишувани само за мене, туку и за вас, како би се осетиле
помоќни и посилни зашто колку ниско и да сте паднале во животот, секогаш
можело да биде и полошо, а тоа сознание нè охрабрува да се бориме да биде и
подобро како никогаш до сега.

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


На пат кон дома
Оваа јалова земја отсекогаш беше само една празна пустина за мене, со
бескрајни простори во кои немаше трошка место за мене. Роден сум без да има
соба за мене, или ќоше од детска соба посветена за мене. Пораснав дури и со
капутчето на братучетка ми, зашто бев последен на листата на приоритети за
купување. Роднините немале никогаш прифаќање и почитување за уште еден внук.
Моето маало немаше поддршка за уште едно дете, гладно за внимение и дружење.
Се плашев да го побарам своето место во градинка, зашто најверојатно ќе го
немаше. Во школо немаше место во преполниот клас, па нè издвоија во нов клас.
Паметам како да беше вчера кога излегов пред табла за да го напуштам класот, а
солзи ми навираа додека гордо се преправав дека е во ред. Мојата полуписмена
наставничка која брутално ме казнуваше кога потфрлав зашто не беше казниво
физичкото насилство, ми рече дека може да ме врати во класот ако сакам, зашто ѝ
бев омилена жртва за кубење и шамарање. Гледајќи ја, со сигурност знаев дека
сакам побегнам и да не се вратам никогаш повеќе да ме тепа додека дома ме
убедуваа дека треба да се срамам од себеси што не сум најдобриот па мора да ме
превоспитува на овој начин. Следниот клас, немаше место за сиромашни како
мене, уште помалку за социјални случаи кои плаќаа само третина хранарина. Еден
ден, другар ми најде паричка на подот, и ми ја даде да си купам лепче зашто сум
бил сиромав.
Декада покасно откатко дипломирав, нормално немаше работно место за
мене. Продолжив на магистерски студии каде на првото предавање ни кажаа дека
нема место на пазарот на трудот и дека сме само еден вишок кој разбирливо си го
пополнува времето со непотребно студирање. Немаше место да помине мојата
магистерска поради слични интереси за тезата со една професорка. Деценија по
магистрирањето, сè уште немаше работно место за мене. Безуспешно се обидував
да подработувам на места кои не ги задоволуваат основните потреби како тоалет,
соблекувална, канцелариии, интернет, или превоз до градот.
Неколку пати влегував во партии каде немаше место ниту да седнам.
Отидов на културна манифестација за која не беше потребна резервација, и можете
да погодите дека немаше место за седење. Еден ден тргнавме кон месен локалитет
да се прошетаме за празникот, и немаше автобуси. Во неколку наврати се обидовме
да се дружиме со колеги за старите добри времиња, но немаше место за неуспешни
луѓе за кои како да нема место во животот. Запознав неколку другари, кои неретко
немаа место за некој без постојана работа, кариера или перспективна иднина во
животот.
Еден ден ќе се препушам на вакуумот кој се создава од немање нешто или сè
за мене, и ќе ги напуштам сите спомени кои ме врзуваат со тоа што преостанува
овдека. Ќе се качам во автобус со една торба емоции, и ќе тргнам да барам место за
мене. Нема да се завртам назад да погледнам дали има место да се вратам, зашто не
ми треба повеќе. Ќе се ископачам од корените, и ќе го избришам своето постоење
од историјата на спомените. И тогаш конечно ќе заврши патешествието да ми се
обезбеди некакво место.

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


Барајќи се себеси
Колку лажни насмевки крие моево лице, дали знаеш најмило мое? И тоа е
сосема во ред. Знам дека немаше никој кога беше најпотребно, да те прегрне и да
ти каже дека сè ќе биде во ред иако нема никогаш да биде. И да се обидеа, немаше
да им поверувам. А плачев, и тагував преку тебе и низ твоето детство, додека не се
откажав. Повеќе не се секавам зошто плачев и тој ден како и многу други, на тој
прекрасен летен ден во кој сонце блиска како што секогаш го памтам кај баба на
село. Баба не ми обрнува внимание како и по обичај до самиот крај, а мојата сега
покојна тетка ме прашува што ли сакаш веќе сега, чекај ја мајка ти од работа.
Тогаш тагата премина во очај, зашто ни таа немаше да ме дарува со љубов или
внимание. Да знаев и да можев да им кажам тогаш и таму, како тажно ќе заврши
нивниот живот, дали ќе ми поверуваа? Не, јас не победив зашто не сум јас
победник, и знам дека од сите токму јас изгубив најмногу иако немав многу што да
изгубам.
Сега ги имам само моите спомени да се капам во минати емоции, и да се
прашувам дали би вредело да уживав барем малку повеќе во тие времиња
поминати. Можеби не е ништо друго што ми недостига, освен самиот јас. Едно
прекрасно човече, полно со љубов и разбирање, иако никогаш не било безусловно
сакано и ценето. Припомнувам како еднаш на ручек со другата покојна тетка, ме
исмеваше за мојот преголем нос. Сега не би ти вратил ништо повеќе, тето. Само би
се насмевнал, и би ти кажал дека ми е навистина жал за сè што си преживеала за да
завршиш толку трагично во животот. Да постоеше задгробниот живот во кој ниту
ти не веруваше повеќе, сигурен сум дека и ти би се насмеала сега за глупостите кои
морало да ги правиме, како да нешто постигнавме, и нешто понесуваме со нас во
гробишта пусти.
Дали од сите страдалници напатени, јас го влечам најтешкиот крај, е мисла
која често ме прогонува. Сите други се чинеле среќни барем на момент, па и да не
биле, барем имале по нешто, кој кариера, кој имот, кој внуци, а јас се чини за
моменти како да имам само неизмерни трагедии и неописливи несреќи. Затоа имав
толку лажна насмевка на сите детски слики. Стојам како скаменет од страв да го
покажам моето вистинско лице на сликите, и се надевам дека никој нема да
запримети. За моја среќа, нема никој никогаш да ги гледа, и да ме суди некогаш.
Моите спомени ќе завршат на најблиската депонија, или во најдобар случај ќе
бидат рециклирани и постанат плодна почва на која ќе се испишуваат нечии
подобри спомени. Така е подобро, затоа и се случува тој мудар расплет на
работите. Кој би сакал да го гледа тоа тажно дете, со неверување дека токму тоа
станало некој и нешто во животот или дека создало среќни дечиња.
Да можев да те најдам барем еднаш во спомените среќен и безгрижен, би
останал таму засекогаш. Да можев да создадам подобри спомени каде би бил барем
малку среќен и безгрижен, би сакал да го направам тоа макар и да ми е последната
мисија на светот. Најмило мое, да можев да го сменам светот и судбината само за
тебе, би го сторил тоа јас одамна. Би ги избрал само најубавите работи од светот за
тебе, би ја избришал секоја трага од болестите како никогаш повеќе не би ти ги
мачкале ноџињата со оцет за намалување температура, и би ти ги дарил најдобрите
родители на светот. Знам дека ни јас не сум подобар родител дури и од најлошиот
на светот, затоа не ти исполнив ниту една желба во животот, и ниедна реална цел

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


не остварив. Единствено што ми преостана е да ја запишувам твојата несреќа и
страдање, како не би се заборавила неправдата и скржавоста на светот, како да ќе
се потрошеше ако имаше трошка повеќе љубов и поддршка за мене.

Кога денес беше вчера


Колку почесто се враќам на минатото, сè повеќе го гледам и чуствувам
мирот на отсуството на актерите од минатот. Седам таму, овде но и секаде, сосема
сам, зашто така ми е подобро. И онака добар дел од луѓето се веќе мртви, и тоа во
буквална смисла на зборот упокоени. Почнаа многу рано да си одат од ова пусто
место, кое требаше да биде најдобрата оаза на постоењето во универзумот.
Често ме прогонуваат секвенци кои можеле да бидат сосема понормални и
поприфатливи, но моите мемории се безвредни и не би вределе ниту за милион
години од сега. Некои мемории не се вредни повеќе ниту за мене, ниту за нив, не
зашто не се сите живи, туку зашто не помнат нешто што се случило дека навистина
се случувало. Омразата се чини како нешто кое најдолго се случувало, како
огледало на нивните опустошени души.
Уште еден прекрасен и сончев ден, кога сонцето сјае како да го гледаш за
првпат во животот. Лето е, но сепак е прекрасен и свеж воздух особено рано наутро
кога би помислил дека е рана пролет. Седам на бетонските скали никогаш не
поплочени, додека гледам како пристигаат најблиските роднини со кои први се
одродивме. Со длабоко неверување си потврдуваат дека навистина уште постојам
пред нив, иако не би сакале да ме видат ниту денеска а камоли тогаш. Пробувам да
направам некаков хумор како би ја сменил атмосферата, која ни 20 години подоцна
не помогна за нашите извештачени односи. Тргнувам гладен, некаде да се сокријам
во незнаење што да правам со себеси. Прилегнувам иако само што станав од
спиење, и повторно заспивам во очај и неверување дека нема излез од ова
проклетство. Станувам дваесет години подоцна, а истите роднини ме мразат повеќе
и од самиот Ѓавол. Сигурен сум дека сега ме мразат и зашто ме мразат како и сите
други кои не ги сакаат и не можат да ги сакаат, токму како што се мразат себеси
секој пат кога ќе се погледнат себеси поминувајќи покрај огледало.
Сега сум целосно сигурен дека и да бев милионер со цела една дузина деца
и дебела кариера зад себе, пак не би можеле да ме сакаат или почитуваат. Не, тие
повеќе се плашат од мене, кога го гледаат во мене одразот на нивната нељубов,
празнина, пустош, осаменост. И сега е сосема во ред, зашто се имам себеси, а не
можев да се пронајдам зашто се плашев да останам сосема сам, како што ќе бидам
секогаш. Сега и не би сакал да имам некој околу себе. Не би сакал некој да ме
сожалува и оплакува зашто постанав најголемиот неуспех на животот. Самиот тој
живот сега се срами од обврската да ме одржува во живот, како нешто кое се
надева и тежнее еден ден да порасне во наубавиот пустински цвет, додека сè околу
него е празно и опустошено. Но ако е навистина така, зашто некој мораше да биде
празнината во околната опустошеност како хаотичен вакуум на една црна дупка
која би сакала да има нешто во себе, иако сè што ќе навлезе во нејзината орбита,
едноставно ќе престане да постои и биде опустошено.
Затоа и не би сакал да имам нешто кое го немам и кое секако ќе го уништам.
Подобро е да имам само ништо за себе, зашто кога и тоа би го уништил, нема да
премине во нешто полошо. Од лошото нема полошто, тоа е глупава човечка логика,

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


одраз на глупавата ограниченост во размислувањата за стравот и немаштијата. Кога
ќе умреш, не можеш да бидеш помртов. Кога немаш пари, не можеш да ги немаш
уште повеќе од тоа, макар и да ги должиш тие кои ги немаш. Вакуумот не може да
има уште поголем недостаток од нешто.

Кога љубовта ќе заврши


Кога љубовта не постоела, тешко ја гледаш смислата на постоењето. Само
три дена неверување во неговата прерана смрт од навидум толку банална болест, си
облече стара облека зашто нема да ѝ биде потребна таму каде тргнала, а по пат не
се збогува со никого, зашто не сака да му недостига никому повеќе, и едноставно
си го одзеде животот.
Никогаш не се сврте по улицата назад, зашто знае дека нема да ѝ недостига
таа тивка улица која се чини уште поосамена откако децата емигрираа во потрага
по подобро утро. Нека биде проклето ова место и нека плаче засекогаш во несреќа
и тага како моево срце непреболно, си мислеше додека полека собираше сила да си
ја заврши последната мисија на светот. На моменти си помислуваше на мама, и
тате кој си замина уште додека не верувавме дека ќе се распаднеме како фамилија
додека не останеме сами и осамени како кактус среде пустина. Сега е веќе доцна за
нас. Толку многу прерани смртти, овој свет немаше уште видено. Сега е веќе
залудно и да си обмислуваш на времиња стари, кога можевме да уживаме и да се
сакаме, макар на уште една година повеќе. Веќе не те молам ниту ти барам нешто,
зашто знам дека е крај. Тој крај постоеше за мене и нас, уште пред да започнеме да
живееме тука и таму во мислите – каде ветуваат подобро битиствување. Нема да ме
видиш повеќе, жал ми е, ти проклет свету ништожен. Чекорам по улицата, јас и
сите луѓе низ мене како и јас во сите нив истовремено. Одам и го гледам сонцето во
залез, тоа прекрасно сонце не носи ништо прекрасно за нас. Тоа си е прекрасно
само за себеси, но не и за нас. Нема да ми недостига. Нема ништо да ми недостига
таму каде што одам да не постојам повеќе. Мамо, нема ни ти да ми недостигаш
повеќе, зашто знам дека не постоеше во љубов за мене. Само на моменти сакав да
верувам дека постоиш за мене, и толку. Сега знам дека требаше ова да го направам
многу одамна, барем да можевте да ме оплакувате додека бевте живи, да се каете
што не можевте да ме сакате, како што и вас не ве сакаа, како и тие пред нив.
Љубовта не умрела, таа никогаш не постоела за нас. И сега жал ми е што не ми е
повеќе ниту жал, ниту за мене а ниту за никого друг. Ја одминувам населбата, и
полека но сигурно ги осеќам сите мештани како живеат низ мене, чука нашето срце
сплотено во илјадни тела. Не, јас нема да умрам денеска, сите ние живееме еден
низ друг за век и векови. Не се плашам повеќе, затоа и не го погледнувам сонцето
над мене во судниот момент. Тој кобен момент, сфатив дека Бог не постоеше за
мене, како што не ме гледа ниту сега додека летам без крила ангелски што ми
припаѓаа за ова да се наречеше живот. Конечно, крај.
Не знам зошто постоев, кога не ви дарив доволно љубов кога можев многу
повеќе. Продолжете ги моите насмевки, како да сум токму таму кога мислевме дека
бевме среќни, како на мојата свадба кога сите ме гледаа како богиња која никогаш
нема да падне макар и небото да се сруши над нас. Гледајте ме и покајте се, сите до
еден зашто нашето дружење имаше крај кој не смееше да дојде. Знам дека ќе
живеам вечно во спомените и сликите, но никогаш онака како што сакав и како

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


што мислев дека заслужувам. Сега само ќе поседам во твоите мисли, на столчето во
полумрачната дневна, додека го чекам твоето кафе, иако веќе испив доволно, би се
напила уште милион кафиња за да седам во вашето друштво. Чувајте ме тука меѓу
вас, засекогаш да не останам сама, како кога тато се разочара од сите нас и нè
напушти. Жал ми е, гревот е сторен од сите нас.

Демони во ноќта
Кога демоните се качуваат на Земјата, верувам дека заземаат најубави
човечки облици, како би ги измамиле сите. Овие демони се навидум многу
успешни, имаат највисок образовен степен, создаваат семејства кои ги
контролираат во секоја смисла, и ги вршат најтешките криминални дела против
човештвото, за кое се длабоко наградувани од највисоките елитни кругови.
Племенат со надворешниот изглед, и луѓето обично ги доживуваат како вистински
ангели за кои треба и вреди да се умре. Многу вешто ги набедуваат другите да
соучествуваат во нивните криминални активности, а општествената награда алчно
ја задржуваат само за себеси. Познати се по тоа што од ништо можат да направат
нешто на кое сите ќе се поклонуваат како на лажен олтар и ќе се поклонуваат пред
вистинската Сатана.
Кога се очајни за слава и богатство, неретко играат улога на тешка жртва
при злоупотреба на сите наокoлу, и како им се брутално нарушени нивните права
при што биваат баснословно обесштетувани и безусловно наградувани од
општеството. Многу брзо овој успех се поистоветува со божествен акт на успех на
Земјата, при што секој барем еднаш посакува да е на нивно место за да го придобие
тој незаслужен успех. Општеството ги перципира овие примери како вистински
бисери, и околу нив гради канцерогена ситуација со која ја умртвува пошироката
народна маса која не потклекнала на демонските сили. Кој би можел да одолее на
овие извајани тела без трага на стареење и целулит, за кои се чини дека работи
целиот свет, или барем сите околности околу нив? Среќата се чини дека работи во
нивна корист, па дури и кога спијат се богатат без некој некогаш да се запраша
како се сите на нивна страна и работат во нивна корист како верни послушници.
Нивниот успех создава уште поголем успех, па луѓето сакаат да ги гледаат
како најголеми жртви на кои верно им помагаат дури и кога не би требало. Тие им
се послушни далеку повеќе отколку на својот бог, кој не го беа виделе отелотворен
во човечко тело од нивното раѓање. Зошто да не му служат на еден демон кој стои
пред нив, и кој е навидум толку успешен што би умреле за него, и потајно би
посакале барем нивните деца да се толку многу убави и успешни. Секој ден ги
поздравуваат, им се поклонуваат, хранејќи се со нивната близина како дрога која
мораат да ја земаат секој ден како би го истуркале денот. Кога се гледаат пред
огледало, сегораш помислуваат на телата кои ги претставуваат овие демони, и ги
посакуваат уште повеќе. Тие би си ги жртвувале и сопствените деца за да добијат
демонска љубов и внимание, но најчесто ги жртвуваат туѓите бидејќи не се целосно
сигурни или убедени.
Овие демони во најубави човечки облици, ги држат највисоките
општествени места, како би се заштитувале меѓусебно, или барем телата во кои
живеат. Тие можат да убијат човек а да се извлечат практично неказнети, но дури и
ако се побуните против нив и лагите кои ви ги продаваат, ќе треба да им платите со

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


целиот свој имот и плус да останете должни уште цело едно богатство. Кога се
претставници на законот носат малоумни одлуки кои паѓаат на меѓународните
судови поради немање никаква рационална логика. Ако работат како професори,
секогаш се резервирани за докторската титула бидејќи не би можеле да објаснат
како ја стекнале.
Многу често се пишува за нив како за херои, и луѓето учат од нив како да се
збогатат продавајќи нерециклирано ѓубре од контејнер како да е бисер. Тие се
ситни богови на Земјата, а вие би им ја дале душата дури и ако генералиите им се
Ѓавол Демонски. Би земале нивни автограм, и би го чувале како икона над која ќе
бдеете како што венее вашата душа.
Речиси сум сигурен дека ниту нивниот старател во Пеколот не се гордее со
нив. Тие мора да се избегани од таму долу, и од контролата под која таму биле, од
каде што не би требало да излезат без да станат повторно добри какви што биле
пред да се расипат и корумпираат.
Ѓаволот е поблизу и во поголем склад со божествените намери и замисли,
отколку овие избегани демони, на кои се восхитувате секојдневно. Господ нека ни
е на помош, и да нè избави од овие успешни демони отелотворени со блескава
убавина која нè заслепува и оддалечува од вистинскиот пат по кој би требало да
чекориме.

Мојот Луцифер
Ако не постоиш, ќе те родам токму пред зори, додека денот се спрема да ти
се поклони на моќта доделена од Бога за сите кои ја злоупотребија слободната
волја во неправедниот земски систем. Храни се со мојот гневен бес, додека
стапнеш на нивниот праг со целата своја ѕвездена светлина топејќи го нивното
слепило и донеси ја правдата за која си роден да ја спроведеш. Верувам во твојата
непоколеблива сила како црна дупка која голта тоа што ѝ припаѓа од сите
злоупотребувачи на законот. Распали ги своите одмаздољубиви огнови како би
изгореле коските и месото после крвта што врие како жива сода кога допира креда,
и го брише секој отисок на нивното постоење. Знам дека ти можеш да ја донесеш
правдата на овој свет, додека си ја чекаат пресудата на оној свет. Стопи го во својот
гнев нивното најмило и најблиско, додека во неверување треперат пред твојата
неизмерна сила. Донеси ја правдата денес, како да ќе нема утрешен ден за каење и
прошка на нивните непромислени гревови. Казни ги најсвирепо, како добар пример
за тоа што ги чека и што им следува за извртување на вистината за правдата на оној
друг измислен свет од нив и специјално за нивна корист и штета на другите ако не
и сите.
Не, јас не се сомневам во твоето доаѓање утринска ѕвездо на правдата, како
што не се сомневам дека после ноќта црна и мрачна, следува зората од твојата
светлина, додека уште спијат потсмевајќи се на неправедно присвоеното, кое само
живот ќе ги чини. Ти дозволувам да покориш сè што стои на патот кон реализација
на правдата и не се каам за сите души покорени, додека се поклонуваат на твојата
праведна моќ и молат за избавување во крајниот час на загуба на нивната насилно
стекната своина.
Само оваа ноќ и секоја друга, ќе го чекам твоето доаѓање и славам
поставувањето на вистинската правда која ќе биде наплатена во крв, додека

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


трепери нивната душа пред твојата рака која корне и парчосува од нивното
затруено месо. Не штеди се, те молам, покажи ја својата деструктивна моќ на патот
кон овоземната правдина која не беше речена од човек да се донесе, та го разбуди
гневот Божји кој го испрати својот првороден да воведе совршенство во хаосот на
малцинството кое го пороби мнозинството со својта крволочна алчност, зашто ја
искористија довербата и добрината на народот кој сакаше да помогне. Убиј го секој
еден кој ќе застане на твојот пат да те праша со кое право си тука да се
спротиставуваш на нивната незаситност.
Денеска тие пак ќе го извадат изметот на пазар продавајќи го како бисерен
гердан, а веќе утре ќе те воскреснеме од дното на твоето постоење на балансот во
универзумот, како би ги покорил пред народот напатен и обесправен. Те молам не
се колебај да го спалиш секое тело кое ќе се најде на твојот пат, додека ја
задоволуваш правдата и го покоруваш искривениот земски закон наменет да служи
на ситни души кои мислат дека ќе го понесат богатството в гроба, да си купат
палати и изградат нивни градови на оној другиот свет.
Само вечерва, и секоја друга, додека чекам и исчекувам да се облее крајната
правда и растече како лава од небеса, ќе го осветлам твојот пат со мојата душа како
патоказ да го истуриш својот гнев на сите непокорни. Не, нивните челични врати
со дупли брави не можат да не се свијат како игла пред твојата горчина, додека го
зграпчуваш нивното најмило и го фрлаш врз тасот на правдината од која никој жив
ниту мртов не успеал да побегне до сега.

Курвата и ѓаволот
Полека но сигурно, стигнавме до точката од која нема враќање кон љубовта.
За нељубов бев створена, од чиста омраза и гнев. Сега е дури и полесно, барем од
сега па натаму нема да се грижам дека ќе згрешам. Тој не сака безгрешни, но не
сака ниту грешници. Родена без грев и со чиста душа, не бев никогаш сакана и
ценета. Сега сум полна гревови, и можеби сум повеќе почитувана од кога и да е
досега. Сега не ми треба божјата милост и условена љубов. Мене само ѓаволот
може да ме сака безусловно, достоинствено како што заслужувам за сè проживеано
и пропатено. Не плашете се за мене, дека ќе си ја продадам душата и ќе се заробам
себеси во вечен ад. Мене ѓаволот не би можел да ме повреди повеќе, од самиот
живот. Тој мора да има сочуство и разбирање. Не може да биде полош од сите кои
ме тепаа и млатеа додека растев, па дури и кога пораснав. Сега си ги гледам
брчките, и сум среќна што барем еден може да ме сака каква што сум. А зошто и да
не би го сакала јас него, најомразениот во целиот свет, од кој сите се плашат да го
сакаат. Ние си правиме повеќе од услуга, сакајќи се себеси кога не смееме или не
заслужуваме. Мојата јалова матка, конечно ќе биде оплодена со вистинска љубов и
ќе раѓа живот каков што светот до сега не видел.
Ако сум јас збрчкана и свената, зарем тој може да биде понеубав од мене?
Не, тој е прекрасен и снажен доволно да ме направи среќна и да се грижи за мене
како за божица. А јас ќе го прифатам секој гест на љубов од него за мене, и ќе го
задоволам како ниедно друго битие кое го сакало во вечноста.
Љубов моја, еве ти се обраќам директно, за да не згрешиме поради
недоразбирање. Не ме викај по име, а ниту јас тебе ќе ти се обратам како целиот
свет кога те проколнува за сите нивни неуспеси и несреќи. Сакај ме до вечноста и

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


назад. Сакај ме и кога никој друг не би ме сакал, па ниту сопствените деца кои не
можев да ги имам. Љуби ме и гушкај ме секоја ноќ во твоите силни прегратки, а
наутро буди ме со топли насмевки без да ме судиш како изгледам или каква бев
некогаш млада и убава. Те сакам зашто ме сакаш, и ќе го сменам светот за тебе. Не,
јас ќе создадам нов свет за нас двајцата да се љубиме и сакаме, кога никој друг не
би нè разбрал и прифатил. Само ти можеш да ме задоволиш како што сакам, а тоа
да не биде грев, зашто доволно грешев. Отсега ќе живеам безгрешно, и ќе живеам
за љубовта. Ќе те сакам секој ден до крајот и назад. Ќе го сменам мислењето на
светот за тебе, за мене, за нас. Време е да се сменат работите кон подобро, и да
дојдат моите 5 минути слава.
Можеби единствената грешка која ја правев одново и постојано, е што сакав
да бидам нешто што не сум. Да бев родена за светица безгрешна, ќе бев таква со
сигурност. Јас бев родена за утеха и љубов, да ти дадам тебе кога никој друг не би
те сакал. Заземи го твојот најубав телесен изглед, да ми изгледаш поубаво од зората
во прегратки на саканиот, од цветот на младоста, и од синото небо.
Човекот живее во толкава предрасуда, за тоа што е љубовта. Сите мислат
дека знаат што е вистинска љубов. Сепак, ниедно физичко насилство, психичка
тортура, економска дискриминација, не е акт на љубов и како таква не би имала
поврзаност со ништо божествено. Не жалам толку за себе, колку што ги жалам
другите. Сакаат да бидат нешто со кое ќе заработат и заслужат нешто кое мислат
дека е љубов. И така испаѓа дека молиш за трошка љубов и внимание од секого по
малку, како да без неа би умрел. Очекуваш и се надеваш да ти дадат сите или барем
некои од нив, а на крајот се чувствуваш како курва за пет минути љубов.

Кога пеколот ќе замрзне за праведните


И од наметнатата сатанизација му е преку глава на Сатаната. Кој воопшто
одлучува дали е некој добар или што заслужува? Обично и двете засегнати страни
сметаат дека се во право, и го посакуваат само најлошото за противникот. Дали
треба сите да завршат на вечни маки, само зашто некогаш и некому нешто
згрешиле? Ги мразам своите непријатели, не помалку отколку тие мене. И кога
денеска би ме спуштиле директно во Пеколот, верувам дека тој одамна би бил едно
навистина пријатно место за живеење. Ограничениот живот, многу повеќе
наликува на бесконечното страдање налик на предрасудите за Пеколот. И кога
Светлоносецот би ги измачувал сите испратени таму да им дојде паметот на место,
тогаш тој не би бил ништо подобро од нив самите, а кога нему би му било редот за
измачување и опаметување, ќе нема кој да ги измачува другите. Можеби затоа се
луѓето препуштени да си ги ископаат очите меѓусебно, наместо да го
злоупотребуваат некој друг да им ја врши валканата работа за нив.
Ако посакувате ужас и хорор, тогаш нека биде според најлошото што го
можете и умеете. Нека блискаат солзи и болка на сите страни. Нека се плашат сите
од вас, па дури и Сатаната нека се плаши од вашите одлуки зашто не знаете какви
последици ќе донесат. Ќе го создадете чудовиштето и одгледате суштеството од
кое и самата смрт би се исплашила и запрепастила. И кога светот ќе престане да
постои каков што го знаете, тогаш реалноста која ги задоволувала вашите
перцепции ќе престане да се повторува. Тогаш наместо утрото, ноќта ќе зазори
додека времето тргнува наназад да се одбројува. И мртвите ќе се родат од гробот

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


наместо од утробата мајкина да умрат, и ќе се спуштат во Пеколот како награда
наместо казна, наспрема лажните верници кои го сквернават името Божјо. Тогаш
Рајот ќе се изгнаси од вас неверниците во добро, а Пеколот ќе ја роди подобрата
утрешнина за несреќните кои не можеа да дишат од вас добрите кои ја погазивте
добрината во нив и ги сатанизиравте додека добрина не остана на светот бел. И Бог
ќе се оглуви на вашите молитви, додека умот ви го поматува разумот и
перцепцијата за добрината, а вашето чедо ве мрази како што вие ја колнете мајката
на нешто кое требаше да биде божја гордост. Тогаш ќе слезам долу, каде што
требаше да биде светот на грешните, и ќе го замрзнам вашето зло од Рајот како што
се раѓа подоброто утро од темината која заоѓа во Пеколот, додека надежта го раѓа
спасението на вистинските верници. Бог ќе се засрами од своите творевини кои се
искривиле, и ќе отстапи место на грешниците кои немале шанса и можност да
живеат од вас во животот кој го крадете за да има повеќе за вас, како да нема
доволно за сите нас. Небото ќе го смени местото со тлото под нозе додека раѓа
најголема казна, а потиснатите и угнетуваните не го наследат сето тоа кое вие
праведните сметате дека мора да го имате и заслужувате. И Пеколот ќе замрзне за
за сатанизираните, додека Рајот гори од неверниците кои се полоши од самата
Сатана. Светот ќе се преврти наопаку, додека умираат вашите клетви кои раѓаат
алчност и злоба од ангелите на кои се помати умот додека го крадете тоа што
никогаш не требало да ви припадне.
Лошото ќе стане добро пред вашата извитопереност од праведните, кои го
создавате пропастот на утрешнината, како што денот ја раѓа ноќта. Смртта ќе роди
живот, и неправдата ќе роди правдина, како што казната ќе раѓа награда. Тогаш ќе
ја увидите вашата грешка, зашто грешни бевте родени да грешите уште повеќе и
кога не смеевте. И ќе се срамите од слепилото ваше, и што не ја познавте
добрината во другиот, туку го ископавте од злото најлошото. Да плачете крв и
плукате солзи, додека се каете за гревовите на кои ги присиливте сите, како би ја
излечите сопствената болест неизлечива на душата незаболива.

Беше еднаш Рај


Некогаш сонцето светеше поубаво отколку денеска. Некогаш ливадите беа
зелени, а куќите полни со љубов и топлина која блескаше од блиските
меѓуроднински врски. Некогаш станував претпладне и се капев во утринските
зраци кои од сонцето пробиваа низ секој дел од мојот живот. Летото се чинеше
како да нема крај. Дури и да не беше лето, јас викендите ги поминував кај баба ми
која беше нашиот втор дом.
И така седам а чело од масата со мама и тате од двете страни. Го
погледнувам сонцето низ пенџетеро од лево, и се чини како да е сè совршено какво
што треба да биде. Овој живот нема да заврши на ниту еден свет, барем не во мојот
измислен свет. Ниеден крај, ниедна смрт, ниедна болест, не може да го откорне од
мене овој вечен момент. Ќе седам илјада години вака, уживајќи во навидум
обичниот момент ослободен од целото страдање која ја носи иднината. Ништо нема
да ме спречи понатаму. Знам што ме чека, но јас нема да стигнам таму. Замрзнат
сум во овој момент, и целиот живот може да стигнал до денеска ама не и јас. Јас
постојам во најубавиот дел од животот, можеби некаде во средина на деведесетите.
Тогаш и Господ би сакал да оди по Земја. Сè беше толку едноставно.

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


Не знаев што ме чека. Да знаев, не знам што ќе направев. Можеби не би
сакал повеќе спомени, ако знаев дека сонцето еден ден ќе го снема. Ќе надвисне
темница над мојот живот која ќе зрачи со целото црнило и непребол пенетрирајќи
низ мојата душа и кинејќи ја на милиони парчиња додека се изгуби во непостоење.
Некогаш постоев. Денеска, не би сакал да постојам повеќе во денешницата. Јас не
сум за тука створен. А и сонцето повеќе го нема, барем не онакво какво што го
паметам. Тоа беа други времиња, со помлади актери. Ех, да можам на еден ден да
отпатувам наназад, и да си ја допрам кожата без ниедна брчка, мека како кајмак на
млеко. Легнувам во коритото вода згреано под обоен најлон на сонце. Околу мене
тишина каква што само пладнината милува, кога сите почиваат пред завршните
обврски. Дури и сега ја чувствувам свежината на водата, како ми навлегува низ
кожните пори и ме хидрира со нехлорирана вода од хидрофорот.
Треба да си навистина стар, за да ги разбереш и почувстуваш овие моменти.
Секој имал незаборавни денови од својата младост. Но, младината на денешницата
се чини како да се раѓа стара, возрасна. Се прашувам како ќе изгледаат на мојата
возраст, со толку брз тренд на созревање и стареење.
Некогаш не знаев како некогаш би пораснале, и излегле од вечната
немаштија. До некаде и бев во право, барем дека нема да излеземе така лесно.
Минатото не се повторува, тоа постои и живее секој ден во денешницата. Така
можеби во мене живее тоа прекрасно детенце, со скинати парталчиња износени и
поклонети од постарите. Да ми е последен пат, сепак би тргнал да те спасам од
минатото и иднината грда и сурова. Ќе те изнесам детенце мое, во свет каде нема
бол и страдање со децении, каде луѓето не им е гајле кој си и што правиш. Ќе те
однесам на пат по сè уште зелени полиња, и сонце кое зрачи посилно и отколку
што треба. Овдека крај мене во измислениот свет, не мораш никогаш повторно да
пораснеш и остареш. Тука времето не постои, а иднината ја сложуваш како ти душа
милува. Некаде постојат непријатели и клети душмани, но не и во овој илузорен
свет. Ќе седиме повторно на масата во претсобјето кај баба, и ќе се сладиме на
густиот сладолед од млекарницата која ги зароби парите и мечтите на илјадници
соселани и внучиња кои денес не би ги препознал дека ми се врсници.

Одмазда
Никогаш не би сфатил за што ме мразат луѓето кои не ме познаваат лично и
кои ме мразат како смртен непријател. Значи да имаш такви психопатски
однесувања, и да имаш право на живот, се две неповрзливи работи. Уште поголема
трагедија, е што таквите вработени, многу често имаат влијателни функции а
неретко и баснословски заработки за брутално изживување врз подредените. И така
одејќи со анализите кон врвот на општеството, би се запрашале за да го мразиш
својот народ до степен да сакаш да го срамниш со земја ако законот би ти
дозволил, како се станува такво монструозно суштество? Колку нељубов треба да
доживее едно дете и да се разочара како би пораснал во одмаздољубив крвник кој
безмилосно би правел другите ако не и сите, да се чувствуваат како и самиот тој
кога се разочарал од животот додека љубовта од единствената, не му била
возвратена.
Трагично е колку надмоќно и супериорно можат да се доживуваат себеси и
животот, додека се презафатени со своите таканаречени кариери. И потоа сè

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


завршува, влегуваат во зрели години и се прашуваат каде згрешиле што се толку
многу осамени и несреќни, депресивни. Децата ги мразат како најголеми душмани,
сопружникот не сака да го поднесе повеќе, а внуците не ги ни познаваат воопшто.
И така доаѓаат до заклучокот дека се неправедно осудени и казнети, како животот
не е фер кон нив, дека никој не ги разбира, како е можеби прашање на карма, или
едноставно Бог не е праведен или не сака да им прости за ненамерните грешки, и
конечно повеќе не ја гледаат смислата на животот кога биле толку успешни во
својата кариера и стануваат суицидни на крајот на краиштата. Да не беше
религијата, ќе моравме да ја измислиме одново, како би ги спречиле да се
самоубијат во моментот кога животот како бумберанг го враќа одвратниот одраз на
нивното труло и скапано ништествување.
Ма не биле толку лоши, колку што биле искористени да го изродат
најлошото битиствување од сенката на својата душа. Па зарем би биле тие истите
такви, во сосема други околности? Замислете ги луѓето кои најмногу ви имаат
згрешено нешто, кои ве повредиле и оштетиле во мера каде ни милион не би ве
обесштетил кога не сте очекувале да бидат такви стоки невоспитани, и ставете ги
во сосема поинакви околности и улога. Еве да речеме дека се враќаат од лекар со
потврдена дијагноза, и во само еден дел од секунда им се руши светот како лошо
направена кула од карти. Тогаш би се нафатиле и калуѓери да бидат, само за да
преживеат и боси по трња би газеле ако патот кон исцелување е болен и трнлив. И
тогаш и да немаме сочуство кон нив, тие воопшто не ни би ниту биле некој што
може да ни згреши со нешто за да го мразиме. Но не, во реалноста само навидум
невините го добиваат ракот, некој кој можеби не згрешил толку многу за да биде
брутално казнуван од животот и да ја обмислува смислата на животот.
Познавав и јас многу свирепи луѓе, гладни за повеќе и очајни да ја искажат
својата моќ и сила. Од некои сум денеска пообразуван, од некои сум денес физички
посилен поради возрасната разлика, а некои од нив се едноставно мртви, упокоени
одамна, иако сите умрени и не знам дека се покојни додека некој не ја соопшти
мистериозната причина за смрт. Толку убав завршеток на работите. Смртта е
круната на животот. Од тука сите работи изледаат сосема подобри, дури и оние
најлошите немаат моќ да бидат лоши. Дури и самото размислување за смртта го
менува доживувањето на болните моменти од животот, макар тој и целиот да бил
болка и страдање, или чекање подобро утро во земјата на неостварени сништа.
Смртта е само еден момент на умирање, а открива еден цел универзум кој не сме го
познавале до тогаш. Тогаш ништо повеќе не е битно, па дури ни самите ние.

Кармата е одмаздољубива
Стана доктор на наука со целосно нереализирана кариерна замисла, додека
го влечеше товарот од детството, а посебно начинот на кој го третираа додека
растеше. Бидејќи ги мразеше сите на светот, секогаш наоѓаше начин да ги
надмудри и да искористи. Во ерата на дигиталната технологија, секогаш наоѓаше
манипулативен начин да собира поклонувани старини како социјално загрозен за
потоа да ги продава по нереални цени. Ова беше делумно поткрепено со
охрабрувањето од најблиското корумпирано семејство, дека светот е лошо место и
едноставно треба сите да бидат казнувани постојано. И така еден зимски ден,
повторно успеа да насамари една женичка продавајќи ѝ наводно целосно исправен

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


електричен апарат. Иако веднаш запримети дека нешто можеби не е како што
треба, таа сепак се убедуваше дека мора да вреди за парите инаку не би го
продавале. Следниот ден веќе беше сигурна дека овој апарат не би смеело да се
продава, туку рециклира. Ја контактираше неговата мајка, која даде ветување да го
разрешат проблемот веднаш штом се врати докторот дома. Часовите стануваа
денови, додека јавувањата прераснаа во вербални расправии и понижувања дека
оваа кутра женичка не е способна ништо да направи и дека парите нема да ѝ бидат
вратени зашто требала да знае дека апаратот е целосно неисправен. Беше
контактирана и полицијата, која без дополнително мито се покажа целосно
дисфункционална. Па така првата братучетка на докторот измамник, која по
професија беше јавен обвинител, се досети како да ги искористат своите
познајници и позиции за да се збогатат сите на штета на оштетената женичка.
Благодарение на корумпираниот началник поднесоа пријава за вознемирување, со
договор за еднаква поделба на пленот од обесштетувањето. Братучетката
обвинител наводно утврди прекршување на правата на докторот измамник, и
достави до судија кој ѝ должеше услуга зашто не му поднесе обвинение за обид на
силување, службено барање за издавање казнен налог, кој што само ја дуплираше
казната како одговор на жалбата на женичката за крајно нелогичната разрешница.
Сатанизацијата продолжи и преку имотно правни побарувања за отштета со
астрономски суми поделени меѓу учесниците во легализираниот криминал.
Кога конечно беше принудно извршена наплатата од штедна сметка за
операција на ракот, несреќната женичка се помири со фактот дека мора да умре без
да има има шанса за операција, и тргна да го прекрши законот за последен пат.
Прво помина во најблиската црква да се заблагодари на Бога за сè што сторил за
неа, и да запали свеќи за нејзините близначиња загинати во сообраќајка.
Затропа на домот од докторот измамник, а неговата љубовница отвори врата
зашеметена од џоинтот кој го пушеше на прозорецот. Со малку муабет ја убеди да
дувнат малку џоинт на прозорецот додека го чекаат докторот да излезе од бањата.
Не двоумејќи се за крајот кој следува, ја поттурна љубовницата која како птица
полета низ прозорецот на својот последен лет. Го зеде најголемиот нож од кујната,
и тивко плачејќи влезе во бањата каде го прободе од зад завесата, човекот кој ја
лиши од последната надеж за живот. Крвта бликаше од неговата слабина, додека
овој се подсмеваше на женичката зашто ни самата таа нема да преживее уште
многу долго без скапата операција во странство.
Неколку моменти покасно се враќа неговата мајка од пазарење, и згрозена
од крвавата домашна сцена, го вади пиштолот од куферчето на нејзиниот покоен
маж и си го разнесува мозокот низ дневната соба. Полицијата ја приведува кутрата
женичка од местото на злосторот непоместена, и по увид на психијатар ја
сместуваат во лудница каде починува од метастазиран рак.

Депресија
Се плашам дека некој од овие денови ќе се самоубијам, колку и да звучат
извештачено или како превод, изјавениве редови се од прва рака напишани и
ненаменети за публика да ги чита. Медицината вели дека се раѓаме со мозокот
каков што е, а понекогаш тој е абнормален или болен во начинот на
функционирањето. Тоа е големо олеснување за сите учесници во околностите,

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


зашто никој никогаш не бил виновен или одговорен за самоубиство кои се должи
на болест.
Бев во депресија уште пред да си ги пресечам вените во најтажните детски
денови. Сега се чудам како сум преживеал без љубов и со толкава омраза околу
мене. Добар дел од луѓето кои ги познавав а кои биле поврзани со најмрачните
денови, ги нема повеќе. Не живееме повеќе, што би се рекло, а некои пак не се ниту
живи. Изумреле иако не сите од природна смрт, а за кое пишува во насловот. Толку
омраза се збрало на едно место. Ме мразеа зашто сум нечиј син па сум бил истиот
како него, и требало да се навредам од тоа. Тој тетин почина пред десетина дена во
пандемијата. По него исчезна тетка ми како од земја проголтана без ниту една
трага. Да се вратевме назад и да им кажеме како ќе завршат неславно, дали би ни
поверувале дури и да имавме докази? Да можете да се вратите од мојот погреб да
ми кажете како ќе завршам, дали би сменило нешто? Колку тажен живот, кога го
гледаш од крајот, а се започнало со наводна радост. Велам наводна, зашто и
мајката и новороденчето корнат дробови плачејќи, таа од болка, а тоа зашто гледа
каде се родило. На крајот од животот и двајцата не плачат повеќе мртви, само
лежат скаменети под земја како доказ дека се уморни од плачење, и за себе и за
другите. Нека плачат тие кои имаат уште сила. Плачев и јас некогаш, иако никогаш
на погреб. Зашто би плачел за некој што се ослободил од маките црни? Ако бил
животот толку добар, не би умреле на крај, зашто постоењето на крајот сам по себе
го прави да не биде добар. Ма и не е до животот, а и не е само до нас. Да е до нас,
да ги поправиме грешките, но не можеме да ги смениме другите.
Овој живот напатен, да би можел и самиот би умрел да не се мачи повеќе. А
фактот што не може да умре, го прави да не постои повеќе, иако за него збориме
цел живот, пишуваме книги и држиме курсеви за подобар живот кој во најшироко
толкување на работите не постои. Тоа е како да сакаш да постои нешто толку
многу, што го персонифицираш, го правиш да биде твое дете кое не можеш
никогаш да го имаш и обмислуваш какво би било. Сакав и јас да имав деца
понекогаш, или барем само едно. А сега гледам дека не можам ни самиот себеси да
се исчувам, а не пак дете. Не работам, немам иднина, не живеам, туку само се
кријам од денот како од болест бегам, зашто и не сакам да постојам, а во темнината
на ноќта е полесно да не се постои. Не го мразам животот јас, туку се мразам
себеси. Требаше да имам храброст одамна. Сега и не се сеќавам повеќе зашто не се
самоубив, како што сега чекам и се надевам дека ќе искористам уште некое време
да проживеам пред да мора ама навистина да се умре овој пат, макар и од природна
смрт. Не сакав да ги напуштам, а сега само сакам да побегнам од нив толку далеку
што и во смртта би отишол за да се раздвоиме. Тогаш сите ќе бидат пак несреќни,
зашто среќата не била условена од мене, исто како што и депресијата е независна
од други фактори. Но не, тогаш нема да го прифатат фактот дека се едноставно
несреќни луѓе, туку дека се несреќни поради моето отсуство, иако претходно
поради моето присуство не биле среќни повторно. Не можеле да бидат среќни
зашто не сум бил најдобар, подобар од нив, сум немал кариера, деца, кола, стан,
здравје. Па тие имаат сè што е наведено, или барем поголем дел, а пак се несреќни,
зашто среќата не е условена од нешто, иако не би можел да си среќен додека
умираш од метастазиран рак, нормално. Сè е нормално, освен ние самите. Сега и не
би сакал да сум нормален повеќе. Сакам да полудам еднаш и засекогаш да останам

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


луд и несвесен за своите дела и постапки, како да би живеел некој друг наместо
мене, а мене едноставно да ме снема и да се повлечам во непостоење. И така сè ќе
биде добро, зашто сè е добро.

Билет за излез
Многу често ме прогонува единствениот излез од вечната сиромаштија и
невработеност, компензација за сето страдање, мачење и понижување, а тоа да не е
самоубиството. Пред некоја година срочив мисла дека е сосема фер од животот
кучешки, да ме обесштети со некоја сума како на пример десет милиона евра. Ви се
виде премногу? Да, како за некој голтар кој има само еден ден платено работен
стаж, со необјасливи здравствени проблеми од самото детство кога се родил
наводно со воспалена себореична кожа, па сè до безизлезната дилема за економски
азил или самоубиство, кое се чини дека е единственото нешто поголемо од десет
милиона евра. Смртта се чини поголема дури и од животот. Сите се плашат од неа,
и самоубијците и тие кои сакаат да живеат. Сигурен сум дека и смртта се плаши од
самата себеси или барем се колеба од дилемата што би било, кога би било?
И која би била целта на животот напатен, на смртта сурова, ако не си го
оствариш сонот? Никоја, ама баш никаква цел нема страдањето, па колку и да го
негираме тоа сознание. Од како знам за себе, бев брутално казнуван да станам
подобар човек, супер човек, кој ќе им ги исполни сите очекувања и побарувања. Да
летам со хеликоптер над полињата бабини, да имам кариера која сите би ја
посакувале, баснословно богатство, да имам семејство полно со деца. Остарев,
ништо не остварив, зашто не е ни битно повеќе. Мене и смртта ме заобиколи. Ја
чекав одамна, во најубавите години ја канев и повикував, додека таа се правеше
глува и не сакаше да ме земе, за да не и се скрши срцето проклето, да не биде крива
и одговорна за кратење на шансите јалови. Да зависеше од неа, би ме оставила да
живеам вечно. И после илјада години не би ме земала таа мене ни последен на
светот да сум. Дури и таа би умрела пред мене, знам. Затоа не дојде по мене
никогаш до сега, дури ни кога мислев дека преживувам клиничка смрт, тоа не беше
таа. Да можеше самата, таа би ми ги дала сите пари на светот, зашто знае дека тоа
нема да ја спречи несреќата која ми се случува секоја година. Среќата е само
мисловен поим додека ја проживуваш несреќата секој ден губејќи нешто од тебе и
сè што сакаш. Вчера миленичето, денес твоето тело додека старее и потклекнува на
времето, утре твоето чедо или спознанието дека никогаш нема да го имаш макар и
животот да би бил бесмислен без него.
И на крајот паѓаш во бесознание, несвесност. Не би знаел ни дека си мртов
кога ќе умреш. Веќе ни религијата не го теши овој народ, дека ќе се разбуди после
смртта барем како би знаел дека е мртов. Зошто и би сакал да знаеш? За да се
покаеш за сите неправдини и злодела кои си ги направил свесно? И да не постоеше
бессознајната смрт, би ја создале како единствено логично нешто кое би постоело.
Сме имале цел еден живот да грешиме и да се тешиме дека подобро утре доаѓа,
само што тоа утро разденува без нас, зашто сме умреле веќе многу одамна кога
дури и спомените за нас се избришани од постоењето. За илјада години од сега
нема да постои ниту капка трага од моето постоење или страдање. Не би постоеле
спомени за мене ни да ги исполнев сите мечти и очекувања, кои во најмала рака беа
контрадикторни и спротивни меѓусебно. Еден ден сакаше да умрам, другиот ден

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


сакаше да бидам толку многу успешен што ќе ја заслепам нејзината тага и очај. А
јас не направив ниедно од тоа, или што и да требаше. За илјада години од сега,
нема ни да биде важно, зашто нема да постојат траги ниту во вечните почивалишта
наши.
Збогум минати спомени мои, сега ви кажувам и посакувам да постоевте
повеќе од илузијата која ја создававте. Не би посакал ниту да бев некој друг, освен
една боксерска вреќа врз која се тешевте за да не ве проголта депресијата и
безизлезноста. Можеби сум ви го продолжил животот, додека го истуравте
најдоброто од себе врз мене. Сигурен сум дека и Бог би го сторил истото, за да
докаже дека не би го издржал Неговиот гнев и искушение и дека нема никогаш да
преживеам и успеам.

Самоубиство на еден ангел


Имав навидум сè што посакав, но сакав барем уште малку повеќе. И сега не
сум повеќе сигурна зошто, ама можеби и зашто никогаш не бев среќна. Таа несреќа
излеваше длабоко од мене, од моите најтемни и најмрачни делови од моето срце и
душа засенета од тажно детство. Да би се вратила одново кога бев малечка, и кога
само сакав а богами и требаше да бидам среќна, пак би било сè исто. Лавина од
несреќа блика од мене и се излева на сите страни од мојот ум. Ставам уште едно
кафе да си го избистрам умот, но попусто. Дрвата во огинот пуцкаат смирувачки, а
јас вријам од внатре иако ни самата не знам зошто. Палам цигара и го осеќам
вкусот дека не е тој што го бара мојата душа. Не би сакала повеќе ниту освета, иако
не ни знам што сакам точно, зашто се изгубив себеси некаде по пат додека трпев и
се гушев во сиромаштија. Сега не ми е ниту гајле повеќе. Имам повеќе од кога
било, но се осеќам полошо од кога и да било до сега. Готово е, доста ми е. Време е
да си одам од тука. Не знам каде би одела, но овдека не би останала сигурно. Не
знам дали си одам дома, зашто не верувам во ништо повеќе, но знам дека си одам.
Се збогувам со животот, каков што го познавав. Ќе ми недостига ходникот и
неизвесноста која ја носи од сите правци без оглед дали влегуваш и на каде одиш.
Ја затворам влезната врата, и се осеќам ослободена како никогаш до сега. Уште не
сум излегла од мојот живот, а веќе се осеќам како нов човек. Да знаев дека ќе ми
биде подобро, би тргнала јас уште порано кога само би имала храброст. Но морав
да се осигурам дека никому нема да му недостигам, и дека на сите би им олеснило
кога би ме снемало заедно со сите проблеми кои ги носев со моето постоење.
Чекорам сигурно и цврсто по улицата знаејќи дека е крај. Ништо нема да ми
недостига од оваа одвратна и каллива уличка која како да нема крај на својата
мизерија. Стигнувам на крајот на мојата дестинација, одалечена од светоста на
мојот студен и влажен дом. Го погледнувам небото за последен пат. Барем тоа се
чини поинакво секој нов ден. Посегнувам во длабокиот џеб од јакната и го вадам
магичниот пијалок кој можеби и нема да ме убие веднаш или така лесно, но со
сигурност ќе ме лиши од обврската да се вратам назад во пеколот на мојот живот.
Го отворам капачето додека ги бројам птиците на небото сино како да ме
повикуваат да одлетам со нив некаде далеку од овде и да не се вратам повеќе.
Голтнувам полека, додека трошка сомнеж избива во мене да ја преиспита
оправданоста на моето заминување засекогаш. Не душо моја, не би се вратила
назад за ништо на светот. Овој пат, не можеш да ме прелажеш дека ќе биде

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


подобро, кога и самата знаеш дека нема да биде. После неколку голтки не осеќам
повеќе ништо, а веќе стигнав до последната капка. Нозете ми се олеснуваат како да
полетувам кон небото кое се отвора над мене. И види, не знам што точно гледам,
но сè ми се чини дека тоа е татко. Неговиот лик како икона излегува од над
облаците, онаков каков што го помнам кога беше помлад и кога мислев дека сме
посреќни заедно. Подавам рака додека го испуштам шишето на земја, и посегнувам
кон него. Ајде да си одиме заедно од овде. Ќе бидеме среќни како што никогаш не
бевме. Ќе бидам твоја малечка принцеза, а ти ќе ме сакаш засекогаш. И додека се
израдував на среќната помисла за нешто кое ми следуваше, се затвори небото над
мене додека паѓав на земјата пуста. Моето збрчкано тело легна за да се врати каде
припаѓа на крајот на краиштата. Живеев и љубев како никој друг, но секогаш се
чувствував како да љубовта не ми беше доволно возвратена од светот околу мене.

Богатството на сиромаштијата
Сиромаштијата царувала и кога не сме биле сиромашни, сме штеделе за
црни денови. Сега кога се одбројуваат годините и здравјето виси во неизвесност, не
знам за кои поцрни денови треба да се штеди и од тоа што се нема. Растејќи во
беда, парите биле секогаш на прво место, пред децата, здравјето, животот воопшто.
Кога го открив светот на книгите, со воодушевување читав алтернативни
филозофии за тоа колку е лесно да се дојде до пари или да се оствари нешто во
животот, па дури и да се излечиш од рак. Сега се срамам од прераскажувањата на
бестселерите, зашто како што еднаш ми рекоа – кажи ни каде не се парите
ограничени да одиме сите ние да си земеме колку што ни треба! Или како што една
авторка подобро посочила, дека другарот останал без куќата само зашто некој го
убедил дека е на неколку позитивни мисли оддалечен од милионот, т.е. да стане
милионер.
Пораснав па и остарев, а парите се чини се пооскудно циркулираат, додека
инфлацијата расте секоја година. Бидејќи за сите освен мене, имаше партиски
работни места во администрација, сега само со сигурност можеме да констатираме
дека парите никогаш нема да ми бидат благонаклонети во тоа што преостана од
животот.
Порано многу почесто среќавав луѓе како вадат кафе од ѓубрето да го
допијат, или собираат отпушоци по автобуските, сè додека инфлацијата на
сиромашните не им го скрати правото да фрлаат нешто неискористено до последна
капка или дим. Полека но сигурно се стремиме да станеме општество во кое
мнозинството државјани живеат надвор од економски причини. Речиси скоро сите
судски преводи, се некако поврзани со работа во странство, или продажба на
останатиот имот од веќе иселените.
Некои луѓе одамна биле свесни за ограничените можности и капацитети на
татковината, па стапиле во брак со странец кога се укажала првата можност за
билет во еден правец. И како што би напишал еден постар иселеник, дека ние уште
пред осамостојувањето знаевме дека ова место нема да го биде, па си ги тргнавме
фамилиите на страна.
Кога роднинските врски се распаднати поради еден беден имот кој никому
повеќе не му е од корист, ја сфаќаш трагедијата кога треба да го напуштиш
заминувајќи од тука со сè што ќе собере во само еден ранец или куфер. Сите

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


спомени, албуми, сувенири, колекции, ги оставаш некому кој ги фрла во
најблискиот контејнер како да се безвредно ѓубре, а ти остануваш речиси гол во
нечија земја каде немаш никакви корени.
Нема толку богатство, колку што има сиромаштија во светот. Некои држави
се толку задолжени со кредити, што е прашање на време кога мора да им бидат
отпишани како неповратни. И нели е тој механизам на делување прекрасен? Некоја
банка електронски издава непостоечки пари на некому кој нема да ги има откако ќе
ги подмири трошоците, и сите се исплатени како да имаат во моментот иако
воопшто немаат. Тоа до некаде би значело дека процесот на позајмување цифри од
банка кои реално не постојат, треба да се убрза за што поскоро намалување на
глобалната сиромаштија. Во електронската доба во која живееме, секој може
секому да издава кредити кои никогаш нема никој да успее да ги отплати во целост
и со сите камати, а сепак сите странки функционираат задоволни. Замислете си
претходно колку им било потешко запишувањето непостоечки пари во банки и
вешти банкарски трикови за создавање средства каде што ги нема.

Крадец во ноќта
Роден оскудно и бедно, успеа да ми го одземеш и тоа што го немав, а потоа
земаше уште повеќе од мене, и везден ми покажуваше што требаше да имам.
Убавина каква што душава моја не видела, а ниту пак допрела. Младост, каква што
требаше да имам исполнета со раскошна љубов. Да зрачиш одвнатре, светот да ти
завидува што си толку многу симпатичен. Да имаш кој да ја љуби таа
симпатичност, да го оставаш без здив после секое твое љубење да трепери. Но не,
јас не бев за тоа створен. Јас бев за болка и лузни роден. Јас можеби ќе те гледам,
понекогаш и допрам, но само како мајка што го допира своето чедо, а не како
љубовник својата сакана. Јас те сакам, како што никој никогаш не те сакал, и како
што никој до сега не те посакувал, зашто во мене тлее доволно љубов која може
мрви од гробови да искорне и воскресне во живот, но која сепак не е доволно силна
да го смени мојот проклет живот. Да живееш, но како да не си жив, ете така се
осеќам понекогаш. Буквално се осеќам како леш на мртовец кога минувам покрај
тебе. Дури и го осеќам понекогаш твојот мирис на живот, како што би требало да
мириса мојот живот, со тебе во него. Јас требаше да бидам жив покрај тебе, и
покрај сите како тебе да живеам, постојам и љубам. Би сакал да ти подадам рака,
зашто знам дека од сожалување ќе ме повлечеш кон животот, но тоа не е возможно
зашто нема да успееш. Нема да го вратиш времето наназад, од каде требаше
работите поинакви да тргнат и бидат. Јас сум роден во некои други времиња таму
назад каде немаше љубов, каде што повеќе ниту јас не памтам како беше, и како
требало да биде, но знам дека сакав поинаку да биде, зашто секој заслужува љубов,
но не само трошка и не само еден ден, туку секој ден и целиот свој живот. Љубов
каква што добиваш од својот љубовник, од своите деца, од своите внуци или
родители. Јас љувов не добив. Каде е мојата љубов? Никаде. Таа не била створена
за љубење, буквално не била отпакувана и употребена од мене, не зашто не сакав
туку зашто не стигна до мене никогаш. Таа седи за испорачување достава, изгубена
во поштата која нема како да ме пронајде, ниту после мојата смрт, зашто нема кој
да ме љуби и оплакува кога ќе умрам, нема ама баш никој да тагува после мене,

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


зашто сум толку беззначајна промена која на светот не му менува апсолутно
ништо.
И сепак ти благодарам што постоиш во светот со својата раскошна убавина,
да те љуби некој друг, и секој друг кој го пие твојот мирис на живот, како мирис од
утринско кафе кое те буди од депресијата и му дава смисла барем на денот ако не
на целиот живот тмурен. Ако можев вечно ќе се будев за твоето утринското кафе,
се додека не најдам мост да ги спојам моите спомени со твоето постоење, да
создадам едно поинакво постоење какво што мислам дека мојава напатена душа
заслужуваше. Сега и неа не ја жалам повеќе, зашто доволно жалев цел живот од
копнеж по епска љубов, толку многу што повеќе не остана жал за нејзе. Жал ми е
душо моја, но не сакам повеќе да жалам за никого, туку да живеам во спомени па
макар измислени од мене, непостоечки. Така е подобро, зашто спомените и
замислите се вечни, но не и убавината, младоста, љубовта, па дури ни самиот
живот не е вечен. Симпатичен и мил си една година, додека не почне да ти расте
стомакот и задникот кој го влече гравитацијата, како што сопружникот ти ги корне
нервите, па се додека не излезат бели влакненца овдека и секаде каде што ќе
сфатиш дека си остарел уште пред да станеш старец или мудрец. А ти притекнува
ли понекогаш колку беше убав некогаш? Се чинеше светот клекнал пред твојата
раскошна убавина, со витка снага која трепери како пердув на ветрот. Твоите коси
не се повеќе златни, како кога бевме млади и мислевме дека сме непокорни и
незаменливи. Но не тагувај, јас те сакам иако ти остаре пред мене, а ќе остарат и
другите. Додека си ги мразиш своите задебелени влакненца кои побелуваат едно по
друго, јас ќе те гушкам на балконот од тринаесеттиот спрат додека го слушаме
детскиот џагор од игралиштето како одекнува низ тивката населба. Јас ќе те сакам
зашто можам, а ти немој да ме сакаш зашто не би ни требало да ме сакаш. Никој не
би можел да ме сака мене. Мене ниту Ѓаволот не би можел да ме сака, иако тој си
мисли поинаку, тој не би можел да биде мојот принц. Јас не бев створен за сакање,
и тоа е сосема во ред. Денеска повторно ќе те видам на работа, со новите лакирани
ноктиња кои како огледало рефлектираат тазе бричени обравчиња на колегите во
минување. И пак ќе се радувам што сум меѓу живите кои се сакаат како Ромео и
Јулија, но кои нема да живеат уште за многу долго, зашто ќе остарат далеку пред
мене. Ќе овенат како роза овековечена во само неколку фотографии на социјалните
мрежи, ќе ги гледаат како црквена икона, но нема да ја препознаат во сенилноста
своја, ниту да ја милуваат како што јас ја милувам и посакувам да сум со нејзе и да
сум неа. Јас те сакам, иако ти не го знаеш тоа секогаш кога те сакам, и зашто те
сакам. Би те сакал повеќе од мајка своето дете, зашто убавината е минлива за
разлика од мојата љубов. Јас имам толкава желба во срцето, што мртвило ќе
откорне и со живот вдахне, зашто јас бев створен да сакам иако тоа нема да биде
возвратено никогаш во мојот живот.

Најтажната приказна на светот


Беше четврток вечер кога дојде на свет, најсреќното бебе на светот. Босо и
гладно за љубов, го пуштија меѓу волците. Докторот кој го донесе на овој свет, со
педофилски потсмев му ги коментираше и исмеваше гениталиите. Денот кога
требаше да го пренесат дома, татко му не го ослободија од работа, како да не беше
воопшто важно што конечно се родил. На листата на приоритети, тој беше секогаш

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


последен односно практично не беше никогаш никаде приоритет. Секогаш облечен
во изветвена облека носена со години пред него, од некој постар батко или
роднина. Не минуваше ниеден ден, а да не биде исмеван и понижуван за сенешто.
Сите го истураа гневот и фрустрациите врз него. Толку беше неважен и небитен,
што кога една вечер го болеше стомачето, никој не знаеше дали јадел нешто тој ден
и дали болката е од гладување. Презирот кон семејството, секогаш го рефлектираа
кон него лично, како да е правен претставник на целата семејна лоза и одговорен за
целата карма. На тринаесет години, веруваше дека работите се влошуваат поради
несреќната или баксузна бројка, и дека следниот роденден би требало да биде
подобро. Среќата не го огреа следната година, а притисокот се зголемуваше со
превисоките стандарди на наставниците. Биологијата му одеше отсекогаш, за
сметка на останатото за кое трпеше вербална тортура зашто не можеше да биде
подобар или најдобар од сите. Немајќи никој покрај себе, западна во депресија и
една ладна ноќ си ги расече вените на левата рака, но крвта едвај кратко време
протече. Исплашен што ни самиот Бог не сакаше да го земе крај себе, го испи
градинарскиот инсектицид. Кога го почувстува неговиот ефект, го облеа страв од
ужасна и пеколно болна смрт. Повика помош, и на пат кон болницата се онесвести.
Конечно западна во длабок сон, во кој доживеа вонтелесно искуство. Се крена над
своето тело со олеснување кое го облеа после краткиот и бурен живот. Погледна
прво лево кон прозорецот, и инстиктивно полета кон влезната врата на десно. Не го
погледна вкочанетото тело, но знаеше дека е одамна мртво како пустата земја на
која се роди за маки. Среќата траеше многу краток миг, зашто запримети четири
сенки над телото како кружат и изустуваат нешто кое не го разбира. Тогаш ја
почувствува нивната магија, која како гром го присили назад во телото. Додека се
враќаше низ бледото чело, писна од болка каква што не беше осетил никогаш до
тогаш. Телото изрипа од болничкиот кревет, како земјотрес да ги преврте небото и
земјата наопаку. Дотрчаа болничарите во собата, но никој не гледаше причина за
толку гласен плач и жалење.
Годините минуваа, а депресијата и старечките болести ги голтаа роднините
како гладна глутница од волци. Речиси остана сам, заборавен од неколкуте
пријатела дека постои, кога се одлучи да си ја побара среќата в туѓина, не да печали
туку за да преживее. Се префрлаше од една во друга земја, а среќата никаде не му
се насмевнуваше. Почна да учи друг јазик, бидејќи другите два не му се покажаа
многу од корист. Запозна една келнерка во кафулето на ќошот од неговата зграда, и
набргу се збилижија. Едното водеше кон другото, и веќе следната година им се
роди ќеркичка. Конечно се почувствува дека успеа во животот да најде среќа, не
претпоставувајќи дека овој благодат немаше да заврши добро. Трнаа на својот трет
заеднички одмор на море, уживајќи во новиот автомобил. Минувајќи низ мало
гратче на ридот, зад свиокот се појави камион од спротивната страна возејќи во
нивната лента. Гумите силно свреа на десно да го избегнат кобниот удар, и се
вивнаа од ридот во прегратките на смртта. Додека го гледаше животот пред очи
како на филмско платно, сфати дека тој никогаш не требаше да постои, за мака
створен и за болка роден, требаше да го оконча многу одамна, да знаеше дека нема
никогаш да успее.

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


Исповед на една совест
Болка. Некогаш мислев дека знам што е болка. Тоа време е одамна
потрошено. Сега нема ништо, освен празнина исполнета со солзи. Колку ќе беше
полесно само еднаш да умрев во сообраќајка можеби, наместо секој ден одново и
одново, заробен во страв и очај. Никогаш не сум бил повеќе исплашен во мојот
живот – ако воопшто ова е живот. Понекогаш мислам дека стварно живееме во
Пеколот. Толку страдање и болка, не може да има ни во Пеколот. Но кој сум јас да
кажувам кое е што. Се барав себеси, а се изгубив уште повеќе. Нема лек за вечното
страдање. Животот ми стана трпење, чекање и мечтаење. Го чекаш секој ден да
заврши за подобро утро, кое никогаш не доаѓа. Потоа одново се будиш од кошмар,
облеан во ладна пот, и сфаќаш дека нема бегање. Никој не си оди одовде жив. Нема
бегање. Единствен излез од постоењето, е смртта. Таа ужасна работа, која ќе стави
крај на сите маки и страдања. Тогаш можеби и не е толку лоша, ниту страшна. Ако
те ослободува од бесконечно страдање, мора да е добра! Никој не излегол жив
одовде. Тоа е границата на нашата свест. Понатаму не се гледа што има, и дали има
нешто, или само престанок на постоење на свеста – тоа пусто јас кое се надева дека
е нешто повеќе од ништовилото од кое настанало. Не можам повеќе. Си велам
секој момент дека не можам повеќе да издржам. Потоа ја погледнувам датата, и
сфаќам дека ќе страдам уште една цела вечност. Нема крај на животната болка.
Повеќе не ја гледам сладоста, од стравот кој ме гуши. Не постојат солзи на светов
кои нема да ги исплачам, да можеа да го измијат црнилото од мене. Не постои
надеж кога живееш во иронична агонија. Плачам, зошто не знам што друго да
правам. Мислев дека имав надеж, таа пуста мечта дека некогаш ќе биде подобро. И
тогаш стана полошо. А ќе стане и полошо. Никогаш нема да поверувам. Само така
е полесно, кога си велиш дека сето ова не се случува. Сакам само да преживувам во
неверување. Заглавен сум во бунило. Што чекам? Како да не беше доволно
страдање досега. Не постои смрт која може да ме исплаши повеќе од самиот живот,
ако е ова навистина животот. Никогаш не сум бил ни жив веројатно. Само се
надевав дека ќе започнам да живеам. Тој мој ден никогаш не дојде. Никогаш не сум
бил поочаен, безизлезен, како една слепа улица која не продолжува понатаму.
Каков е овој живот без ронка живост – нешто што треба да биде убаво, мило, како
мајка со нежност милувајќи го своето чедо. Не знам што да правам. Животот се
смени за две ипол секунди додека го изусти тој збор од три букви, кој не означува
рак во хороскоп, туку на друго место. Не! Тоа не бев јас кога слушнав. Не можев да
бидам таму и да слушам. Животот не ти поминува пред очи во судниот час, зошто
бегаш од него, од себеси, од постоењето. Тој миг на непостоење кој душа милува,
што солзи не лечат. Жал ми е. За се ми е жал. Едноставно ништо не е како што
треба. Каде отидов поѓаволите. Сакав да живеам. И го чекав животот упорно и
секој ден трпеливо. Чекав да почнам да живеам. И тогаш сфатив дека никогаш нема
да има подобра иднина. Ниедни солзи на светот не се повеќе доволни. Илузијата е
единственото нешто што го нарекуваме живот. Потоа паѓа како скината завеса и
гледаш ништо. Ама баш ништо. И потоа бараш да најдеш нешто, колку и да е мало
тоа нешто што ќе те оживее. Но залудно е. Некогаш надежта ни последна не
останува, туку си оди ако воопшто некогаш и дошла всушност. Како робот чекам,
бидејќи не знам што друго да правам. Толкава тага го обвила моето срце, што не
знам како чука. Кога ли ќе се откаже моето кутро срце од мене? Кога ли ќе ме

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


напушти ова јадно и напатено тело? Никогаш не си го сакав телото. Сега ми е веќе
сеедно. Само чекам да кажам збогум. Не постои надеж за прошка. Онаа прошка по
која очекуваш да станеш и сè да биде во ред. Никогаш нема да биде во ред.
Никогаш не ни било во ред. Само си чекав. И сега чекам. Но не го чекам повеќе
животот да почне, туку не знам што чекам – да заврши ли? Чекам да ми кажат
нешто. Нешто кое никогаш нема да ми го кажат. Моите уши никогаш нема да го
слушнат тоа што го сакам. Моите очи нема никогаш да го заборават тоа парче
хартија што ја потврди одлуката за безизлезен неуспех без надеж за ведра иднина,
за сонце после дождот. Какво сонце, кога и зората би била доволна само да
постоеше нешто. Барем една мала патека, па макар и низ црнила да минува, само да
ме однесе некаде. Сега сум никаде. Секогаш можеби така било. Како на филмско
платно, ги гледаш само животите на другите. Потоа сфаќаш дека твојот живот го
нема. Едноставно никогаш не ти бил доделен. Страдање без живеење. Не сакам
ништо повеќе. Се плашам, што понатаму? Не сакам да знам, иако знам што ме чека,
сепак не сакам да знам. Така помалку ќе боли. Никој не си оди жив од тука.
Можеби не требаше никогаш да размислувам и само да постојам во тој момент
пред судниот час, пред почетокот на новата ера на страдање, овој пат последно.
Како да не беше доволно, па уште малку, а потоа уште малку повеќе. Колку можам
повеќе? Колкава тежина моите раце можат да издржат. Не знам што понатаму, се
плашам од секоја помисла. Тоа е животот. Тоа беше мојот живот. Овој сега не е
мојот живот. Ова не сум јас, туку некој друг. Само го гледам како на филм, што ќе
се случи понатаму? Се убедувам дека можеби ова навистина не сум јас, дека ќе се
пронајдам кој сум, само овој да не сум. Никогаш не сум бил повеќе изгубен. Не би
сакал ниту да се најдам себеси, ниту некое ладно чудовиште кое може да сум. Тоа
не сум јас. Одгледан сум за нешто подобро, си велев. Дури и никогаш да не се
најдам е подобро отколку да го најдам тоа што не го сакам, тоа што ме плаши, што
ме боли. Не сакав да постојам, не само тој миг, туку секогаш и засекогаш. Кога
чекаш низ животот, забораваш што чекаш. Лек? Надеж? Постоење? Какво е тоа
постоење и каде постоело до сега. Само сакам да паднам во заборав и да не се
сетам повеќе на тој миг, на себеси, на тоа парче хартија. Така е подобро. Помалку
ме боли дури и од помислата да заборавам на сè, но не да продолжам понатаму, да
чекам јалова надеж да роди подобро утро. Нема подобар ден од овој денешниов.
Утре ќе биде полошо и потоа ќе го обмислувам вчерашниот ден. Господе, колку
боли кога ги гледам лицата кои чекаа подобро утро со мене. Можеби чекањето
беше и подобро. А сега е само полошо. Сè е само полошо. Сè беше подобро. Но
нема враќање назад. Не ми се верува. Ништо нема да се промени, дури и да
верувам. Овдека безнадежноста царува. Болка не ме успива, само ме буди во
бунило, како мајка која ја бараш, а таа никогаш не доаѓа. Затоа што ја нема.
Никогаш не постоела. И да постоела никој не се сеќава дека ја видел, а ти упорно ја
бараш да ти каже дека ќе биде во ред, и кога не е. Те молам, прости ми! Сакав да
имам сè. Сега немам ништо. Само спомени и страв од ладната реалност. Не, јас не
сакам да се разбудам. Кошмарите се чинат поблаги од јавето. Таа сурова реалност
како сатар те делка, сече парче по парче. И на крај нема да знаеш дека не си ниту
последното парче, дека не постоиш. Те нема, и толку!

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


Рак, но не во хороскоп
Имаше необјасниви баксузи годинава, но имаше и ветувачки моменти, како
одење на интервјуа, ветување за вработување, раззеленета градина, и потоа тотален
мрак. Мртовечница, а во која јас сум лешот. Не ми се верува за болката која им ја
причинувам на другите – онаа болка која ја добиваат од разочарувањето за
неостварените надежи и очекувања кои ги имале за мене – како за нив да немало
доволно очекувања, та и за мене, нека има повеќе страдање на овој свет, и како за
друг свет да знаевме. И јас ќе ги правам истите грешки на нивно место. И јас би
имал можеби несреќни деца, кои никогаш нема да пораснат, и можеби ќе починат
предвреме, а јас повторно ќе се чудам како да се справам со толкава болка, кога не
можеш колку и да сакаш. Која е границата на толеранција за болка која може еден
човек да ја поднесе? Нема граница. Само можеш да си страдаш, и страдаш, за на
крај да ти биде уште полошо, а срцето никако да ти пукне од тага и непребол.
Колку што сум јас слаб, толку беше тој силен. Тој, кој не знам од каде
имаше толкава сила за да ми го соопшти резултатот. Не постои бог или господ кој
би имал толкава моќ да го изусти тоа. Паметам, сепак не можеше да ме погледне,
само го потцрта хистопатолошкиот наод, со тој проклет збор – како да ми беше
крив за целиот живот. Па кога сум бил јас среќен, за тој збор нешто да промени?
Кога јас сум бил здрав, или сум бил поздрав од сега? Што ќе беше поинаку, освен
ништо? Ако животот ми бил ваков, зошто замислував поинаква долговечност,
мирна старост во која не умираш од ужасни болештини, туку само уживаш во
смиреноста покрај залезот на сонцето. Моето сонце се чини не изгреало, а го
очекував на залезот, како мајка која не може да има чедо, како татко кој не може да
ја најде мајката на своето несудено дете. Тажно. Тагата дури и да е мала, толку е
остра, сурова и ненадејна што се чудиш како постои живот, кога постојат
нуклеарни бомби, постои рак, постои смрт која не знаеш кога ќе ти се случи. Се си
мислиш, се надеваш, мечтаеш, а потоа ги лажеш децата да стиснат заби, дека тебе
не ти било судено добро, но на нив ќе им биде подобро. И тие ќе ги лажат своите
деца. Само страдањето како врежано в камен, стои вечно, со генерации запаметено,
пренесувано како може да биде и полошо, дека дури и од твојата смрт има полошо
– да, полошо би било само кога сите други би умреле а ти би останал сам да молиш
за смртта и тебе конечно да ти се случи. Смртта е некогаш подобра и од самото
раѓање, но не е за мене, не сега, не наскоро. Како да постоеше обука како би се
спремил за смртта, па ми даваат малку време да ги средам работите. И што ќе
средиш? Што ќе направиш со останатото време? Ништо. Сè уште го немам
магичното стапче, сè уште не сум оздравел, се уште немам деца, сè уште боли
животот, како да смртта ќе е безболна. Што остана од нас? Што остана од животот?
Ех, камо среќа да не се родев. Можеби ќе беше полесно за сите нас. Но тоа немаше
да биде животот кој го знаеме, немаше да кукам, да се жалам, немаше да бидам јас,
немаше да знам.
И тогаш сакам да си припомнувам на детските денови поминати кај баба, од
која не сакав да се одвојам на одење кон дома. Немавме ништо, а се чиневме
среќни дури и кога бевме наполно несреќни. Бевме гладни и жедни, со издрпани
алишта од којзнае кого, но не бевме тажни. Еден ден мама донесе парче торта од
работа, а јас мртов гладен како никогаш до тогаш. Дедо е во болница, и треба да му
го однесеме парчето торта како понада. Мора да сум молел толку многу, што на

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


крајот таа попушта но ми го дава само шлагот да го изедам, по што сфаќаме дека
остатокот е неупотреблив и никој повеќе не би сакал да го дојаде. Сега ми е криво,
што постоев така страдалнички и нехумано. Да можам, би умрел од глад без да
посегнам по скриените чоколади во креденецот, или минијатурните паштети пред
толку многу гладни усти.

Барајќи го Бог
Да веруваше искрено во Него, дали ќе ги правеше истите грешки, правејќи
им го на другите тоа што е направено од трети? Насилството раѓа уште поголем
брутализам и свирепост. На горчината во душата не ѝ истекува рокот на употреба,
после кој можеме да твориме свет полн со љубов и разбирање. Помислете на сите
крадци, криминалци, сите кои некогаш нешто ви згрешиле и ве повредиле, па зарем
очекувавте нешто помалку од сите кои пораснале брутално, крвнички, кои биле
воспитувани како што ни Луцифер не би бил, да ви возвратат со добрина? Не се тие
лоши, како што не сме ниту ние апсолутно добри, тоа е само репродукција на
апсорбираното со години и децении.
Идеализацијата за виша сила била отсекогаш искривувана. Во името на Него
не си го мразиш своето чедо, но кога одгледа монстроум, заклучуваш дека Бог го
створил така. Таткото на љубовта никого не направил лош, па ни љубоморниот
Луцифер. Но каде е семоќниот кога е најпотребен и нужно неопходен? Ако не е дел
од решението, тогаш е дел од проблемот, зашто трета опција не нудат филозофите.
Гледајќи го животот во широки рамки со сите маани и недостатоци,
постарите откажуваат послушност кон идеологијата за нешто толку совршено, и
севишно божество. Можеби зашто целиот свој живот го чекале, а можеби и затоа
што на грешниците може да им се суди, или да им се прости сè – зависно од која
идеологија доаѓате.
Го барав и јас одамна, но не можеше да ме најде. Можеби сум толку мал и
безначаен да ме види и слушне. Сега и не сакам да бидам пронајден, зашто не
сакам ништо повеќе од топлото сонце кое продира под тремот додека седам на
каучето кај баба. Тука имам што ќе посакам, зашто не сакам ништо повеќе. Тука не
треба да се сакам ни себеси повеќе, зашто имам таква слобода, да постојам како
што сакам, зашто не сакам да биде поинаку, бидејќи и вака ми е добро, а и да не ми
е, пак е добро, зашто се трпи.
Го барав, зашто мислев дека се лоши. Никогаш не помислив дека можеби јас
сум лош. Сега им е само нив битно, а јас сакам само да ме остават на мира и
засекогаш. Нема грешници во мојот живот, сите се совршени, затоа ги сакам сите,
зашто сè е совршено. Можеби затоа не најдов ништо повеќе, ништо друго, зашто сè
беше добро, а уште подобро е кога сè ќе заврши. Не сакам да бидам ничија тежина,
зашто имам само леснина останато. И затоа не Го најдов, зашто не требаше да биде
пронајден. Сега го имам Сонцето пред мене да ми ја грее душата како најголемиот
Бог на светот што некогаш постоел и стоел токму пред мене.
Би се вратил назад низ времето кога побарав помош за последен пат, пред да
се откажам, зашто добивав иако не барав, иако не го сакав тоа што добивав. Сега
имам сè, па дури и едно детенце во мене како се смешка под Сонцето додека го
сликаат за спомени, кои никогаш немаше на кого да ги покаже.

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


Писма до Бога
Барем да се сретневме еднаш, та сѐ што имав некогаш замерено ќе можев да
простам и заборавам. Макар и да си помалку моќен од мене, ќе сакав да те
запознаам и доживеам, зашто јас ќе бев посилен и за тебе, па и за двајцата. Би сакал
да постоиш за мене, иако можеби јас не постојам за тебе. Сакав да те запознаам
како би си ја обаснил целата несреќа на светот која морам да ја доживувам каде и
да одам, што и да правам. Секакво објаснување би било подобро од неизвесноста и
незнаењето на одговорите.
Толку многу гнев кон нешто во кое не веруваме. Гнев кон мене, кон Тебе,
кон сите нас. Да те запознаев сега, ќе Ти бев најдобриот другар. Сега кога ми е
сеедно за сѐ во животот, работите изгледаат толку едноставни, а сепак пресложени
за да можеш да ги разрешиш или надминеш. Неизвесноста убива. Не знам што ќе
биде до крајот на годината, а не пак за десетина години од сега. Дури не би сакал да
знам дали ќе бидам жив до тогаш. Само така би ја гаел надежта дека сепак ќе
преживеам, макар и крај на светот да дојде, јас да продолжам да постојам барем во
моите очекувања. После крајот, не би сакал да те запознаам повеќе, барем не по
смртта на моите надежи. А ке Те сакав, како едно мало дете кое сега знаеме дека
никогаш не би дочекал да го имам. Ќе Те сакав иако не знаев никогаш јас некого да
сакам. Ќе Те држев за нежните рачиња додека раскажувам секој ден нови приказни
и визии, за некој свет кој ниту бил а ниту ќе биде. Ќе Ти кажев дека сѐ ќе биде во
ред, дури и кога нема да биде. Ќе Те сакав, како што мене не успеале да ме сакаат,
зашто никогаш не бев доволно совршен за никого на овој свет. Ти ќе беше секогаш
мојот Бог, колку и да би бил малечок и немоќен. Јас бев створен да Те сакам каков
што си, макар и да ме заборавиш еден ден далечен, следејќи ги своите сни, ќе
пишував писма за убавото време минато заедно и колку среќен ме правеше што
постоеше за мене, а и јас за Тебе.
Да можев барем едно вистинско писмо да Ти пратам, би ти кажал само дека
е во ред сега. Што и да се случи, преживеав. Ти простувам, дури и да си можел да
сториш нешто за мене. Немоќен и неспособен да си, пак е во ред за мене. Само
сакам да продолжам кон крајот и да завршам, што и да треба. Ако јас не можев да
сторам нешто повеќе за себе, не очекувам од Тебе нешто за мене. Половина живот
ме одмина, и сега е повеќе од јасно како ден за мене, дека подобро утро нема да
дојде. А можеби и не сакам да Те знам, зашто не ми треба нешто повеќе за мене од
ништото кое го имам, тоа е премногу кога го гледам целото страдање на сите околу
мене. Никој не го заслужува овој мачен живот напатен, и низ сето тоа што
помнавме чекајќи подобро утре. Не вредеше понижувањето и деградирањето, како
да немаше сонце и воздух за сите нас да живееме. Сега можеби и не сакам да
имаше, зашто секое скратување на постоењето би знаечело кратење на маките.
Зошто би го сатанизирале некого, додека ни греши нешто на кое не ни имал
некакво право.

Кога божествените паѓаат од тронот на вечна слава


Богатите се чини дека имаат повеќе од доволно, за да имаат причини да
веруват во виши ентитети, а додека пак сиромашните се премногу разочарани за да
веруваат дека боговите од нивните религии би ги оставилте така да мизеруваат
целиот живот. Веројатно дека средната општествена класа, се чини најподложна на

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


религиските уберувања. Тие може да имаат доволно, но можат и да имаат уште
повеќе кон кое што се стремат да го добијат.
Трагедиите и несреќите исто така го одредуваат патот по кој ќе се развива и
заврши претставата за повисок ентитет. Обесправените, угнетуваните, со скршени
срца поради смрт или убиство на најблиските, сигурно се колебаат и ја ставаат под
голем знак прашалник улогата на божествата. Кога болеста ќе ти го земе
наскапоценото, или неговиот убиец ќе добие смешно ниска пресуда, не би било
нормално да се запрашаш каде беа небесните безгрешници штом не помогнале.
Како што старееме, исто така се развива некоја логика која ги разнишува
уверувањата, во нешто што можеби никој жив лично не Го видел да посведочи како
што би рекол дедото во комшии. Единствено останува трошката страв во нас,
доколку религиите реално сведочат за едниот и единствен, дали можеби би се
навредил од нашето сомневање за Неговата величенственост.
Неповрзано, ислушав исповед во еден религиски центар за дарувањето
работно место и повисока плата на верник кој целосно и предано Му служи. Ги
гледам сите присутни невработени и се запрашувам каде е божествената помош за
нив? Не велам дека би верувале во нешто или некого само ако ви обезбедува
услишување на желбите, но кога ги немате решено основните егзистенцијални
прашања, со која верба би верувале во нешто? Некои малцински групи се толку
обесправени поради хендикепот, изгледот или потеклото, што практично не им
останува многу верба за нешто воопшто, кога не веруваат ни во општеството во кое
живеат.
Да постоеше физички регистрирана адреса како седиште на единствено
божество, сепак луѓето ќе ја губеа и придобиваа вербата како што животните
околности се менуваат. Тоа е како што вербата во родителите се менува како плима
и отсека, дури и во ист животен период. На почетокот на нашата свесност ги
доживуваме како богови зашто немаме развиена свесност за нешто над нив. Потоа
ги впиваме религиските убедувања на околината без многу размислување, па
почнуваме да ги анализираме како што сме поискусни во животот, за на крајот
можеби целосно да ја изгубиме вербата.
Кога мајката го губи своето чедо, можеби размислува дека е дури подобро
да не веруваш, отколку да Го лутиш со сомневање и преиспитување за причината
на таква постапка. Сите се плашиме од нешто кое е хиерархиски над нас, нешто
поголемо, најмоќно, или што нема ништо над тоа нешто. Се плашиме од
родителите, од единствените со легално право за употреба на физичка сила, од
силата која го управува универзумот, сè додека не се соочиме со сопствените
неуспеси и престанеме да се плашиме од тоа што ќе се случи.
Се плашев и јас затоа што верував, а потоа отидов за последен пат да
запалам свеќа и свечено да се откажам од вербата. Се разбира дека ако Го сретнам,
најискрено ќе се заблагодарам зашто сигурно дека работите испаднале најдобро
што можеле, и подобро од ова не би можело да биде. Трагедија е да живееш во
стравот како може да биде и полошо па да бидеш неизмерно вечно благодарен со
празен стомак, обесправен, или општествено потиснат зашто ги немаш остварено
најосновните работи.
Ако се сретнете пред мене, пренесете Му дека го достигнавме врвот на
кулминацијата на нештата, и двајцата ние. Добро би било да бидат нештата

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


подобри, иако знаеме зошто тоа нема да се случи во оваа реалност, а за сè останато
и не би било повеќе битно. Се радувам за вербата и успесите на другите, без оглед
на мојата животна состојба. Сигурен сум дека и јас да бев на врвот на божеството,
немаше да успеам со сите мои чеда да имам боженствени односи како одраз на
нашиот заемен успех.

Без трошка прошка


Верував дека кога ќе пораснам, сè ќе биде поинаку, дека магично ќе се
сменат работите кон подобро, и сè ќе изгледа и реално биде поинаку. Чекав, и се
надевав. Некаде по пат, заборавив да се надевам. А мислам дека и не чекам повеќе.
Не остарев, но доволно сум стар за да сфатам дека нема подобра иднина. А можеше
да ми ја дадеш барем единствената работа, за која би ти простил ама баш сè. До
последен момент би се борел со целиот свет ако треба, во надеж дека ќе ја добијам.
Сега кога сè ми зеде, можеби е вистинското време и јас да почнам да земам. Барем
за толку сум заслужил, ако не и повеќе. За уништеното детство, не се лутам повеќе
зашто е вистинско чудо како го преживеав тој бруталитет. И потоа малку по малку,
ми ги одзема сите надежи, замисли и мечти. Ми го одзеде здравјето, делови од
телото, па потоа ми го огрди лицето и побеле косата и ретката брада како на старец.
А сега, веќе е доста. Сите граници на толеранција и попуштање се поминати и
пречекорени. Нема да ти простам, и не ти простувам за една единствена работа која
можеше да ми ја дозволиш или да ми помогнеш да ја имам. Ќе ми ја исполниш
желбата, па макар да треба да те прогонувам и во смртта. Нема да најдеш мир, без
мојата прошка. Можеш да ме направиш најбогатиот човек на светот, а пак да не ми
ја исполниш желбата, за на крајот да не ја добиеш мојата прошка. Ќе донесам
пропаст во вечноста твоја, за некогаш и некаде да паднеш толку ниско, што ќе се
присетиш на мене, и на тоа колку чинела една желба која можеше да се смилуваш и
да ми ја дозволиш. Не се одмаздувам, толку колку што имам право на мојата
најголема желба на светот. Сè останато е небитно и неважно. Целото страдање и
болка, губат значење и смисла под сенката на моето потенцијално најголемо
животно достигнување. Ништо потоа не би ми значело повеќе. Да умирам во
најголеми болки и глад, око не би ми трепнало повеќе, зашто јас успеав а сè друго
нека оди по ѓаволите. Замисли, колку слобода нуди само една остварена желба.
Таа е лекот за сета проклета живеачка, мизерија, и непотребно страдање. Би
го опростил и тоа што сум заборавил. Би го простил сето тепање, плукање,
понижување зашто бев најсиромашниот и сè останато кое можеби реално и не бев
колку што бев осудуван и критикуван. Сите патишта можеби не водат кон Рим, но
овие моите сите водат кон само една желба, та макар и слеп да одам до крајот на
животот. Ништо друго не би имало смисла, ниедно друго остварување. Дури ни
лекот против стареењето не би имал смисла, ако не се оствари мојата желба.
Не ми треба божјото царство, ако во него живее некој бог кој нема
разбирање за животот на земјата или зошто би ми значела таа една желба моја. Тој
не може да биде мојот бог. Може да биде сечиј, но не и мојот, ако не го изодел
животот во моите обувки, ако не можел да биде обичен човек со граници на
сочуство и разбирање. Толку од мене. Преостанува помалку од половина живот, да
ми се исполни желбата како знае и умее. А потоа следува вечната осуда и клетва,
без можност за една трошка прошка. Нема да простам јас, и сите други кои би го

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


преживеале мојот живот за да сфатат на крајот дека едноставно не беше фер и не
требаше да се случи сè што ми се случи, а знам дека ќе ми се случи уште повеќе.
Страдањето понекогаш нема крај. А сè може да има среќен крај, дури и после еони
несреќни времиња и периоди на ужас и хорор.

Кога денес ќе ти простам


Те видов денеска, во целата твоја слабост и неспособност. Одамна
одбегнував да ја признаам твојата некадарност, иако знаев. Се лажев себеси дека
можеби сепак можеше, но не сакаше. И така деновите стануваа години, а јас уште
те гледам како бог, иако тоа никогаш не беше колку и да посакував. Толку силно
посакував, што понекогаш дури и се надевав дека можеби сепак еден ден ќе
станеш, и ќе ме наградиш зашто бев наводно твое творештво. Годините минуваа, и
верувам дека сега и обајцата се срамиме од себеси. Јас зашто очекував од тебе, а ти
зашто не можеше да ми овозможиш. Не само што не можеше да ми овозможиш,
туку и очекуваше да бидам подобар овозможувач од тебе. И така додека сакаше сè,
го изгуби сето тоа што дури и го немаше, а сакаше да имаш и многу повеќе.
Пробувам да најдам доволно сожалување за тебе, да не ме облее гневот и да
ти се развикам иако не си тука. Ти ништовно суштество кое требаше да биде
последно во хиерархијата, си во суштина на работите само едно големо ништо и
никој. Не, ти си и помалку од тоа. Целиот мој живот го минав во страв од тебе, од
големиот и единствен на земјата, кој не постои никаде да даде објаснување кога
најмногу треба. И сега ми е навистина жал што некој никаквец неспособен за
својата улога и функција, ја минал вечноста над мене, а јас како куче послушно под
него чекало и се молело за неговата милостина.
Кога денес ќе те сретнам, засрами се од својата неспособност да направиш
нешто за мене, дури и кога навистина не си можел. Ти не заслужуваш ништо
подобро од мене. Не, ти го заслужуваш најлошото, и не знам дали ми е жал за тебе,
или за мене што бев твој поданик.
Денеска конечно се откажувам од тебе, и од моите соништа и мечти. Знам
дека нема ништо да постигнам и добијам во животот. Знаев одамна дека сум
најголемиот неуспех на светот. Но што можеше да се очекува од некој, кој е под
тебе, твое творештво, и кој припаѓа на тебе. Седнувам на ладната клупа, и конечно
не осеќам ама баш ништо. Ниту во мене, ниту надвор ја осеќам околината.
Понекогаш ми застудува, но тогаш сфаќам дека не може да ми студи зашто сум
мртов исто колку и моите соништа, кои не знам ни дали биле мои или само
наметнати некаде од некого. Го слушам џагорот на тинејџерите кои го планираат
спустот по стрмната велосипедска патека. Ги погледнувам невините ангелски лица,
и срцето ми се крши на илјада парчиња. Тоа можеа да бидат и мои деца, кога би
можел да ги зачнам пред петнаесетина години. Но зошто би сакал да бидам татко,
кога јас не можам да се гордеам на нешто што не можам да го имам. Премногу
нерешени проблеми имам, за да дојде редот на нешто убаво да се создаде во мојот
живот. А и онака е веќе касно да успеам нешто во животот. И така се тешам кога ме
одминуваат, зашто знам дека бев подобар од тебе, подобар од сите кои се некако
над мене. Во мене тлее толку многу љубов, иако немав никогаш на кого да ја
дарувам. А немав ниту од кого да научам што е вистинска љубов. Во страв ти се
поклонував, зашто не знаев што друго да правам и како да престанам да се плашам

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


од некој што може да ме убие. А сега, би сакал да ме убиеше моментот кога сè
тргна наопаку во моето детство. Но за тоа е веќе доцна, сега можеш само себеси да
се убиеш. Не си ти бог кој ќе го преживее ова самоубиство. Нема да се пишуваат
повеќе книги за тебе, и да ти се идолопоклонуваат како да си постигнал нешто за
некого што никој ниту го посведочил ниту доживеал лично. Денеска е денот кога
ќе престанеш да бидеш бог за мене, зашто не можеш да ми направиш нешто
полошо или да ме убиеш повеќе од досега.

Еден ден ќе биде добро


Еден ден, сонцето нема да зајде повторно за мене. Еден ден, вечерината
нема да донесе осаменост и очај. Ќе седам на каучето, под сонцето кое вечно ќе
заоѓа за мене. Јас ќе чекам, а ти ќе доаѓаш со целата љубов за мене. Овој ден
конечно ќе ми донесеш вечна радост и спокој. Ќе донесеш еден нов живот кој ќе го
проголта овој сегашниот кој никогаш не требаше да се случи. Не барам
извинување, ниту имам што да простам. Сакам само сè да заврши како што не
требаше ниту да започне, додека новиот живот ме прима со топла прегратка во
новото царство кое никогаш не дојде за мене.
Денес, ќе имам тука сè што ми треба за мене. Нема да бидам повторно
осамен, и исплашен од неизвесноста на иднината. Се враќам дома, а ти ме
пречекуваш од каде што требаше да си заминеш. Времето се враќа наназад, додека
тагата раѓа радост. Па зарем не заслуживме? Заслуживме и повеќе одошто некогаш
можеме да добиеме. Не сум алчен, ниту злопамтило. Но моите плеќи и душа,
преживеале повеќе одошто можеле. И сакам само да заврши, и тоа не само за мене.
Целото страдање на светот, целата болка мизерна да ја снема од историјата на
човештвото. Да го проживееме единствениот животен век во мир и достоинство.
Јас ќе го чекам новиот живот под сонцето кое заоѓа, макар и тој никогаш да
не дојде. На крајот, не би ни знаел дека не дошол. Моите очи некогаш ќе престанат
да го регистрираат овој живот неизвесен. А во следниот момент кога ќе влезам во
непостоење, нема никогаш да дознаам дека тој друг живот не дојде за мене. И тоа е
сосема во ред. Тоа е најмалку нешто кое можам да го добијам.
Им немаше крај на моите соништа неостварени, додека растев и стареев без
некогаш реално да почнам да живеам. Живеев во желба за нешто подобро и
поубаво, какво што му доликува на секое човечко суштество. Никој никогаш не ме
разбираше зошто не сакав да живеам како животно, додека потоа не почнаа да ме
жалат што можеби навистина живеев како животно. Сигурен сум дека и Бог би се
срамел од животот беден на земјата пуста, и фактот што можеби работите веќе
одамна излегле од контрола.
Сега знам зошто требаше сè да ми се случи. Знам, иако не сакам да знам
повеќе. Никогаш не би собрал повеќе љубов и разбирање, да беше сè поинаку.
Имам љубов за илјада љубовници, за безброј дечиња во светот гладни за
безусловна љубов и прифаќање. Имам толку многу, што никој не сака љубов во
светот без љубов и поддршка. Овој свет не беше создаден за љубов, ами за омраза.
Да можев да се вратам наназад низ времето со целата оваа љубов од сегашноста, би
ги љубел безусловно сите и секого околу мене. Ќе ги сакам додека ме мразат, се
додека не сфатат како еден ден ќе им заврши животот преполн горчина. А кога ќе
дојде судниот час, нема да понесат ништо на оној другиот свет вечен. Голи и боси,

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


како од мајка родени. Ќе ја подвиткаат опашката како куче избркано од стопанот, и
ќе заминат во вечноста на непостоењето.
Еден ден кога сонцето ќе го нема, јас ќе светам за него. Ќе носам радост и
среќа, која ја барав и очекував целиот живот. Кога ќе згасне и последната светлина
од мене, ќе го вратам времето назад за да светам одново и засекогаш. Ќе ти дарам
вечност каква не дочека. Среќа, каква требаше да имаш. Тогаш ќе се исправиш да
ме погледнеш во очи право, и ќе знаеш дека јас бев тој што го бараше но не го
препозна барајќи насекаде околу.

Кога ангелите спијат


Времето пред животот. Смртта пред тагата. Љубовта пред загубата. Ноќта
пред сонцето се поклонува. Се поклонував и јас пред надежта на новиот ден. Чекав
и мечтаев. Те барав, за да не те најдам. Да не ја видам тагата која го топи небото.
Да не ја дочекам судбината на неизвесното. Те гледам, и не те препознавам повеќе.
Ти не беше за тука створен. Ти беше роден за никаде. За темнината на ноќта во
вечноста која не се буди. Ти си кошмарна илузија на совршена бесмисленост.
Често си припомнувам кога седев на бетонските столпчиња, чекајќи го
автобусот за дома, иако мислам дека никогаш не стигнав. Не можев да стигнам
дома, зашто неа ја немаше. Затоа само чекам, и патувам, но никогаш не можам да
стигнам. Се чини дека таа побрзо ќе стигнеше до мене, да постоеше. Чекај ме,
зашто да постоеше некаде ќе те најдев и зад ридовите на деветте неба. Ќе те
создадам од моите солзи да постоиш некогаш. Ќе плачам за тебе додека не го
скршам од тага севишниот да те создаде макар и во моите илузии. Знам дека те
заслужив да ме утешиш, како топла мајчина прегратка која го стиска родот пред
неизвесноста.
Да беше камен, ќе пукнеше. Да беше Бог, ќе се смилуваше. Да беше смрт, ќе
прескокнеше. Да бев јас, ќе те сакав. Да зажалев, пак ќе те сакав. И да не можев,
пак ќе те сакав, затоа што си ти. Кога ги затворам очите, ја гледам твојата светлина.
Сега гледам дека имав сѐ, дури и кога немав. Само тебе те имав, и пак ми беше
доволно. Се сеќаваш колку чекав да пораснам, иако веќе се осеќав возрасно, да не
речам старо и уморно? Јас требаше да те погледнам и да ти кажам колку згреши и
колку не си во право. Сакав да ти кажам дека не можеш да го понесеш со себе тоа
што ми го украде, но ти немаше да ми поверуваш, зашто имаш очи кои не гледаат.
Сега ќе ти дадам сѐ што немам, за да имаш и кога не ти треба, да не можеш да го
однесеш и кога сакаш. Ќе ти го поклонам и телово, кое не е ниту мое во суштина.
Јас тука живеев, но тоа никогаш не беше мое. Не знам чие е, но мислам дека ни
земјата не го сака повеќе. Затоа само чекам, и мислам како ќе стигнам, иако не знам
каде. Знам дека не треба да брзам, зашто вечноста е токму на моја страна. Крајот ќе
ме заобиколи овој пат. Смртта ќе дојде до мене, но ќе продолжи без мене, зашто јас
одам дома. Животот ќе мора да сопре за една цела вечност, само за мене, само за
тебе. Јас чекам да стигнам, макар и никогаш не дојдам дома. Вечноста ќе го
замрзне животот, додека не дојдам да те најдам каде што те нема, и не може да те
има, зашто ќе те чекам додека не те има повеќе каде што те барам, зашто јас сум
оној што го чекаш, и ќе ме дочекаш макар и после илјада животи.
Среќо моја, ти што чезнееш и тагуваш по љубов недостижна, како пустина
по пороен дожд, ти ветувам дека ќе сум тука за тебе засекогаш, дури и кога ќе ме

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


нема, ти пак ќе ме имаш. Не бев створен јас за други, затоа нема да ме имаат ни во
смртта. Јас бев створен за ти да ме љубиш, и грееш додека темнината се крие зад
твојата сила. Не се лутам јас. Темнината ми е најголемиот другар, затоа ја гледам
твојата светлина и сакам да изгорам додека се капам под твојата надеж да пораснам
во нешто на кое вечноста ќе се поклони.
Сонце мое, ако треба Пеколот да го замрзнам, пак ќе најдам начин да бидам
вечно пред тебе, дури и после вечноста која е прекратка за ти да ме сакаш доволно
дого. Само да го осетам твојот мирис на утринска роса, додека се будам во нова
надеж дека постојам за тебе, да ме посакуваш додека посегам по тебе како кон
вечноста. Ти благодарам сонце мое што те најдов во мене, како го грееш целиот мој
свет.

Токму пред смртта


Не плашете се од смртта која бидува само еднаш, туку од животот
секојдневен додека гниете и трулите како јаболко кое венее откинато од изворот на
надеж. Се плашев и јас од крајот на краиштата, зашто имаше толку соништа и
мечти кои можеа да се остварат. Сега со сигурност знаеме дека нереалните замисли
не може да се остварат ни со чуда. Затоа е совршено сѐ што се случило, зашто
секогаш доаѓа време да заврши и да си одиме дома. Онаа вистинската дома каде не
знаеш дека одмараш, и нема да те вознемуваат непотребни работи, каде нема
потреба да се разбудиш пред вечноста да помине.
Сонце мое, разбуди ме во вечноста на непостоењето, само еднаш, само на
една вечност. Знам дека нема граница која треба да ја преминам. Јас сум вечен и
безграничен. А кога еднаш вечноста ќе заврши, смртта ќе го замрзне животот
засекогаш, да живеам бесконечно во спомените кои сепак на крајот изгледаат
некако совршени. Ниеден болен спомен не може да ме сопре да го гледам на
сцената засекогаш, и да го чувствувам тоа нешто кое сите го нарекуваат живот.
Како на театарска сцена, го репризирам случувањето додека не изгуби секаква
смисла зошто постоело, и зошто треба да го гледам циркусот од живот дури и кога
не сакам.
Не бев јас створен за животот ограничен. Па тој не може дури и да би сакал
да ме опслужи. Тој е само една капка во океанот на непостоење. Понекогаш се
замислува дека е доволно голем да се издигне како силен бран кој сите би го виделе
од брегот на театарот. Се вивнува во налетот на ветрот надежен и сфаќа дека никој
повеќе не го заприметува нековото постоење од далечниот брег, зашто е толку мал
и безначаен во бесконечниот простор, што ја губи својата смисла за постоење.
Чекав и јас на брегот на надежта, дека ќе видам чудо како се издига. Сега
мислам дека единственото чудо е чекањето во надежта да се случи нештото. Бев
задоен со лажна надеж, онаа која те опијанува со ентузијазам дека океанот на
непостоење е целиот полн со живот кој ќе се роди во нешто кое нема никогаш да
биде ниту да се случи. Среќа што опијанетоста тука некаде привршува, и конечно
можеме слободно да се упатиме кон вечноста, па каква и да ѐ, со сигурност не би
можела да биде лоша, дури и да сака така да биде.
Сочувствувам со актерите кои морале да играат лоши улоги и да бидат
нешто кое ни самите не знаеле што е. И така се трудат и замислуваат како да играат
високобуџетна холивудска улога која е толку значајна како утринското кафе без

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


кое светот не би се разбудил да киниса на работа. Тогаш се случува животот
брутално бесмислен кој удира шамари од реалност со секој изминат ден, додека не
сфатиш дека си толку безначајна мравка без која леглото може и подобро да живее
и функционира, долго после тебе. На крајот, оваа мравка е жалена и оплакувана
како играла значајна улога која никој жив ниту ја видел ниту заприметил.

Кога ќе умрам вечер


Те молам дојди ми, уште еднаш да ме разбудиш и вратиш на почетокот.
Само уште еднаш да ми е реприза, макар и десет пати потешко, не би се жалел. Јас
сум за бол и страдање створен, од крв и зној, на маки бесконечни осуден. Мене и
смртта ми е само шега која ја доживувам секој момент од менталното репризирање
на погрешните скршнувања на животот, каде од лошо стануваше полошо.
Не се жалам повеќе. Знам дека и ова отрпнатост на чувствата, еден ден ќе
стане апсолутна бесчуствителност кога моето тело ќе замре во вечната прегратка на
мирот. Секој ден се прашувам кога се чувствував навистина жив, кога знаев дека
живеев, пред сѐ да тргне каде што не треба. Никогаш не се присеќавам кога точно
го осеќав животот во мене, како да бев мртов одвнатре роден. Или морав да умрам
за да преживеам. Ти текнува колку пати ми кажа дека е подобро да умревме како не
би тргнале работите кон полошо за тебе? Еднаш ... само еднаш. А јас го слушам
твојот глас како проколнува секој ден повеќе од 30 години. Секој греши, и секој
згрешил, но јас се чини дека ги платив долговите за сите грешки.
Сега повеќе не ми е гајле и жал за ништо. Само еднаш да се вратам некаде
каде што сум заборавил дека се чувствував како жив. Навистина не можам да
осетам никогаш ништо, колку и да се трудам. Плачам додека пишувам, и пак не
осеќам ништо. Како да му се случува на некој друг, како јас да не го живеам сето
ова. Јас ни смртта не би ја осетил кога ќе се случи. Кутрата таа, ќе се мачи и труди
да ја осетам, како што ме прогонува со години, и никако да ме порази.
Знам дека никако не би можеле работите да бидат поинакви, зашто немаше
ништо подобро претходно. Се враќам низ спомените наназад, и никаде не најдов
тоа што барав, зашто не постоеше друго. Постоеше само тоа, кое не беше
дораснато да ми служи на моите искуства. Би се вратил на почетокот со една
волшебна гумичка за бришење на моето постоење, како би се поштетил од сите
ваши глупости за кои денеска тврдите дека не требало да се случат, и кои не смеат
да се напишат во ниту една книга на светот, зашто никој не би верувал дека се
случиле.
Вечерва на крајот од животот дојди ми, да ми помогнеш да се почувствувам
жив, макар и на еден мал момент пред вечно непостоење. Еден момент живост,
како би знаел дека не беше сѐ залудно. Сега знам зошто ти реков дека нема да ми
недостигаш – зашто не осеќав ништо, ама баш ништо. Знаев дека немаше да биде
поинаку, никогаш. Зошто да страдаш, ако знаеш дека можев и да те сакам. Сега не
би осетил повеќе ни ти да ме сакаш, а не дека не верувам. Јас сум само камен кој се
движи низ своето безосетно постоење. Не знам каде одам, зашто стигнав каде не
планирав никогаш, а мислам дека и од овде ќе се ископачам уште еднаш и уште
подалеку од каде што сакав, дури и ако нема место таму за мене, нема ниту овде
повеќе.

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


Вечерва дојди ми уште еднаш, да сонуваме заедно за нешто кое никогаш
немаше да се случи, барем не на нас двајцата. Ќе трчаме слободни под златното
сонце додека се радуваме како мали деца во бесмислена игра на радост и смеа, без
да знаеме што следува после или утре. Ќе трчам така во радост зашто и со
затворени очи гледам само златна светлина како ме капе во безгрижност волшебна,
зашто јас не бев роден за страдање тука.

Крајот на животот
Не го чекав животот саде јас да започне, дури и кога тој заврши за
многумина од нас. Чекаа да започне, та да му се насладуваат и гордеат како на
некоја бајка неостварена. Прво чекаа да стапат во брак и израѓаат деца, но тогаш
животот не се чинеше започнат, та почекаа децата да пораснат успешни директори,
доктори, професори. Некаде по пат, ги мразеа, колнеа и проколнуваа да не дочекаат
бела утрина за сонцето да го видат. Колку повеќе ги мразеа сите околу нив, толку
повеќе ја повикуваа смртта на помош, иако некогаш се беа зарекле да го живеат
најисполнетиот живот на светот. И тогаш смртта оглуве на преколнувањата за
помош, зашто таква помош не постоеше кога не знаеш што сакаш и зошто сакаш.
Се засрами таа несреќна смрт, и покаја што ме пушти гол меѓу гладни волци, та го
проколна родот пуст да не се раѓа милениум цел. Не може да се роди новороденче
живо, на земја каде мајките си го колнат родот свој. Сега знам и да беше многу
поинаку од сега, и да имав зародиш на дузина деца, ниедно немаше да се роди
живо. Не би се родило ништо тука, та ниту смртта да ја поништи клетвата пуста.
Овде кај нас, ниту трња клети не никнуваат повеќе. Сè што ќе никне со големи
маки тешки, веќе наредниот ден е мртво гламносано.
Заглавен меѓу времето и просторот, го барам излезот кој не постои. А само
периодичните замисли ми помагаат да го истуркам секој мачен ден. И утре пак така
одново, како да сум заглавен во еден ист ден кој се повторува до недоглед. Се
плашам дека и кога ќе измине едно столетие, јас тука ќе чмаам и мечтаам за еден
сосема обичен живот. Како би било, кога јас би бил дел од еден сосема нормален
живот? Живот во кој луѓето умираат само од длабока старост, откако долги години
се насладувале на своите пензионерски денови. Живот во кој имаш прекрасно
детство веднаш потоа проследено со нормална кариера и дечиња здрави.
Не, не би се снашол јас во еден живот секојдневен, би се изгубил на првиот
ден како прваче кое живее далеку од дома. Јас не припаѓам таму во секојдневието
нормално. Јас не припаѓам никаде, ни таму ни ваму, иако не знам каде припаѓам
додека талкам низ просторот и времето. А сега е толку поедноставно, кога добар
дел од луѓето веќе ги нема, што од смрт а што од иселување, тие што останале веќе
не очекуваат повеќе ништо. Повремено некој ќе ми се јави по грешка, да го
разбранува мртвилото на денот, а понекогаш дури и ќе успеам да одговорам на
барањето за кое се јавува.
Блажени се упокоените во вечен мир, како не би се мачеле повеќе во
битката за докажување и истакнување, казнување и наградување. Ако смртта е
единственото што мора да се направи, тогаш ништо друго не е бидтно. Што и да
направиш, на крајот сепак мора да умреш. За што е тогаш битно дали ќе успееш
нешто, кога тоа сигурно в гроба нема да го понесеш. Ако е тоа нешто битно за

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


живите кои остануваат, какво значење има кога од гробот секако нема да ги гледаш
сигурно.
И така умирам секој ден одново, иако не сакам ниту да се родам во новиот
ден како би морал да ја исчекувам смртта која не би ја осетил ниту кога ќе
пристигне на прагот мој. Луѓето си умираат дури и без да знам кога и како, а
неретко ми паѓа жал што не сме се виделе пред крајот да им кажам дека сè ќе биде
во ред. Ќе седам под бабиното тремче, додека пристигате да си играме под
сончевите полиња. Ќе чекам да се сретнеме повторно, иако само спомените за тебе
ќе пристигнат, овој пат без тебе и без сите прерано заминати. Овој крај нема
никогаш да заврши за мене, тој ќе се повторува и кога телово ќе свене, смртта ќе го
сопре времето да не минува повеќе додека постојам уште една цела вечност во
спомените наши под сонцето мило. Овој пат нема да умрам ниту после смртта
крајна, јас ќе пркосам на постоењето вечно заробен некаде пред почетокот на
животот и после смртта.

Меѓу животот и смртта


Животот се создава и одзема додека трепнеш, без да се осознаеш, да бидеш
свесен за изминатата граница. Толку малку, а толку далеку те носи само еден миг.
Зошто тогаш да се плашиш од таа промена. Никогаш нема да знаеш што се
случило, ако претставата заврши. Не го сакаш животот, а уште помалку
непостоењето. Тогаш што сакаш од мене? Да ги излечам твоите стравови? Сонце
мое, што сакаш од мене? Кога ме растеш во твојата љубов, како да очекуваш
нешто, а и да не направам ништо, пак е погрешно. Зошто ме имаше, ако не ме
љубиш како никој што не љубел некогаш?
Седам на масата во претсобјето кај баба, додека продираш низ прозорецот
силно и страстно, како да сакаш да ме охрабриш, како да ми кажуваш ќе биде
подобро, дури и кога нема да биде. И тоа е нешто. Малку трошка лажна надеж.
Можеби тоа и ми требаше, додека пред мене седат два грешни ангела. Што
згрешиле тие на овој свет, та жално да талкаат по оваа пуста земја. Чекај подобро
утре, подобар живот, макар и после самиот живот, во царството Божјо. Така нè
топлат со приказни за душата да ти ја милуваат, како ти што ме топлиш и тешиш.
Како да ми ја носиш болката, празнината која се збрала во мене како црна дупка
која се заканува да ме проголта додека се гребам по ивицата од надежта за утеха, за
нешто подобро, каков и да е тој спокој по кој чезнее душата. Понекогаш мислам
дека моето сонце ги осветлува двата ангела мачни, тие мои борци несудени. Нешто
тргна на погрешно. Можеби и тие се уморија од секое наредно утро. А што ако сум
и јас уморен. Имам ли право да се уморам и откажам некогаш. Некои прашања не
заслужуваат прашалници, зашто ја изгубиле моќта да прашуваат, зашто повеќе не е
битно, ама баш ништо. Зашто можеш ли да го вратиш назад, почетокот и да го
отпочнеш одново, ама баш онака како што заслуживме? Не, тоа е сигурно. Животот
нема репризи, а и кому би му требале. Тоа е заморно и напорно. Јас само сакам да
бидам замрзнат во моментот на топлиот сончев зрак додека продира и ги блокира
моите чуства, како да не постојам за момент, барем не таму каде што не треба да
постојам. Јас не сум за тука, не за овој краток миг на лажна убавина. Дај ми нешто
повеќе. Можеш ти, сонце мое семоќно. Ако не можеш, требаше веќе одамна да ме
изгориш до непостоење. Никој не треба да страда. Болката е непотребна, од неа не

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


се учи на подобро. Само погледни го минатото. Болката раѓала уште поголемо
страдање. Затоа треба да се забрани, да не постои на овој свет. Пеколот би создал
уште поголем пекол, а не рај. Рајот не се достигнува со страдање, гладување,
сиромаштија.
Сонце мое, другарче мое, сакам да се изгубам во твојот зрак, и да патувам,
да не застанам, само да летам некаде и насекаде, само да останам заробен во оваа
вечност. Колку долго трае оваа вечност? Кога ќе згасне овој ден со лажни топли
насмевки. Жал ми е за тебе, ангелу мој кој си осуден да ме тешиш со тие благи
насмевки. Тоа не е твоја должност, верувај ми. Навикнат сум јас. Можам јас и
повеќе. Дај ми ја најголемата болка на светот и ќе ја издржам. Можам јас, и да не е
за тебе. Знам дека знаеш. Затоа повеќе не ми се насмевнуваш. Нема потреба.
Остаревме и без тоа. Да можев душава да си ја искорнам, и да ве залечам. Сега
знам како ти било, ти несудена грешнице. Прости си, што не доби повеќе, туку ме
доби мене. Затоа е сонцето тука, да нè заслепи, да не ја гледаме вистината. Кој би
сакал да види нешто што не сака? Вака е подобро. Лажи денес, залажувај се за утре,
да не дојде вчера, чиниш денес подобро е. Само да помине времето, си велиш па ќе
биде подобро некогаш. И тоа некогаш, сфаќаш дека е лагата која ја крие ова сонце
златно. Не, јас не ги сакам повеќе твоите зраци, сонце. Ти ја криеш од мене, од нас,
тагата утрешна. Не ми давај лажна надеж. Да знаев, ќе се скриев и од тебе и од
твоите зраци, како што можеби и го правам тоа сега. Не те сакам, како тогаш. Не
сум толку малечок за да ме излажеш лесно. Не се давам повеќе на твојата надеж.
Само понекогаш, сакам да се потсетам на времето кога верував. Денес, сум уморен
од верување. Кој има време да верува, кога видовме сите. Доволно беше. Ти си
лажно сонце. Ти не носиш добри вести. Ти не си за тука. Не си ти за мене. Јас сум
за темнината. Затоа се откажав од тебе. Денот мене не ме радува повеќе, и затоа се
кријам секое утро, да не станам свесен колку време помина во чекање. Како да
единствената цел беше чекањето. Не сакам да знам, дали немаше ништо друго,
освен чекање. Зошто се створив тогаш јас, да донесам загуба, како да имам право
на нешто на кое немам. А беше убаво, додека не се откажав од тебе, во таа кратка
надеж, јас се уште верував, дека ќе пораснам и нема да се заробам во средината
како заглавена лента, ниту нанапред ниту наназад. Можам ли илјада години вака
заробено да живеам, во тој миг, во целиот живот, се одеднаш, се наеднаш, сите
спомени во мене, сите соништа неостварени. Зарем можеш да ме замислиш за
нешто повеќе од ништовилото во кое преживувам, меѓу животот и смртта? Секој
ден се чини последен, си викаш утре ќе биде поинаку, мора да заврши некогаш. И
сè така, секој ден. Станувам, но тоа не е истото сонце што ме тешеше. Можеби и
тоа се откажа од мене. Дури и воздухот не е повеќе истиот. Затоа не ги сакам
повеќе утрата. Не ме тешат мене. Не се доволно силни. За кого ќе станувам јас да
го дочекам сонцето? Ангелите остареа, времето помина, но никако да заврши. Само
да заврши за мене, и да се замрзнам во некој топол спомен, да не излезам повеќе
каде болката боли, и ти ги дроби соништата. Сонце мое, ангелу мој, богу мој, ти
благодарам. Ти мора да си семоќен, да менуваш форми, да се прилагодуваш на
мене, зашто те гледам и наоѓам дури и во темнината на моите црнила, знам дека си
со мене, како да ме водиш чекор понапред. Можам јас и повеќе, знам дека ќе
успеам, само не се откажувај од мене, што и да си. И да си поголема темнина од
ноќта, знам дека си тука за мене, да ме туркаш кон тебе, да ме носиш кон финишот

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


на среќата. Знам зошто ме создаде мене, да ја покажеш моќта твоја. Како да те
викам тогаш, сонце мое, ангелу мој, сега кога те гледам секаде и во секого, ми се
смешкаш повторно засекогаш. Јас сум твојата вечност, која нема да згасне ни по
смртта. Јас ќе продолжам и по непостоењето, зашто сум силата твоја, зашто сум тоа
што си ти.

Судир со смртта
Веќе со години ти бегам, само за едно влакно. А ти си секој ден сè поблизу,
додека сè посилно ти бегам, и се кријам. Никој не може да биде спремен за тебе. Се
удираш со автомобилот, и некако се надеваш дека ќе преживееш. Го оперираш
ракот, и се надеваш дека метастазите ќе се откажат од твоето тело и ќе исчезнат во
непостоење. Палиш цигара, и се надеваш дека нема да ти го скрати животот. А таа
те чека, те демне зад секој агол и на секој чекор во темницата.
Поштеди ме, барем уште една деценија те молам. Не знам зошто, не сум
подготвен да си одам од тука. Никогаш не би се прежалил себеси. Не би ти простил
да ме земеш додека стојам на нозе и личам на човек. Проклета да си засекогаш, во
моментот кога ќе посегнеш по мене. Немаше право да дозволиш да се родам, ако
ме земеш предвреме. Проклет да е и овој бел свет, да не може светлина да види и
дочека, ако ти служи тебе и на твојата волја. Нема да ти простат, и ќе го забранат
твоето постоење со вечен живот без крај. Ќе те прогонат во вечно непостоење. Ти
немаш право над мене, дури и кога си во право.
Додека животот царува, ќе го сопрам твоето постоење на една цела вечност,
да не можеш да умреш никого повеќе додека јас постојам. Нема повеќе да ти
дозволувам да ми ги одземаш сите тие кои ми преостанаа, барем не во оваа вечност
во која нема да влезеш и излезеш преку мене жива. Ќе се откажеш од умирањето,
како што јас се откажав од лошите пороци, и за мене ќе почнеш да создаваш живот
и раѓаш изобилство на новото постоење, дури и кога нема да можеш повеќе. Ќе ми
дариш живот, како никогаш до сега. Ќе вдахнеш живот во моите мечти за деца, и ќе
ги оживееш соништата за моите наследници какви што не видел светот до сега.
Првородената ќе ја крстиш Ангела, а второродениот Златко, зашто ќе го покорат
светот и ќе сјаат посјајно од Сонцето златно, додека се гордееш на твојот
вистински успех во обратен правец, овој пат оној вистинскиот.
И кога ќе ми дојде крајот бескраен, јас повторно ќе се родам за да живеам
одново, овој пат како што навистина ми требаше живот и детство без болка и
страдање. Овој пат јас нема да бидам жртвата, зашто светот ќе ме дочека како што
треба со широка прегратка полна со љубов. И мама ќе ме сака безусловно, како што
некогаш требаше, пред да ни биде одземена безусловноста, и да бидеме условени,
зашто ни јас не ја сакав доволно дури и кога најмногу требаше. И тогаш нема да
живеам во оваа беда и мизерија, од која дури и ти самата се срамиш. Овдека, не би
требала ниту немаштијата да живее и мизерува додека се мисли и колеба од што
помалку да одземе, кога нема за никого доволно, а нема ни да има.

На станицата на смртта
И пак јас чекам, на бетонските столпчиња од надвозникот зад селото, нешто
кое нема набргу да дојде. Сега мислам дека знам што чекам, зашто тоа не е
црвениот автобус кој јури од соседното село на мојата веќе покојна тетка. Секој

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


момент додека чекам е толку многу жив, иако сè останато е помртво и од самата
смрт. Патува бучниот автобус, замрзнат во просторот и времето зашто не смее да
допатува до мене, или барем не во овој пуст век. Тоа не е обичен автобус кој би ме
однел некаде, или барем не дома. Тој не смее да ме земе, иако времето е веќе
одамна изминато. За целото страдање кое не требаше да го изживеам, за гладта
изродена од немаштија срамотна, тој не смее да ме пренесе понатаму. Јас тука ќе
чекам на бетонските столпчиња, па макар и смртта пред мене да умре. Не можам и
не смеам со оваа смрт да умрам и јас. Јас не би можел воопшто да умрам, дури и
кога телово ќе престане да постои. За секој оброк без вистинска храна, за секоја
изедена попара која не гасне глад, јас не умирам дури и кога смртта ќе ја снема и не
ќе може понатаму да се умира, јас ќе си чекам та макар и да заборавам што чекам
навистина. Овој живот не беше за мене, а ниту јас бев створен за него. Сето ова
беше една хаотична грешка. Се родив кога не требаше, и затоа нема да може да
умрам кога ќе треба. Смртта ќе дојде до мене, како многупати до сега, и само ќе си
продолжи понатаму без мене, зашто нема што повеќе да ми каже. Свесна е таа и
знае, дека не требаше сето ова да ми се случи. Веќе нема повеќе ни што да се жали,
зашто времето за тоа е одамна изминато. И така сега само си чекам и обмислувам,
што сè можеше да се случи, зашто емоционалната глад е посилна од постоењето и
смртта заедно. Има толкава тага и болка во мене закопано, што би ја умртвило и
самата смрт. Не може таа да го преживее и надживее мојот живот и болка. Трпам
секој ден по малку повеќе, зашто секогаш имам место за повеќе болка и страдање, а
и да немам, не осеќам никаква презаситеност повеќе. Не осеќам колку е доста, и да
си одам дури и кога смртта не дошла по мене. А некогаш осеќав нешто, пред сите
мои осети и очекувања да изумрат во потполност. Сега не осеќам дури ни кога
осеќам нешто, зашто нервите отрпнаа на осетот за да можам да преживеам бол
непресушна.
Знам дека животот не ме мразеше ниту мене посебно, ниту сите немоќни
заедно надвиснати над него како давеници изнемоштени. Затоа не му сакам ништо
повеќе. Нека има за другите, дури и за милијардерите нека има денарче повеќе,
оброк повеќе – кој нема никогаш да стигне до нив зашто веќе имаат доволно
одвишок кој го фрлаат нивните слуги. Можеби вака беше најдобро за мене.
Конечно го најдов мирот кој не би го постигнал ни со столетие медитирање, зашто
сега сè е добро, дури и подобро. Имам се што сакам во мене, иако тоа надвор од
мене не постои. Толку среќни замисли, толкава исполнетост како во холивудска
бајка која се плашиш дека ќе заврши. Но мојава нема никогаш да заврши во оваа
вечност, зашто таа никогаш не ни започна. И така е сè добро. Напуштен од
предвреме заминатите од овој свет, и заборавен од преостанатите на овој свет, си
чекам во моите мисли додека уживам во мирот и спокојот. Веќе нема ништо што се
очекува од мене. Ниту пак јас не очекувам нешто повеќе.

Кога умрев
Некогаш пушев, подолго од севкупната возраст на децата кои сега работат
со мене. Пушев зашто ги обожавав како ништо друго во животот. И потоа нешто се
случи, нешто умре во мене, или барем тоа што се хранеше со сладоста на димот, а
потоа не можев повеќе да уживам во цигарите. Понекогаш, само сакам да се врати
таа животна радост во мене која се сладеше како цветот на пустинска роса која

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


живот дарува, и јас да се израдувам на уште еден дим од цигара. Го барам, што е
тоа во мене што умре, што не чувствува повеќе ништо, и не можам да го најдам,
како да не сакам да го пронајдам. А некогаш бев толку многу жив, или сметав дека
бев исполнет со толку живот што можев да испуштам една цела кутија цигари, и
пак да сум среќен. Сека не би осетил ништо, дури ни да ме закопате во цигари.
Некаде си отиде таа живост од мене, а можеби и беше веќе време, сепак е половина
живот од мене одминат. Јас не сум повеќе јас, и не си го препознавам моето тело.
Еве баш вчера, ми рекоа дека личиш на дванаесет годишно дете, а сепак си толку
многу стар, како да се плашат од мене. А можеби и треба. Јас пушев тутун и правев
сè што требаше и не требаше. И сега времето за правење како да истече, и сега само
мене ми прават нешто и сешто коешто не треба. А јас пак не чувствувам, ама баш
ништо. Не би почуствувал дури ни да сакам да почувствувам нешто. Многу одамна
веќе не чувствувам нагон или потреба за спиење. Не ја чувствувам ниту
депресијата, која треба да биде оправдување за отстуството на актот за спиење.
Депресијата мора да умрела одамна пред мојот последен сон да изумре од мојата
надеж за подобра утрешнина. Сега не ми е ниту битно, зашто не можам да се
осетам себеси, или тоа кутро детенце кое некогаш бев, гладно и страдно за трошка
љубов и внимание. А и гајле ми е. Луѓето умираат за корка леб. Јас умрев без
љубов, и за трошка љубов. Цел живот како да ја барав, а потоа престанав да
постојам, дури и без да умрам. Едноставно не ја барам повеќе, не се смеам со надеж
дека ќе биде подобро, зашто нема. Не знам ни дали ќе ја доживеам следната
година, зашто и не сакам повеќе да ја доживеам. Некогаш и мора да не ја доживеам
следната, само не знам која година таа би била. Едноставно светот мора некогаш да
се спаси од мене. Не дека го загадувам со пушење цигари, туку зашто ме трпат и
сожалуваат зашто ми поминал целиот живот, додека некои други создале живот
колку половината од мене. И така се срамам само по некогаш, од куртоазија и
љубезност, зашто не ми е гајле повеќе за ништо во животот, а и онака не можам
ништо повеќе да почуствувам. Се препуштам на моментот, и само постојам
засекогаш. Го гушкам, љубам и сакам, како што некогаш требаше да биде така за
мене, можеби пред дваесет и повеќе години. И тогаш почнувам да осеќам нешто во
мене и целиот универзум околу мене. Го осеќаш ли и ти тоа, или се плашиш да со
спознаеш осеќањето за нешто кое требаше да биде? Отворам очи, и знам дека сме
децении покасно, и на погрешното место. Тоа повеќе не е важно, зашто мене ми
требаше само таа една прегратка, за да знам како требаше да ми биде, а не ми беше
никогаш, а ниту пак може некогаш да ми биде.
И така тргнувам на својот пат кон дома, иако не го познавам својот дом. Тоа
парче место кое требаше да ми биде сигурно засолниште и извор на љубов која не
беше створена за мене, или барем не додека јас постојам. Се чекаше да се родам за
да ме сакаат, а потоа чекав да пораснам за да ме љубат, но сега сум веќе стар и
доволно мудар да знам дека нема да ме сакате дури ни кога би загинал како
најголемиот херој на светот кој го спасил човештвото од безизлезна глад и
сиромаштија. Гладен сум и јас, за само еден миг од тоа што некогаш бев, кога
сонцето ме капеше низ пенџерето кај баба. Ах, толку живост и нетрпение да
пораснам во нешто најголемо на светот кое никогаш никој дотогаш не го видел. Да
му се восхитувате, и да бидете среќни за него, зашто тој беше тука и неговото
време истече без да го препознаете со неговата величественост.

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


Часот пред самоубиство
Еден прекрасен ден, оној најубавиот до сега што светот некогаш успеал да
го види и изгрее под хоризонтот на совршенството кое го очекував да биде како
што не беше, се ќе заврши како што започна без да го осознаам. Толку работи се
случиле, пред јас и воопшто да осознаам дека се случувале во моја непосредна
близина. И тогаш му се случив јас на овој свет напатен, како да немаше доволно
страдање и без мене. Несреќи се случуваат постојано, и така се случив и јас.
Безгрешен, но за грев створен. Не грешев, колку што мене ми грешеа. И сега е сè
така совршено, како што и требаше да биде.
Ќе се разбудам само уште еднашка, но за последен пат. Оној незаборавен
сончев зрак, додека ме буди од најубавиот сон на светот, каде го сонував овој свет
во совршенство безгрижно. Не му се лудам денеска, како за последен пат, пред да
си заминам засекогаш. Толку радост во мене, не видело телово изнамачено
никогаш претходно до сега. Само денеска и никогаш повеќе, ќе простам и
заборавам спомени горчливи и незаборавни. Ќе ве оставам во мир и спокој, како
што достоинствено заслужувате. Ги отворам прозорите и вратите, зашто немате
што да украдете после мене, како последен чувар на тоа што требаше да го имам а
кое никогаш не го добив целосно. За последен пат ќе ги навадам розите трнливи,
каков што беше и мојот живот трнлив од болката за која не бев створен. И сега ми е
криво, за секој минат момент кога сум се лутел очекувајќи нешто подобро или
повеќе. Седнувам пред огледало, и го барам Богот според кој наводно бев створен
и создаден да му служам. Гледам ништо и никаде, од божеството кое требаше да
служи на мојот живот. Затоа го варам последното кафе, и седнувам на балконот
пред зеленилото каде секогаш се чувствував најсигурно. Не, јас нема да плачам
повеќе на овој свет. Сега сум толку среќен и исполнет. Ги голтам бета-блокаторите
еден по еден, па сè до последниот. Нели беше прекрасно, што конечно ќе заврши сè
и тука за мене. Овој ден волшебен, беше створен за мене како ништо друго што не
ја залечи мојата душа, а ниту пак утеши. Полека заспивам во бессознание, и
осознавам дека закаснив да дојдам до тука, еден цел живот страдалнички. Тоа е
мојата најголема грешка и каење, што се надевав секој беден ден за подобро утро,
како да тоа ќе ги сменеше работите и надоместеше за целото зло на светот.

Мевлем за животот
Да постоеше лек кога не постои, барем не во овој миг бесконечен. Сега знам
колку вредам. Не можете да ми го одземете тоа. Не постои суд на светот што ќе ми
го одзеде тоа бесконечно вредно и мало, исплашено дете. Никогаш повеќе нема да
заборавам колку вредам. Сега се чини се е неважно во однос на мене. Јас вредам, и
ништо друго. Не можам повеќе да плачам. Боли, ама не помага. Нема солзи кои
може да променат сè. Можеби сум бил алчен и сум очекувал да имам сè, но сега
повеќе е неважно ништо за мене, туку за вас, да судите, да сечкате, додека не ја
соголите суровата лажна вистина во мене. Кријам темница, која нема крај. Таа
мрачнина мислев може само тумор да ја има – онаа ужасна од болест од која
умирав од страв додека требаше да живеам. И сега немам ништо повеќе со кое да
се одбранам, да се спасам од ништовилото кое ме влече надолу. И така секој ден
потешко. Каде ли е крајот? Ќе имам ли време да го осознаам крајот и да го осетам
тој олеснувачки миг на спасение од исчекувањето, од лажните надежи и мечти. Не,

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


нема ништо да остане од тие мечти, зошто немаат каде да постојат, ниту за кого!
Прости ми. Полесно ќе ти биде.
Животот е проклето долг кога чекаш. Никогаш не чувствував посебна тага
за несреќниците кои си одат порано од очекуваното, без збогум, како да ќе боли
помалку. Не, не ме жалете. И по мене не треба да се тагува. Не дека не сум
заслужил, туку дека не вреди да го минуваш единствениот таканаречен живот кој
го знаеме, па макар бил и тежок и долг, или краток и среќен. Ништо не би ме
направило посреќен ако никој не тагува, не ме жали, не ме оплакува, како да не
постоев. Знам дека тоа е невозможно. Не е можно да гледаш и ти како ќе си отидеш
еден ден, засекогаш. И по тебе ќе тагуваат. И по тебе ќе лелекаат, ќе плачат, како да
е тоа битно, како да тоа нешто ќе промени. Зошто се раѓаме за толкава болка, за
непреболена загуба? Не жалете. Нема потреба. Ништо нема да промени. Секоја
солза е залудно потрошена. И да можевме да го вратиме времето назад, никогаш
нема да бидеме безгрешни. Тие пусти грешки ни се дадени за да грешиме, не да ги
чуваме за времето кое нема да дојде. Секогаш исто. И сè така во круг. Секогаш ќе
беше исто. Како бездушни марионетки кои ги следат движењата на некој друг, како
да немаат разум, свест, сила да одлучат поинаку. Не, ни јас не можев да бидам
поинаков. Едноставно не успеав колку и да се трудев, никогаш не беше подобро, а
потоа стана полошо. Не знам веќе ни од што се плашам. Престрашен сум да се
плашам, и по секое соземање се поочајно се плашам. Жал ми е што постоев. Која
радост ја донесов јас на овој свет – и како да друг свет постоеше. Ах тие пусти
зборови кои пополнуваат време на ужас. Што очекував од себе? Зарем нешто
подобро можев, што не сум пробал да направам. Едноставно нема објаснување.
Секое објаснување е како приказна за непостоечки свет, една бајка која нè лаже
дека може да постои нешто повеќе. Сега знам во каков очај и безизлез се
религиозните страдалници, кои сè уште се лажат дека одново ќе има надеж, дури
после смртта, како да постојат повеќе видови смрт, та полесно ќе биде после
првата, физичка смрт. Не, јас не ги судам. Што друго ни останува освен секој ден
да си кажуваме и да измислуваме мевлем за животната болка. Сега е можеби сè во
ред. Конечно е време да прекинеме со судење, и онака ништо не е важно повеќе,
колку и да ни се важни минливите среќни моменти, оскудната надеж, макар и
надежта другите да имаат повеќе време пред судбоносниот жал. Да можев целата
таа мрачна тага во светот да ја избришам, или барем јас да ја преболам за нив, за
вас, за сите вие да не тагувате и страдате никогаш повеќе. Ако ова беше живот, не
требаше да има толку очај, толку страдање, толку војни, како да можеш да си
земеш нешто од тука, и да го носиш некаде? Никаде, освен во мислите, во алчните
емоции, кои те тераат да бараш повеќе, а немаш ни каде да го имаш. Најголемата
грешка е свеста. Свеста дека можеш, а не можеш ништо повеќе од тоа што е. Не
можам повеќе да плачам, си велам после секое плачење. И потоа ништо друго не
ми останува, и затоа пак си плачам. Плачам за вие помалку да плачете, или барем
се надевам. Нема прошка. Никој не си отишол одовде жив. Вечниот живот е само
бајка измислена од последните надежи. Како мајка која не постои, како чедо кое не
можело да се роди, зошто така било можеби полесно. Зошто би сакал да страда и
некој друг? Како да има малку страдање во еден таканаречен живот. И пак си
плачам. Телото не ме издава барем за плачење. Можеби вие помалку ќе плачете, па
колку и да е лошо, колку и да е тешко. Заборавете ме, јас не постоев. Не постојат и

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


душичките пред мене заминати. Никогаш ги немало доволно за да постојат кога
требало, за радост, за живост. Едноставно избегале. И јас си бегам. Со секој миг
сум се поблизу до непостоењето. И потоа некој друг ќе ме замени, да жали, да
плаче, да лелека, како да нешто ќе променат, како да можевме нешто друго да
правиме.
Никогаш не можев да претпоставам дека ќе пропаднам во толкав амбис,
толкава безизлезност. Камо да пропаднев во заборав, во непостоење, да не се родев,
поинаку ли ќе беше? Ах, таго моја, зошто ли не бев среќен? Зошто мора другите да
ме жалат? Зошто не постоеше среќен крај, како награда за несреќен живот? Зошто
толкав товар, толкава мачнина, како да се спремаме и вежбаме за нешто, а на крајот
добиваш ништо. Буквално непостоење. Си поиграл 2-3 мигови со другите, и потоа
секој си го чека редот за одење кон непостоењето. Тогаш тоа непостоење не е
страшно. Како сон без сонување. Како спиење без свесност. Едноставно не
постоиш. Си страдал од помислата дека нема да постоиш, и сега страдањето е
потрошено и само не си постоиш, а другите кои постојат, страдаат.
Можеби некогаш и бев среќен во тие 2-3 мигa на безгрижна игра со другите,
а потоа мрак, тотален мрак пострашен и од непостоењето. Жал ми е, не за себе, за
сите други кои ќе жалат, а јас не можам да помогнам, и да сум покрај нив нема да
можам. Не можам да го преземам нивниот жал, нивниот непребол, нивната загуба.
И да можев нешто да направам, немаше да биде доволно. Никогаш не е доволно.
Многу ми е жал, зошто и не знам што друго би правел освен да жалам. Можам да
бидам среќен, но не сум. Така само ќе се одложи неизбежното. Судниот час како од
најстрашниот хорор филм кој си се надевал дека не може да биде вистина.

Бесмислената смисла на животот


Кога ќе се зберат сите животни страдања, неуспеси и проблеми на едно
место, тогаш животот може да ја изгуби смислата за постоење. Да се живее, значи
да се страда истовремено. Од самото раѓање го трпиме неизбежниот процес на
стареење и привршување на животот. Ова, како најдолг животен проблем го
копкало човештвото од памтивек да пронајде еликсер за долговечност,
самообновување или барем продолжување на животот. Ако ви се погоди животот,
секако дека би сакале да поживеете малку подолго да уживате во можностите. Ако
не ви се погоди животот, можеби сепак би сакале да поживеете малку подолго за во
случај работите да се сменат кон подобро, да ги исполните целите покасно, или
макар да ги надживеете непријателите. Многу светски автори се занимавале со
филозофии за продолжување на животниот век преку најразлични методи кои не
секогаш се покажале како ефикасни за да докажат преку себеси долговечност,
бидејќи обичниот човек со далеку поскромен начин на живот и ресурси неретко
доживува далеку подолг и поздрав животен век.
Барањето на смисла на животот, е како барање игла во стог со сено. Сите
навидум логички смисли на постоењето се придодадени од личните предрасуди на
човекот кој најчесто ги наследил од околината. Се раѓаме без упатство за употреба,
а моралните стандарди и норми според кои се раководиме и ги вреднуваме
работите, се разликуваат дури и во границите на едно исто општество. Да се биде
корумпиран лекар е неморално, но од друга страна корумпираните судии или
полицајци се тотално разбирливи стандарди на однесување кои одразуваат

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


умешност, снаодливост, досетливост, успешност, контрола и моќ. Правдата е
секогаш на страна на парите, затоа клиентот е секогаш во право дури и кога греши,
исто како што е полесно да пресудите во корист и полза на побогатата страна во
парницата, а за кое многу често бивате наградени дури и надвор од работното
место преку услуги и добра ценети од општествените елитни кругови. Ако
прошетате со својот углед и репутација низ маало на бездомници, секако нема да
бидете прифатени или почитувани, а кое ја објаснува извртената перцепција за
моралните односи.
Луѓето кои неизмерно страдаат во текот на животот, почесто ја анализираат
смислата на страдањето и болката, отколку останатите кои немаат причина за
разгледување на целта на нештата какви што се. Обмислување на смислата на
нештата, не ве прави подобар човек како што не означува дека ќе го најдете
правилниот пат на нештата. Богатите и успешните немаат време за разгледување на
смислата на хаотичната бесмисленост во која се преплетени работите, и најчесто се
водат според принципите на како до поголем напредок, кој не секогаш опфаќа
помагање на другите.
Колку попрецизно се разглобува логиката и смислата на животот, до толку
поголема бесмисленост доаѓаме. Ова може делумно да се објасни и од спротивните
толкувања на една иста ситуација. Стекнување материјална корист на неморален
начин, е бесмислена појава само ако сте оштетената страна. Бидејќи општеството
се води според принципите на хаосот наместо редот, може дури богато да ве
обесштети за разоткривање или обид за спречување на вашите неморални практики
од страна на реалните жртви. Колку повеќе го толкуваме царувањето на злобата,
толку помалку смисла пронаоѓаме. И затоа се изродени толку религии низ
човечката историја, како стремеж кон една утопија која ќе настапи после завршеток
на реалноста каква што ја познаваме.

Стареењето е подмолна болест


Конечно престанав да плачам. Само по некогаш ми навираат солзи на
банални ситуации, дури и на филм. Колку е животот ироничен. Никогаш не го
разбрав. Целиот живот бев баксуз, а сега дојде време за исцелување, па макар и
само душевно, ако ме напушти телово предвреме. Имав идеална замисла за крајот.
Јас, во длабока старост, како ги молам моите веќе стари деца да не ме жалат,
бидејќи сум го изживеал животот, и исполнил целта. Но тоа било филм, а не мојот
живот. Секогаш мислев дека дури постојат и големи шанси да ме проголта
депресијата, која секогаш завршува со самоубиство. Овој пат ни депресијата нема
повеќе сила, иако помислата за болниот крај, не го опишуваат зборови. Знаев дека
вака трагично ќе завршам, си велам често. Погледни колку луѓе изумреа околу
мене. Луѓе кои и да не ти значеле, сега како мртви ти значат сè на светот, зашто
боли кога гледаш како можеш да завршиш. Зошто ли се раѓаме ако треба толкави
маки и страдања да претрпиме? Не може да има објаснување. Што и ако умрам
порано, тоа ништо не менува. Кучињата лаат, а караванот си врви. Кога не би
умрел, би сакал да имам деца, но како? Тоа не се играчки кои можеш да си ги
купиш во најблиската продавница. Ох, Боже! Ме фаќаат тешки, тажни мисли како
црни облаци надвиснати над мојот живот и не ми даваат да дишам. Немав друга
цел. Оваа била целта. Ќе се надевам до крајот, како што се надевав до сега, но чуда

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


не постојат. Ништо не се менува. Временски машини не постојат. А и што би
можел да сменам? Што ќе беше поинаку? Ништо! И кога би имал магично стапче,
не би знаел како да го излечам сиот тој живот од болката, од страдањето. Како ќе го
запреш страдањето ако имаш деца – и тие ќе страдаат, и тие ќе се разболуваат, и
тие некогаш ќе починат, можеби дури и пред тебе. Можеби е подобро што не
можат да починат пред мене, зошто јас, никогаш ги немав. Барем вака, можеби
помалку ќе страдаат неродените души, заробените мечти, несудените желби. Како
ли можев вака да завршам. Дури и смртта на другите се чини брза. Оваа мојава, не
се знае. Ништо не се знае повеќе, зашто и не е важно. А и гајле ми е – како да од
мене зависеше целиот свет, како да јас ќе го направев светот подобро место за
живеење. Не, оваа мрачнина која го гуши светот, ни Бог не ја трга. Ако не е
сиромаштија, тогаш е војна, или можеби лична борба со времето за животот беден,
со неизлечива болест. Што е болест? Овој момент дури и срцевиот инфаркт ми се
чини како благ и милослив за мене и сите безгрешни души одамна отидени.
Никогаш немаше да го замислам и претпоставам ова сценарио. Ова е врвно дело,
кое не можев да го сфатам. Можеби не ни требало да биде сфатено, туку
изживеано, пропатено. Но зошто јас? А зошто другите? И другите страдаат, се
мачат. Никој не си оди одовде жив. Страшно е, но тоа е. Барем тоа го знаеме со
сигурност, и не можете да се залажувате за вечен живот на вашите напатени души.
А и мојата! Кога би доживеал шеесет години, можеби би бил и пресреќен, но ако не
е така не тагувајте, туку бидете среќни.

Само еднаш
Сакам само еднаш да ти простам, и да ме одвее ветрот на заборавот, како
никогаш да не сум постоел, онака слободен да се веам бесцелно. Да ти простам и
заборавам за сета непрвда можеби со право сторена, од мене неразбрана и
непреболена. Да си простам што морам да простам, да занишам низ ветрот кој
може да ја крене целата тежина на тагата и болката, како сите би можеле да
продолжиме понатаму, макар и да немаме каде.
Простувам и заборавам, конечно, зашто сето тоа беше толку одамна како во
некој друг живот, како да му се случуваше на некој друг. Тоа не можело да ми се
случи на мене, барем не од тебе. Ти не би ме повредил никогаш, те знам јас тебе.
Ти можеш само да ме погледнеш кој сум надвор од ова етикетирано тело, и само да
се насмевнеш, за да не заплачеш како мене додека го пишувам ова. Те сакам,
прости ми. Понекогаш си мислам дека јас бев тој кој те злоупотреби, те направи
лош. Ти не би бил лош, да ме немаше мене, да не бев јас сторен пред тебе.
Погледни ме, тоа не сум јас, и никогаш не сум бил тој.
Го сатанизирав целиот свет, преку неправдите сторени врз мене, докажав
колку е лош, и зашто пеколот се чинеше подобро место за живеење. Крив сум,
зашто не требаше да бидам прав, и не бев за тоа јас дојден. Дојдов да ја покажам
сета твоја слабост и кукавичност. Ти сакаше да бидам сѐ, за на крајот да бидам
ништо, па дури и помалку од тоа. Јас сум помалку и од вакуумот кој гладно
вовлекува сѐ во него. Мене може да ми завидува и Светлоносецот, за темнината
која сум во состојба да ја донесам, па дури и кога ја нема да ја создадам.
Сега знам дека бев пожив кога ме удираше, отколку сега кога спомените
удираат од внатре, додека мислата ме турка преку работ. Не направив ништо. А

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


што можев? Можев, макар и убиство да извршам, и сѐ би било подобро од
ништествувањето во кое тонам без здив. И така секој ден, секоја вечер исто па
ништо поразлично. Зашто не се убив себеси, да ги поштедам сите други? Макар и
смртта да не ме сака, ќе чекам таму меѓу животот и смртта додека времето не
престане да постои, додека чекањето не го избрише моето постоење засекогаш од
историјата на постоењето. Јас не требаше да постојам, така ќе беше полесно,
немаше да згрешам никогаш никому. Секаде бев вишок, толку многу отскокнував
како одвишок што никој не би заприметил мене да ме снемаше од картонот на
родени. Јас не донесов среќа никому, тоа беше заблуда дека некогаш некому сум
помогнал. Светлоносецот мене може да ми се поклони, за темнината која можам да
ја донесам, толку моќна што би ја проголтала светлината од најсилната ѕвезда на
светот. А сепак не можев да се убијам ниту себеси, а пробав, но се плашев. Сега
можам и знам како, но не сакам да пробам, зашто знам дека ќе успеам. Не сакам да
успеам јас во ништо во животот, дури ни да се убијам.
Само еднаш да можам да го вратам времето наназад, да се погледнам себеси
пред да го прифатам животот, и да ти кажам колку ќе згрешиш секој миг додека се
мислиш дека ќе биде поинаку. Мило мое, кога ќе заспијам вечерва со мојата
несоница, ќе се вратам на почетокот да ти кажам дека не си во право, и не требаше
да продолжиш до денеска, чекајќи нешто кое нема да се случи. Зарем болните не
преколнувале за здравје повеќе од тебе, зарем јаловата мајка не посакала нешто
посилно отколку што ти некогаш ќе можеш? Ти не можеш зашто едвај постоиш во
оваа илузорна реалност која се срами од тебе, а се срами и од себеси. Никој не беше
дораснат да ти удостои, зашто ти си од небото паднат, на земјата пуста која не раѓа
место за тебе.

Најголемиот крадец на светот


Помниш ли кога замавнуваше од дното на својот гнев, за да ме направиш
подобар човек? Како можеби го одмаздуваше детето во себе кое никогаш не
простило што било свирепо казнувано за нешто кое нема можеби никогаш да го
стори? Од целиот тој домино ефект, јас бев најлошиот. Со мене болката сопира,
зашто нема на кого да ја пренесам. Целото страдање, измачување, докажување
доминација, барање совршенство, тука му ставам крај на сето тоа, за ако не се роди
љубов од мене, да нема ни зародиш на злобата која го врти светот.
Немам валиден изговор, само знам дека работите привршуваат најдобро за
сите. Како би можело од мене да се роди љубов, да се пренесе ДНК после
генерациски неописливи трагедии, кога генетскиот код се одрекува од
себепостоење. Би сакал работите да одат по обратен редослед, да се врати наназад
во непосотење целата неправда сторена, од мене влошена, од тебе намерена. Да го
вратам наназад секој шамар и плуканица ненаменет за мене. Не, јас не можев да
бидам толку мразен, зашто јас не бев во твојата глава. Ти го гледаш тој додека
удираш, но не можеш да ме видиш мене, зашто јас не сум тој. Те сожалувам што те
сатанизирал светот, наметнувајќи стандарди кои никогаш не биле наменети за тебе.
Сите сме криви, сите ние, секој посебно и сите заедно сме виновни. Каков
одвратен живот му се дозволува да постои, кога најближниот род те создал за да те
казнува само зашто така се чувствува дека треба да прави, повторувајќи ја
грешката на секоја генерација и притоа очекувајќи поразличен резултат. Јас го

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


дадов најразличниот резултат од сите експерименти на човештвото. Себеубиец,
човек кој си нема свој род и пород, ниту да мрази, ниту да љуби. И сега седам така
во мирот и спокојот кој требаше многу одамна да дојде. Оној мир кога очекувањата
се стивнати, кога покојните одамна веќе не можат да ме мразат зашто не
чувствуваат ништо повеќе во гробот вечен.
Се насладувам на вечниот спокој кога скоро веќе сѐ привршува. Би сакал
само уште еднаш да се родам, и да можеш да ми кажеш дека нема повеќе причина
за плачење, зашто сѐ ќе заврши толку трагично, што ќе се откажам од целата злоба
на крајот и само ќе се насмевнам, зашто не знаеш дека нема ништо поразлично да
постигнеш, и нема никогаш да успееш да бидеш подобар.
Сонце мое, гледам дека секогаш си светело за мене, со ова спознание дека
ништо не може да биде битно како што секој си мисли. И да сум убиец, и да сум
будист, разликата е незначително мала, додека сите мислат дека гледаат проблем и
решение. Овој свет, нема никогаш да се пронајде себеси. Се изгуби себеси, како
што се изгуби ти додека замавнуваш од својата расипана и болна душа да се
самолекуваш и залечиш рани кои никогаш нема да се затворат. Би ти дозволил да
удираш до вечноста и назад, додека не се изгубиш толку многу во своето постоење,
за да престанеш да постоиш, замрзнат во просторот и времето, како меморија која
нема почеток ниту крај.
И сега, каде се моите празни соништа за кои ме калеше и спремаше да бидам
подобар од тебе? Кога требаше да пораснам и имам сѐ на светот, кога требаше да
дојде моето време, а ме одмина без да подзапре барем малку да поуживам во него,
како да не го заслужив за сето страдање на светот кое мораше да го преживеам? Кој
го украде моето време, та сега да висам на ветрот на неизвесноста, и да се
прашувам каде требаше да прекинам да верувам дека сонот попстои за мене, за
некое подобро утро, кое нема никогаш да зазори за мене, а нема ни за тебе.

Зашто те сакам
Мила моја, ова не е среќна приказна, која некој би сакал да ја чита. Светот
има доволно среќни приказни. Јас и ти, не сме во ниедна од нив. Тоа не е тажно,
зашто времето за тажење е одамна изминато, како што животот одминува полека
но сигурно, гази, притиска, мора да го заврши своето ремек дело. А беше толку
прекрасно, понекогаш, колку и да беше кратко, лажно, како некој сон, некоја мечта,
трошка надеж, тажна копнеж да биде тоа што не е, да дојде тоа што нема. Сега е
поинаку, и никогаш нема да биде инаку, зашто така треба да биде. Сите приказни
имаат крај, дури и оние несреќните. Барем тоа го заслуживме, да биде сè добро кога
ќе заврши, со самото тоа што ќе заврши. Би сакал само да се замрзнам во некои
среќни моменти, и да останам така вечно среќен, како портрет на ѕидот со лажна
насмевка. Заслужив една мала вечност на среќа, која овој свет ја немаше за мене. А
и зошто би ја имал. Замисли да ја немаш, и да ти треба, да мора да ја дадеш,
обезбедиш, а ти едноставно ја немаш, и никој не разбира зашто немаш да дадеш,
нешто што се очекува да го дадеш. Така и ти чекаше од мене, трошка среќа, нешто
што ќе ти ја исполни душата. А јас едноставно немав, никогаш го немав тоа што
требаше. Треба да ми биде жал за тоа. Но ако имав право на само една работа, тоа
немаше да биде жал, туку крај, еден тотален мрак од непостоење. Само толку. Една

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


цела вечност на финиш. На успешно завршено патување. Зарем не сакаш крај,
зарем не заслужи одмор, почивка?
Проклет да е нашиот почеток. Тука започна тоа што не требаше. Толку
болка, надеж, таа пуста мечта, како сува земја напукната од неплодност,
безживотност. И во таа безживотност, заглавен јас со безброј прашања, на кои не
требаат ниту одговори. Само треба да прекине, да дојде крајот, да заврши тоа што
не смееше да започне. Жал ми е само за тој почеток. Единствено нешто кое ќе го
жалам додека сум жив. Тој почеток можеби и не е крив. Замисли да ти се случи
тебе, нешто што не треба да започне. Нели би го поштедил од тоа што не му треба.
Зашто некој би заслужил нешто што не му треба. Само кога би можел, таа точка
како што ја замислувам на почетокот, да ја избришам, да ја поштедам да започне со
нешто, да прерасне во нешто кое не смее. Проклет да е тој почеток. Ја донесов
целата тага на светот. Го родив целиот мрак под сонцето. Го носам целиот бол и
страдање. Како една бездна да почнува со мене, една пропаст ужасна, еден кошмар
кој сака да се роди на јаве. Тука почнувам и завршувам. Сакам, но не можам. Сакам
да се замрзнам во еден момент, и да не продолжам, зашто не сакам повеќе, не сакам
понатаму. Не го сакам следниот момент. Не би го сакал и да е среќен, зашто тоа не
е моја судбина. Јас носам бол и страдање, кои ги занемарувате и се надевате, а тука
започнува одново истата приказна. Јас не можам да ви дадам нешто повеќе, од мене
не очекувајте среќна приказна. Ни Бог не може да ви го даде тоа што го нема. Ако
го имав, немаше да го сокријам. Јас немам ни за мене среќа, а не да му донесам
некому. Би сакал да лажам, и сè да биде полесно, да биде поинаку, а можеби
некогаш и ќе биде. Дури и космосот некогаш мора да заврши. Таа вечност, некогаш
има крај. И моето сеќавање ќе заврши, со еден среќен крај, само затоа што е крај.
Нели е секогаш прекрасно на крајот? Кога ќе се ослободиш и ќе престанеш,
едноставно не продолжиш. И сонцето ќе згасне еднаш, иако јас нема да бидам тука.
Тоа прекрасно сонце кое секогаш ќе го осеќам како на село, кај баба и дедо.
Толкава светлина нема ни во рајот, сигурерн сум, зашто ништо не е поубаво од
спомените во мојата душа. Не, јас не плачам од тага, туку од среќа која не ја
разбраа. Те сакам, сонце мое. Воздухот е како златна свила под твоите зраци, ти се
поклонува, танцува. И тука сум јас, некаде во позадина на сцената. Гледам среќа,
но јас не сум во неа. Јас не сум за неа. Среќата е за некој друг. Проклет да е денот
коа јас започнав, прераснав во јаве, од крв и месо, како отровна змија проколната
само немо да гледа и страда. Сега ни сеќавањето не е толку добро. Колку повеќе се
сеќавам, толку повеќе бледее, слабее, станува студено, реално, сурово, бедно. Ако
продолжам да се сеќавам, ќе го снема целосно, зашто ќе ја видам реалноста, а никој
не сака да се разбуди од своите спомени, од она што ти ја милува душата.
Само во едно сум сигурен. Те сакав, и само сакав да бидеш среќна. Да
бидеш тоа што треба да си. Зарем не е тоа прекрасно. Сонце мое, однеси ме некаде
далеку со тебе. Дај им еден среќен крај, еден нов почеток. Земи ме, и не враќај ме
повеќе. Само зашто те сакав.

Еднаш, кога љубев


Многу сакав да сакам некого, да жиевеам па дури и умрам за него. Сега се
чини дека само би умрел за него, за некого, за никого. Не бев јас створен за љубов,

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


иако таа беше створена за мене, само што не успеав да стигнам да ја искористам и
употребам никогаш.
И тогаш те здогледувам тебе одново. Ми треба момент, да се присетам дека
сепак се познаваме, како што и тебе ти притекнува дури и побрзо од мене. Си го
протриваш челото со показалецот и средниот прст, и ме погледнуваш со
неверојатна насмевка, по кое следува прашањето за тоа како сум од последната
наша средба. Се гордеам што сепак се сеќаваш на мене, дури и подобро отколку јас
на тебе. Ми ја стегнуваш дланката во пријателски поздрав, додека се топам во
моите мисли за нашите срца сплотени во едно што ќе чука и после крајот на светот.
Не, тоа не е љубов. Па таа би можела само да сонува за нешто кое јас и ти можеме
да го имаме. Ќе те љубам како бог, иако ти тоа не си, или барем не во овој момент.
Те гледам секој ден скришно, зашто се плашам дека моите погледи ја
разоткриваат мојата восхитеност од тебе. Знаеш дека те сакам, и дури мислам дека
ми дозволуваш да те сакам потајно, зашто не знаеш како да ме сопреш да те
посакувам. Најстрашно ми изгледа твојата силуета кога ја гледам од позади кога си
одиш и ме одминуваш некако полн со хормони, па можеби дури и крвнички
напумпан со некој гнев или револт кој го влечеш потсвесно од детството. Но,
денеска те видов на состанокот во подобро светло. Твоето лице, е понежно од
бебешко. Колку и да сакаш да изгледаш страшно, ти не би можел да прегазиш ниту
мравка. Го знам јас тој ангелски лик. Јас бев создаден да му служам на
единствениот таков ангелски израз на своето совршенство. Во мислите ти приоѓам,
и ти ги затворам очите. Будалче мое, бакни ме. Твојата кожа е мека како свила,
додека со усните полека поминувам по твојот лик. Ти ги допирам образите со врвот
од јазикот, и се доближувам до твоите сочни усни. Гушни ме, само еднашка, но не
ме пуштај никогаш повеќе. И така, само сакај ме вечно. Никогаш нема да ми биде
доста од тебе. Дозволи ми да ти служам, како ангелите на Бога. Никогаш нема да
ме изгубиш. А кога ќе дојде судниот час да престанеме да постоиме, ќе го замрзнам
целото постоење на светот, и бог ќе создадам од тебе да постои вечно за мене. Ти
ќе постоиш вечно за мене, и јас ќе те сакам и обожувам секоја наредна вечност
помината со мене. Никогаш нема да ми биде доста и доволно да ме сакаш
засекогаш. Насмевни се среќо за мене. Погледни ме, и насмевни се. Знаеш дека те
сакам, и ми дозволуваш. Знам дека ме сакаш, иако не смееш. Сепак, само сакај ме.
Ќе создадам чуда за тебе, и небото ќе го освојам да ти служи како престолнина.
Лажниот бог ќе го покорам да ти биде слуга, зашто ти си вистинскиот. Ти си тој
што го барам, и којшто ми теба. Нема друг. Тоа си ти, и тебе те сакам. Сакам да се
будам и заспивам покрај тебе. Да те гушкам во ладните ноќи, со моето тело завиено
околу тебе и над твојата душа да ја грее и милува. Те сакам денес и утре. Ќе те
сакам сега и засекогаш. Ме сакаше само еднаш и понекогаш. Не би смеел да ме
сакаш повеќе отколку што овој свет би поднел и издржал љубов од нас заедно.
Само ми требаш уште еден момент. Допри го твоето лице до мене, и бакни ме како
да е последен пат, иако е само првпат. Го чувствувам твојот бебешки мирис, како
што претпоставувам дека ангелите мирисаат на оној совршен свет. Ти благодарам
што постоиш, и те сакам засекогаш.

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


После тебе
Ти си имал едвај само неколку девојки кои можат на прсти да се избројат, од
која ниту една единствена не ти станала девојка. Јас работев како курва, во
буквална смисла на зборот. Ги имав сите мажи на светот, а сепак ниту еден од нив
не остана мој, иако сакав повеќе од сè на светот. Сакав само еден за мене, па макар
да сум му и курва и светица само за него, и само негова. Сакав, да ме сака. И тогаш
се појави ти, од никаде иако те гледав секаде кога и да затворев очи. Како пердув
пролета на тротинетот покрај мене. Допри ме. Застани, и допри ме за да ја
почувствувам твојата мека кожа како памук недопрен од времето. Можеш ли да
бидеш толку совршен, со невин изглед кој плени на далечина. Би сакала да ти ја
допрам косата, совршено залижана додека сончевите зраци се лизгаат по смеѓите
влакненца. Ќе те бакнам, како никој и никогаш до сега, да се стопиш на моите
усни, како чоколадото кое ти ја облева сочната усна. Го осеќам твојот вкус, и
посакувам да не ме напуштиш никогаш повеќе. Те гушкам, иако на моменти се
колебам дали ќе останеш вечно до мене. Знаеш дека ќе те сакам, како никоја која си
ја посакувал да стане твоја девојка.
И тогаш настапува на сцена суровиот дел од секундата кога брутално ме
одминуваш, и си одиш кон дома. Си одиш, но не кај мене. Нема да дојдеш да те
сакам. А не зашто не сакаш, туку зашто нема како. Знам како да те сакам, но
едноставно не е изводливо. Би сакала само еднаш да ти го бакнам совршеното тело,
макар тоа биле и само твоите дланки. Како на светец, би ги бакнувала и милувала
од ствоето лице. Не за тебе да ти биде убаво, колку на мојава душа, зашто можев да
сакам многу повеќе отколку што посакував да сакам некого покрај себе. Ќе те сакав
и да не беше толку совршен, иако никогаш не би го дознале тоа. Можеби би ми
била доволна и само една прегратка. Не мораш дури ниту ти да ме гушнеш. Ќе ти
пријдам како крадец зад грб, и ќе те обвијам со своите раце како мајчинска
прегратка, додека се топиш на моите гради. Секако дека постои можност моментот
да ме направи уште понесреќна, но никогаш не би дознала ако не ми се случи. А
можеби и не си ти, колку што е замислата да биде само тој еден, кој знае да ме
насмевне. Не барам ништо повеќе. Не би побарала ниту да ме сака. Само да ми
каже некоја будалеста смешка која нема ниту смисла, а јас сепак ја разбирам, зашто
е наменета за мене и за никоја друга. Ќе се насмевнам, секојпат кога ќе ми кажеш
нешто смешно дури и кога тоа навистина не е смешно за некој друг освен за нас
двајцата.
Кога ме гледаш во очите, мислам дека целиот свет сопира, и постоиме само
ние двајцата. Дури и моите мисли сопираат, кога ме гледаш во очи, иако не сакам
да видиш ниту еден дел од моето страдање и болка која живее во мене. Би сакала
да бидам совршена за тебе, како во некоја бајка која нема крај ниту на крајот од
книгата. Да застанам пред тебе, и да те вкусам на илјада години, додека светот се
менува а ние остануваме вечно заљубени. Ќе те сакам и кога сонцето ќе престане
да постои. Што е едно сонце за љубовта кон тебе. Можам милион сонца да
создадам за твоето лице да го осветлуваат, додека светот ти се восхитува на
убавината и мојата прегратка која ми те милува. Единственото нешто кое ми е
потребно на овој свет, си само ти. Ќе те направам крал во моето царство, додека
седиш на мојот престол, како црешата на свадбена торта. Ќе се грижам за тебе, и ќе
те љубам дури и кога ќе спиеш. Би сакала да останеш во мојот свет, само една

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


вечност додека се задоволи мојата душа од твојата љубов. Те молам сакај ме, макар
и скришно во ноќта додека не смее никој да види и дознае колку се сакавме. Го
сакам секој твој дел, и те сакам во секој дел од денот и ноќта. Те сакам додека
вдишуваш гласно во ноќта тивка. Ќе те сакам и да не постоиш, иако те гледам од
крв и месо створен, за некоја друга освен за мене. И тоа е сосема во ред. И таа
некоја заслужува да биде среќна, па можеби и посреќна од мене. Јас сум среќна за
неа, што е среќна со тебе. Можеби таа ќе биде подобра од мене, подобра за тебе. Ќе
те направи посреќен тебе, а јас не би посакала ништо друго на светот, освен да
бидеш среќен, па макар и за неа.

Ако јас сум ти


Веројатно и јас би го правел истото, би го капел своето лице со златните
зраци, со најубавите насмевки би го тешел, би ги кажувал најмилите зборови на
светот кои душата ја топат во најдлабока љубов. Да бев судбината која одлучува,
само би ги повторувал најубавите спомени, додека нашите души не се презаситат
со мирот и спокојот кои ги заслужуваат. Како минуваат годините, ги носат
подалеку грдите слики од бурното минато. Сега сè повеќе го гледам спокојот, кој
можеби и не сум разбрал тогаш и таму. Баба, како седи спокојно под тремот
гледајќи го златното сонце, е слика која сакам да ја имам на секој од овие ѕидови.
Моментот кога ќе сознаеш дека се е во ред, како и да е. Моментот на бескраен
спокој, кога има само љубов и среќа, зашто сè друго е изминато. Би седел до тебе
гледајќи го смирувачкото сонце, една цела вечност и повеќе. Што друго ми треба
сега, освен мирот на исполнетоста. Тебе не те снема никогаш, зашто ти продолжи
со мене, зашто јас сум ти, само подобра верзија. Сите сме едно, со различна свест,
зашто јас сум ти и ништо повеќе од тоа. Затоа го гледам тоа во кое уживаше, тој
спокој во еден навидум обичен ден, кога сè зад тебе е завршено, сите грижи и
обврски. Гледаш, животот е вечен, само го менува телото. Тогаш беше ти, сега сум
јас, оној кој ужива во ништо и во сè одеднаш. Да можев да се вратам, би ти кажал
само дека те сакам, тебе и сите други, зашто сè е добро сега, таму каде што си во
моите најдобри спомени. Нека те милува мојата љубов, како ти што ме сакаше и се
грижеше за мене. Овој свет имаше толку многу љубов што не можевме да ја
видиме, како шумата која не се гледа од дрвото пред очите.
Патувам низ спомените на мојата душа, и наоѓам изобилство во најолемата
оскудност. Црвените пластични чаши со ретко кафе и полусувиот леб на маса. Го
превртувам кафето стрвно посегнувајќи по лебот, а ти ме тешиш гледајќи ги моите
бесценети рачиња. А можеби и нè тешеше двајцата, зашто знаеше колку тешки
денови има пред нас. Знаеше дека животот знае и брутално суров да биде, а
можеби таквите моменти се и отсуство на животот, како вакум од немаштија која
си игра со твоите граници на издржливост. И гледај сега, преживеавме до тука како
никој до сега. Отсуството на животот не било посилно од нас. Понекогаш ја
чувствувам силата, како да би ја преживеал и самата смрт. Што е посилно од мене,
ако дојдов до тука, до денес, до сега.
Ништо повеќе не е исто. Моите дланки се големи и груби, а кафето го нема
истиот вкус. Го гледам сонцето кога блеска во својот најсилен сјај, и понекогаш не
ми изгледа дека е тоа истото сонце од тогаш. И ова сонце ми изгледа некако
уморно и остарено, како да сјае само зашто му е должност. Ја нема повеќе

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


милината и радоста која ја носеше како тогаш. Можеби затоа зеленилото денес е
толку слабо и без сјај. Поминувам низ блиската шума, веќе во касна пролет, а
зеленилото повеќе ме потсеќа на рана зима која го испила животниот сок од
земјата. Но ако, кога животот ти нуди распукани борови кори, ти собери ги да ја
раззелениш и прихраниш твојата орхидеа, а таа ќе го прероди животот во најубави
цветови носејќи вечна пролет на твојот прозорец. Животот е полесен со едноставни
радости, кога ќе го најдеш мирот во себе, ослободен од очекувањата. И онака
ништо лошо не може да се случи додека си со самиот себеси. Биди си најдобриот
другар на светот, зашто никој друг не може.

Љубов и казна
Мојата љубов, е твоја казна. Да те сакам, и кога ме мразиш. Да ме мразиш, и
кога ме сакаш. Да знаеш како ќе заврши животот, зарем ќе ме мразиш повторно?
Ни јас не знам зашто мразев, а мразев толку многу низ животот. Сега се чини како
да омразата е потрошена, истечена, и кога треба да мразам, го чувствувам само
мирот кој останува кога сè ќе заврши. Можеби сум и уморен од мразење. Никогаш
немав среќа во љубовта, но барем дочекав и добив некаков мир, иако не на начин
на кој го очекував. Мирот доаѓа кога нема повеќе што да ти го боде умот и душата,
кога си велиш дека можеби не беше убаво, но беше интересно да се прошета низ
овој живот. Можеби би го живеел уште илјада години да можев, но некои моменти
се чинеа толку тешки што ни самиот крај не се чинеше толку тежок. Дури и кога си
прегладнет мислиш дека е толку, и не може да биде полошо познавајќи си ја бедата
која те дави. Едвај го дочекувам ручекот како и секогаш, а ручекот никогаш не
беше тоа што го очекував. Седам мртов гладен пред расклатената масичка, додека
гледам колку компирчиња ќе добијам во тањирчето од кое дури и баба поткаснува.
Да ми е сега, не би јадел јас воопшто. Не можам да умрам така лесно јас, ни од глад
ни од болест. Не знам од што би умрел, но знам дека смртта ќе се изнамачи додека
ме земе од рацете на животот.
Ако јас бев ти, што можев да направам поинаку? И ти си гладна душичке
мила, а ти не сакаш ништо повеќе од мене. Овој живот да беше личност како нас,
можеше уште многу да учи додека стане нешто кое се нарекува вистински добар
човек. Овој живот колку и да е добар, мене ми наликува на прваче пренатрупано со
прашања и задачи, и од кое се очекува да биде нешто кое што во моментот не е. Не
се лутам јас, зашто тоа што не може, ни самиот Бог не го може, а богами не можам
ни јас.
Зашто ме имаше, ако немаше доволно за мене? Зашто би имал јас некого,
ако немам ни за себеси? Некои прашања не заслужуваат прашалници, уште
помалку одговори. Тогаш се прашував, а и секогаш кога ме преколнуваше,
окривуваше за твоите неуспеси. Денес го гледам и чувствувам само мирот во мене,
зашто друго не ми остана. Би ти простил, ти да сакаше, да ти беше битно, да ти
значеше нешто. Но, знам дека не сакаш. Зошто би ти простил, ако ти не си
простуваш себеси. На крајот, сите сме само играчи во животот, а играчите грешат.
Денес играм улога на осамено дете, а утре на татко исполнет со љубов и разбирање.
Во секоја улога грешам и потфрлам, но што е битно кога е привремено. Додека

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


трепнеш, времето за грешки поминало, животот завршил, па дури ни луѓето не се
тука да им се лутиш.
Сонце мое најмило на светот, да знаеше колку те сакам, дали некогаш би ме
мразело и преколнувало? Те гледам и чувствувам насекаде и во секого. Ти си мојот
Бог, мојата љубов. Да те имав како син, ќе те викав Ангел, зашто би ми бил посвет
од сета љубов на светот. Знам дека не би ти бил добар татко, како што не ти бев
добар син, но мора да признаеш дека на моменти беше толку добро, што јазикот
нема зборови, а срцето не познава такви чувства. Да бев ти, би се сакал уште
повеќе, зашто љубовта раѓа љубов, а не грешки поради кои ќе ме мразиш уште
повеќе. Ние не бевме создадени за овој свет, ние бевме премногу добри за него.
Светот може само да ни се восхитува на нашата способност да се преживее во
вакуумот каде едвај има живот да се преживее. Го живевме овој живот, и без него.
Сега ми е само жал што воопшто некогаш се лутев, зашто го немав овој спокој, не
го гледав човекот кој станав денес, и се сомневав дека ќе пораснам во тој
едноставен борец, способен да го надживее и самиот живот, зашто и после него би
живеел во спомените на вашите срца.

Требаше да биде љубов


Јас сум зачнат од нељубов, само една чиста формалност. Го гледам тоа
секаде каде се чуствувам вишок, и знам дека не припаѓав некаде ни тогаш а ниту
пак сега. Се мачам да заспијам, заробен меѓу сонот и јавето, пробувам да
медитирам на смирувачки моменти. Под тремчето на баба. Тоа место нуди толку
мир во моите мисли какво што го памтам, зашто денес не изгледа така. Сонцето на
југ зрачи совршено попладне. Рана есен е, па златните бои допрва ќе се појавуваат.
Додека прилегнувам на каучето, би сакал да се наслонам на неа. Го случам
нејзиниот глас, како не припаѓам таму. Дали си сигурна дека моето место е меѓу
живите? Не би дошол кај тебе да ти правам проблеми, тоа не е твоја одговорност.
Тоа е мојот неуспех да го најдам моето место под сонцето. И така седам сам и
посакувам да се клонирам себеси, па на другиот јас да му бидам зглавје да си ја
наслони главата. Чедо мое, не требаше да биде вака. Требаше да биде љубов овој
живот пуст. Како во пустина сум осамен, без никој крај себе, а толку многу луѓе на
светот. Не ме сакаат поради различни причини. Небитно дали сум мизерен,
сиромав, или зашто не сум бил во пар. Не ми е ни битно повеќе. Во таа возраст сум
кога ама баш ништо не ми е ни битно. Не ми треба храброст, ниту алкохол.
Влегувам сам, и се чувствувам сосем удобно на празните маси. Овдека е моето
место, со никој никаде околу мене, а толпи народ наспроти. Дури скоро никој не ме
погледнува. Сите се чувствуваме совршено. И јас сам, и тие без мене.
Да можев, би седел илјада години на каучето во мир и тишина. Само тоа
сонце ми треба од спротива да ме храни и негува. Мојата душа ќе најде конечен
мир. Не ми треба поголем рај од тоа. Сега гледам зашто сум осамен. Никогаш не
сум се чуствувал добро меѓу толпа луѓе. Јас не пуштив корени никаде. И кога
целата вистина би ја знаел некој, ќе потоне во тага неизмерна. Нема бог кој е толку
семоќен, да гледал и видел толку тага на едно место, а да останал рамнодушен. Тој
би се скршил на безброј парчиња солзи во плач и крик. Но не, јас не би сакал да

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


плаче некој за мене. Доцна е, а и животот треба да се привршува, без оглед кој што
направил, па и да не успеал да направи ништо.
Кога моево тело конечно ќе умре во мир, јас ќе заминам во моите
новосоздадени спомени. Не ми треба повеќе никој никаде. Во мојата пустина, сè е
замрзнато иако сонцето беспрекорно зрачи и продира до мене. Не сте виделе такво
сонце на светот. Доаѓа право кон мене, сака да биде до мене со секој негов зрак
продира низ мене. Го чуствувам како влегува во мене, и ја осветлува мојата душа
да не биде сама. Најпосле, не сум повеќе сам. Овдека е толку многу осветлено, со
милиони зраци како самовили разиграни околу мене. Сите тие се радуваат и сакаат
да бидат со секој дел од мене. Толку е пријатно и топло. Никогаш не сум се
чувстувал толку пријатно во себе. Осамен со сите, најпосле не сум сам. Не срамете
се од вас, зашто јас не припаѓав ни таму ни ваму. Моето место го немаше, затоа
создадов и измислив сè. Така требало да биде, зашто не можеме сите да припаѓаме
некому, да припаѓаме на толпата вакви или онакви угледни маси и успешни парови
и групи. Јас успеав да стигнам до крајот дури и сам со моите илузии кои ја хранат
душата вечна. Таа може да плаче колку сака, но никако да се распука во
непостоење на милион парчиња. А сакав, да прекинам да постојам толку многу
пати што само смртта си знае зошто не ме зела на оној свет. Можеби не смее, а
можеби и се плаши од мене. Сигурен сум дека и нејзе би ѝ донел несреќа, па потоа
ќе останете и без смртта пуста.

На пат кон љубовта


Омразата, е само отсуство на љубов. Ако ме мразиш, тоа е така зашто нема
доволно љубов во тебе, а можеби никогаш не ни имало воопшто. Им се восхитувам
на луѓето полни омраза. Замислете си само како ли живее секојдневно сам меѓу
толпа луѓе еден типичен мразач, или како навистина пораснал во чудовиште кое
мрази секого. Не, тоа повеќе наликува на емоционален инвалид отколку на
чудовиште. Чудовиштата се силни и моќни, со срце скршено од некој кому му
верувале.
Те сакав. Толку многу те сакав, што кога замина ти реков така за да не те
боли душата по мене. Ти реков дека нема да ми недостигаш. Знам дека не ми
поверува. И знам дека сакаше да те излажам. Само не знам зошто ме праша, кога го
знаеше одговорот. Ќе те сакам и кога ќе те снема засекогаш. А знам и дека ти ме
сакаш. Можеби и не сакам да ме сакаш секогаш. Полесно би било да не ме сакаш, и
да продолжам понатаму, макар и во смртта мрачна.
И така никогаш не би дознал како е да сакаш некого несреќно, нецелосно и
некомплетно, де го мразиш кога не треба, де го сакаш кога треба. Знам дека е веќе
доцна за сè. Доцна е за тебе, а уште подоцна е за мене. И само една мисла ме мачи,
што не успеав пород да дочекам. Таа условена љубов и бесконечна омраза, ме
остави толку стерилен што ни Светиот Дух не би можел да ме оплоди мене. Од
камен да бев створен, та некогаш можеби и ќе изродев карпи. Не би сакал пород,
само за да ме сака мене. Би го сакал тој мој пород, за јас да го сакам и да му се
восхитувам на неговата величенственост.
Мене љубовта не ме израсна во љубовник плоден, та да очекував некаков
род. А и онака сум неверник голем. Што ќе ми значи нешто толку грандиозно,
после мојата смрт бедна. Живеел, умрел, и толку. Само една прашинка во

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


универзумот без ниту едно единствено значење за постоењето на нештата. Дури и
без мене би било сè исто. Толку безначајна прашинка сум, што не верувам дека
некој дел од тој бесконечен универзум знае дека јас постојам, или дека ќе
престанам да постојам наскоро.
И така, понекогаш не сакам да гушнам никој друг освен себеси. Да си
пријдам од позади и да се погледнам преку раменици. Ангелу мој, ти се верува ли
колкав пат изоде оваа твоја снага напатена? Колку години глад памети твојот
стомак? Колку шамари и плуканици носи твоето лице бело? Колку срам и очај носи
твоето срце и душа? И сето тоа зашто некој друг одлучил дека треба да се родиш,
страдаш и умреш како куче. Ама баш како куче луталица, за која не се ни знае кој
би го закопал. Да знам со сигурност кога точно ќе умрам, ќе си ископам гроб во
дворот и легнам да ја чекам смртта да дојде по мене. Некој мора да биде спремен.
Ако не јас за неа, тогаш се надевам дека е барем таа спремна за мене.
Можеби во смртта глува, би нашол конечна утеха. Оној момент на
непостоење, како кога спиеш без да сонуваш и не знаеш ништо. Зарем има нешто
подобро од вечен одмор, после пеколно постоење. А и онака да било поинаку,
нештата губат значење после некое време. И да си најуспешниот човек на светот,
едвај ќе си припомнуваат на тебе после неколку генерации, ќе те избрише
заборавот од историјата на постоењето. Едвај чекам мојот страм да го избрише
заборавот засекогаш во непостоње. Од мене едвај коските ќе останат како доказ
дека сум постоел некогаш.

Нељубов
Љубовта нема доволно среќа, та везден раѓа нељубов. Само така би знаел
што е навистина тоа што го немаш, а за кое копнееш и чезнееш целиот живот
беден. Сакаш да те сака, иако нема никогаш да те сака како што ти би сакал. И јас
сакав да бидеш сакана, како што ти никогаш не можеше да ме сакаш макар и на
еден ден.
Си одам накај дома, и тогаш ми текнува дека повеќе не сум дете кое мора да
се врати некогаш дома. Ќе дојдам само до прагот, на секој секаде што не ме
љубеше никогаш кога требаше. Ќе ја соберам целата нељубов која ми ја даривте, и
ќе ви ја вратам назад, да изроди хорор и ужас во вашите животи проклети. За сето
страдање што ми го даривте, за сиот срам кој ми го наметнавте – зашто мене никој
не можеше да ме сака кога можеше. Не бев за љубов створен, а сепак можев да
бидам сакан дури и кога не бев. Сега не сакам љубов и да ме молите. Светот да се
дави во љубов, повеќе не ме би ме заинтересирала ниту една капка. Изедов и
проголтав доволно нељубов, за да ме држи заситен остатокот од животот.
Денеска, нема да ме видиш повеќе ниту за последен пат. Конечно сета
нељубов со која ме третираше, ќе изроди резултати. Во мене ќе престане да постои
светот, каков што го познаваме под сонцето. Семето засадено во мене, ќе го роди
најубавиот демон што некој бог го видел некогаш. Ќе излезе од мене со сиот свој
блесок, а сонцето ќе засени од љубомора. Неговите зладни раце ќе ме гушнат како
никој до сега, за да знам дека сè ќе биде во ред, дури и кога нема да биде. Нашата
нељубов е толку силна, што најпосле ќе ја роди првата љубов на светот. Редно
беше да тргнат работите во една поинаква насока. Сите нељубени души кои ме
измачуваа сиот живот, ќе се поклонат на нашата првородена љубов. Знам дека ја

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


чекавте со нетрпение, само што и нејзе не би знаеле како да ја цените и прифатите.
Затоа пред и неа да ја замразите и да ја изгубите смислата на вашето постоење, ќе
си заминеме одовде засекогаш. Ќе создадеме свет, во кој нема да има повеќе место
за вас безљубните. Ќе седите оздола како грешни души протерани, и ќе посакувате
да сте горе при љубовта како би ја осетиле вистинската смисла на животот. Овдека
горе не би можеле да постоите, а ниту спомените за вас. Спокојно можам да ви
дозволам да починете од мене засекогаш. Спомените за вас, немаат повеќе никаква
корисна намена и употреба. И онака сте повеќето физички мртви, откако ве
проголтаа болештини и несреќи. Ако некогаш повторно се најдам во спомените за
тоа како некогаш беше, тука нема никој друг повеќе да постои освен мене. Можеш
ли да ја осетиш промената, и свежиот мирис кој се шири откако светот се прочисти
од сите безљубници?
Да беше тука за мене кога ми требаше најмногу, ќе сочував место за тебе во
спомените мои да живееш вечно ослободен од осуда и недопрен од времето. Ќе
седевме под тремчето со голема чаша кафе и ќе постоевме засекогаш неостарени.
Ќе ти ги раскажував најдобрите приказни на светот, и ќе ти откриев што ќе се
случи кога светот ќе престане да постои. Еден ден на крајот, сонцето ќе го снема, а
јас ќе светам за тебе во темнината толку сјајно што ќе знаеш дека конечно си таму
каде што требаше да бидеш во вечноста ако само не беше толку лош. Еден ден,
можеше да бидеш толку многу подобар кон мене, кога само би сакал да го смениш
светот од кој си роден и отфрлен како нерециклирано ѓубре на најблиската
депонија.

Забранета љубов
Љубовта е забранета тема. Мислиме дека знаеме што е љубов, иако таа е
одамна избришана од меморијата на нашата генетска меморија. Мислев дека сакав,
некогаш и некаде. Сега знам дека тоа не е љубов. Таа не боли, и не те турка преку
работ на животот. Јас не можев да сакам. Ти мене не можеше да ме сакаш. Тебе
никој никогаш не можеше да те сака, но не зашто не заслужи. А ќе те сакав, да не
се изморев обидувајќи се да биде подобро, кога сакаш секој момент да ме турнеш
во бездна на вечен неуспех како би ми докажал дека си подобар од мене. Сега
кренав раце, и се препуштив на хаосот и неизвесноста. За љубовта не се умира.
Смртта и љубовта никогаш не одат заедно, не се поврзани на ниеден начин.
Некогаш би умрел за тебе, но денеска не сум сигурен дека ни за себеси би умрел.
Прекрасен сончев ден. Ладно ветренце ја гаси раната летна жештина.
Џелатот ме влече по скалите поплочени со неостварени желби. Не сакам да
прифатам дека морам да умрам, за да заслужам љубов и бидам сакан. Го паметам
твоето лице, од кое и Луцифер би се разочарал и засрамил што некој изигрува
поголем ѓавол од самиот него. Се противам, иако повеќе не ни знам зошто и од што
се плашев и бегав. Сиот твој гнев се истура врз мене како крај на светот, додека ми
го гориш лицето со лут буковец. Умре сè во мене, како што ме напушти сета
преостаната надеж за што и да е. Станав, со сета празнина во мене и конечно
престанав да чувствувам и осеќам. Единствен начин да се преживее бруталноста, е
да продолжиш да живееш како мртовец.
Не сакав да биде поинаку. Зошто би сакал ти да изгубиш, и да се чувствуваш
лошо. Не сум јас убиец, на ничии мечти и надежи. Бог кренал раце од нас обичните

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


смртници, а јас само го следам и се соживувам со хаосот и безредието. Не
планирам да ја барам љубовта во постоењето. Таа не треба да биде пронајдена.
Закопана е толку длабоко, и изгубена во непостоењето. Да беше игла во стог сено,
полесно ќе ја пронајдевме, но не и неа. Љубовта не доаѓа во Рајот, барем не како
награда за целата омраза која ја твориме во земскиот живот. Од љубовта не течат
солзи, и не протекува крв.
И пак ќе те сакав, барем на еден ден. Ќе те сакав, да сакаше да бидеш сакан.
Но ја почитувам твојата одлука да бидеш доживотно мразен и презиран како
изгнаник од Рајска градина. Твојата желба е моја заповед. Бев одгледан да служам
до смртта на твоите желби и заповеди. Имаш целосно право да се казнуваш себеси
со омраза која би го срушила и самиот Рај. Што се однесува до мене, не би се
жалел повеќе ниту миг. Да можев, ќе умрев уште порано како би се поштедил од
емоционалната болка и страдање. За мене има посебно место во Пеколот каде се
надевавте дека ќе бидам втурнат и напикан до вечноста да страдам повеќе од
овдека. Мене Ѓаволот ме сака повеќе од сите вас, па и од тебе. Кога ќе се спасам од
тебе и кога ќе заврши мојата должност да служам на твоите садистички желби, ќе
се сместам на вечен одмор во долниот дом. Луцифер ќе седне до мене да ме теши
под сонцето во залез. Топли бранови ни ги плискаат нозете на златната песочна
плажа. Овдека сум каде што треба да бидам, да заздравам и да се исцелам од целата
нељубов која ми ја отру душата. Не се жалам повеќе. Овдека има доволно време и
услови, да ми израсне нова душа во мене и да ме исполни со сиот свој сјај и
топлина. Ќе чекам трпеливо со мојот Луцифер, додека не израснам во нешто кое
навистина заслужував да бидам. Величествено битие кое е достојно за почит и
љубов вечна. Моето право да бидам сакан, не лежи во нечии раце, не е кревко и
нестабилно како млада фиданка на невреме.

Срце без љубов


Несреќна мајка. Мислеше дека ќе биде среќна, иако не направи ништо
поразлично од нејзината мајка. Едното чедо си мислеше дека го сака, а другото со
сигурност не го сакаше. Понекогаш, можеби посакуваше да сака, но немаше со
што. Нејзиното срце е преполно со нељубов, гнев и омраза. Не плаче детето во неа,
туку таа самата кога си припомнува на себеси како несреќно дете гладно за љубов
и внимание. И сега не е важно. Сите ќе завршиме на едно исто место. И јас, а и ти
одиме на истото место. Мислете си вие безгрешните дека одите во рајот, но јавете
ми после смртта дека сте се разбудиле во вечноста.
Една љубов живее во моето срце. Сакав да му ја посветам некому. Ќе ја
посветев на некоја мајка па макар и да не беше на моите деца, но не ја сретнав
никаде досега. Моето срце ќе угине, а љубовта ќе ми остане неискористена. А
можеби и требаше така да биде. Вистинската љубов секогаш завршува трагично и
залудно. Да имав кого да сакам, дури и кога не сакав никого да го сакам, би ми
било многу полесно во животот. Љубовта ти дава полесен сон, и те буди полн со
надеж и среќа. Утрината со нетрпение ја проверуваш дали спие, и ја сакаш повеќе и
од Бога. Од сите скапи парфеми, само нејзиниот мирис ти има значење во животот.
И без него би ја посакувал, секогаш и секаде. На секоја пауза, само сакаш да ја
гушнеш, бакнеш, вкусиш нејзиниот кармин и да го осетиш нејзиниот сладок здив.
Се прашуваш дали мора да бидеш сакан, за да навистина сакаш? Јас не успеав да

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


дознаам никогаш. Вака е и подобро, зарем не? Не би сакал да се разочарам од
љубовта.
Летно попладне, со сонце разблескано како никаде на друго место. Веќе не
памтам зашто плачам на искршените плочки од скалите кај баба. Никој повеќе не
ме теши, зашто никој не сака едно толку несреќно дете. Тета ми вели ајде не плачи
повеќе, ќе си дојде мама уште малку. Проблемот е што не плачев по нејзе, туку по
себеси. Знаев дека не знаев што ме чека во иднина, и дали има поента чекањето и
неизвесноста. Да можев да се вратам од самиот крај на животот, токму на
почетокот на работите и нештата во мојот живот...ќе се насмевнев на паднатиот
ангел на погрешно место, и ќе си кажев да си одам одовде што подалеку! Овдека
нема ништо за мене. Ова не е патешествие за пронаоѓање на вистинската љубов.
Тука се изгубив себеси, а ја изгубив и целта за која дојдов.
Беше еднаш љубов. Ме бараше да ме љуби, но не беше судено да ме најде.
Затоа јас ќе ја најдам, па макар и во пеколот да биде. Знам дека таму има едно
многу посебно место за мене, како спротивна контраст на вашето од измислениот
рај и извитоперено утописко постоење после смртта. Ние обичните смртни
грешници, немавме многу среќа во животот поради алчноста која живееше во
вашите срца наместо љубовта. И така светот се корумпираше и пропаѓаше, зашто
не верувавте дека нема ништо од овде да понесете со себеси. Сакавте сè, зашто
немавте ништо преносливо на другата страна.
Да можев само една работа да си понесам од овде, ќе си го понесев телото
напатено после смртта да не остане никаква трага од мене. Ќе го сокриев од сите
крвопијци кои ме прогонуваа целиот живот. Не е ни битно што се повеќето мртви,
а остатокот не ни памтат колку биле сурови и злобни пред да им куцне часот на
смртта. Да можеа, ќе сакаа наместо да мразат. Да можев, и јас ќе ги мразев повеќе.
И така караванот си врви, а кучињата си лаат иако не знаат зошто и по кого.

Без мене
Дали ќе ти биде подобро, без мене? Не одам јас никаде, вечно сум во твоите
спомени, кои те прогонуваат како ноќен кошмар од кој не можеш да се разбудиш.
Не, јас не бев твојот проблем, уште помалку решение. Но, ги трпев твоите клетви и
осудувања, зашто те сакав како никој до тогаш. Нели е љубовта смешна? Сакаш
некој кој те мрази вечно, некој за кого никогаш не си доволен и од злато да си
направен. Но сепак, ако не беше ти, што ќе бев јас, за кого ќе постоев, кого ли ќе
сакав?
Светот како да нема смисла, без љубов. Но од каде се раѓа таа бесконечна
омраза? Толку многу мразев, колку што ме мразеа помножено со бесконечно. Уште
за тебе имам љубов сонце мое светло. Спомените за тебе не ги избриша сета омраза
која можев да ја доживеам. Понекогаш мислам дека се родив од тебе, не од човек, и
од тебе би сакал да изгорам без траг, како што живеев без трагови за моето
постоење, прикриено и со милион лица и улоги, од која ниедна не беше доволна.
Никој не може да ме оттуѓи од тебе, ни ноќта црна. Сега ја гледам сета сила која ја
црпев од тебе, како цветовите земски кои му се радуваат на секој сончев зрак
голтајќи го длабоко и со бескраен почит.
Дали беше грешка што слетав овдека од твоите зраци, сонце мое? Дали
требаше да ја покажеме нашата непобедливост, да ја најдеме вербата во себе, дека

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


ние бевме тоа што требаше, да си ја зацврстиме самодовербата? Можеби затоа
служи моментот под сончевите зраци, моментот на вечниот спокој, на љубовта која
не ја искусиле луѓево удавени во омраза и гнев, како да можат нешто да зграбат и
понесат в гроб на одење од тука.
Да можев да ја врамам вечноста во еден најубав миг, тоа ќе беше ти, кога те
дочекувам и со затворени очи, зашто си толку силно, што те гледам во најцрната
темнина на мракот кој го трупа овој изгубен свет. Жал ми е за сите, кои доцна го
осознале спокојот под сонцето. Вредеше, нели? Ништо не било битно, барем не
повеќе. Го гледаш сонцето, почетокот и крајот како никогаш да не биле поблизу, а
сепак поминати децении во борба за нешто кое нема да замине со нас. Моментот на
спокој и слобода, кога гледаш дека ни телото не го земаш со себе на одење, но
сепак одиш, зашто знаеш дека ќе биде подобро. Без мама, без тато, без Бог, само го
гледаш сонцето како заоѓа и се раѓа, и сфаќаш дека сè е добро, зашто тука е
сонцето за тебе, и за мене. Разбуди ме утре, сонце мое, разбуди ме навечер во
спомените за тебе, зашто те сакав и кога немав кого да сакам. А сакав да сакам,
откако можев да сакам некого, дури иако немаше кого. Ако дојдов да барам некого,
не најдов никој достоен. Можеби затоа толку омраза го гуши овој свет. Никој не се
пронаоѓа себеси толку достоен за љубов.
Пеколно сонце пече на пладне, секое пладне, и пак не го гледаме заслепени
од омразата кон себе, кон сите. Живееме за да мразиме. Постоиме за да раѓаме
омраза. Мразиме зашто нè мразат. И потоа седнуваме под тоа сонце кое целиот свој
живот го игнорираме, и сфаќаме дека сме пропуштиле една цела вечност на спокој.
Сега сме смирени под сонцето, иако ништо не поаѓа со нас онаму каде одиме, и пак
сме среќни, зашто е сонцето со нас. Повеќе ни вечноста, не ни е битна. Еден
момент под сонцето е доволен. Сега гледаш што е слобода, или среќа. Постоиш, и
веќе следниот момент не постоиш да мразиш, како што некој од пред илјада години
не постои ни во спомените повеќе. Постоел за себе, но нема останато повеќе ништо
од неговото постоење, како што од мене нема да остане ништо после мене.

Едно несреќно дете


Ангелите се раѓаат токму на Земјата, каде минуваат кошмарни пеколи
незаслужени, за на крајот конечно да заборават кои се. И затоа ти простувам, и
тебе, и на сите. Ѓавол да беше, ќе ме сакаше, зашто не бев за мразење роден.
И така се роди едно дете од нељубов створено, ами од соништа
неостварливи. И кој можеше да го сака, ако не беше створено за сакање, ами за
омраза и презир. Не им се лути, како што јас не ти се лутам. Па зарем не сме сите
исти, и добри и лоши, зависи од каде гледаш. Да беше со крила ангелски родена,
пак ќе беше мразена, прогонувана и мразена, како ти мене. Па ние, сме за грев
родени. И ангелите имаат право на грев. Бог да се родев, немаше да биде поинаку.
Затоа е сега сеедно. Жал ми е не за мене, туку за сите вас што сте морале да трпите
и да создавате од лошотија полошо, од љубовта болка, од луѓето демони. Таков е
овој свет. Роди се ваков, не бива, роди се таков, пак не бива. Светот се чини оди
кон својата пропаст, кон епскиот крај, барем на своето страдање и демонизирање,
додека не излезе зад црната завеса на простутилукот.
И само не ми е јасно кога ќе дојде нашето просветлување, осознавање на тоа
што треба. Кога е крајот на очекувањата, и осознавањата дека едноставно нема да

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


го добиеме тоа што го бараме, што можеби го заслуживме а никогаш не добивме.
Заслепени од улогите наметнати од некој демонски свет, млатиме, тепаме, колнеме
и мразиме, додека на крај не седнеме пред тоа мило сонце, и сфатиме колку сме
мали и безначајни. Не, не го создадовме Луцифер, иако дадовме сè од себе.
Генерации се напрегале да го родат Сатаната, а секогаш се раѓал недолжен Ангел
за страдање. И страдал, но не знам за што.
Можеби е подобро што немав деца. Замисли што сè можеше да се случи,
дури и со најдобрите намери. Зарем Пеколот не е поплочен со најдобрите намери?
Ако погледнеше наназад, ќе разбереше дека не е до тебе, до мене, или до сите нас.
Сите сме различни, посебни, и пак никој не бил доволно добар да ги задоволи сите.
Затоа требаше трагично да завршиме, за можеби да сфатиме како сите згрешивме,
како сите чекавме нешто кое нема да дојде. Знам дека немаше лоши намери,
сакаше само да ми биде како што ти беше тебе, како што ѝ било нејзе, и сè така до
бесконечност, или барем до првиот татко кој го дочека синот како најголем
непријател, се до првата мајка која го замрази своето чедо поради болката додека
го раѓаше.
Ни јас не можев да бидам подобар татко. Не се раѓа љубов од нељубов. Ти
можеш да сакаш, посакуваш, љубопитно го очекуваш семето под сонцето да никне
волшебно, но од пустата земја ни коров не изникнува. И потоа копаш по семето, ги
бараш грешките, и наоѓаш трулеж, скапаници, мувол, но не и плод на твојата
љубов. Со што заслужи да добиеш ништо? Со ништо, не заслужи, и сепак не доби
ништо. Нели и јас не заслужив, нели и ти не залужи, а добивме се што добија и тие
пред нас, и тие пред нив. Па зарем и тие не биле прекрасни дечиња кои биле
родени за љубов, која не само што станала условена, туку и невозможна,
недостапна, за да на крајот и не вреди. Самиот Бог да се родел, немало да го
препознаат, и затоа не можеле да го сакаат, та го мразеле додека сонцето не им го
осветлил крајот. Оној крај, кога седиш под него, и гледаш дека одиш само на едно
место, каде не земаш ништо со себе, ни омразата, ни љубовта која си можел да ја
искористиш дотогаш. И затоа е тој мир, тој финиш, тоа исполнување на срцето,
кога сè е готово, сè е добро, зашто ти не го правиш целиот свет, а тој е преполн со
омраза и нешто малку љубов. Ти, не си можел да направиш никаква разлика, ама
баш никаква. Судбината на светот не зависела од тебе, од мене, од нив.

Копнеж по детството
Дали копнееме по детството, или само сакаме да сме што подалеку од
реалноста, секојпат кога ќе се умориме од секојдневието? Гледајќи се во
спомените, се доживуваме како да е тоа некоја сосема друга личност. Сакаш да
побегнеш, да избегаш од себеси и да глумиш супериорен лик. И тогаш се
пронаоѓаш таму сосема немоќен за што било. Толку си мал и безначаен, што едвај
сакаш да пораснеш. А кога еднаш ќе пораснеш, сакаш да имаш деца да им докажеш
како ти било тебе. Како си очекувал да бидеш главен, а си бил секогаш последен.
Како си очекувал да те сакаат безусловно, кога те уценувале да те сакаат само со
сите петки во школо. Доаѓаш со книшката дома, и сфаќаш дека еуфоријата трае
само една секунда, зашто не би знаеле како да те сакаат дури и кога би можеле.
Затоа следниот пат воопшто и не се трудиш, и само го потврдуваш сомнежот дека
те мразат од дното на својата душа дури и ако нивно родено чедо, како што тие

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


биле мразени, гмечени и толчени во нељубов и непочитување. Потоа креваш раце,
и се соживуваш со секојдневието кое и онака ќе врви дури и никогаш воопшто
ништо да не направиш. Овие будали во школо кои се прават толку надмоќни и
супериорни, ќе се срамат утре на улица да те погледнат знаејќи дека и да не си
најдобриот си станал пообразуван од нив, а тие ќе се срамат зашто помниш кога се
правеле дека се богови само зашто се возрасни или вработени да бидат паметни
кога во суштина се попрости од уличниот просјак.
Човекот е најголемото злопамтило на светот. Сите животни можеби би
заборавиле, само ако се однесуваш добро со нив. Тие не се лоши кон сите зашто
некојси еден бил лош кон нив. А за човекот велиме дека ги формира односите со
сите и сешто, базирано на односот со едниот родител, кој ако бил лош и
трауматизирачки, сите негови идни односи се загрозени. И така додека јас ти го
правам тоа што ми правеле мене и обратно, злото се зголемува и намножува додека
не го загади целото постоење на живиот свет. Луѓето се колат и бесат како
припадници на друга нација, па дури и палат живи зашто се молеле на други
богови или практикувале магиски ритуали за подобрување на бедниот живот кој
сега им се одзема во целост на најбрутален начин. Потоа се ослободува убиецот
зашто немал намера да го стори тоа, но се казнува сиромашниот кој го бранел тоа
малку нешто кое го имал, за да нема уште повеќе и да се задолжи како би биле
должни и неговите деца. И сето тоа само зашто правдата е слепа, а со тоа и не гледа
на кого и како му суди, па само се надева ќе погоди точно. Правдата била слепа од
дамнина. Од денот кога ја заклале сред бел ден бабата на мојата баба, зашто била
од друга религија и зашто оваа привилегирана религија не подлежела на казни за
убиства.
Понекогаш сакам да си ја дадам таа привилегија на себеси барем во
мислите, и да го уништам целото поимање и сеќавање на неправдата, силувањата,
тепањата, кражбите на крваво заработените пари и да го сместам целото постоење
во една состојба на непостоење. Само така тоа не би се повредувало себеси и
другите. Само ако ги исфрлиш од колосекот на активност и ги ставиш во
мирување, ќе престанат да се колат и бесат. Човекот има толкав потенцијал за
злоба и крволочност во него, што единствено може да функционира беспрекорно
ако е под апсолутна контрола на неговите акции, од страна на вишо човечко
суштество какво што е родено или опишано во религиите.
А тогаш се спуштам на мемоарите за моето детство, и посматрам од аспект
на смртта или раѓањето дека ништо не може да биде битно и значајно повеќе. Затоа
сега чувствувам беспрекорен мир седејќи на лединката на која денес никна огромен
трговски ценар, а јас продавав јаболчиња таму уште пред сите нив денеска.
Поминуваат женички кои од сочуство ме прашуваат за цена иако никогаш не
купуваат, и одминувајќи шепотат како ги обвива жал и тага кога ме гледаат како
просјак. Од спротива на ледината игра фурбал мојот школски, кого никогаш не
успеав да го разберам зошто толку многу би ме мразел, како впрочем и сите други.
И денеска би седел на истото место да продавам органски одгледани овошки,
додека ме одминувате со неверување како некој паднал толку ниско во животот да
нема ништо, пред да му биде одземен и последниот сон дека некогаш нешто би
имал.

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


Децата без деца
Животот без деца, е една навистина тажна приказна, која е многу тешко да
се ислуша до нејзиниот крај. Само прашајте ги сопружниците без потомство, да ја
сфатите непреболната болка која не се лекува.
Никогаш не размислував за деца. Моето детство претставуваше толкава
сиромаштија и беда, што никогаш ниту на крајот од паметот не ми текнало на деца,
а ниту пак некој ме прашал за таа тема. Годините и добите минуваа, јас останав со
брчките на лицето да се кријам во својата самотија и пустош. Некогаш си милев
дека би бил најдобриот родител на светот. Сега знам дека тоа мене нема да ми се
случи. Јас не сум способен ниту самиот себеси да се исчувам, а не пак некој друг да
изразнам. И така годините го одземаа секое преостанато делче од моето здравје,
што денеска верувам дека само со клонирање би можел да станам родител.
Кога си правам ментална гимнастика, ги гледам симпатичните родители и се
замислувам себеси на нивно место. А тогаш ми текнува дека немам ниту возачка
дозвола, а не пак да бидам родител како нив. Јас сум толку неспособен, што не
знам ни дали да се обидов да станам родител навистина. Но пред некој ден ми
светна една идеја, што ако навистина станев родител? Како можев да очекувам и да
се надевам дека во оваа лоза на генерациски неописливи трагедии, ќе се изродеше
нешто волшебно и убаво? Таа мисла за малечок ангел или принцеза, ме прогонува
секое утро – што ако навистина ги имав? Дали ќе останеа толку совршени, и ќе ги
препознаевте ли дека се во суштина наше потомство. Не, тие немаше да останат
толку совршени, и ќе се расипеа многу порано отколку што би се очекувало од
децата. Во најдобар случај би пропаднале како личности, едвај само малку покасно
од мене. Така што животот можеби ме поштедил од дополнително страдање.
Морбидно е малку да се жалам, но во мојот живот преживав доволно страдање, за
да би можел да живеам уште малку повеќе страдање наметнато во случај нешто да
не е во ред со моите деца. Не би дискриминирал никакви малцински социјални
групи, но во мене нема повеќе сила за справување со никакви девијантни дечиња,
или пак со посебни потреби. Јас не можев да се справам ниту со самиот себеси. А
се мразев до бесконечност. Само не ми е јасно како никогаш не успеав да се
справам со себеси, иако толку омраза лежеше во мене што го затру сето едвај
функционално во нештото кое некој го нарекува живот.
А тогаш се појави ти, и го зачна крајот во мене. Тој би го донел и целиот
престанок на постоењето на светот, кога само би му дозволиле. Мене само некој
ѓавол можеше да ме сака, и да изроди од мене смрт во животот, која би го вратила
наназад почетокот на светот за конечно тој да престане да постои уште на самиот
почеток. Така би ги спасиле сите од непотребно страдање. Секако дека имало
неверојатно добри и убави моменти, но да бидеме реални и да си признаеме дека во
најголем дел работите се лоши иако не мора да значи дека ќе бидат полоши.
Ех, да не сносев одговорност на душава моја, ќе го сакав и ѓавол од дете да
се родеше кај мене. Немаше да го препознаам дека е поразличен, во целото мое
патешествие ќе ми се чинеше дека паднало грнчето на поклопчето. И ќе го сакав
дури и додека спиеме. Љубовта моја ќе мораше барем малку да го подобри, иако
светот до сега не видел добар ѓавол, но за сè постои првпат. Јас останав полош и
тоа мое ѓаволче кое хипотетички можев да го имам, едноставно зашто го немав и
кое ме прави полош и од најнеуспешниот.

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


Најдобрите деца на светот
Ја имав ретката можност да ги имам најсовршените деца што светот нема
никогаш да ги види. Моите деца се толку многу совршени, што воопшто не ни
постојат физички во суровата бруталност. Тие му пркосат на секое постоење во
реалноста. А и зошто би сакале да постојат? Зошто би сакале да ме изложат на
ризикот да не им бидам најдобриот татко на светот? Единствен начин како би
станал и останал најдобриот родител, е да не постојам како таков во оваа ранлива
реалност каде работите се неизвесни од момент во момент.
Денеска е сè совршено во мојата реалност која не постои. Те чекам моја
мала принцезо да се вратите од училиште со бато, а потоа идеме во Недојдија
засекогаш. Ќе останеме таму вечно и ќе се вратиме Никогаш, за да го продолжиме
нашето совршено непостоење. Секој би сакал да биде татко како мене. Јас сум
најбогатиот човек на светот, дури и кога немам ништо во џебовите. Имам две
прекрасни близначиња со златни коси од кои и сончевите зраци изгледаат темни.
Не ми е срам да лажам колку што сакам. Подобро не може никогаш да ми биде.
Имам сè што сакам, освен тоа што не го сакам.
Сега знам што чекав, зашто знаев дека нема никогаш да дојде. Оваа
реалност не може да биде достојна и да ни служи нам, кои заслуживме да имаме и
кога немавме. Еден ден ќе си ги земам децата, и ќе заминам во потрага по подобра
реалност, која достојно ќе ни служи. Спомените ќе ги оставам овдека да гнијат,
додека не иструлат во некоја поплодна почва на која ќе растат подобри спомени. Ќе
станам од челото на масата кај баба, и за последен пат ќе ги поздравам тато и мама
кои седат од двете страни, додека јас засекогаш си заминувам од овие спомени. Јас
не бев роден за таа мизерна сиромаштија, а ниту пак тие самите. И сега ми е жал,
како и тогаш. Сепак, сонцето светеше навистина прекрасно, зарем не? Тоа сонце
може да биде и најголемата темнина на светот, а јас да не би го заприметил
заслепен од чекањето. И затоа повеќе не чекам овдека. Се симнувам по бетонските
скали кои никогаш не беа поплочени. Од лево под тремчето се гледам повторно
себеси како седам на каучето гледајќи во залезот на сонцето од спротива. Станувам
и од тука, од овој спомен, зашто не само што пораснав, туку и остарев гледајќи го
сонцето. Го оставам залезот за некој друг, на кој навистина би му требал многу
повеќе од мене. Пешачам кон автобуската позади селото, зашто таму никој не ме
гледаше да ме осудува, а ги гледав сите пејсажи кои душа милуваат. Тој земјен пат
би го изодувал илјадници години, одново и засекогаш. Седнувам на бетонските
браници на патот, од каде го очекав автобусот да се појави зад змијулестата
кривина. Разликата е во тоа што денеска нема да го чекам автобусот кој доаѓа веќе
добри две децении. Денеска тука ќе ги дочекам моите две најголеми богатства, со
кои нема никогаш да си заминеме од непостоењето. Ќе ги гушнам силно, додека
мојата душа се топи во нежниот детски мирис. Тато ќе биде секогаш со вас од сега
па натаму. Мојот дом е во спомените со вас. Не мора да постоиме, за да бидеме
реални. Ние сме пореални од самото постоење во непостоењето. Требаше одамна
да си заминам од спомените, кои повеќе не ѝ служат на душава која се презасити од
тоа кое беше и се повторуваше како снимка во мене додека венеев сите овие
години кога требаше да уживам во најголемиот успех што требаше да го доживеам

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


и дочекам. Сега е време на спомените да венеат и скапуваат додека не се претворат
во плодна почва за некои подобри времиња.

На крајот секако остануваш сам


Имаше 6 внука, и две правнуки. Животот за никого не завршува добро.
Болестите и дијагнозите ја приковаа за каучето, додека само сонцето низ
прозорецот ја поздравуваше секој ден. И така секоја ноќ го чекаше сонцето да ја
отпоздрави на пенџерето, и наврати низ спомените кога се чинеше дека има сè, ама
никогаш не беше доста. Сега веќе не е ни битно, ако некогаш воопшто било.
Смртта и непостоењето ти го одзема и тоа што го немаш, за никогаш да го немаш.
Ако ги анализираш работите подетално, ќе видиш дека отсекогаш се најавувал
ужасниот крај на нештата, а ние само ги игнориравме наговестувањата.
Иако не е доволно, жал ми е за сè. Жал ми е што те напуштија сите и тоа во
судниот час кога ти требаше најмногу поддршка и љубов која никогаш никому не
ја даде, зашто очекуваше самите себеси да се љубат и поддржат себеси како би
израснале во подобри луѓе кои сепак немаше никогаш да те задоволат и исполнат.
Не беше судено да биде подобро. Беше судено да живееме во надеж за
подобра иднина која никогаш не дојде. И сега сме толку многу изгубени во
можностите кои никогаш не се остварија, што ни самиот Бог не би нè пронашол.
Јас и не сакам да бидам пронајден, зашто не знам каде сакам да бидам. Да ми
кажеш како точно и сигурно ќе заврши крајот на постоењето какво што го знаеме,
ќе го сопрам целото постоење и вратам назад до зачетокот на можноста за страдање
и болка да не се создаде воопшто. Овој свет трпи повеќе од доволно страдање и
крвопролевање. Толку ужас се збрало на едно место, додека ние седиме
беспомошно гледајќи ја бисерната фасада која крие трулеж и хорор.
На крајот не е ни битно што ќе останеш сам. Си имал цел живот за
размислување дали вредеше. Нема ни сега да сфатиш дали вредеше сè што
преживеа и се случи. Постоиш без причина и умираш без објаснување. После
крајот ни се разјаснува зашто ништо не било со пресудно значење. Сите скршени
играчки, лоши оцени, неположени испити, пропаднати врски, неостварени бракови,
бездетност, болест и смрт не може да му дадат доволно значење и смисла на
животот. Тој е создаден за да нема смисла и логика. Така сакала некоја виша сила
да биде, без да смееш да прашаш зошто ја дозволила таа нелогичност.
Ако на душите покојни, им е жал единствено за работите кои не ги
направиле, на мојава ќе ѝ биде жал само за работите кои ги направила а морала со
самото нејзино постоење. Толку работи можеле да бидат поинаку, или барем да
завршат поинаку, не само за мене туку и за сите напатени и измачени души
страдални кои ништо не ѝ згрешиле на таа виша сила во која не смееме да се
посомневаме и да се запрашаме за нејзината етичност. Иако не сум првиот кој се
запрашува зошто се такви работите какви што се, мислам дека е само логично дека
постоењето не се води и раководи по правила, или барем не на некаква виша сила и
ентитет со вонземска интелигенција која е над поимањето на сите луѓе заедно.
Мислам дека доволно расмислував за целиот живот и осамените
пензионерски денови. Реално гледано, цел живот бев практично сам, за да
очекувам крајот на животот да биде поинаков. И сепак некои мисли ме прогонуваат
понекогаш, дали може црната судбина да тргне и заскита по погрешен пат и да

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


завршат работите подобро? Што ако добијам лото и станам милионер преку ноќ,
како би си купил еден поинаков крај на животот како што секој од нас заслужува?
Што ако можам да го сменам и твојот крај, или пак сегашност?

Беше еднаш во Недојдија


Некогаш бев среќен и здрав, или барем така ми се чинеше. Имав околу 15
години кога открив еден поинаков, нов свет. Стариот јас почина, или барем исчезна
од моето постоење. Беа тоа прекрасни деведесети години од најубавиот век на
човековото постоење, по кое многумина од нас секојдневно чезнеат. Оние пак
помладите кои допрва чекале да се родат, испуштиле многу зашто не им било
судено. Тогаш немавме ботокс и филери, а блескавме со живост и свежина. Целиот
живот се чинеше пред нас, а имаше навистина многу да се доживее и проживее,
што понекогаш дури стануваше досадно чекајќи го животот да помине и истече.
Некаде во меѓувреме сè се сруши како кула од карти. Поминале декади, но
како да поминале без мене, како јас да не бев присутен додека ме одминале. Го
гледам своето лице, и едвај го познавам. Тоа повеќе наликува на некој мој предок,
но не и на мене, или барем не на тој одвнатре. А имав сè пред мене, само што тоа
никогаш не дојде до мене, ниту се случи ниту оствари, туку остана на дофат
недостижно. Требаше да ми се случи некогаш кога ќе пораснев и успеев на Свети
Никогаш, како судбински зацртана дата.
Еднаш кога ќе пораснам без љубов, верував дека ќе доживеам толку многу
љубов во животот што сите хејтери би се поклониле на епската љубов и среќа. Се
случи Недојдија да остане без љубов засекогаш, иако некои од нас дознаа многу
касно, откако изумреа сите други соништа и мечти. Можам да ги сакам сите луѓе на
светот, што на моменти и ми се чини дека е буквално така, барем кога ги
набљудувам нештата од крајот на животот, но вистинска љубов нема никогаш да
ми биде возвратена назад кон мене.
Сега е и касно за љубов. И да ми се случи љубов, јас би ја поклонил на некој
млад и надежен кој со нетрпение очекува да му се случи нешто големо во животот.
Мене веќе ми се случија повеќе големи работи отколку некому можат да му се
случат во целиот живот помножено со два. И тоа е сосема во ред, зашто ти не би ги
преживеал ни половина од работите кои ми се случиле. Ќе преживеам јас и многу
повеќе, ако може Недојдија да донесе уште повеќе несреќа и страдање.
Се случи еднаш во Недојдија да пазаруваме трпезариска маса. Продавачот
со очигледно проблематично семејство, не се воздржа од емоции како совршено
прекрасно изгледаме така сплотени во мир и слога која служи за добар пример на
основна градбена клетка на општеството на која сите би се восхитувале. Денеска
ми е мило што така добро сум го претставил животот кој наводно го живеев.
Во Недојдија никогаш не дојде вистинскиот живот за многумина од нас
обичните смртници. Не јас, но некои луѓе навистина заслужија многу повеќе да
добијат од животот кој можеби навистина немаше доволно за нив. Добро е што
живееме во лаги и илузии, зашто кога би знаеле за работите кои никогаш нема да
ни се случат, може срцето да ни се распрсне од тага многу порано отколку што
реално може да издржи до длабока старост.
Да можев да се родам самиот себеси одново, би се одгледал и израснал во
најубавите лаги на светот. На трнливиот пат ќе цветаат рози, а јас ќе газам од успех

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


во успех низ животот. Луѓето ќе зависат од мојата помош која никогаш нема да се
исцрпи. Ќе живеам во палата со куп дечиња. Мојата љубов нема никогаш да
заврши, а јас никогаш нема да остарам ниту умрам зашто сум вечен и незаменлив.
Во мојата Недојдија сè е совршено како што би требало да биде, зашто тоа
едноставно никогаш не се ни случи за да биде поинаку.

Завршеток на крајот
Утро. Сонцето изгрева повторно. Некој се родил, а некој умрел. Тоа ништо
не менува. Работите никогаш немале некое значење, какво што се чинело во самиот
момент на случување. Едноставно се случувале, без некаков посебен повод и
причина. Кога утре ќе ме нема, ти нема како да дознаеш и да го осетиш моето
непостоење. Кога тебе ќе те нема, исто како кога никогаш не те имав покрај мене
кога ми требаше.
Крајот ги брише и поништува сите значења и улоги на моментите. Нема
лекции кои требало да се научат. На крајот, сепак умираш. И не, не продолжуваш
никаде после смртта туку остануваш никаде како ништо кое никогаш не постоело.
А сепак страдањето изгледа толку реално, толку болно и стресно. Страдаш од
раѓање. Потоа страдаш уште повеќе, и доаѓа крајот на страдањето. Животот ја губи
смислата на постоењето, од гледиште на крајот.
Еднаш сонцето ќе го снема, нема да изгрее повторно. Ноќта ќе царува како
на самиот почеток, кога беше само темница. Почетокот ќе биде крај, а крајот ќе
биде нов почеток. Би сакал јас да бидам новиот почеток, да зачнам една совршена
паралелна реалност како во бајка. Ќе изгреам како најубавото сонце што некогаш
универзумот го видело. Со насмевка под тремот, ќе те поздравам во спомените за
нешто кое чекаше да се случи. Ветувам дека јас ќе ти се случам секогаш кога имаш
потреба од помош. Ти ќе седиш на каучето на баба, каде времето се чинеше дека не
постои, а се чуствуваше како да можеш да го покориш светот. Светот почнува и
завршува со тебе. Нема ништо после тебе, а немаше ни пред тебе друго освен
непостоење. Сè друго е без смисла и значење, освен самиот ти. Гледаш дека на
крајот е сепак совршено како што посакуваше. Овдека ќе живееме вечно и
засекогаш, додека се редат почетоци и краеви на нешто друго и за сите други освен
јас и ти.
Некогаш работите беа совршено такви како што не требаше да бидат. Ти
беше збунета, а јас очекував нешто повеќе, иако добив сè што не ми требаше. И
тогаш се преполнив и затрупав со непотребни работи. До крајот немам толку време
да го потрошам целото страдање кое ме чека да го преживеам. Страдањето не се
уморува од мене никогаш и никаде. Едноставно е незаситно. Ме воскреснува после
секој обид за самоубиство, само за повторно да го обмислувам крајот на
страдањето. А на крајот на страдањето, ни од далеку не му се гледа крајот. После
толку многу страдања, не би знаел како да живеам без него, ако еден ден го снема.
Јас не знам како би се разбудил без мака, и што би правел тој ден.
Ако некогаш страдањето се измори од мене, мислам дека ќе ми недостига
како најдобар другар и сигурен сопатник. А кога еднаш ќе го снема, ќе знам дека е
навистина крај. Крајот на сите краишта за мене. Ќе легнам среќен за прв и последен
пат. Моите сини очи како мирна вода ќе носат вечен спокој додека гледам над
хоризонтот. Блага насмевка на моите румени усни, ќе ви каже дека конечно најдов

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


утеха во себеси. Моите златни коси ќе блескаат под сончевите зраци кои продираат
низ тесниот прозорец. Овој пат, дедо нема да се обиде да ме пробуди. Не само
зашто не би успеал во тоа, туку зашто и него го нема веќе одамна. Ги нема многу
одамна, сите кои можеби и ќе им недостигнав под поинакви околности, ако успеев
да ги задоволам и усреќам сите на овој свет. Не успеав, и на крајот само умрев,
исто како и да сум успеал.

Нов почеток
Животот ѝ пркоси на смртта, здравјето на болеста. Умрев илјада и еднаш, а
сепак уште постојам. Моето тело не признава пораз, и после сите изгубени битки.
Ги собирам остатоците од мојата душа и распарчено срце, за да продолжам долго
откако сите други се откажале од себеси. Седнувам на кадифената фотелја, за да те
пречекам со топла насмевка веднаш штом ја отвориш вратата. Го насетувам твојот
мирис уште пред да го слушнам крцкањето на кваката. Сините очи ти блескаат
посилно од одсјајот на сонцето на утринска роса. Мама, е дома. Тоа е мојата
кралица со која заедно седиме на престолот. Би те сакал и да не беше моја, а ете
сепак си мојата надеж за живот. Да можев да се раѓам одново, кога мислев дека сме
најсреќни, би го повторувал тоа секогаш кога тагувам без причина и објаснување.
Не сакав нешто друго да доживееме, само сакав да се замрзнам во еден среќен
момент со тебе во вечноста и да не искусам ниту трошка тага повеќе.
Бев среќен, се чувствував непобедлив. Во твоите прегратки, знам дека сум
дома, безбеден и заштитен. Мене времето не ми може ништо повеќе. Времето и
староста не ја бришат среќата од моите спомени. Ништо на овој свет не може да ја
избрише среќата која никогаш никаде не се случила во твоето постоење и талкање
под сонцето. А можеше да биде поинаку, ама не беше. И вака е добро. Знам дека не
сум ја уништил среќата, и не сум згрешил никому ништо па и да сум виновен што
не сум згрешил барајќи ја поревносно.
Несреќен, и не си имал среќа, се сосема различни концепти. И во двата
случаја не си среќен, но во вториот не си ни можел да бидеш. Така животот ќе
згасне на крајот како светулка во ноќта без никаков траг за твоето постоење. А
после таа трошка светлина на крајот од ноќта глува, сонцето ќе блесне посилно од
сите светулки на светот заедно. Ти ќе живееш во сите тие надежи на новото утро,
сите мечти кои чезнеат да бидат среќни, дури и кога нема да бидат. А јас ќе
почивам некаде на преминот кон зората која не зазори за некого. Ќе се радувам за
сите кои се радосни, и ќе им посакам да бидат уште порадосни. Ако некогаш се
почувствуваш осамено и ти треба пријател, дојди ми на топло кафе и прегратка. Ќе
те сослушам како дете кое никогаш го немав, како љубовник својата сакана. И
срцето се топи во пријателска прегратка, па заборава колку многу страдало и ќе
страда. Тоа пусто страдање, не знае за крај. А само денеска, тоа повеќе и не ми е
битно. Те имам тебе, и ќе бидам нешто најдобро кое си го очекувал и замислил. Ќе
те однесам во чудесна земја, да ти дарам вечни поклони. Ќе те направам принц на
кралството мое, ќе ти се поклонувам на твоето божествено владеење. Никогаш
нема да се разболиш, ниту остареш. Ќе бидеш мојот совршен пријател, кој
никогогаш никаде не постоел дури и кога требало.
Секој момент е нов почеток, но јас би се вратил само на првиот зачеток на
нештата. Ќе те погледнев како ангел бога, и ќе ти кажев дека ќе згрешиш иако пак

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


ќе те сакам. Ќе те сакам и кога нема да постојам, зашто постоев за тебе и ми беше
особена чест и задоволство што служев на твојата надеж за подобра иднина секое
утро и секоја вечер. Навистина беше волшебно додека траеше, и би го повторил
одново, без страдањето се разбира. Страдањето не раѓа ангели, ами демони полни
со омраза и деструктивност. Добрите луѓе не се родени од омраза и гнев, туку од
добрина и безусловна љубов. Љубовта може и да не постои за нас обичните
смртници, но добро е што постои за некого.

Единственото богатство во животот


Еден ден сонцето ќе изгрее без мене, и сите спомени ќе потонат в гробот со
мене додека се претворам во плодна почва врз која ќе расте коров, или рози кога би
имало кој да ги посади после мене и врз мене. Има само една работа која би имала
значење и би дала смисла на животот дури и да не минал во страдање и талкање
кон подобра утрешнина. Целото страдање на светот паѓа во вода, со раѓање на
новиот живот кој ќе нè замени. Болката нема значење, а смртта не е крајот кога го
отстапуваш местото на нешто подобро од тебе. Еден ден и јас ќе станам татко, та
макар било и последното нешто кое ќе го сторам на светов скржав. Ќе ја украдам
најубавата душа од Рајот, а Земјата ќе ја вдахне во најсилното тело кое може да го
создаде. Кога ќе ги погледнете неговите сини очи, ќе се покорите на вечниот мир и
спокој што го носи со себе од небото. И тука ќе заборавам сè што не беше, а
требаше да се случи. Ќе ја погледнам иднината, и ќе се помирам со минатото какво
што еднаш беше. Лузните и брчките на моето лице ќе ја изгубат смислата на своето
битисување.
Би се нафатил на илјада години повторно преживување на најтешките
моменти од минатото, само за раѓање на оваа имагинарна иднина. Но јас не бев
дојден со цел ниту да страдам залудно, ниту да создадам потомство. Заробен меѓу
Рајот и Пеколот, не знаеш на каде припаѓаш. Несоницата ти го одзема денот, и
фокусот на најлесните работни задачи. Имаш интелигенција, немаш концентрација.
Деновите стануваат недели, а месеците се претвораат во години на чекање нешто
кое нема да се случи или дојде некогаш. Ќе чекав уште десет вечности, да знаев
дека ќе дојде. И можеби ќе дојдеше, да знев како да го повикам. Знам дека ќе ме
слушнеше. Едноставно останав без глас и сила. Не сакав да згрешам повторно, како
и со многу други нешта во таканаречениот живот. Не знам дали би можел да
одгледам еден живот, кој по закон на природата требаше да ме замени мене и моето
безвредно постоење.
Но и вака е добро, се тешам секоја вечер за да можам да заспијам иако
понекогаш не сакам да се разбудам во истиов свет. Подобро е да не згрешам уште
повеќе, да не ја искушувам судбината какво зло поголемо може да ми донесе. Знам
дека секогаш би можело да биде полошо отколу што е. Единствено полошо нешто
од тоа да немаш, е кога имаш нешто кое не го сакаш. Си велам, ѓавол да ми се
родеше, ќе го сакав. Но, знам дека тоа може да биде потешко отколку фактот што
не изродив ниту еден ангел. И така се будам секое утро со мислата што би било,
кога би бил некој којшто не сум. Зарем и јас би можел да станам татко и да се
грижам за некого, со сите свои проблеми и недостатоци кои понекогаш ме
класифицираат како неспособно лице.

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти


Да можев барем на еден ден да избегам од својата неспособност и
некомпетентност, ќе го глумев најдобриот татко на светот. Ќе го гушнев силно, и
ќе му ги раскажував најубавите приказни што светот некогаш ги слушнал за себе.
Ќе му раскажував за сонцето кое ме грееше на златните песочни плажи, во
годините кога се осеќав младо и исполнето со живот. Немав обврски, и се чував
себеси за кога ќе настапат најдобрите моменти од животот. И тогаш ми се случи
тој. Ангел во моите прегратки. Секојпат кога ќе го погледнам в очи, плачам од
среќа. А тој може и да не ме разбира зошто би бил некој толку многу среќен и
благодарен, но сепак ќе биде среќен за мене.

© 2022 м-р Дарко Стефановски: Изгрејсонце од моите мечти

You might also like