You are on page 1of 14

„Мери Попинс“

П.Л.Траверс
Здраво, јас сум Берт!
Правам што сакам: продавам
змејови, чистам оџаци или
цртам слики на тротоарот со
креда.
Денеска сум оркестар од еден
човек.
Ова е куќата на „Црешовата улица“
бр.17, каде живее семејството Бенкс.
Г.Бенкс работи по цел ден, а г-ѓа Бенкс е
цело време зафатена во нејзиниот клуб,
па за децата Џејн и Мајкл се грижи
нивната дадилка.
До сега се смениле многу дадилки,
последната дадилка Кети замина баш ова
утро, така да г-н и г-ѓа Бенкс бараат некој
кој ќе се грижи за децата.
Полицаецот Џонс се обиде тоа да го
објасни кога ги донесе дома, но
дадилката не сакаше да го слуша.

Џејн и Мајкл воопшто не се лоши деца.


Само дадилките не можат да ги сфатат.
Следното утро Џејн и Мајкл го видоа
редот пред нивната куќа, г-ѓи кои се
јавиле на огласот за нова дадилка. Ниту
една од нив не им се допадна.
Тогаш започна да дува ветер од исток.
Ветрот стануваше сè посилен и посилен.
Најпосле стана толку јак, што ги оддува
сите дадилки. Пред г-н Бенкс да дознае
дека биле пред неговата куќа, сите беа
оддувани.
Влезе во куќата и се претстави како Мери
Попинс-новата дадилка, па ги повика
децата на спратот да ја играат играта:
среди ја собата.

Џејн и Мајкл збунето гледаа низ


прозорецот. Тогаш, носена од ветрот и со
црн чадор во раката, долета една млада
жена, со румени образи.
На Џејн тоа не ѝ се допадна, бидејќи
средувањето на собата не е игра, но Мери
Попинс рече дека секоја работа којашто мора
да се заврши може да стане забавна.

Чукна со прстите и играчките се


наредија, алиштата се здиплија и собата
стана цакум-пакум.
Дојде време за спиење. Утредента децата
ги очекуваше прошетка во паркот.
Наеднаш сите четворица се најдоа во
сликата, јавајќи коњчиња од рингишпил.
Децата си поминаа волшебно тој ден.

Вие сте навистина среќни, штом ја имате


Мери Попинс за дадилка, им рече Берт,
кој имаше нацртано слики на тротоарот.
„Ајде малку магија, Мери Попинс, никој
не гледа“.
Се наредија во ред и скокнаа.
Додека таа вечер ги заспиваше,
децата ја замолиjа да им вети
дека никогаш нема да ги
напушти, а Мери Попинс им
рече дека ќе остане додека
ветрот не се промени.
На г-н Бенкс не му се
допаѓаше бесцелното играње
на децата, сакаше дадилката да
ги едуцира, па Мери Попинс
реши утредента да ги одведе
децата во банката каде што
работеше г-н Бенкс.
Следното утро децата со татко им одеа кон
банката. Мајкл посака да купи храна за птици, но
татко му го прекори, велејќи му дека парите не
треба да се трошат залудно, туку да се стават во
банка заради добивање камата.
Ваквата прошетка воопшто не им се допадна на
децата, па се пуштија од рацете на татко им им и
почнаа да трчаат додека не се изгубија.

Добро е што налетаа на Берт, кој тој ден решил да


биде оџачар.
Му рекоа дека избегале од татко им бидејќи не ги
сакал и се обидел да му ги земе парите на Мајкл,
но Берт им кажа дека татко им многу ги сака.
Берт ги повика децата со него, велејќи им Глетката одозгора беше прекрасна. Се
дека треба да го исчисти оџакот од нивната
куќа. гледаше целиот Лондон.
Уште пред да се свеснат, со Мери Попинс се Со Мери Попинс никогаш не е здодевно
најдоа на кровот од нивната куќа. и сè е магично.
По забавата на кровот, децата беа пресреќни и се
стрчаа кон татко им. Мајкл му ги даде парите, но г-н
Бенкс рече дека згрешил и дека парите не се
најважни. Поважно е дружењето со децата.
Потоа ги зеде Џејн и Мајкл и ги одведе да летаат
змејови.

Целото семејство Бенкс отиде во паркот. Тоа беше


прво заедничко излегување после многу долго
време. Ветрот се смени и змејовите летаа високо.
Заедно со ветрот одлета и Мери Попинс исто како
и што дојде.
Au revoir.

You might also like