You are on page 1of 2

ДЕМОКРИТ (460-370 г. п.н.е.

За оснивач на античкиот атомизам се смета Левкип, но за него нема доволно податоци


ниту дела. Затоа за најголем претставник на атомизмот се зема Демокрит. Наречен е насмеаниот.
Според некои, поради ведриот, оптимистичен дух, според други, поради тоа што им се потсмевал
на своите сограѓани кои се подавале на минливите задоволства. Сметајќи дека нешто не е во ред
со него, тие го повикале прочуениот доктор Хипократ, да го прегледа Демокрита. По прегледот тој
изјавил – Единствениот здрав меѓу нив е токму Демокрит.

Поседувал голем имот. Го искористил за научни патувања во Египет, Индија, Персија,


Етиопија. Го потрошил сиот имот создавајќи го списот “Големиот светски поредок”.

Бил со енциклопедиско знаење и универзален ум.

Онтологија

Спротивно на Елејците, Демокрит го признава стварното постоење и на битието и на


небитието. Битието се атомите, небитието е празниот простор. Битието е материјално, мноштвено,
составено од безброј делчиња – атоми (а-томос, не-делливи) Тие се мали, невидливи, вечни,
материјални, понатаму неделливи честици од кои сѐ настанува. Сѐ што постои е збир и
комбинација на атомите. Атомите се квантитативно определени. Имаат квантитет (ред, положба и
облик) но не и квалитет (боја , вкус, мирис). Затоа Демокрит е претставник на квантитативниот
атомизам.

Но, постоењето на атомите не е доволно за да се објасни настанувањето на нештата. Услов


за создавање на нештата е атомите да се соединат, а тоа е можно ако атомите се движат, а за тоа
е потребен празен простор. Затоа Демокрит го признава постоењето на празниот простор кој е
небитие но реално постои. Во него атомите се движат и притоа се судираат. Од таа механичка игра
настануваат сите нешта. Атомите се движат праволиниски, нужно и законитито, нема случајности.
Затоа Демокрит е претставник на детерминизмот.

Постојат бесконечен број на атоми во бесконечен празен простор. Световите настануваат,


траат и нестануваат при процес на разделување на атомите. Душата е составена од огнени,
префинети атоми. Со умирањето на телото умира и душата. Смртта не е ништо друго освен
разединување на атомите.

Гносеологија

Во теоријата на познанието Демокрит учи дека предметите кои се состав од атоми


испуштаат снопови од невидливи сликички (eidoli) . Тие доаѓаат до сетилата па потоа во разумот.

Разликува два вида на познание


- Темно (сетилно познание) со кое се познава надворешното, минливото.
- Светло (разумско) со кое се познава внатршното, суштинското, неменливото, вечното.

Етика

Демокрит разликува сетилно и духовно задоволство. Сетилното е краткотрајно, привидно,


лажно. Вистинското задоволство се наоѓа во духовната среќа. Најголемото Добро за човекот е
духовниот мир и спокојство.

You might also like