You are on page 1of 1

ВЕЖБИ ЗА ПРИДАВКИ И ВИДОВИ ПРИДАВКИ

Придавки се зборови со кои се кажуваат особините на суштествата, предметите и


појавите .Овие зборови ги појаснуваат именките . Какво е нештото ? Од што е направено ?
Чие е нештото ? 
Примери : Мало девојче , втора шанса , златен синџир, такво дете , градски часовник
Придавките според значењето се :описни, бројни, заменски и односни.
Односните придавки се : ( присвојни и материјални)
Односните придавки се:
 материјални ( дрвена клупа)
присвојни ( училишна зграда )

Придавките кои даваат опис на предмети суштества и појави се ОПИСНИ


ПРИДАВКИ.
(црвен молив)
Придавките што се образуваат од броеви се викаат БРОЈНИ ПРИДАВКИ. 
( трето дете)
Придавките што се изведени од заменки се викаат ЗАМЕНСКИ ПРИДАВКИ.
(мое пенкало)
1. Од следните зборови издвој ги придавките:
моли, молба, молење, молител, замоли, замолен, молејќи, дом, дома, домаќин, домашен,
задомена, домување, домува.

2. Образувај придавки од следните зборови:


сестра, Стојан, Македонија, Охрид, есен, орел, овца, коза, црква, училиште, липа, крв.

3. Препиши ги придавките од следниве реченици и определи го нивниот вид!


а. Моето училиште е во близина на градскиот парк.
б. Волнениот џемпер одговараше на сините очи.
в. Неговата книга освои награда на детскиот фестивал.
г. Восочната фигура стоеше во десниот агол.

4.Прошири ги речениците со две придавки (од било кој вид):


Марија отиде во парк со другарите.
Девојчето во библиотеката ги сретна другарките.

5. Да се определи видот, на следните придавки:


најубав, умствената, десеттото, нејзини.

6.Препиши ги придавките од следниве реченици и определи го нивниот вид:

а. Моето училиште е во близина на градскиот парк.


б. Волнениот џемпер одговараше на сините очи.
в. Со нетрпение го очекуваа верскиот празник за да можат да ги посетат своите роднини.
г. Неговата книга освои награда на детскиот фестивал.
д. Восочната фигура стоеше во десниот агол.
ѓ. Толкаво куче не беа виделе неговите очи.
е. Девојчето во библиотеката ги сретна другарките.

You might also like