You are on page 1of 2

Сферно огледало

Запомни

1.Сферно огледало претставува вдлабната или испакната добро исполирана површина која е
земена како дел од сфера.

2.Сферните огледала можат да бидат вдлабнати или конкавни ако е исполиран


внатрешниот дел на сферната површина ,и испакнати или конвексни ако е исполиран
надворешниот дел на сферната површина.

3.Важни елементи и величини кај сферните огледала се:

-Оптички центар ( О )-е центар на сферата од која е добиено огледалото.


- Радиус ( R ) –радиус на сферата од која е отсечено огледалото.
- Теме ( Т ) – највдлабнатата точка кај конкавното ,односно најиспакнатата точка кај
конвексното огледало.
-Главна оптичка оска –е правата што поминува низ оптичкиот центар и темето.
-Отвор или апертура (δ )-агол под кој се гледа огледалото од неговиот оптички центар.
-Фокус ( F) –е точката во која се сечат одбиените зраци,кои пред тоа доаѓале паралелно со
главната оптичка оска.
-Фокусно растојание ( f ) –растојанието од темето до фокусот. R = 2f , f = R /2
-Оптичка јачина (ј) –претставува реципрочна вредност на фокусното растојание.

j=1/f , 1D = 1 / 1m

*Јачина од еден диоптер има сферно огледало со фокусно растојание од еден метар.

-Линиско зголемување на огледалото ( z) –е однос меѓу големината на ликот L и


големината на предметот P, односно однос меѓу растојанието од ликот до огледалото l и
растојанието од предметот до огледалото p.

z= L / P = | l / p |

4.Равенката на сферното огледало ги поврзува растојанието на предметот до огледалото


,растојанието на ликот до огледалото и фокусното растојание и е дадена со изразот:

1/ p + 1/ l = 1 /f , 1 /p + 1 / l = j , 1 / p + 1./l = 2 / R

5.Ликот кај сферното огледало се конструира со примена на два од четирите


карактеристични зраци :
*Зракот што е паралелен со главната оптичка оска по одбивањето поминува низ фокусот.
*Зракот што минува низ оптичкиот центар не го менува неговиот правец.
* Зракот што минува низ фокусот или тргнува од него по одбивањето продолжува паралелно
со главната оптичка оска.
* Зракот што паѓа директно во темето Т на огледалото под извесен агол со оптичката оска ,се
одбива под ист таков агол во однос на неа.
.

6.Ликот кај конкавното огледало зависи од тоа каде се наоѓа предметот во однос на
огледалото.Ако предметот се наоѓа на поголемо растојание од фокусното до огледалото
ликот е:реален,превртен и како се доближува предметот до огледалото ликот се
одалечува од огледалото и се зголемува. Ако предметот се наоѓа на помало растојание до
огледалото од фокусното растојание ликот е: имагинарен , исправен и зголемен .

7. Ликот на предметот кај конвексното огледало не зависи од растојанието на предметот


до огледалото и тој секогаш е: имагинарен , исправен ,намален и се наоѓа меѓу темето и
фокусот на огледалото.

8.Сферните огледала наоѓаат практична примена кај:рефлекторите,фаровите на


автомобилите,проекционите апарати,греалиците, ретровизорите кај
автомобилите.телескопите.се поставуваат конвексните огледала на крстосниците за поголема
безбедност во собраќајот и тн.

You might also like