You are on page 1of 3

8 Сврзници

Вежба 1

Довршете ги правилата:

А) Координациските (приредувачките) сврзници поврзуваат _________________


реченици.

Б) Субординациските (подредувачките) сврзници поврзуваат _________________


реченици.

Вежба 2

Наведете:

А) неколку примери на прости сврзници по состав:

______________________________________________________________________________

Б) неколку примери на сложени сврзници по состав:

______________________________________________________________________________

Вежба 3

Вметнете ги соодветните координациски сврзници и посочете го типот:

и/ а/ но/ ама/ туку/ меѓутоа/ или/ или-или/ ни-ни/ и-и/ час-час/ ниту-ниту

а) Горан читаше, ________ Гордана пишуваше.

б) Ништо друго не презедов, ___________ му испратив учтиво извинување.

в) Сакавме да одиме, ___________ тие ни рекоа дека не се дома.

г) Ја знам каква е: ________ ми рекла нешто лошо, _________ ќе ми рече.

д) Го видов на училиште, _________ повторно се чувствува добро.

ѓ) _________ согласи се со цената ________ откажи ја целата работа.

е) Го поканивме и него, _______ тој не дојде.

ж) По цел ден седеше _______ пушеше цигара по цигара.

з) ________ сака да дојде, ________ сака да не ја видат.

ѕ) Тој требаше да присуствува на состанокот, ___________ го задржаа предолго.


и) Ќе дојдеш _________ да дојдам јас?

ј) Јас сакав да го купам, _________ тој не сакаше.

к) _________ јаде ______ пие од жал.

л) Се пријави да учествува на симпозиумот,________ го подготвила својот реферат.

љ) __________ мисли вака _________ мисли онака.

Вежба 4

Вметнете ги соодветните субординациски сврзници и посочете го типот:

Дека/ што/ кога/ штом/ штотуку/ откако/ пред да/ дури/ додека/ зашто/ бидејќи/ затоа што/
така што/ ако/ да/ иако/ макар што/ за да/ како да

А) Ни соопшти _______ се повлекува од функцијата.

Б) Жал ни е ________ не дојде со нас.

В) _________ го видовме тоа, веднаш си заминавме.

Г) __________ пристигне, ќе ве известиме.

Д) Не заминавме на аеродром ________/ _________ нè информираа дека денеска нема да


летаат авионите.

Ѓ) ___________ откажеш, размисли добро.

Е) ____________ ти размислуваш што да сториш, времето истече.

Ж) Не сакаше да каже _______ ѝ беше потребен.

З) _____________ патувавме, размислувавме за неговата ненадејна несреќа.

Ѕ) Не отиде на работа ____________ беше болна.

И) ___________ научиш, ќе положиш.

Ј) ____________ дојдеше со нас, ќе го видеше и тоа чудо.

К) ___________ беше нерасположена, стана и ги пречека гостите.

Л) ___________ го постигнеш тоа, потребни се големи жртви.

Љ) Ме погледна ___________ сакаше да ми каже да не одам.


Вежба 5

Заокружете ги предлозите, а подвлечете ги сврзниците во долунаведениот текст.

Таа зима се погоди многу лоша. Дали дека војната беше лоша и зимата стана лоша. Знаеш,
едно зло на друго се калеми, се врзува. Се затвори небото, се меша со земјата. Не се гледа
ни поле, ни планина. И снегот не преврнува. Паѓаат снегулки, олакви како кадели. Се
пластат. И само се сложува снегот, се реди, се крева нагоре. Излегуваш надвор и не знаеш
кај беше земјата, кај отиде. А снегот само си паѓа, ги крши парошките од дрвјата. О,
господе, ќе ни ги урне, ќе ни ги потисне куќите. Некои што можат да се качуваат на
куќите и со дрвени лопати го ринат снегот од покривите. Го туркаат со лопатите што ни
служеа за веење на житото. Под капавиците, покрај стреите, го туркаат снегот.

Пиреј, Петре М. Андреевски

You might also like