You are on page 1of 9

Спектар на бела светлина (Спектрална

боја или дисперзија)


Белата светлина е составена
од сите бои на
спектарот.Почнувајќи од
црвена па се до виолетова.
Кога врне а во исто време има и
сонце на небото може да се
појави виножито,кое настанува
со прекршување на сончевите
зраци поминувајќи низ дождот.
Боите на спектарот може да се
видат со помош на стаклена
призма кога белата светлина ќе
падне на призмата таа се
прекршува и при излегување таа
уште еднаш се прекршува.
Боите на спектарот секогаш се во
ист распоред и обично тоа се 7
(седум) бои:

1. Црвена,
2. Портокалова,
3.Жолта,
4.Зелена,
5.Сина,
6.Темно сина и
7. Виолетова.
Исак Њутн покажал
дека белата светлина (сончева
светлина) е смеса на сите бои
на спектарот.
При поминување на белата светлина низ стаклена призма
боите се прекршуваат под различен агол па затоа ние можеме
да ги видиме одвоено,така настанува дисперзија на
светлината.
Најмногу се прекршува
виолетовата боја, а најмалку
црвената.
Ива Сретеновска
VIII одделение

You might also like