You are on page 1of 5

ФИЗИКА

1. Светлината има двојна природа: брановидна и корпускуларна(изградена од ситни


честички наречени фотони).

2. Телото што емитира сопствена светлина се нарекува извор на светлина.

3. Светлинските зраци се шират праволиниски.

4. Тело што свети(емитира светлина од себеси) е примарен извор на светлина.

5. Тело што не свети(не емитира светлина од себеси) е секундарен извор на светлина.

6. Предметите околу нас ги гледаме на тој начин што светлинските зраци се одбиваат
од нивната површина и доаѓаат до нашите очи.

7. Окото е природен оптички инструмент.

8. Од гледна точка на физиката, окото како оптички инструмент ги содржи: црнката,


очната леќа, мрежницата што служи како екран, и жолтата точка каде што се формира
ликот на предметот што го гледаме.

9. Дразбите од мрежницата преку очниот нерв се пренесуваат во вид на електрични


импулси до центарот за вид во мозокот.

10. Формирањето на сенките е последица од праволиниското движење на светлината.

11. Големината на сенката на некој предмет зависи од:

- Аголот под кој паѓаат светлинските зраци;

- Оддалеченоста на светлинскиот извор од предметот;

- Големината на светлинскиот извор во однос на големината на предметот.

12. Кога светлината паѓа на некој предмет, може да се случат повеќе работи. Тоа
зависи од материјалот од кој е направен предметот.

- Светлината може да се пропушти(кога телото е проѕирно – транспарентно);

- Светлината може да се апсорбира(кога телото е нептоѕирно);

- Светлината може да се рефлектира(кога телото е сјајно).

13. Затемнување на Сонцето се случува кога: Сонцето, Месечината и Земјата се во


права линија. При затемнувањето на Сонцето, на Земјата се формираат сенка и
полусенка.
14. Затемнување на Месечината се случува кога: Сонцето, Земјата и Месечината се во
права линија.

15. Камера обскура е оптичка направа. Таа се состои од кутија со мал отвор на едната
страна. Низ тој отвор влегувааат светлински зраци. Кога светлинските зраци ќе паднат
на екранот од спротива на отворот, сликата е превртена. Боите и распоредот се исти.
Колку отворот е помал, превртениот лик е поостар. Но ако го смалиме премногу,
сликата ќе биде многу бледа.

16.

ПАРАЛЕЛНО ДИФУЗНО
ОДБИВАЊЕ НА ОДБИВАЊЕ НА
СВЕТЛИНАТА СВЕТЛИНАТА

17. n n – нормала

1. 2. 1. – упаден зрак

α β α – упаден агол

2. – одбиен зрак

β – агол на одбивање

α=β

18. Појавата кога светлинските зраци доаѓаат до површината на некој непроѕирен


предмет, се одбиваат и повторно се враќаат во истата средина, се вика одбивање или
рефлексија на светлината.

19. Закони за одбивање на светлината:

1. Упадниот зрак, нормалата и одбиениот зрак секогаш лежат во иста рамнина.

2. Под каков агол паѓа светлинскиот зрак на површината од некој предмет, под ист
агол и се одбива.

20. Карактеристики на лик кај рамно огледало:

- Ликот е исправен и ист по големина со предметот;


- Левата страна на предметот е десна на ликот и обратно;

- На колкаво растојание се наоѓа предметот пред огледалото, на исто толкаво


растојание се формира ликот зад огледалото;

- Ликот е нереален или имагинарен.

21. Појавата при која што светлинските зраци се прекршуваат кога поминуваат од една
во друга оптичка средина, се вика прекршување или рефракција на светлината.

22. Закони за прекршување на светлината:

1. Упадниот зрак, нормалата и прекршениот зрак, секогаш лежат во иста рамнина;

2. Кога светлинскиот зрак преминува од оптички поретка во оптички погуста средина


се прекршува кон нормалата;
n – нормала
n С1 – воздух

1. С2 - вода

С1 α 1. – упаден зрак

α – упаден агол

2. – прекршен зрак
С2 β
β – агол на прекршување
2.
α>β

3. Кога светлинскиот зрак преминува од оптички погуста во оптички поретка средина


се прекршува од нормалата;

n
n – нормала
1. α С1 – стакло

С1 С2 - воздух

С2 β 1. – упаден зрак

α – упаден агол
2.
2. – прекршен зрак

β – агол на прекршување

α<β
4. Кога светлинскиот зрак паѓа нормално на граничната површина меѓу две оптички
средини, тогаш тој не се прекршува.

23. Причината поради која што светлината се прекршува кога преминува од една во
друга оптичка средина е различната брзинасо која што се шири во двете средини.

24. Оптичка средина е средина низ која може да поминат светлинските зраци.

25. Појавата при која белата светлина се разложува на спектралните бои, се вика
дисперзија.

26. Боите на спектарот се: црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, темносина,
виолетова.

27. Исак Њутн докажал дека белата боја е смеса од сите бои на спектарот.

28. Причината за дисперзија е прекршувањето на светлината под различни агли.

29. Најмногу се прекршува виолетовата, а најмалку црвената боја.

30. Аудитивно мешање на боите е кога две или три основни спектрални бои се мешаат
при што се добиваат други изведени бои.

31. Црвената, зелената и сината боја не можат да се добијат со мешање на други бои.

32. Суптрактивно мешање на боите е кога се мешаат сликарските бои.

33. Бојата на предметот зависи од тоа со каква боја е обоен предметот и со каква
светлина е осветлен.

34. Светлински филтер е обоено парче стакло или пластика. Пропушта само една од
боите, а другите ги апсорбира.

35. Белите предмети ги одбиваат сите бои, а црните ги апсорбираат.


36. Предметите изгледаат различно обоени затоа што некои спектрални бои се
одбиваат, а некои се апсорбираат.

37. Тотална рефлексија е појава при која што светлината, се распространува во


оптички погуста средина и целосно се одбива од граничната површина со оптички
поретка средина.

38. Фатаморгана е слика предизвикана од атмосферска рефракција.

You might also like