You are on page 1of 3

Барух (Бенедикт) де Спиноза е роден во Амстердам, во еврејско

семејство кое се доселило од Португалија пред прогонот на Инквизицијата.


Тој ги студирал Талмудот, Библијата и сколастичката филозофија.
Рабините (еврејските свештеници) остро реагирале на тезите на Спиноза
дека суштината на религијата е верата на верникот, а не слепата
послушност кон догмите, и дека верските книги треба да се разберат во
историска смисла. По неуспехот да го разубедат, во 1656 година Спиноза е
екскомунициран од еврејската општина со анатема: "Нека е проклетдење
и нека е проклет ноќе. Нека е проклет кога лежи и нека е проклет кога
станува. Нека е проклет кога тргнува и нека е проклет кога се враќа. Никој
со него да не зборува усно, ниту писмено , да биде сам целосно без никого
ниту никој во негова близина . Така Спиноза на 24 години е обвинет за
атеизам и прогласен за еретик. Од наследството на татка си зел само еден
кревет и маса. Живеел осамено и скромно, уверен во своите ставови и во
својата морална сила да ја издржи екскомуникацијата. Имал малку
пријатели, а многу непријатели. Се издржувал со брусење на оптички леќи
за микроскопи и за телескопи.
Во тешки животни услови, умрел од туберкулоза.

За време на својот живот Спиноза објавил две дела: "Принципите на фило-


зофијата на Рене Декарт" и "Теолошко-политички трактат", но едно од
најзначајните филозофски дела во историјата е "Етика изложена на
геометриски начин"

Неговата филозофија

За разлика од дуализмот на Декарт, за супстанцата Спиноза мисли строго


монистички. Постои само една супстанција. Таа самата на себе си е
причина за своето постоење (causa sui) и она за чиј поим не е потребен
поимот од друго нешто". Супстанцијата си е причина за самата себе затоа
што нејзината "суштина во себе содржи постоење", т.е. "нејзината природа
не може да се сфати поинаку отколку како нешто што постои".

пантеизмот на Спиноза

Супстанцијата е вечна, бескрајна и творечка. Од неа зависи сето постоење.


Супстанцијата Спиноза ја определува како Бог или природа. Самата
супстанција не е надвор од природата , Таа е присутна во сè. Бог е во cè и
cè е во Бога. За Спиноза Бог е "бесконечно и вечно суштество"
Бог е творечка природа (natura naturans) која создава сè и постојано е
идентична со создаденото.
Бог не создава во времето, туку во вечноста и за вечност.
За Спиноза вечноста е "самото постоење";
Конечното е "она што што може да биде ограничено од друго нешто од
иста природа".
Бог или природата како бескрајна и творечка супстанција се појавува низ
своите неограничени атрибути (својства).

Атрибут

Атрибут е карактеристика на супстанцијата што ја перцепира умот или


разумот и која е од суштинско значење за дефинирање на природата или
суштината на таа супстанција
-човечкиот разум познава само два атрибути: мислење и просторност
-Бог е нешто што мисли" и "Бог е нешто што се распростира". Светот може
да се сознава затоа што постои поврзаност меѓу мислењето и
просторноста.

Модуси

Телата и идеите Спиноза ги определува како модуси. Секој модус е


ограничен како тело или како идеја. Идеите не може да се споредуваат со
телата зашто секој модус си припаѓа на својот атрибут. Една мисла е
ограничена од друга мисла, како и едно тело од друго тело - а телото не е
ограничено од мислата, ниту мислата од телото. Но модусите, иако се
ограничени и се неограничени тие можат да бидат и поврзани. Ова не
случајно е вака. Се што се случува има своја причина зошто е тоа така.
Самиот човек, според Спиноза, е еден модус, кој се состои од тело, што му
припаѓа на атрибутот просторност, и од дух, што му припаѓа на атрибутот
мислење.

Спиноза разликувал 3 вида сознание во зависност од степенот на


јасноста:
-Прв вид се перцепциите, заедно со чувствата како страст, радост, тага; кои
се нејасни и неразбирливи.
-Втор вид е разумското сознание, во него од одредени претпоставки се
изведува заклучок.
Совршено и највисоко сознание е интуитивното сознание, со кое директно
сe согледува суштината на супстанцијата, а вистината се открива
безусловно.
Човекот има слобода да прави што сака но за да живее без страв подобро е
да живее во заедница
За таа цел е потребно секој да ги ограничува своите страсти со одречување
на еден дел од своето природно право, со што би добил поголема корист:
сигурност и слобода на живеење во заедница.

државата се создава со договор


Човекот како граѓанин е должен да и се потчинува на Државната власт,
но само додека таа ги штити интересите на граѓаните. Доколку не го
исполнува тоа , таа го губи правото на власт. Државата е одговорна пред
граѓаните. Таа постои заради нив, а не обратно.
- Демократија е кога државата дава приоритет на образованието и
моралниот развој на своите граѓани, наместо едноставно да се обидува да
им угоди. Според Спиноза, тоа може да се постигне само во етичка
состојба во која сите граѓани имаат слобода на мисла и говор

You might also like