You are on page 1of 1

.

ЗБИРНИ ИМЕНКИ

Пример: Мебел: маса, столови, кревет, плакар, шкаф...


Именката мебел означува збир од предмети кои се користат во домот.
Запомни: Именките кои означуваат множество (збир) од еднородни предмети се викаат
збирни именки.
Пример: население, свештенство, стока...
Збирните именки не образуваат множина.
1.Состави реченици од следните збирни именки: население, свештенство и свет.

2.Во следните реченици пронајди ги и подвлечи ги збирните именки:


Граѓанството од нашата општина има потреба од базен и голема сала.
Во новоотворениот маркет има разновидна стока.
Збирот на пет броеви е еднаков на десет.
Нацртај множеството со шест елементи.
Во дворот на училиштето има многу народ.
Мебелот изработен од дрво е многу квалитетен.

3.Заокружи ги со црвена боичка збирните именки !

вода јачмен сено

пепел песок продавница

мебел чиновништво учителство

4.Запиши го родот на секоја од збирните именки од предходната задача:

______________________________________________________________________

You might also like