You are on page 1of 2

Хемијата како природна наука 

 
1. Поим за наука  
 збир на средено систематизирано човечко знаење од определена област 
 
2. Поим за систем  
 проучуван дел за кој точно знаеме каде почнува, каде завршува и кои се
границите кои го разделуваат од неговата околина 
 
3. Поделба на науките според предметот на проучување 
1.  Природни науки  
 Предмет на проучување е природата 
 Примери: Хемија, Биологија, Физика, Математика, Географија 
 
2.  Општествени науки 
 Предмет на проучување е општеството 
 Примери: Историја, Социологија, Етика, Филозофија ... 
 
4. Поим за природа 
 се она што не опкружува, се она што се наоѓа околу нас 
 
5. Поим за материја 
 се она што има маса и завзема простор 
 
6. Поим за супстанца 
 се она од што се изградени телата и организмите во природата, предметите
што ги користиме, целата жива и нежива материја 
 
7. Предмет на проучување на хемијата 
 супстанциите, нивните својства, нивната градба, хемиските реакции во кои
тие стапуваат, начините на нивно добивање 
 поставува нови теории, користи експериментален приод 
 закони кои важат во науката хемија 
 
8. Поделба на хемијата на одделни научни дисциплини 
1.  Според методот при проучувањето 
 Теориска хемија – користи теории(готови поставени тези и знаења) 
 Експериментална хемија – користи изведување на експерименти  
 
2.  Според целта на работата 
 Аналитичка хемија – истражување на составот на соединијата 
 Препаративна хемија – синтеза(добивање) на соединенија 
 
 
3.  Според предметот на проучување  
 Неоргански хемија – ги проучува неорганските соединенија(Оксиди,
Киселини, Хидроксиди, Соли, Комплекси) 
 Органска хемија – ги проучува органските соединенија(соединенијата на
јаглерод, со исклучок на неговите оксиди јаглерод моноксид(CO), јаглерод диоксид
(CO2), јаглеродна киселина(H2CO3), солите на јаглеродната кислелина наречени
карбонати( ците овие се сметаат за неоргански соединија и се изучуваат во
неорганската хемија 
 
9. Гранични науки  
1.  Хемија и биологија 
 Биохемија и молекуларна биологија 
2.  Хемија и Физика 
 Физичка хемија и хемиска физика 

You might also like