You are on page 1of 2

Песниве ќе ги кажувате без наслови, а дали ќе го кажувате потписот под писмата, ќе се

договориме.

Редослед

Благојче Николоски
Ќе расцутат трагите од мојата крв

Како кринот под бакнежот на Април,

Макаршто во нив сите мисли се сакати,

И макаршто ти на ова да се смееш.

1. К. Рацин (потписот е со крв)


_____________________________________________
Дамјан Петрески
...Откинувам од срцето атом на Болката, и ти го подарувам Тебе, за да го престориш во
Сладост...
Тоа е мојот одговор на сите мои бдеења и копнежи по тебе –
коишто ти ги награди – со молк...
Па сепак знај: мојата душа секогаш ќе го крие во себе твојот лик... секогаш...

Потпишан е како „Бесмртна Љубов“.


Леонид Мицкоски
Утринска химна

... И не!...
Не умира оваа љубов ко сонцето на запад,
и светлите ѕвезди наутро.
Не умира ко погледот по твоето око,
ни како крик, во глувата доба на ноќта.
Таа живее!... за инат и настроти се.
И знај: ќе се надживее и самата себе со сјај.
Го запишав твоето име врз плаштот на Литературата;
О, види: трага од бесмртност, нели?
Ѓорѓи Чурлиноски
Распаќе

Го зeмам твоето име како мое, а за тоа ти подарувам бесмртност,


кондензиран воздив по тебе, Антологија на болката... и мое портре ако побараш...
Капка крв од моето телo и душа – ја имаш веќе,,,
Моето идно име – ме врзува засекогаш со тебе...
... Прости ми или проколнувај – сеедно.
А јас сѐ љубам, сѐ проштевам, и сѐ заборавам...
Едно само жалам: што не ја чув Смислата преку звукот на твоите зборови...
или барем нивната трага со мастило...
... А сега – збогум...
Збогум ти Минато мило! Збогум ти срце од камен!... Збогум.... За секогаш...

You might also like