You are on page 1of 21

Природни и антропогени елементи

на животната средина
1.Природни елементи на животната средина

• Природни елементи на
животната средина се:
- Воздух
- Вода
- Почва
- Растителен и
животински свет
а) Воздухот е гасовита материја. Тој е основа за опстанок на
животот на Земјата

• Состав: азот 78%, кислород


21% и 1% други материи –
јаглероден диоксид, водо-
род, хелиум, водена пареа и
др.
• Најважна состојка за животот
на Земјата е кислородот.
Него го користат растенијата
и животните.
• Најголеми производители на
кислород се растенијата пре-
ку процесот на фотосинтеза,
потоа алгите во водата и
фитопланктоните.
-Опасност од намалување на кислородот во воздухот се гледа во
уништување на шумите и загадувањето на воздухот и водите.
б) Вода-течна материја составена од водород и кислород Н2О. Таа
е составен дел на животната средина со големо значење за
опстанок на растителниот и животинскиот свет.

• Водата на Земјата е
присутна во: атмосфе-
рата, хидросферата и
литосферата.
• Најмногу е застапена во
хидросферата 2/3 од
површината на Земјата,
односно во океаните,
морињата, реките и
глечерите.
-Човекот освен за пиење ја користи водата и за други потреби во
домаќинството, индустријата, енергетиката, наводнување,
рекреација и сл. со кои активности негативно влијае врз водата.
в) Почва-претставува растресит слој на површината на Земјата. Составен
од цврста материја во чиј состав повече од 50% се разни материи,
остатокот е воздух, вода и разни остатоци од органски материи на
растителниот и животинскиот свет.
-Земјиштето е извор на енергија (фосилни горива), разни минерални
материи, обработлива почва, таа претставува основа за изградба на
разни објекти, живеалиште на разни растителни, животински видови и
микроорганизми и извор на најквалитетна вода за пиење.
г) Растителен и животински свет-од нив зависи опстанокот на
нашата планета и развојот на човековата цивилизација.

• Разновидноста и
распространетоста на расти-
телниот и животинскиот свет
со едно име се вика биоди-
верзитет.
• Во него особено големо
влијание има растителниот
свет заради збогатувањето
на атмосферата со кислород
и апсорбирањет на јаглеро-
ден диоксид.
• Има големо влијание и врз
регулирањето на водниот
режим на копното.
-Биодиверзитетот за животинскиот свет, како и за човекот е важен
за задоволување на потребите за храна, облека, работа, здравје и
др.
2.Антропогени елементи

• Антропогени
елементи се :
- Население
- Населби
- Стопанство
а) Население –го опфаќа населениот дел на Земјата, познат како
екумена

• Најважни елементи од
аспектот на животната
средина се:
- Број на населението
- Разместеност на
населението
- Густина на населението
-Број на населението-колку повеќе луѓе толку поголеми потреби за
преживување и опстанок, односно интервенциите над природата
се многу поголеми, а голем дел од нив се со негативни последици.
-Разместеност на населението-во минатото населението било разместено
на помал простор и значително во помал број од денес Најзастапено било
по долините на реките: Нил, Тигар, Еуфрат, Инд и др. покрај Средоземно
Море.
-По големите географски откритија екумената е проширена. Погусто се
населени континентите на стариот свет но се населуваат и континентите
на новиот свет Америка и Австралија.
-Денес во светот има над 7 милијарди луѓе.
-Густина-Населението е разместено на сите континенти освен на
Антарктик

• Најгусто населени: Западна


Европа, Централна Европа,
Источна Кина, Индија,
Индокина, Северен Египет,
Гвинејски залив, ЈАР,
Приатланската низина во С.
Америка
• Ретко населени: Канада,
азискиот дел на Русија,
пустината Сахара,
Амазонија, планинските
системи и сл.
б) Населби-се места за потојана или повремена концентрација
на луѓе, во кои се одвиваат производни, културни и други дејности,
нивниот општествен и личен живот.

• Се делат на две
основни категории:
- Селски
- Градски
-Во селата населението претежно се занимава со примарни производни
дејности: земјоделство, сточарство, шумарство.
-Во градовите претежно со секундарни и други дејности како: индустрија,
сообраќај, трговија, туризам, здравство, образование и др.
-Со развојот на науката и техниката, бројот на населението во
градовите постојано се зголемува.

• Градовите како
елементи на животната
средина, со процесите
на урбанизација и
индустријализација
имаат големо влијание
врз нарушувањето на
природните одлики на
околната животна
средина.
в) Стопанство-Човекот во функција на својата егзистенција развива
активности за обезбедување разни материјални производи-храна, облека,
технологија и др. Сето ова го остварува преку разни стопански
гранки:примарни, секундарни, терцијарни, квартарни.
Домашна работа

1.Наброј ги елементите на природната средина.


2.Кои се најголемите производители на кислород?
3.Каде се, е присутна водата на Земјата?
4.Каде се се користи водата?
5.Што е почва?Кој е нејзиниот состав?
6.Што е биодиверзитет?
7.Именувај ги антропогените елементи?
8.Што е екумена?
9.Кои се најгусто населените простори на Земјата?
10.Што се населби? Како се делат?
11.Со што претежно населението се занимава во селата, а со што во
градовите?
Предметен наставник
Дучко Швигир

You might also like