You are on page 1of 12

PROEKTNA RABOTA PO

SOCIOLOGIJA

TEMA: SOCIJALIZACIJA

Mentor:
Izrabotil :

2008
Формулација на темата:

Познатиот научник Џон Лок рекол дека човекот се раѓа како чист бел лист
хартија. Во што ќе се развие зависи од условите на средината во која поединецот се
раѓа, живее, расте и се развива. Исто така еден познат мислител рекол: „Дајте ми дете, а
јас од него ќе направам она што вие сакате”.

Што покажува ова?

Човековата единка се раѓа не само како најбесомошно суштество меѓу сите живи
суштества туку и без никакви знаци на оние особини или одлики на човекот како
посебно живо суштество. Тој се раѓа само со определен број нагони и рефлекси како
нехумана, некултурна, несоцијализирана биолошка креатура. Човековата единка се раѓа
без никави знаења и навики, без способности за говор и комуникација, без никаква
култура и морал. Се раѓа со импулси кој дури и го отежнуваат социјалниот контакт и
социјалнит живот. Но истовремено тој се раѓа со најголеми способности да се развие
повеќе од било кое друго живо суштество. И во најтешки услови порасната човекова
единка постанува квалитативно поинаква од кое и да е друго живо суштество. Се
поставува прашањето: Што е она што придонесува, што го прави човекот да биде
поинаков од сите други живи суштества? Кои се тие фактори што делуваат личноста да
се развива во тој правец, а не поинаку?

Зошто секој човек не се однесува еднакво како сите други? Сето ова ме мотивира
да се определам на проучуванје на факторите кои го усмеруваат развојот на човековата
личност. Односно, да ги проучам и испитам факторите преку кои човекот стекнува
навики, знаења, особини и начини на однесување кој му овозможуваат да живее и
работи во општеството и да се постане личност.

Тргнувајки од огромното значење на социјализацијата во креирањето на


една индивидуа за нејзино соодветно вклучување во општествениот живот беа доволен
фактор кои ме мотивираа моето интересирање да го свртам кон обработка на оваа тема.

~ 2 ~
Цели на истражувањето:

Целта на ова мое истражување е да се утврдат факторите на социјализацијата и


нивното поединечно влијание врз формирањето на личностаи неговата социјализација,
односно да ја проучиме и испитаме оваа појава и нејзиното влијание врз целокупноста
на човечката индивидуа и нејзиното интерпретирање во социо-економскиот живот на
општеството.

Со ова истражување ја поставуваме следнава опста цел:

·Да се испитат и утврдат факторите на социјализација

Како посебни цели ги поставувае:

·да се утврди влијанието на семејството врз социјализацијата

·да се утврди влијанието на училиштето врз социјализацијата

·да се утврди влијанието на групата на врсници врз социјализацијата

·да се утврди влијанието на религијата врз социјализацијата

· да се утврди влијанието на средствата за комуникација врз процесот на


социјализацијата

Накратко кажано да се испитат и утврдат факторите на социјализацијата во


креирањето на човековата личност

~ 3 ~
Предмет на истражување:

За да може општеството да опстане, неопходно е да постојат одредени


општоприфатени начини на однесување и почитување на неговиот систем на вредности.
Ако луѓето немаат ништо заедничко би владеел општ хаос и заедницата не би можела да
се одржи. Тоа во општеството се претставува преку системот на социјализација преку
кој луѓето ги усвојуваат начините на однесување што се сметаат за прифатливи,
нормални и пожелни во една заедница. Со процесот на социјализација се формира
човековата личност. Поединецот се раѓа со определен број на вродени рефлекси и
вродени тенденции на реагирање. Постепено по пат на социјало учење се формира
поединецот во личност со карактеристики кој го прават човеково битие, припадник на
одредена култура и специфични индивидуални својства.

При крајот на минатиот век социолозите почнуваат да обрнуваат внимание на


појавата социјализација и поимот социјализација почнува да се користи за објаснување
на припадниците на различни општествени групи.

Еден од истакнатите социолози, германскиот социолог Зимел, зборува за


процесот на формирање на групите и развивање на облиците на човеково однесување
како за социјализација. Според него за да дојде до целисходно здружување и за да
може општеството да опстане, потребно е да се обезбедат усвојување на одредени
облици на однесување на членовите на групата и општеството.

Постојат две групи на дефениции за поимот социјализација. Едната потесна


според која се нагласува важноста на социјализацијата за оспособување на единката за
општестен живот, и другата поширока според која: "Cоцијализацијата претставува
процес на интеракција во кој индивидуата (новиот член на општествената заедница)
усвојува знаења, вештини, навики, ставови, норми, вредности, и други спознанија што
и се потребни за успешно вклопување во општествената група или во глобалната
заедница”.

~ 4 ~
Оправдано истакнува Е. Форм дека смислата на социјализацијата е секогаш во
тоа да кај поединецот се создадат потреби да членовите на општеството тежнеат да се
развва и одржува посоечкиот општествен систем. За разлика од биолошкото созревање,
процесот на социјализација се разива под неосредно влијание на средината во која
индивидуата живее. Секако тоа се случува со нејзино соучество и самоактивност, што
претставува одредена човекова специфичност. Всушност преку социјализацијата
поединецот го прифаќа оној дел од социјалното наследство кој што е неопходен за
вклучување во општествеиот живот, а таа се постигнува главно преку учење.

Процесот на социјализацијата започнува да се развива уште во детството,


продолжува во понатамошниот живот, односно, трае речиси низ целиот човеков живот
во кој постојано се прифаќа она однесување кое во општеството се оценува како
нормално и примерно.

Проблематиката на проучување на социјализацјата опфаќа три големи групи на


проблеми:

1.Видовите и облиците на учење по пат на кој социјализацијата се остварува

2.Улогата на изворите и агенсите на социјализацијата

3.Проучување на ефектите на социјализацијата

Вниманието на истражување ми е свртено кон проучување на изворите и агенсите


на социјализацијата. Социјализацијата како социјално учење укажува на постоење и
влијание на фактори преку кој социјализацијата се остварува. Секој член од општествто
може да биде преносител на општественото сваќање за однесувањето, односно, агенс на
социјализацијата. Факторите коишто играат посебна улога во социјализацијата се:
семејството, групата на врсници, училиштето, средствата на масовна комуникација,
религијата и слично.

~ 5 ~
Социолозите разликуваат два типа на социјализација:

1.Примарна

2.Секундарна

Фактори

Група
Примарна семејство На
социјализација врсници

Средства
Секундарна училиште религија За масовна
социјализација комуникација

Примарната социјализација се одвива во најраниот период од животот на


човекот, кога се усвојуваат основните обрасци на општествено однесување, особено во
групите во кој постојат блиски контакти. Според тоа најзначајни фактори на примарната
социјализација се: семејството и групата врсници.

~ 6 ~
Семејството

Сваќање скоро на сите социолози е дека условите на семејното живеење и тоа


посебно во првите години од детинството се одлучувачкиза формирање на личноста.
“Детето е татко на човекот”- нагласуваат авторите заедно со Фројд. Со ова
формулација се истакнува дека повеќе од се друго раното детство на детето одредува
каква личност ќе биде човекот. Недоволна грижа за детето или недостаток на љубов кон
детето создаваат општествени непожелни особини: агресивност и непријателски став кон
околината, или пак затварање пред околината, како и повлеченост и пасивност. Општата
атмосфера во семејството, меѓусебно поверение, љубов и другарскиот однос меѓу
родителите и родителите и децата ќе создадат луѓе сo позитивни особини ( со чувство
на независност, сигрност во себе, умереност), отколку децата од семејства во кои има
често кавги и нема доволно грижа и љубов за детето.

Денес оправдано се укажува на тоа дека социјализацијата и на развојот на


личноста семејството не влијае само во периодот на раното детство. Периодот на
адолесценцијата, претставува период во кој големо влијание има семејството, затоа
односот во овој период треба да биде добро одмерен и внимателен.

Група на врсници:

Голен број автори истакнуваат дека врсниците – групата на деца приближно на


иста возраст и со слични интереси, а кој мегусебно другаруваат – имаат во детството и
во периодот на адолесценција големо влијание врз формирањето на личноста. Групата
на врсници значајно влијаат на тоа кои вредности детето настојува да ги оствари,
делуваат на неговото настојување за независност и самостојност како и на формирање
на многубројни лични, а посебно и социјални ставови.

~ 7 ~
Децата кои се сигурни во себе ќе бидат полесно прифатени од страна на
врсниците, а оние плашливите и несигурните постануваат мета на напад за други деца.
Во периодотод 14 години поголем број деца ѓи привлекуваат повеќе заедничките
активности со децата отколку семејството.

Посебно внимание се посветува на влијанието на врсниците за појава на


малолетничка деликвенција. Но денес се смета дека деликвентноста не е директна
последица на другарувањето, туку дека основен фактор за појава на деликвентноста е
во несредените и несреќните општествени прилики.

Училиштето:

Процесот на нтелектуален, емоционален,а осебно социјален разој започнат во


семејството систематски и интензивно се продолжува во училиштето, но со нови услови
и нови барања. Влегувајки во училиштето детето мора да прифати многу сложени и
тешки барања.

Од голеиот број моменти во врска со школскиот живот кој влијаат на процесот


на социјализацијата и на развојот на личнста на детето посебно значење имаат:

1. Организацијата на школскиот живот

2. Личноста на учителот

3. Наставниот школски програм

Организацијата на школскиот живот, личноста на учителот и наставниот школски


програм се значајни фактори кои настојуваат да ги интегрираат новите генерации во
општествениот живот.

~ 8 ~
Pелигија:

Некогаш религијата била моќен фактор за социјализацијата меѓутоа во


современите услови, во светски рамки нејзиното влијание во општествениот свет опаѓа.
Низ неа, главно се усвојуваат религиски знаења и вреднисти, но се изградува и одреден
поглед на светот.

Средствата за масовна комуникација:

Денес, при толку голем број на средства за масовна комуникација на кој сме
изложени, нивното влијание постанува многу големо. Во литературата се наведува дека
влијанието на телевизиската програма врз однесувањето кај луѓето, а особено
однесувањето на младите е се позначаен. Моделот на однесување прикажан на
телевизискиот екран добива се поголема улогаво формирањето на на однесувањето и
модификувањето на на социјалните норми. Со гледањето на телевизија се смалува
времето за социјални контакти. Таа се повеќе го развива потрошувачкот менталитет,
толеранцијата спрема носителите кое често се прикажува и гледа, најверојатно кај
уреден дел на гледачите развива и склоност кон насилие.

На крајот треба да се истакне дека процесот на социјализацијата, како еминентно


општествен процес, се одвива во целиот живот како единство на интеракција меѓу
индивидуата и општествената група каде што личноста се формира под влијание на
групата, средината и наследните предиспозиции. На тој начин преку формални и
неформални постапки и влијанија личноста треба да изгради сопствени ставови, да
учествува во решавањето на проблемите на групата чиј член е, и да биде всушност,
интегрирана во нив и во пошироката општествена заедница.

~ 9 ~
Со цел да се испита улогата на примарната и секундарната социјализација врз
формирањето на личноста ќе користиме со одветни методи и техники на истражување.
Применетите методи во истражувањето се одредени од основните квалификатори што
оваа појава ѓи носи со себе. Во ова истражување ќе користиме квалитативен пристап со
кој ќе ја опишеме оваа појава, а исто така ќе го користиме и квантитивниот пристап со
кој ќе ѓи објасниме факторите кој влијаат врз процесот на социјализација. Со цел да се
задоволат основните начела на методологијата. За објективност, систематичност и
адекватност за применетите методи во истражувањето ќе ѓи користиме следните
техники:

А) Анкета

Б) Анализа на содржина

В) Статистичка метода

Тргнувајќи од предметот на истражување односно, социјализацијата и факторите


кои влијаат врз социјализација на личноста ќе ја поставиме следнава општа хипотеза:
Социјализацијата односно, процесот на усвојување на знаења, умеења и начини на
однесување зависат од влијанието на семејството, училиштето, групата на врсници,
религијата и средствата на комуникација. Социјализацијата значи секогаш има одредена
содржина, односно, по пат на социјализацијата се настојува да се оформи кај
поединецот сосема одредени особини и начини на однесување, пред се оние кој во
одредена култура и одредено општество се сметаат за ведни и пожелни. Затоа културите
и одреденото општество на кои единката припаѓа се сметаат за извор на
социјализацијата. Социјализацијата значи се одтварува по пат на делување на други
личности и институции кои претставуваат фактори преку кои општествотонастојува да
се усвојат одредени форми облици на однесување. Тие фактори се орудија на
општеството, негови агенси. Голем е бројот на таквите преносителина општествени
стандарди и норми на дете, адолесцент, возрасен човек. Пред се видивме дека во
најраните години тоа е семејството, посебно мајката. Потоа акви агенси се: училиштето
(пред се личноста на наставникот), групата на врсници, религијата, средствата за
масовна омуникација други личности и институции.

~ 10 ~
Сите тие влијаат на формирањето на личноста и нејзино интерпретирање во
општеството.

Со ова истражување ние го проучивме поимот социјализација, а посебно


внимание свртивме кон агенсите кои претставуваат клучни и одлучувачки моменти во
процесот на интеракција во кој индивидуата усвојува знаења, вештини, навики, ставови,
норми, вредности и друго.

Дојдов до заклучок дека социјализацијата како еминентно општествен процес се


одвива во текот на целиот живот како единство на интеракцијата меѓу индивидуата и
општествената група каде што личноста се формира под влијание на групата, средината
и наследните предиспозиции. Заклучив дека голема улога во креирањето на личноста
имаат агенсите на социјализацијата пред се семејството во првите години од животот, а
потоа групата на врсници, училиштето, религијата, средствата за комуникација и
слично.

Благодарение на овие фактори личноста гради сопствени ставови, учествува во


решавањето на проблемите на групата, средината чиј член е, и се интерпретира во нив и
во пошироката општествена заедница.

~ 11 ~
Користена литература:

• “ Социологија ” - Марија Ташева, Димитар Мирчев, Јован Корубин, Скопје

• “ Социјална психологија “ - Никола Рот, Београд

• “ Социјализација на личностa “ - Никола Рот, Београд

Социологија - Ксенофон Угриновски, Трајан Крстевски, Скопје

~ 12 ~

You might also like