You are on page 1of 2

РАЃАЊЕТО НА ФИЛОЗОФИЈАТА

1. Првите филозофски мисли


 Првите филозофски идеи се појавиле во мугрите на цивилизацијата. Човекот најпрвин за
светот зборувал митолошки, објаснувајќи ги нештата со натприродни сили. Потоа митовите
ги заменил со рационално објаснување.
 Во Индија филозофијата започнала со толкувањата дадени во религиозните текстови
наречени веди и упанишади.
 Во Персија Заратустра објаснил дека во светот се борат две сили – доброто и злото.
 Во Кина од дамнина филозофијата била замена за религијата. Тао е основен кинески
попим за смислата на живеењето, за редот во вселената.

2. Старохеленската митологија и трагедија


 Важни основи за античката грчка филозофија се митологијата, епот и трагичката уметност.

3. Седумте мудреци
 Првите филозофски размисли во античка Грција ги создале седумте мудреци:
Солон, Хилон, Питак, Перијандар, Бијас, Клеобул и Талес
 Солон – антички поет и трговец, државник
 „Нека те води умот!“
 „Ништо премногу!“
 „Пред да почнеш да заповедаш, треба да научиш да слушаш!“
 Хилон од Спарта
 „Спознај се себеси!“
 Јазикот нека не ти трча пред мислата!“
 Не посакувај го она што е неможно!“
 Питак
 „Препознај го вистинскиот миг!“
 „Не прави го она за што го прекоруваш ближниот!“
 „Дружи се со достојните!“
 Перијандар од Коринт
 „Грижи се за сите!“
 „Задоволствата се смртни, а добродетелите бесмртни.“
 „Демократијата е подобра од тиранијата.“
 Бијас од Приена
 „Зборувај тогаш кога треба!“
 Бавно пристапи и на работата, но кога ќе почнеш продолжи силно!“
 Клеобул од Линд
 „Најдобра е мерата.“
 „Не прави ништо насила.“
 „Откажи се од омразата.“
 Талес
 „Необразованоста е тежок товар.“
 „Не верувај им на сите:“
 „Не одложувај да им угодиш на родителите.“

АНТИКАТА – ТЕМЕЛ И СТОЛБ НА СВЕТСКАТА КУЛТУРА И ЦИВИЛИЗАЦИЈА


1. Латинскиот поим „антика„ укажува на две важни човечки идеи – старост и вредност.
2. Античката филозофија имала неколку карактеристични фази:
 Космолошки период – филозофската мисла била сконцентрирана главно врз прашањата на
светот и космосот.
 Антрополошки период – интересот се насочува кон човекот и неговите проблеми.
 Период на големите филозофски системи – епоха на најголемите мислители Платон и
Аристотел, кои први создале развиени филозофски системи.
 Хеленистички период – кога Александар Македонски ја создал големата империја, тогаш
филозофијата и науката се рашириле низ целиот тогашен свет.
3. Со настанувањето на христијанството и со почетокот на средниот век доаѓа крајот на античката
филозофија со нејзините последни претставници. Античката филозофија се развивала илјада
години.

You might also like