You are on page 1of 1

ДИСЦИПЛИНИ НА ФИЛОЗОФИЈАТА

1. Онтологија е наука за битието. Во неа се истражува што е она што постои, како тоа
настанало, какво е битието (материјално или духовно), што лежи во основата на сите
појави итн.
2. Гносеологија е наука за сознанието, за неговата суштина, за неговите извори и
развиток, за можностите и границите на сознанието, за формите на сознанието. Во
гносеологијата има две основни прашања:
 Дали може да се спознае сцетот?
 Како се спознава светот и кои се изворите на познанието?
3. Логика е наука за логичките форми, за втемелувањето и аргументирањето на ставовите.
4. Антропологија е наука за човекот. Таа испитува што е човекот, кои се смислата и
формите на неговото постоење, како живее и што прави.
5. Аксиологија е наука за вредностите.
6. Социјална филозофија е наука за смислата, формите и за општите законитости на
општеството и општественото живеење на човекот.
7. Етика е наука за моралот и за вредноста на живеењето. Таа е најразвиена практична
филозофска дисциплина.
8. Економика е наука за произведувањето и за рационалното користење на ресурсите и
на заработеното.
9. Политика е наука за организирањето на заедницата и нејзиното успешно водење.
10. Естетика е наука за творештвото и убавото.
11. Педагогика е наука за образованието.
12. Историја на филозофијата е приказ на развитокот на филозофските идеи онака како
што се јавувале.
13. Методика на наставата по филозофија е специјална филозофско – педагошка
дисциплина за начините како филозофијата се пренесува кај младите.

You might also like