You are on page 1of 2

Соседни држави на Република Северна Македонија

Наш северен сосед е Република Србија. Српското население брои околу 7 милиони, од
кои повеќето се православни христијани. Во Србија се зборува на српски јазик.
Главниот град на Србија, Белград, е еден од најстарите европски градови, и еден од
најголемите во источно-Средна Европа.
Релјефот во Србија е разновиден, а климата е умерено – континентална.
Србија како и Македонија не излегува на море. Со Србија заедно бевме во составот на
Сојузна Федеративна Република Југославија. Парите во Србија се динари.

Знаме Грб

Република Грција е наш јужен сосед. Има население од околу 11 милиони. Се зборува на
грчки јазик. Населението е претежно христијанско.
Атина е главен град на државата и најголемиот град, по што следи Солун.
Грција се наоѓа на јужниот дел на Балканскиот Полуостров. На исток излегува на Егејското
Море, на запад Јонското Море и Јадранското Море и на југ на Средоземното Море. Грција
има најдолго крајбрежје на медитеранот со голем број острови.
Осумдесет проценти од Грција е со планински релјеф, а климата е средоземно-морска и
планинска. Во Грција се користи евро, бидејќи е член на Европската Унија.

Знаме Грб
Република Бугарија е наш источен сосед. Таа е држава во Југоисточна Европа, која
излегува на Црно Море на исток, на југ граничи со Грција и Турција, а на запад со Србија и
Македонија и со Романија на север. Релјефот е планински, а климата приморска и
планинска.
Главен град на Бугарија е Софија. Други поголеми градови се Пловдив, Варна и Бургас.
Бугарија е членка на повеќе меѓународни организации, меѓу кои НАТО и Европската Унија.
Се зборува на бугарски јазик и населението е претежно христијанско. Парите се левови.

Знаме Грб
Република Албанија е наш западен сосед. Таа е земја во Југоисточна Европа, сместена на
Балканскиот Полуостров и Средоземјето. Се граничи со Црна Гора на север, со Република
Косово на североисток, Македонија на исток и со Грција на југ. Албанија има брег на
Јадранското Море на запад и брег на Јонското Море на југозапад.
Главен град е Тирана, кој е и најголем град во државата. Најголениот дел од населението
се етнички Албанци, но има и бројно грчко, македонско, ромско, влашко и црногорско
население.
Климата е средоземно морска и умерено континентална, а релјефот планински.
Се зборува на албански јазик. Поголемиот дел од населението е муслиманско.
Парите се леки.

Знаме Грб

Република Косово е еднострано прогласена држава на територијата на Република Србија


и делумно признаена држава. Косово нема излез на море и на север и исток граничи со
централна Србија, на југ со Македонија и на запад со Албанија и Црна Гора. Главен град
на Косово е Приштина.
Службени јазици на Косово се албанскиот и српскиот јазик. Населението е претежно
албанско и според религија муслиманско.
Не излегува на море. Климата е континентална, а релјефот разновиден.

Знаме Грб

You might also like