You are on page 1of 2

Хидросфера

Хидросферата е водената обвивка на Земјата. Таа ги опфаќа сите води како океаните, морињата,
езерата, реките, мочуриштата, ледниците, подземните води и водата во атмосферата. Таа е поделена
на океански или морски води, копнени води и води во атмосферата.

Кружење на водата во природата


Главна причина за кружење на водата е Сончевата светлина и Земјината тежа. Сонцето ја загрева и таа
се испарува и оди во атмосферата, таму таа кондензира и се испушта во вид на пара.

Главен извор на водената пареа се океаните и морињата. Од нив годишно се испаруваат 86%, а од
копното 14%.

Малото кружење на водата е море-атмосфера-море, а големото кружење на водата море-атмосфера-


копно-море.

Распоред на водата на Земјата


Сите води на Земјата се носат под името Светско море. Сите води на Земјата зафаќаат површина од 361
милиони км². На северната полутопка водите зафаќаат 66%, а на јужната полутопка 84%.

Светско море (океани и мориња)


Светското море го образуваат 4 океани:

-Тихи океан кој е најголем и зафаќа површина од 180 милиони км². На источните брегови ги заплискува
Азија и Австралија, а на запад Северна и Јужна Америка.

-Атлански океан е втор по големина со 93 милиони км². На исток ги заплискува бреговите на Европа и
Африка, а на запад бреговите на Северна и Јужна Америка.

-Индиски океан зафаќа површина од 75 милиони км². Тој се наоѓа меѓу три континенти. На север се
наоѓа Азија, на исток Австралија и на запад Африка.

-Северно Ладен океан има површина од 13 милиони км². Овај океан се наоѓа северно од Азија, Северна
Америка и Азија.

Морињата се помали водени површини од океаните. Тие од океаните се одделени со острови и


полуострови. Се делат на:

-Рабни мориња, тие се наоѓаат покрај континентите, најпознати се:

*Брингово, Охотско, Јапонско и Јужно Кинеско море.

-Средоземни мориња, се наоѓаат на копното, а со океанот се споени со тесни протоци. Овие мориња
мозат да бидат интраконтинентални и интерконтинентални. Интерконтиненталните се наоѓаат помеѓу
два континенти како Средоземното море, Црно море, Црвено море. Интраконтинентални се наоѓаат
внатре во континентот.

-Меѓуострвски мориња се наоѓаат меѓу островите и со нив се одделени од океанот. Такви се: Банда,
Сулу, Јаванско море...
-Протоци се морски теснини кои ги спојуваат морињата со океаните. Такви се протоците: Босфор,
Дарданели, Берингов, Гибралтаски...

You might also like