You are on page 1of 2

ПРИРОДНИ БОГАТСТВА И СТОПАНСТВО

Азија располага со огромни природни богатства. Тоа се: јаглен, нафта и природен гас, реки,
шуми, руди, низини, мориња и океани и др.

Јагленот е значајно природно богатство на Азија. Според резервите на камен јаглен, Азија го
заема првото место во светот. Во неа се наоѓаат над 60% од вкупните светски резерви кои се
проценети на 8700 милијарди тони. Од државите првото место во Азија и светот и припаѓа на Русија со
52%од светските количества на камен јаглен. Таму се наоѓаат и најголемите басени на оваа руда и тоа:
Ленски, Печорски, Тунгуски, Кузњецки и Караганда(Казахстан). Во Азија на второто место по
резерви и производство на јаглен е Кина со познатите басени: Шанси, Шенси и Манџурија.

Нафтени полиња
Нафтата и природниот гас спаѓаат меѓу најзначајните природни богатстава со кои Азија го
заема првото место во светот.Најголемото подрачје со нафта се наоѓа меѓу Црвеното и Црното море,
Персискиот Залив и Каспиското Езеро. Во тој простор се наоѓаат 70% од вкупните светски резерви-
Саудиска Арабија,Иран, Ирак, Кувајт, Азербејџан и други. Второто богато подрачје со нафта се наоѓа во
Русија. Таму се наоѓаат познатите басени: Западносибирски,Средноазиски и Прикасписки басен. Во
овие басени на Русија се наоѓаат и најголемите резерви и производство на природен гас во светот над
50%.
Реките: Об, Енисеј, Јанцекјанг, Иравади, Ганг и други се големо природно богатство на Азија.
Нивната вода се искористува за добивање на хидроенергија, сообраќај, наводнување, риболов и друго.
Во Азија за речната пловидба се користат над 160 илјади км, а за транспорт на дрва над 400 илјади км.

Тропски шуми

Шумите како природно богатаство се најзастапени во северниот и јужниот дел на Азија. Во


северниот дел се застапени иглолисните шуми тие го опфаќаат појасот на тајгата. Во Азија се значајни
шумите во монсунската, тропската и екваторската област.Во овие области постојат многу скапоцени
дрвја како: тиково, махагоново, абоносово, каучуково и други.
Во Азија големо природно богатство се и низините: Хиндустанската, Кинеската, Пенџаб, Месопотамија
и други. Во нив се остварува најголемото производство на ориз во светот.
Азија е богата со руди и тоа: железна, бакарна, олово, цинкова, бокситна и други. Од посебно значење
се и рудите за нуклеарни горива : уранот во Русија и ториумот во Индија.
Во Азија значајно природно богатство се и големиот број на мориња (24) и океани (3). Од посебно
значење се Индискиот и Тихиот Океан преку кои минуваат најзначајните поморски патишта во светот.
Природните одлики на територијата на Источна Азија, регионално гледано, се мошне различни.
Во северозападните делови на Кина и Монголија, заобиколени со високи планини, владее сува клима,
така што се присутни територии под пустини (Такла Макан, Гоби и др.), полупустински и степи, каде што
населението се занимава со номадско и полуномадско сточарство. Во пониските приморски делови на
Источна Азија, кои климатски се погодни, побогати и густо населени, е развиено земјоделстото, а од
сточарските гранки особено се развиени свињарството и живинарстово. Како работен добиток во
Источна Азија се важни две карактеристични животни, и тоа: јак - долговлакнесто говедо и бивол - кој се
одгледува и користи во низините при земјоделската работа. Од полјоделството најразвиено е
одгледувањето ориз. Се одгледува и во низините и терасесто во ридестите простори. Главно е
разместен по долините на големите реки, особено Хуанг Хе и Чанг Џијанг. Од другите култури, Кина се
јавува и како најголем производител на: пченица, пченка, компир, градинарски култури, соја, чај, тутун
итн. За Кина е карактеристично и производството на свила. Излезот на море на државите од Источна
Азија им овозможува развој на риболовот, така што овие земји се сметаат за рибарски велесили.

Земјите од Источна Азија во минатото главно биле затворени за стопанскиот развој. Но, по
Втората светска војна од скоро целосно уништеното стопанство започна брз и силен индустриски
развој. Во услови на многубројно население, каде што проблемот со исхраната беше мошне изразен,
нешто подоцна, поточно по 1970 година, Кина започна забрзан индустриски развој. Слична е состојбата
и во двете корејски држави. Според тоа, денес Источна Азија е најразвиен индустриски регион во Азија.
По 1990 година, бидејќи е намалено ограничувањето за мигрирање, преселувањето на населението во
градовите е зголемено. Така се формирани голем број милионски градови покрај реките Хуанг Хе и
Чанг Џијанг и во приморјето. Кина се одликува како индустриско-аграрна земја со големи природни
богатства и можности за брз развој. Развиени се црната металургија, машинската индустрија,
производтство на автомобили, авиони, бродови, вагони и локомотиви, електроиндустријата, хемиската,
текстилната, прехрамбената индустрија итн.
Јапонија е сиромашна со енергија и суровини, но ги увезува, така што има силно развиена црна
и обоена металургија. Поседува повеќе од 50 атомски централи, има развиена текстилна, прехрамбена,
хемиска, фармацевтска индустрија и други. Јапонија се одликува со најразвиена сообраќајна мрежа и
сообраќајни средства во светот, со развиена трговија и банкарство. Исто така, е земја со најсовремени
научни и производни технологии во сферата на информатиката, средствата за врски, роботиката и
биотехнологиите.
Во Јужна Кореја покрај класичните индустрии како: бродоградбената, автомобилската и
електроиндустријата, развиени се голем број современи индустриски гранки: аерокосмичка индустрија,
биотехнологиите, генетското инженерство итн.

Предметен наставник:
Кире Николоски

You might also like