You are on page 1of 4

Аристотел

Според Хегел, Платон и Аристотел мора да се прогласат за учители на човековиот род. Збор е за
исклучителни умови со универзални знаења Професорот Ферид Мухиќ забележува – ретко кога во
историјата се случило да се најдат најголемиот учител и најголемиот ученик во исто време, на исто
место. Па, сепак ученикот поаѓа по сопствен философски пат искажувајќи „Драг ми е Платон, но
подрага ми е вистината“. А, Платон на тоа попатно одговара „Аристотел е како ждребе кое ја
клоца својата мајка која што го отхранила“. Нивната средба се случила кога Аристотел имал
седумнаесет, а Платон шеесет години и траела се до смртта на Платон, што е сведоштво на
нивната голема љубов, блискост и почит. На часовите на кои не присуствувал Аристотел, Платон
велел „го нема умот слушателите се неми“.

Аристотел потекнува од Стагира 384г. пред Христа во семејство на врвни лекари. Неговиот
татко бил личен лекар на кралот Аминта, татко на Филип Втори, дедо на Александар Велики. КОга
се родил Александар, кралот Филип кој го повикува Аристотел на дворот да го подучува неговиот
син. „КОлку ме радува што ми се роди синот, толку ме радува што се роди во време во кое токму
ти Аристотеле , можеш да го воспитуваш“. Професорот Ферид Мухиќ вели „Кралот Александар бил
воспитаник на идеите на овој некрунисан крал на философијата и неговата владетелска и воена
мисија бездруго е реализацијана клучната Аристотелова идеја низ светот да се шири хеленската
култура“. По завршувањето на воспитната мисија, кога Александар тргал во својувачки поход на
исток, Аристотел во Атена ја оснива својата школа Ликеј, перипатетичка школа( школа во која
предавањата се одржувале во градината шетајќи се).

Во својата полемичката фаза со Платона Аристотел ја изложува својата критика кон


учењето за идеите. Вели Јас гледам коњ, но не и коњство.

Онтологија

Својата метафизика ја изградил во односот меѓу материјата и формата. Се што постои


претставува единство на материја и форма. Материјата е хиле, граѓа , материјал од кој се
составени сите нешта. Таа е вечна и неуништива. Без материја не би можело да постои битие.
Само т.н. прва материја е без форма таа е пасивна, т.е. неподвижна, не може самата да се
оформува, но таа е потенција на себе да прими било каква форма. Бидејќи е пасивна таа чека
формата да ја конкретизира. Формата е енергија, таа е активна, творечки принцип. Формата која е
активна делува на материјата која е пасивна и ја обликува. Тогаш станува стварност, т.е.
поединечна материја, ствар. Неа ја нарекува втора материја. Таа е материја на некоја друга
форма, тоа значи дека односот на материјата и формата е релативен, она што во еден случај е
материја, во друг случај е форма. Глината е материја, низ дејството на формата, чинот на
оформување, станува тула која претсавува материја за друга форма, односно куќа.Делувањето на
формата врз материјата се нарекува движење. Тоа секогаш има своја цел која се нарекува
ентелехија. Движењето започнува со првата материја, а завршува со чистата форма. ЦЕлта на
движењето е да се изгуби што повеќе материјаи да се добие што повеќе форма. Целта е т.н. чиста
форма. Чистата форма е нешто нематеријално. Таа е форма без материја, таа е неподвижна но го
дава првиот импулс на движењето. Затоа чистата форма се сфаќа како неподвижен двигател, прва
причина на се што постои, таа е мисла која се мисли себеси.. Тоа е Аристотеловиот Бог.

Логика

Аристотел се смета за творец на логиката. Тој ја нарекува аналитика. Таа за него е органон,
т.е. орудие , средство со кое философијата и другите науки доаѓаат до сигурни знаења. Секој оној
што сака да се занимава со наука мора првин да ги познава законите на оравилното мислење. Ги
формулирал трите закони на мислењето – законот за идентитет (Она што е вистинито мора да
биде еднакво со самото себе), законот за непротивречност (Неможно е на една ствар да и се
припишува и одрекув својство истовремено), и законот за исклучен трет (Една ствар или е
вистинита или лажна, трето нема)

Делото Категории е едно од најмногу коментираните во историјата на философијата.


Според Аристотел постојат десет категории, или најопшти поими. Тие се супстанција (на пример
човек) , квантитет, (долго 1 метар) квалитет (сино), однос, релација (половина), место (во градот),
време (вечерва), положба (лежи), поседување (алат), дејство (сече), трпење (го
носат).Супстанцијата е субјект (носител) на својствата, а другите категории се нејзини предикати,
се нарекуваат акциденции.

Во делото Аналитика го изложува формалното заклучување познато како силогизам, во


кое правилниот заклучок следува според логичката нужност

А–М

М–Б

А–Б

Ако М му припаѓа на А, и Б му припаѓа на М, тогаш Б му припаѓа на А.

Вистината, според Аристотел, значи совпаѓање на мислите и нештата, оваа негова теорија на
висината е позната како теорија на кореспонденција (соодветност).

Етика
Најголемо добро за човекот е среќата. Сите луѓе настојуваат да ја остварат среќата, но малкумина
знаат во што се состои таа. Според него, среќата треба да се бара во согласувањето на душата со
нејзините добродетели. За да биде човекот среќен треба да живее според можностите. „Биди она
што си!“За да не згреши човекот во проценкат ана своите добродетели, треба во се да ја бара
средната мера. Таа се наоѓа помеѓу две крајности, премногу и премалку. „НИшто премногу, ништо
премалку“. Помеѓу расипништвото и скржавоста , се наоѓа домаќинлукот.

Психологија

Се` што живее има душа. Аристотел разликува:

- вегетативна душа (јадро на животот – исхрана, растење, размножување)

- страста е стремеж да се освои нешто (агресивност, пркос, смелост). Ја има само кај
животните и човекот.

- разумската душа. Неа ја има само човекот. Оваа душа го насочува човекот што да прави,
а што да неправи. Таа овозможува разумско однесување што подразбира умереност.

Политика
Според Аристотел човекот е морално битие кое може да се оствари само во заедница со
други луѓе. Учел дека човекот е zoon politikon општествено суштество.
Разликува добри илоши облици на владеење. Добри се монархија (владее еден според
наследство), аристократија( владеат најдобрите) и политеја (кога власта која владее со добро се
добива според мнозинството гласови), а лоши се тиранија ( кога владее еден кој насила ја стекнал
власта), олигархија (кога владее група богати луѓе кои се грижат само за себе) и охлократија (кога
владее џганот, мнозинството лоши луѓе, кои прават само зло.

Колкумина владеат Владеат Владеат

со добро со лошо

еден монархија тиранија

неколкумина аристократија олигархија

мнозина политеја охлократија


ПОЕТИКА

Во естетиката, Аристотел ја застапува миметичката теорија според која уметноста е


подражавање на стварноста онаква каква што треба да биде. Уметноста е довршување на
природата.

Врвна уметничка творба е трагедијата. Во делото Поетика, Аристотел ја претставува


суштината на поетиката.

You might also like