You are on page 1of 5

Африка

Географска положба, големина и откривање

Африка е вториот континент во светот по големина. Африка зафаќа 20.4 % од


копнената маса т.е околу 30.3 км². Африка има 54 држави во кои живеат околу
1.3 милијарди, 15% од светското население.
Таа е континент со централна положба, низ неа поминуваат и гриничкиот
меридијан и екваторот. Поради таа положба Африка е најмалку оддалечена од
сите континенти.
Од Европа ја делат 14 км кај Гибраталскиот Проток, и исто така блиску е и кај
Сицилијанскиот Премин. Од Азија е одделена со Суецкиот Канал и протокот
Баб ел Мандев. Од другите континенти е оддалечена над 1000 км.
Африка е дел од стариот свет на Европа, Азија и Африка. Само северните
делови на Африка биле откриени се до 15 век на големите географски
откритија.
Од 1947 до 48 Васко Да Гама ја заобиколил Африка со цел да стигне до Индија.
Тек тогаш се дознала вистинската големина на Африка. Од 17 до 20 Век бил
период на истражување на овој чудесен континент, најпознат истражувач бил
Дејвид Ливингстон.
Африка
Релјеф и брегова рагранетост

Африка е континент изграден од стари карпи т.е старо копно т.е Гондвана.
Релјефот во Африка е изграден од висорамнини, пустини и низини и планини.
Африка има голем број на планински масиви. Најпознати се: Тибести, Агахар,
Атлас, Дарфур во северните делови со над 3000м надморска височина како и
планините со пониски врвови како Тадемајт, Енеди, Ел Еглад, и други.
Највисоките планини со околу 5000 м надморска височина кои што се во
Африка се наоѓаат во источниот предел како: Рувензори, Елгон, Кенија,
Етиопски Планини и секако Килиманџаро со највисокиот врв во Африка со
6010м надморска височина.
Во јужниот предел како и централниот и источниот предел на Африка не се
пронаоѓаат значајни планини. Најпознати се Кватламба во јужниот предел и
Камерунските планини во централниот дел.
Африка е најпозната по своите пустини од кои најзначајни се: Намиб и
Калахари во јужните предели; Данакил, Нубијка и Арабиска пустина во
источните предели и Либиска и секако Сахара која е најголемата пустина во
светот со 7 милиони км².
Најзначајните висорамнини во Африка се наоѓаат во источниот предел тие се
Етипската и Езерската висорамнина.
Источниот дел на Африка е претежно исполнет со низини.
Африка

Хидрографија на африка Хидрографијата на Африка е мошне


нерамномерна. Постојат повеќе сливови и тие се Средоземно
морскиот Слив, слив на Индискиот Океан и на Црвеното Море,
Атлански слив и Внатрешен или така наречен (неистечен) слив
поточно тука спаѓаат сите оние реки кои што се влеваат во
многубројните езера на африка. Сливови и реки Средоземнио
морскиот слив, главно ги опфаќа сливот на реката Нил и неколку
помали речни текови на планинскиот масив Атлас. Нил е најдолгата
река во светот и е единствената река што успева да се пробие низ
пустината Сахара. Сливот на Индискиот Океан и Црвеното Море
зафаќа околу 19% од континентот. Во него се наоѓаат реките Џуба,
Шабели, Замбези и Лимпопо и некои други помали реки. Сливот на
Атланскиот Океан зафаќа најголем дел од територијата на
континентот (околу 31%). Во него се наоѓаат реките Сенегал, Нигер,
Конго, Орање и други. Внатрешниот или така нааречениот
неистечен слив на континентот Африка зафаќа околу 30% од
територијата. Најголема река коашто спаѓа во овој слив е реката
Шари, која се влева во езерото Чад. А додека поголемиот број од
реките пресушуваат во текот на годината. Реките приближувајќи се
кон океаните, имаат зголемен пад и располагаат со голем
енергетски потенцијал. Езера Африка е континент на кој се наоѓаат
поголемиот дел од слатководните и солените постојани и
привремени езера, главно тие се од тектонско потекло. Најголеми
се: езерото Викторија, а интересен факт за ова езеро е што од него
истекува реката Бел Нил, потоа втото езеро по големина е
Тангањика - со длабочина од 1 435м, езерото Њаса, Албертово,
Едвардово езеро и езерото Тана. Езерото Чад зафаќа најголем дел
од внатрешниот слив во Африка. Длабоко е само 1,5м, така што,
сместено во посушни простори, често ја менува својата површина.
И како за крај во пустината Калахари се наоѓа езерото Макарикари
имаме уште мн помали езера но тие не се од некакво значење.
Африка

Климата во Африка е тесно поврзана со географската положба. Низ


Африка поминува екваторот, кој го дели континентот на северена и
јужна полутопка. Тоа условува рамномерен распоред на
климатските појаси. Околу екваторот се простира екваторскиот
појас, а потоа северно и јужно од него се простираат тропски,
суптропски и умерени климатски појаси. Екваторскиот појас се
одликува со: температури од околу 24-25°С и годишно колебање од
само 2-3°С, и големи количества на врнежи, кои шро паѓаат
секојдневно, обично во попладневните часови. Изразита екваторска
клима има во Горна Гвинеја и во басенот на реката Конго, односно
во појасот од 0-100 северна и јужна географска широчина. Таму се
развиени многу бујни тропски шуми. Тропските појаси се простираат
северно и јужно од екваторскиот појас. Тие се одликуваат со две
различни годишни времиња, односно летен врнежлив и сув период.
Северно и јужно од тропските се простираат суптропските
климатски појаси, кои се одликуваат со покуси и поретки врнежливи
периоди, така што во овие појаси се јавуваат пустините. Поради тоа
овие појаси се познати како пустински. На север таква е пустината
Сахара, а на југ пустината Калахари и Намибиската Пустина
(Намиб), кои се одликуваат со типична пустинска клима. Во овие
пустини температурите дење можат да се искачат и до 50С, а ноќе
да се спуштат за околу 30°С. Врнежите кои се незначителн, ги нема
по неколку години, а во Намибиската Пустина воопшто нема
врнежи. Снег паѓа само во најсеверните делови и на најјужните
планински врвови на Килиманџаро, Кенија и Рувензори има вечен
снег. Умерените климатски појаси во Африка се простираат во
крајните северни и јужни делови на континентот, каде што се
присутни четири годишни времиња. Станува збор за областите на
планинскиот масив Атлас и јужните делови на Јужноафриканската
Република. Климатските одлики на Африка зависат и од движењето
на морските струи. Покрај северозападна Африка тече ладната
Канарска струја. На бреговите на Африка е карактеристична и
Бенгуелска струја.
Ви благодариме на
вниманието
Даријан Атанасовски
Леон Јовановиќ
IX-6 одд

You might also like