You are on page 1of 5

СОУ Гимназија ,,Д-р Ибрахим Темо,,Струга

Проектна задача

Предмет:

Литературни клубови и драмски секции

Тема:

Просветителството во Англија со освртот


на романот “Робинсон Крусо”

Професорка:
Гордана Котеска
Просветителството во Англија
 Просветителство
Просветителството е идејно движење во Европа во 18 век кое било обусловено од
борбата на економски моќната буржоазија против феудализмот,апсолутистичката
монархија,црква,религијата,схоластиката и псевдонауката. Просветителството е идеологија
на буржоазијата која настојувала и се борела да го укине федуалното општество да ја
преземе политичката власт за да може без пречки да се развива капитализмот.Во областа
на уметничката литература просветителството ја отфрла класицистичката естетика и
литературата ја приближува до живото на обичниот човек.

 Просветителството во Англиј
Во Англија во втората половина на 17 век се јавуваат научници и мислители кои
шират нови идеи со кои отвараат нова ера во историјата на човештвот – ерата на
рационализмот или просветителството.Просветителството најрано се јавило во
Англија бидејќи и англиската буржоазија најрано политички созреала и се
изборила за поголемо граѓанско право.Во Англија порано отколку во другите земји
се појавиле теоретски обиди да се систематизираат правата на народот со кои се
бара заштита на суверената власт на народот.Се појавиле и теории за државата во
кои се покажувала неопходноста на монархијата.Најголем проборник на таа
теорија бил филозофот Т.Хобс кој во својата книга ”Левијатан” го изнесол своето
гледиште”Човек на човекот е волк” и за да се спаси човекот од
истребување,решил да ја организира државата што треба да му овозможи мир.И
власта еднаш дадена на владителот не може да му се одземе,бидејќи тој е
олицетворение на волк.Наспроти теоријата на Хобс, се појавила теоријата за власта
на филозофот Џон Лок во книгата”Теорија на сознанието”.И Лок смета дека луѓето
самите ја воспоставиле власта која е потребна за чување на општата слобода во
која живееле во праисторијата и за одржување општа хармонија.Ако пак власта ги
прекрше законите тогаш народот има право да се откаже од договорот што го
склучил до власта и да ја одземе власта.Очигледно, теоријата на Џон Лик е
оправдување на англиска граѓанска револуција а теоријата на Хобс е одбрана на
кралската власт.
На преминот од 17 во 18 век во Англија творат двајца многу популарни писатели:
Даниел Дефо и Џонатан Свифт.
“Робинсон Крусо” од Даниел Дефо
 Даниел Дефо
Даниел Дефо e роден како Даниел Фо во 1659 тој бил англиски автор, новинар, и
памфлетист, кој стекнал трајна слава со својот роман Робинзон Крусо . Дефо е значаен
бидејќи е еден од најраните поборници на романот, чија форма помогнал да се
популаризира во Британија, и од страна на некои е наведен како еден од основачите на
англискиот роман.Дефо е автор на десет романи меѓу кои најпознат е романот”Живото и
чудните невидени авантури на Робинсон Крусо,морнар од Јорк”,објавен во 1711
година.Тој починал на 24 април 1731 година.ш

 Кратка содржина на романот “Робинсон Крусо”


Робинзон Крусо е човек од Англија кој како мал не го послушал татко си и
тргнал на опасна авантура со желба да стане морепловец. По неколку пати
избегнување смрт тој доживува бродолом. Брановите го отфрлаат на остров
кој е комплетно ненаселен. Тој таму наоѓа начини како да преживее: да
изгради дом, да најде прехрамбени продукти итн..но за сите тие години му
било многу тешко. По некое време живеење сам тој дознава дека токму
неговиот остров од време на време го посетуваат човекојадци кои таму ги
носат своите жртви.Еден ден тој забележува како некои човекојадци се
спремаат да убијат еден човек кој покасно побегнува. По некое време
Робинзон Крусо го спасува човекот од човекојадците и го нарекува Петкан.
Продолжија да живееат заедно и Крусо го научи Петкан да зборува англиски
и основни работи за преживување на островот. По неколку години тие
забележуваат уште една случка каква што му се случила на Петкан. Тие
заедно спасуваат еден од несреќните заробеници и дознаваат дека тој е еден
Шпанец од групата на белите луѓе кои пристигнале на островот на Петкан
пред тој да биде заробен. Потоа во еден чун на човекојадците пронаоѓаат
еден старец кој испаднува дека е таткото на Петкан. По кратко време од тој
настан се договориле Шпанецот и таткото на Петкан да одат на островот на
Петкан и да ги доведат останатите бели луѓе. Но по извесно време тие не се
вратиле.Еден ден Петкан и Робинзон Крусо во морето здогледуваат еден
англиски брод кој се движи кон брегот на нивниот остров. Тие гледаат како
некои луѓе од бродот вадат тројца заврзани луѓе. Тие по кратко време се
спасени од Робинзон Крусо и тој дознава дека тие се капетан, помошник на
капетанот и патник кои одбиле да станат пирати и кои се остаеви на пуст
остров. Потоа тие еден по еден ги заробуваат пиратите и ги тераат да станат
од нивна страна.На крајот капетанот си го добива назад својот брод. Тој
заедно со бившите пирати, белите луѓе кои биле Шпанци и Португалци,
Петкан и неговиот татко како и Крусо одат на далек пат за Англија. Робинзон
Крусо беше среќен бидејќи е на слобода и се враќа во својата родна земја по
толку време.

 Значењето на романот “Робинсон Крусо”


Истотијста за животот на Робинсон на островот,всушност ја открива замислата на
Даниел Дефо да ги покаже и нагласи умствените и физичките способности на
човекот.Според Дефо човекот е сестрано надарена и универзална
личност.Човекот е пронаоѓач,градител,вечно неспокоен мечтател да открива или
да прави нешто ново.Животот на Робинсон на ненаселениот,питом остров како
да е историја во мало на животот на човекот од неговата појава на земјата до
создавање на цивилизација.

 Користена литература:
Книга по македонски јазик 2-година гимназија
https://m.off.net.mk/bookbox/raskazhuvam-lektira-vedrana-za-robinzon-kruso
https://mk.m.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D0%BB_
%D0%94%D0%B5%D1%84%D0%BE
https://mk.m.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%BE
%D0%BD_%D0%9A%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BE

Техника Знам,Сакам да знам,Научив

Знам Сакам да знам Научив


Просветителството е идејно движење во Повеќе за Во областа на
Европа во 18 век кое било обусловено просветителството во уметничката литература
од борбата на економски моќната другите земји како на просветителството ја
буржоазија против пример во Македонија отфрла класицистичката
феудализмот,апсолутистичката естетика и литературата ја
монархија,црква,религијата,схоластикат приближува до живото на
а и псевдонауката. обичниот човек.

Основачот на буржоаската Повеќе за другите дела Робинсон Крусо е роман


материјалистичка филозофија е Џон Лок од Даниел Дефо кој е објавен во 1719
Даниел Дефо е Англиски писател кој е Инспирацијата за Книгата Робинсон Крусо
напишал Робинсон Крусо Робинсон Крусо е замислена
автобиографија на
насловниот лик

You might also like