You are on page 1of 9

Филозофија

Филозофијата е најстара и најразвиена наука за постоењето, за целината на светот, за


неговата суштина и карактеристики.

Поимот филозофија е создаден од Питагора


зборот „филозофија“ (φιλοσοφία) е старогрчки. Составен е од два дела: филос (φῐ́λος) што
значи „љубов“ и софија (σοφία) што значи „мудрост“, т.е., заедно, „љубов кон мудроста“
или „наука за мудроста“.

Филозофијата е особен вид интелектуална дејност на човекот и е насочена кон


сознавањето на светот, на човекот и на формите на човековото живеење и дејствување

Филозофијата раѓа идеи.

со зборот софија се именувала специјална духовна способност својствена само на


човекот, со која тој се разликувал од сите други животни и суштества. Подоцна, под софија
се подразбирала посебна духовна надареност или вештина на некои луѓе, поради која се
сметало дека тие отскокнуваат од другите луѓе.

Со стеснувањето на обемот на филозофијата како наука, се стеснувало и значењето на


зборот софија („мудрост“) кој, пак, почнал да подразбира занимање само со виши
проблеми за светот и животот. Оние, пак, кои се занимавале со овие проблеми почнале
да се нарекуваат софои или „мудреци“. Овие пак, од скромност, одбивале да бидат
нарекувани софои (или „мудреци“), претпочитајќи го називот философои, т.е. „љубители
на мудроста“; така и нивната наука го добила името философија, т.е. „љубов кон
мудроста“ или „наука за мудроста“.

Прашалникот е симбол на филозофијата

Секое нешто, секоја појава и проблем може да станат предмет на филозофското мислење.
За Филозофијата е интересно сè што може да предизвика прашање, духовна
заинтересираност, интелектуално внимание, мисловен ангажман.

Затоа симболот на филозофијата е прашањето: што, како, зошто? Што е во основата на


појавите? Како да ги осознаеме? Зошто доаѓа до промени?

Филозофијата има многу дисциплини. Дисциплините мегусебно се разликуваат според


предметот на проучување, методот на истражување како и начинот на кој се користат
самите идеи. Според тоа нејзините најглавни филозофски дисциплини се:

Онтологијата е наука за битието(постоењето). Таа го истражува она што постои, како


настанува, како се развива..Оваа наука се нарекува и Meтaфизика.
Гносеологијата е наука за сознанието . Го поставува прашањето дали човекот може фа го
осознае светот
-Докматизам: човекот може да го осознае светот целосно еднаш и засекогаш
-Агностицизам-може да се осознае само надворешната страна на светот а внатрешноста е
несознаена
-Скептицизам-претставниците се сомневаат во способноста на човекот да го осознае
светот
**Се дели на две постари науки:
-Епистемологија-наука за знаењето.
-Методологијата- наука за сознајните патишта по кои треба да се оди за да биде
создадено и развиено сознанието;

Антропологијата е наука за човекот. Таа испитува што е човекот, кои се смислата и


формите на неговото постоење, како живее и што прави. Се дели на:
-Физичката антропологија се занимава со човекот како биолошко суштество,
- Социјалната антропологија се занимава со целите на човекот како општествено
суштество
-Културната антропологија ги истражува вредностите и делата на човекот

Етиката( etos) е наука за моралот и вредностите. Ја создал Аристотел. Таа е најразвиена


практична Филозофска дисциплина. Во неа се обработува суштината на разликувањето
меѓу доброто и злото

Економиката е наука за произведувањето и за рационалното користење

Политиката е наука за организирањето на заедница и за нејзино успешно водење

Естетиката е наука за творештвото

Педагогија наука за образованието

Историјата на филозофијата е наука за развиток на филозофските идеи онака како што се


јавувале, со нивните карактеристики и доблести, со нивната оригиналност, развиеност,
значење и влијание врз човечкиот живот и врз развитокот на другите науки. Таа ни
овозможува и да видиме што е тоа што останало низ вековите и милениумите, т.е. чии
учења се покажале како лажни и привремени, а чии како точни и вечни.

Во историја на филозофијата се учи -како се раѓале идеите во некоја епоха и култура,


какви се идеите на одредени автори, какви филозофски системи постојат и како се
создавани, како се ширела филозофската култура низ вековите...

Идејата е јадро на умувањето


Методиката на наставата по филозофија е специјализирана филозофско-педагошка
дисциплина за начините како филозофијата се пренесува кај младите

Човекот живе е во денешнитата за утрешнитата, но се потпира врз минатото. Тој е


индивидуа а памети и знае како заедница. Нему му се потребни многу сознанија за да
може да го води животот успешно.
Филозофијата работи со идеите кои можат да застарат но и да останат трајно интересни,
како и повторно да станат актуелни иако се намалило нивното значење.

РАЃАЊЕТО НА ФИЛОЗОФИЈАТА

1. Првите филозофски мисли


Првите филозофски идеи се појавиле во мугрите на цивилизацијата. Човекот најпрвин за
светот зборувал митолошки, објаснувајќи ги нештата со натприродни сили. Потоа
митовите ги заменил со рационално објаснување.
Филозофот Хуј Ши го протолкувал космосот и според него светот е бескрајно голем, и е
насекаде.

Античка филозофија

Важни основи за античката грчка филозофија се митологијата, епот и трагичката уметност.

-Седумте мудреци
• Првите филозофски размислувања во античка Грција ги создале седумте мудреци:
Солон, Хилон, Питак, Перијандар, Бијас, Клеобул и Талес

-Платон опишал дека мудреците се состанале во Делфи и дека својата човечка мудрост
му ја посветиле на Аполон-богот на мудроста. Таму ги запишале најпознатите антички
изреки: запознај се себе! Ништо претерано !

Латинскиот поим "антика" значи старост и вредност


-Човекот го интересира она што трае, што е долговечно, што доаѓа од далечните
времиња.

Антиката не може да ја замислиме без филозофијата. Филозофијата била во центарот на


античкото живеење. И кога се правеле шеги за филозофите, тие биле најзначајни личности
на своите заедници. Кога не биле слушани нивните учења и совети, се грешело и се
уназадувало живеењето. Затоа во Антиката е зародена и идејата дека филозофите треба
да владеат, за да можат со својот одгледан ум и суптилни сознанија да дадат вистински
придонес кон животот на луѓето.
Античката филозофија имала неколку карактеристични фази.
-космолошка епоха-прашања за светот
Антрополошка епоха-интересирањето за човекот (антропос) и за неговите проблеми
-епохата на Платон и Аристотел
- хеленистичкиот период - кога филозофијата и науките се рашириле низ целиот тогаш
познат свет.
-На крајот, со настапувањето на христијанството и со започнувањето на Средниот век,
дошол крајот на античката филозофија со нејзините последни претставници

Првите филозофи

-Први филозофи биле Талес и неговите ученици, наречени Милетска школа, како и
Питагора и неговите следбеници.

Филозофијата започнала како научна разгледба во трговскиот културен центар Милет во


Мала Азија. Таму живееле Талес и неговите ученици Анаксимандар и Анаксимен.
-изворното за сè во природата го нарекле АРХЕ - од зборовите кои значат "потекло",
"далечно минато", "Извор". Со тоа го создале првиот оригинален европски филозофски
поим. Архе значи праоснова,праелемент,прасупстанца

Талес е родоначалник на филозофијата и е еден од седумте мудреци .


-Открил како да се плови по морето следејќи ги ѕвездите и Сонцето; предвидел
помрачување на Сонцето- потекнува од него поделбата на годината на 365 дена.
Во Египет успеал да ја пресмета висината на пирамидите според должината на нивните
сенки.
Зад менливоста на нештата тој се обидел со размислување да го најде трајното. Согледал
дека такво нешто има во нивната основа - архе, кое е без почеток и без крај. За него
водата е прапочеток од којшто настанува сè. Тоа е она што го има во секое нешто во
природата и тоа преостанува и кога сè ќе исчезне. Вода има во сè, во воздухот, во
облаците, во живите организми. Таа проникнува сè, може и да испарува и да замрзнува и
пак да се врати во основната форма. Ништо што е живо не може без водата, таа е живот и
без неа ништо не може да живее, таа е животворна супстанција. Водата не само што дава
живот туку е жива супстанца, има душа.

-Хилозоизам:материјата дава живот

Анексимандар- Тој е од Милет и бил ученик на Талес. Тој е автор на првата филолофска
книга, со наслов "За природата"Тој се истакнал како физичар, географ и државник.
Конструирал и вовел сончев часовник. Ја изработил првата географска карта, како и некој
вид небесен глобус, а намислил и повеќе инструменти за градежништвото.
Тој вовел филозофски поим - апејрон, со значење "неограничено, бесконечно", "она што
нема би почеток ни крај”
Основа за настанувањето и за пропагањето на појавите во природата е спротивностите
што ги содржи праосновата - како што се топло и студено, суво и важно

Од спомените спротивности настануваат :


Оган:топло и суво
Воздух : топло и влажно
Вода : студено и влажно
Земја:Студено и суво

АНАКСИМЕН-ПРИРОДОНАУЧНИК КОЈ РАЗМИСЛУВАЛ


- Анаксимен бил третиот претставник на Милетската школа и ученик на Анаксимандар.
Овој природонаучник се трудел емпириски да ги изведува своите сознанија за природата.
За Анаксимен основата на животот е воздухот. Светот е обвиткан со воздух И земјата за
него е голем диск којшто врз себе има големо количество воздух.
Од него почнала еволуцијата на човекот односно дека е од риба
Според Анаксимен, постоењето тече непрекинато, во вид на верига, без престан
настануваат и исчезнуваат многу светови. Тоа е резултат на безграничноста на воздухот.
Во однос на нештата тој ги разликува според реткоста и густината.
Со расрерчувањето настанува оган а со згуснувањето ветерот,па облак,вода,земја …
Разретчувањето на воздухот Анаксимен го споредува со загревањето, а згуснувањето за
него значи ладење на воздухот.

ПИТАГОРА – МАТЕМАТИЧАР и ФИЛОЗОФ

Питагора е од островот Самос, во близина на Милет. Бил ученик на Анексимандар и


индиректно на Талес. Тој ја открил мат теорема која по него е е наречена Питагорова
теорема. Го напишал и уставот на градот(Кротон,Италија). Го Основал религиозно,
морално братство со цел да се усовршуваат знаењата, верата и моралот како најдлабоки
вредности за човекот. Питагора прв за себе кажал дека е филозоф. така создавајќи го овој
термин. Кога му рекле дека е зналец (софос), тој одговорил дека не е тоа, туку пријател и
љубител на мудроста (философос). Питагора подучувал усно и не запишувал .
Питагора е автор на античката етичка поема Златни стихови а е напишана од неговите
ученици

Една анегдота објаснува што подразбирал Питагора под филозофија. Еден крал го прашал
со што се занимава, а тој одговорил дека е Филозоф. Кралот побарал да го објасни тој
збор. Питагора одговорил со споредба: На Олимписките игри едни доаѓаат да се здобијат
со слава (натпреварувачи), други да се здобијат со богатство (трговци), а трети за да
гледаат. На натпреварувачите им се најважни почестите, на трговците богатството, а на
гледачите им е најважна вистината. Токму со тоа се занимаваат филозофите: со вистината.
- следбениците на Питагора се нарекувале питагорејци, а своите учења питагорејски.
Питагорејците не го барале архе во менливите нешта бидејќи настануваат и исчезнуваат.
Тие архе го барале ВП нешто што може да биде трајно, вечно и и затоа за архе го сметаат
бројот Питагора сметал дека све може да се запише со број и се во природата е бо
совршен сооднос. Питагореците на броевите им даваат мистични својства и
карактеристики.. Се може да се запише со број Идеален број за нив е бројот 10 преку
1,2,3,4 а 2+3 е бракот.
Бројот е суштина на сè што постои. "Сите нешта што можат да се сознаат имаат број, без
него ништо не може да замислиме и сознаеме"
- секое својство може да се мери, изброи, споредува. Броевите можат да се видат во сите
нешта, тие се принцип и причина на сè. Броевите се вечни, неменливи, трајни,
неуништиви; како такви тие се основа на сè што постои
-Суштината на природата е бројот !
Питагорејците учеле дека душата ce сели (метапсихе). Душата на човекот е бесмртна и
приминува од еден облик во друг и затоа е важно во животот кои го живееме душата да
ни биде хармонизирана за да може душата да ни биде вечна да се претвори во
посовршена форма а не во животинска . Тој вели дека има два начина да се живее.
Едното е само да се седи и набјудува а другото да се дејствува да се даваат мислења.

- Хераклит е филозоф на движењата и промената. Роден е во Ефес во Мала Азија.Целиот


живот пишувал само една книга "За природата".Зборувал збиено, афористички и со
метафори. Имал прекар Темниот заради начинот на изразување и заради тешкотиите да
се разбере. Бил меланхолик – ронел солзи . Ја критикувал хеленската традиција, верувања
и обичаи, а особено демократијата. Дури рекол: "Еден за мене е како десет илјади, само
ако е најдобар".
- тој станал популарен со своите идеи. Насекаде се користи изреката Панта реи -Сè тече,
која зборува за минливоста на светот (таа го изразува духот на Хераклит, но не се наоѓа во
зачуваните фрагменти). Во центарот на своите идеи Хераклит го стави движењето. За него
општа суштина е менувањето, кое се случува законито. Сè што постои има зачеток и крај
настанува, постои и исчезнува-сонцето секој ден е ново. Исто така, во животот сè
постојано се менува, движењето се случува без престане. Тој кажува: "Војната е татко на
сите и цар на сите".
-За Херкалит Архе е огнот. Тоа е битие и основа на промените.
Тоа е основа на световите и причина за нивното исчезнување. Само огнот (како битие) е
неугаслив. Вели дека "Смртта на земјата е настанување на вода, смртта на водата е
настанување на воздух, од воздухот оган и обратно". Светското движење е кружно: оган -
воздух - вода - земја и обратно: земја - вода - воздух оган.
Во природата нема хаос туку хармонија. Сеопштата космичка законитост, според
Хераклит, е логосот (ум, разум, закон, дух, смисла). Сè настанува според логосот, тој
управува со сè. Само со познавањето на општиот логос може да се живее во хармонија со
природата, со тоа може да ја сфатиме хармонијата на светот како целина. Луѓето грешат
ако не се поведуваат според логосот.
Хармонијата претставува едногласност на сета природа во нејзината целост, различност и
сеопфатност.
Херклит рекол дека Сетилата не се сигурен извор на знаењето и вистината. Со разумом се
открива вистината за нешта та и за светот: "Разумно да се мисли е најголема доблест, а
мудрост е да се говори вистината и да се постапува според строежот на нештата,
наслушнувајќи го". Здобивајќи се со знаење и следејќи го разумот, облагородувајќи си ја
душата, човекот ќе биде мудар.

Елејска школа
-Во јужна Италија во градот Елеја е создадена школа чии мислители имале став дека
битието е неподвижно и неменливо и секогаш останува исто. Тоа е во форма на топка и е
совршено.
Битието е божество, но не е личност, туку целина, истовидна со целата вселена.
Небитието (то ме он)/празнина не може да се замисли, затоа тоа не постои. Постои само
битието (то он). Битието ниту настанува ниту исчезнува и е неменливо и секогаш е исто.
Значи, битието не настанува, не се менува и не пропаѓа, секогаш е исто, идентично на
себе.
Само битието може да се мисли, бидејќи едно исто е да се мисли тоа што суштествува и
неговото суштествување. Не е можно да се мисли она што го нема. Кога се мисли, се
мисли нешто; а тоа е самото битие.
- Представник на оваа школа е Парменид

Парменид
-Тој бил од Елеја. Негови ученици се Зенон и Мелис.
Бил под влијание на питагорејството и се противставил на Хераклитовото учење за
вечното движење и за промената. Парменид разликува два вида познание едното е
сетилното, коешто нè и в заблуди, а второто е разумското, коешто ни ја покажува
вистината. Со сетилата ние забележуваме настанување, множественост, менување и
исчезнување, движење и пропаѓање. Тоа за Парменид не е вистинската реалност.
Сетилата не можат да ја дофатат вистината; само разумот може да ја мисли вистината.
Битието е единствената вистина. Парменид е против сетилното искуство како привид и
заблуда.
Еден шегобиец шетал пред Парменид кога овој раскажувал дека нема движење. Сите се
насмеале, па и самиот Парменид, кој истакнувал дека движењето е лошо сфаќање, кое
зависи од сетилата, а туѓо му е на разумот. Зенон дал необични докази дека неговиот
учител е во право.
-Зенон е ученик на Парменид. Тој си поставил задача да ги одбрани противниците на
неговиот учител. Зенон развил метод со ко докажувал дека се точни ставовите на
Парменид. Тој тоа го нарекувал апории. Преку неговите апории (безизлез) докажувал
дека поимот движење е, невозможен. Така, ако стрелата се движи кон целта, таа мора да
прејде половина од патот, па половина од половината, па половина од таа половина итн.,
па бидејќи секогаш ќе има колку и да е мали половини од половините ќе произлегува
дека стрелата никогаш нема да стаса на целта (Дихотомијата -поделба на два дела)
Според апоријата Ахил и желката, брзоногиот херој никогаш не би можел да ја претрча
бавната желка ако нејзе й се даде малечка предност, растојанието меѓу нив никогаш не
би било еднакво на нула (а ние гледаме како тој брзо ја претекнува)
Нашите сетила ни наметнуваат впечатоци кои логички не се оправдани. Со ова се
покажува привидноста на движењето. Во доказот Стадион има три групи тркачи - две
трчаат во различни насоки, а една стои. За оние кои стојат, двете групи се движат со иста
брзина, а за оние што трчаат - тие меѓусебно се оддалечуваат со двојна брзина. Брзината
е иста, а истовремено е и двојна, што значи дека движењето е релативно.
Ученик на Зенон е Левкип кој прв зборувал за атомите.

Демокрит
-Тој бил од Абдера.
Го викале Мудриот. Со прекарот се кажува дека тој и Аристотел биле најучени во таа
епоха.Зрачел со позитивна енергија и ведрина па го викале насмеаниот.
Тој е претставник на атомистичкото учење. Неговите сограѓани го сметале за луд бидејќи
имал големо наследство кое го продал и почнал да патува низ светот и да собира
сознанија . Го повикале и докторот Хипократ но тој кажал дека Демокрит од сите нив бил
најнормален всушност . Демокрит го напишал делото систем на светот кај што докажал
дека не ги потрошил залудно парите и патувал и собирал знаење. Тој се сложувал со
учењето на егејската школа дека битието е статично(неподвижно) но се сложувал дека не
постои ….. . Небитие(неон) е празниот простор во кои се движат атомите .
Сметал дека се што постои( битието) е материјално и е изградено од атомите кои се
ситни неделиви честички.кои не се деливи и се непроменливи. ( Ова се нарекува
Атомизам) . Бидејќи атомите можат да се поврзуваат на разни начини, постојат безброј
светови. Тоа значи дека врските на атомите се привремени, а светот е менлив. Со светот
не владее некое божество или провидение, тука во него сè се случува според законите,
нужно, само по себе. Се настанува од спојување на атомите.

Ефтимија е филозофско учење што кажува дека рој се ослободил од сите негови човечки
мисли и страсти. Главниот метод за постигнување евтимија е (умереноста) мерата.
Духовната вина може да биде резултат само на умереноста во барањата и во насладите.
Ваквото однесување ги смирува лошите страсти во душата, како што се завидливоста,
стремежот кон слава и непријателството

Најпознат следбеник на Демокрит е Епикур . Тој ја прифатил основата на атомистичката


теорија во природата има само атоми, празен простор и вечно движење. За разлика од
Демокрит, кој тврди дека атомите се движат праволиниски, по определени патеки, и дека
секое случување е нужно, Епикур вовел концепција за случајност. Во општа смисла сè е
нужно, но има можност за отклон, за деклинација на атомите. Отстапувајќи од правата
qпатека, атомите почнуваат да се судираат - И натаму сè тече како кај Демокрит. Со вакво
дополнување. Епикур ја објаснил и можноста за слобода на личноста, која се изразува со
стичкото избирање.

You might also like