You are on page 1of 4

СОФИСТИ

Во 5 век п.н.е. во време владеењето на Перикле, Атена станува расадник на Хеленската


култура. Тоа е времето на Фидија, Мирон, Софокле, Еврипид, Аристофан, време на
робовладетелска демократија – најдоброто уредување во Антиката. Победоносните војни над
Персија ја воздигнале хеленската гордост над останатиот варварски свет. Слободниот граѓанин
имал право да учествува во јавниот живот, но да се биде избран, да се здобие со углед, моќ,
слава, богатство потребно е да се покажат способности, знаење, владеење со збор, поседување
стручна и општа култура. Особено се ценела реториката, која ја сметале за Божји дар (не како
уметност заради уметност туку како вештина за освојување на душите). Потребата од знаење,
образование и убаво говорење ја задоволиле софистите. Тие се теоретски претставници на
антрополошкиот период. За разлика од дотогашните философи чиј предмет на интересирање
беше макрокосмосот, софистите се интересирааат за микрокосмосот, човекот, моралот,
сознанието, политиката, религијата, правото, државата, водени од максимата забележана на
Делфискиот храм – Спознај се себеси!

Тие се носители на образованието и просветеноста на народот. Тие се првите учители,


патувачки учители кои први отворале училишта и први го наплатувале знаењето. Своите ученици
ги учеле правилно да зборуваат, мислат, дејствуваат. Со софистите, философијата престанала да
биде привилегија на поединци. Таа излегува на плоштадот и е сопственост на сите.

Изразот софист, потекнува од грчкиот збор софос - мудрец. Но погрдната смисла зборот ја
добива од Аристофановитекомедии, како и од Платоновите и аристотеловите списи. За Хелените
срамен чин е да се продава сопственото знаење. Мудроста и убавината ги сметале за големи
вредности во животот, но доколку мудроста се изнесе на пазар и се нуди за продажба , таа
станува блудница како и убавината која се продава за пари. За Сократ оние кои подучуваат за пари
се продавачи на сопствената слобода. Според Аристотел , софистиката е привидна а не вистинска
мудрост, а софистот е човек кој зема пари за привидна а не за вистинска мудрост.Тоа е
разбирливо ако се земе предвид поттикнувањето еристика , отфрлањето на постоечките норми,
земањето пари, јазичките подметнувања со кои се служеле младите софисти со цел да го збунат,
исмеат и да го доведат во незгодна положба собеседникот. Пример за софизам – „Софистот-Она
коешто не си го изгубил го имаш. Соговорникот – Да! Софистот - Рогови си изгубил? Соговорникот
– Не! Следствено рогови имаш – заклучува софистот“.

Основните карактеристики на нивнотоучење се

- Субјективизам и релативизам (вистината, доброто и убавото се релативни и зависат од


околностите)
- Антидогматизам (го развиле критичкиот и истражувачкиот дух)
- Критика на религијата
Протагора

Роден е во Абдера, 481 г.п.н.е. Најзначаен претставник на старата софистика.


Големо влијание врз неговото учење имала Хераклитовата гносеологија. Бил познат
реторичар. Празник бил денот кога тој зборувал. Со него се означува почетокот
антрополошкиот период. Тој е првиот кој го свртел вниманието кон човекот како достоен
предмет на философското истражување. Бил патувачки учител. ПОдучувал во Хелада ,
Сицилија, Јужна Италија. Една анегдота говори за високите хонорари кои ги примал за
духовното образование кое го нудел. Негов ученик, незадоволен од високата цена го
повикал на суд бидејќи сметал дека не го добил соодветното образование за тие пари.
Протагора му одговорил, Однеси ме на суд.. Доколку ја изгубиш парницата ќе мора да ми
платиш. Но и ако ја добиеш парницата повторно ќе ми платиш бидејќи ќе си противречиш
кога велиш дека не си добил соодветно образование и практична способност. Друг ученик
бил сиромашен и не можел да си го плати образованието. Протагора се согласил да го
подучува под услов парите од првиот добиен спор да му ги даде нему. ПО завршената
школа, ученикот одолговлекувал и не започнувал ниту еден процес. Затоа Протагора
одлучил да го тужи . Неговите аргументи се следниве – Ако го изгубиш процесот ќе треба
да ми платиш зашто си изгубил и законски јас сум во право, ако го добиеш процесот
повторно ќе мора да ми платиш бидејќи тоа ќе биде првиот процес кој си го добил. Но,
ученикот бил очигледно добар и талентиран ученик , па според неговата аргументација, Не
треба да му плаќа на Протагора бидејќи ако го добие спорот , значи дека е во право и не
треба ништо да му плаќа, но и ако го изгуби спорот повторно не треба да му плаќа, бидејќи
првиот спор го изгубил , а според договорот треба да му плати за првиот добиен спор.
Напишал повеќе дела – За вистината, За боговите, За почетоците на човековото
општество, За државата.

Теорија на познание

Протагорината гносеологија е сензуалистичка. Сетилата се извор на човековото познание.


Вистината за стварноста не се разликува од нашето мислење за неа. Вели – Како што
нешто изгледа, такво и е.
Мислата која поттикнала мноштво полемики , спротивставени гледишта е
забележана во делото За вистината – Човекот е мера на сите ствари, постоечките да се,
непостоечките да не се.Според некои фрагментот упатува на човековиот род, според
други оваа изрека парафразирано би звучела вака – Она што ти се чини вистинито за тебе
тоа е твоја вистина, а она што на мене ми се чини вистинито, тоа е вистина за мене.Ваквото
толкување се поткрепува со примерот наведен во Платоновиот спис Теетет, според кој
Вода во сад за некој е студена за друг топла.Во Хераклитовски дух ттврди дек аво светот
владее вечна промена. Притоа се менува и објектот и субјектот на познание. Во таквиот
тек на сеопшта промена, реалноста неможе да се познае апсолутно. Нема апсолутна
вистина за с# и за сите. Сѐ е релативно. Протагора не ја негира реалноста, но смета дека
не постои апсолутен критериум за вистината, што би бил важечки за сите луѓе..
Во Атина бил обвинет за безбожништво и богохулење бидејќи ја изложил тезата по
која За боговите и нивната природа не можам да знам ниту дека се ниту дека не се.
Прашањето е тешко , а човековиот живот е краток.Сметајќи го својот живот за помил ја
напуштил Атена, но како иронија на судбината се удавил во море при бегство кон
Сицилија.

Горгија

Роден е во Леонтин (483 – 375), Сицилија. Неговите сограѓани му довериле политичка


мисија па заминал за Атенада моли помош против Сиракуза. Со својот говор ги
воодушевил Атињните, се здобил со слава, углед бројни ученици, луѓе кои му плаќале за
да ги упати во тајните на својата вештина. Сепак, Платон за неговото доаѓање во Атена, ќе
рече –„ Надојде суша и се пресуши“. Многумина го имитирале неговото беседење
означено како “горијање”. Се чувствувал достоен да ја постави својата златна статуа како
заветен подарок на Аполон во Делфи.
Според Горгија непостои идентитет помеѓу мислењето и битието. Таквото мислење
е противречно и полно со спротивности.
Основните тези на неговото учење кои објавуваат теоретски нихилизам се –
- Ништо не постои
- Ако нешто постои не може да се сознае
- Дури и ако нешто може да се сознае, не може да се искаже и на друг да се пренесе.

Според него нашето знаење е релативно , а прашањата за битието треба да се остават како
недокажливи. Целта на философијата е да се постигне успех како вешт беседник, стекнување
слава углед, положба и моќ во државата.Ја изложува својата критика на моралот навестувајќи
ги идеите на Ниче. Според него с# е борба. Моралот претставува низа обичаи со кои слабите
единки се бранат од посилните, а впрочем, со тоа слабите сакаат да ги потчинат силните.
Моралот е средство со кое масата се бори против оние кои се натпросечни.

Сепак, повеќето софисти биле убедени во предностите нан систематското хуманистичко


образование и воспитување на децата. Нивното застапување на индивидуалната слобода ,
инсистирањето врз апсолутното право на слободно изразување, цврстата увереност во
човечката суштинска рамноправност, од софистите прават први големи и доследни хуманисти
во историјата.

Можеме да заклучиме , цитирајќи го проф. Ферид Мухиќ, дека софистите биле први кои во
историјата на трговијата , побарале пари за квалитетна стока – за мудроста. Наспроти
продавачите на глупоста, тие сметале дека на луѓето , за нивни пари треба да им се понуди
она најдоброто – знаењето на доблеста и духовната слобода.

You might also like