You are on page 1of 6

Луѓе и синџири на исхрана

Растенијата се зависни од инсектите. Инсектите се зависни од растенијата.


Птиците, гуштерите и други влечуги и водоземци се зависни од инсектите.
Предаторите се зависни од птиците, гуштерите или глувците. Така би можеле да
продолжиме додека не го наброиме целиот синџир на исхрана. Што може да се
случи ако последниот поединец исчезне од светот на инсектите? Експертите
предупредуваат против можноста за целосно уништување на инсектите кои ќе
наликува на истребувањето на диносаурусите пред милиони години. Секоја година
2,5 % од вкупниот број на инсекти исчезнува од светот. Ако се намалува со
сегашната стапка, за 100 години инсектите целосно ќе исчезнат од планетата,
според анализата објавена во списанието Biological Conservation.

Причини и последици

Главната причина за намалување на инсектите е интензивно земјоделство,


особено употребата на пестициди. Урбанизацијата и климатските промени, исто
така, придонесуваат за тоа. Инсектите исчезнуваат 8 пати побрзо од цицачите,
птиците и влечугите, според Гардијан. Повеќе од 40 % од видовите се во опаѓање,
една третина од нив се веќе во опасност. Без преседан е губењето на инсектите во
текот на изминатите 20 години. Научниците првенствено се припишуваат на
употребата на нова класа инсектициди кои ја стерилизираат почвата и ги убиваат
сите ларви. Но, хемикалиите остануваат во почвата. Во Германија, тие забележале
рекордни 75 % кој доаѓа до убивање на инсектите во заштитените предели,
предупредува Гардијан.

Ако исчезнувањето на инсекти не престане, ќе има катастрофално влијание


врз екосистемот на планетата и човечкиот опстанок. Инсектите се од суштинско
значење за функционирањето на сите екосистеми. Служи како храна за други
видови, ги опрашува растенијата и ги рециклира хранливите материи. Научниците
привлекоа внимание кон тоа кај поголемите животни. "Ако не го смениме начинот
на кој произведуваме храна, сите инсекти ќе исчезнат со децении", велат
истражувачите. Тие предупредуваат дека влијанието врз екосистемите на
планетата ќе биде катастрофално.

Денес животинскиот свет е под закана од дејството на човекот. Според


Меѓународниот сојуз за заштита на природата (IUCN) создала листа на животни кои
се ставени во листата на загрозени или делумно загрозени животни.

ОН (Обединати Нации) објавува вознемирувачки извештај во кој се


предупредува на катастрофалните последици кои за човештвото и екосистемите ги
има изумирањето на растителните и животинските видови. Но сѐ уште не е доцна
тоа да се спречи.
Неуморни креатори на нашиот животен простор се: воздух, вода и почва. Но,
сега се загрозени. Изумирањето на растителните и животинските видови до кои
доаѓа поради негативното влијание на човекот врз природата, во крајна линија го
загрозува и животот на луѓето на планетата Земја и тоа во исти размери како и
климатските промени.

Со оглед дека организмите и од растително и од животинско потекло


зависат едни од други, изумирањето на еден вид е доволен за да се предизвикаат
големи и штетни промени во целиот екосистем. Така на пример, намалувањето на
бројот на дождовни црви, печурки или почвени микроби го намалува количеството
на хранливи материи во почвата и го зголемува бројот на дупки, што и
оневозможува на дождовницата да се задржи на површината и на тој начин да го
снабдува со вода растителниот свет. А ако нема растенија, ни луѓето не можат да ги
берат и со нив да се лечат или хранат. Последните истражувања покажуваат дека
на дури една четвртина од растителните и животинските видови им се заканува
изумирање, а на многу од нив, доколку итно не се преземат противмерки, им се
заканува исчезнување во следните децении.
Докажано е дека, доколку се мери биомасата, тогаш човекот претставува
само 0,01 отсто во глобалниот биодиверзитет. Па сепак му успева да ги загрози
растителните и животинските видови во надпропорционален размер. Човекот ги
уништува шумите, ги загадува реките, со масовен улов на загрозен вид риби, ги
уништува корисните инсекти и ја повредува природата на низа други начини за да
дојде до посакуваните ресурси.

„Само природата овозможува развој на човештвото. Но нашата бесконечна


потрага по ресурси ја забрзува стапката на изумирање на растителните и
животинските видови и ги уништува екосистемите на Земјата“, изјавува Џојс Мсуја,
потпретседател на програмата на ОН за заштита на животната средина.

И покрај тоа што некои проблеми се познати со децении, научниците имаат


потешкотии на јавноста да и покажат колку итно мора да се делува против
уништувањето на природата. како што заклучуваат научниците, и свеста на
потрошувачите мора да се смени. За да се запре натамошно уништување на
екосистемот, луѓето треба да ја намалат консумацијата на месо и да се снабдуваат
со риба која доаѓа од одржливи извори.
Да се запрашаме, зошто не се оправдува кога животно напаѓа човек? Човек
напаѓа животно и сосема јасно е дека и животно ќе нападне човек. Ако тоа ни
изгледа засташувачко кога ќе се слушне дека некое животно нападнало и
повредило човек, тогаш и ние луѓето треба да престанеме да ги убиваме дивите
животни. Да се ставиме на нивно место.

Исто така, човекот ја присвојува и деградира животната околина со


неконтролираното градење и бетонирање на зелените површини. Географските
топоними исчезнуваат од географските карти како да ги проголтала земјата, а
човекот и неговата алчност срушиле ридови, направиле каменоломи и грабаат
камен од природата за да си ги украсат скалилата и огништата. Шумите се сечат
немилосрдно и непречено без никој да се грижи за листата на која се додаваат 10
нови животни годишно кои се на работ на исчезнување. Исчезнувањето на некои
животинки од нивните природни животни средини значи нарушување на синџирот
на исхрана и потенцијал за исчезнување на нови животни чија храна повеќе ќе ја
нема, а иронично е тоа што и човекот, исто така, е дел од синџирот.

Но, дали сме свесни дека со систематското уништување на природата и


претераното искористување на природните ресурси го загрозуваме опстанокот на
човечкиот род?! А и не треба да се заборави дека секое уништување на природата
е удар кон самите себе. Отпадоците кои не ги селектираме и свесно или несвесно
ги фрламе наоколу се носат во депониите кои се прв извор на бактерии и заразни
болести. Згора на сѐ, шират непријатни мириси и привлекуваат инсекти, птици,
глувци, кучиња и мачки– скитници кои потоа ги шират заразните болести.
Индустриската револуција нѐ доведе во непосакувана ситуација. Затоа ние,
луѓето, ,,по природа” сме збеснети и продолжуваме да ги уништуваме изворите на
животот. Мораме да запреме, да се промениме, да тргнеме во друга насока, да ги
смениме сопствените животи и да го смениме начинот на мислење и дејствување.
Да престанеме да ја уништуваме земјата, човештвото, самите себеси. Мораме да
си ги промениме навиките. Да се бориме за својата иднина.

You might also like