You are on page 1of 16

СТОЧАРСТВО ВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Проф.м-р Јована Димовска


 Почитувани ученици, оваа презентација ќе
ја препишете во вашите тетратки по
географија и ќе ја научите.
 Планот ќе го сликате и ќе го пратите на
следниов мејл
jovana_dimovska@yahoo.com
 Ако имате потреба од помош, слободно
пишете !
I СТОЧАРСТВО

1.Сточарството е важна стопанска


гранка која го опфаќа одгледувањето на
домашни животни.
2. Сточарски производи се: млеко, месо,
маст , јајца,пердуви ,волна...
II ВИДОВИ СТОЧАРСКИ ГРАНКИ

3. Во Република Македонија се
развиени следниве сточарски гранки:
 Говедарство
 Овчарство
 Свињарство
 Живинарство и
 Пчеларство
III ГОВЕДАРСТВО
4.Говедарството е најзначајна сточарска
гранка. Тоа е присутно на целата
територија на Македонија.Тоа се, главно,
пределите со умерена клима, во кои се
наоѓаат пространи пасишта со бујна и
сочна трева. Говедата се најзастапени
домашни животни. Денес, се одгледуваат
најмногу говеда од швајцарска и
фризиска раса. Овие говеда се одгледуваат
на современ, интезивен начин со витамини.
Поради тоа тие даваат двојно поголеми
количества месо и млеко.
IV ОВЧАРСТВО
5. Овчарство е сточарска гранка која
подразбира чување и искористување
на овци.
Најповолни услови за развој на овчарството
има во умерените предели како и на
високите планини на кои има
свежа трева во текот на целиот летен
период. Денес, со одбирање и со
вкрстување се одгледуваат повеќе видови
овци, кои даваат поголеми
количества млеко, месо, волна и кожа.
V СВИЊАРСТВО
6.Свињарството е сточарска гранка која се
занимава со одгледување на свињи. Таа во
однос на другите сточарски гранки
отсекогаш имала голема улога во
обезбедувањето на населението
со храна за подмирување на енергетските
и протеинските потреби на човекот за
нормално функционирање на неговиот
организам извршување на физичките и
умствените напори.
VI ЖИВИНАРСТВО
7. Живинарстово е одгледувањето
на живина (домашни птици) и е застапено
насекаде.Од живината најмногу се
одгледуваат кокошки, мисирки, гуски ,шатки,па
тки др. Од нив се
добиваат јајца, месо и пердуви.
VII ПЧЕЛАРСТВО
8. Пчеларство е посебна гранка на
сточарството кој опфаќа чување
на пчелни колонии, најчесто во сандаци од
страна на луѓето.
Пчеларот ги одгледува пчелите со цел да
добие мед и други производи, како:
пчелин восок, прополис, полен и матична
млеч...

You might also like