You are on page 1of 10

Електротехника

I година
Електромагнетна индукција

 Создавањето на електрично поле со помош на магнетно поле се нарекува


електромагнетна индукција.
 Постојат два вида на електромагнетна индукција: динамичка и статичка.
 Статичка електромагнетна индукција е кога електричното поле се создава
без движење на проводникот во магнетното поле.
 Динамичка електромагнетна индукција е кога електричното поле се
создава при движење на проводникот во магнетното поле.
 Во двата случаи на електромагнетна индукција, основна причина за
индуцирање на емс е промената на магнетниот флукс ∆Ф, опфатен со
контура со плоштина S.
Фарадеев закон на електромагнетна
индукција
 После долгогодишно експериментално истражување, 1831 година Фарадеј го открил Законот
за електромагнетна индукција.
 Во група експерименти се користени две кола (контури):
 (1) примарно коло (контура) со генератор, променлив отпорник и прекинувач
 (2) секундарно коло со амперметар
 Ако се менува струјата во контурата (1) со променливиот отпорник или ако се прекинува или
воспоставува со прекинувачот, а контурите (1) и (2) се неподвижни, во контурата (2) се
јавува индуцирана електромоторна сила (ЕМС) и амперметарот регистрира течење на струја.
 Ако струјата во контурата (1) е константна, а се движи контурата (2) во однос на контурата
(1), или обратно, во контурата (2) се јавува индуцирана ЕМС и амперметарот регистрира
течење на струја.
 Ако првата контура се замени со постојан магнет и ако контурата (2) се движи во однос на
магнетот и обратно, во контурата (2) се јавува индуцирана ЕМС и амперметарот регистрира
течење на струја.
  
Фарадеј дошол до заклучок дека причината за индуциранат ЕМС во сите
случаи е резултат на промената на магнетниот флукс низ разгледуваната
проводна контура, а интензитетот на индуцираната ЕМС е пропорционален
на брзината на промената на флуксот.
 Фарадеевиот закон гласи: индуцираната емс во затворена контура е
пропорционална на брзината на промена на флуксот низ контурата.

 претставува брзина на промена на магнетниот флукс


 Според ова можеме да сметаме дека индуцираната електромотна сила во
една контура е еднаква на негативната брзина на менување на магнетниот
флукс.
 За одредување на насоката на индуцираната
електромотна сила, потребно е да се избери
една референтна насока на емс.
 Оваа насока се користи и за одредување на
алгебарскиот знак на магнетниот флукс.
Притоа се користи правилото на десна рака.
 Прстите ја покажуваат референтната насока.
 Ако векторот на магнетната нидукција е во
насока на испружениот палец, тогаш
флуксот се зема со позитивен знак.
 Ако пак, векторот на магнетната индукција е
во спротивна насока од испружениот палец,
тогаш флуксот се зема со негативен знак.
Дијаграм на кој е прикажана направата наречена Фарадеев железен
прстен. Промената на магнетниот тек на левата намотка создава
струја во десната намотка.
Фарадеевиот опит кој ја
прикажува индукцијата меѓу
намотки од жица: течната
батерија (десно) обезбедува
струја која претекува низ
помалата намотка (A), со
што се создава магнетно
поле. Кога намотките се
неподвижни, не се создава
струја. Но кога помалата
намотка се придвижува во и
надвор од поголемата
намотка (B), магнетниот тек
низ поголемата намотка се
менува, со што се создава
струја која може да се
определи со помош на
галванометар.
Ленцово правило

  
Ленцов закон е законитост пронајдена од германскиот физичар Хајнрих
Ленц во 1834 година. Ја определува насоката на електромоторната
сила (ЕМС) и електричната струја кои се резултат од електромагнетн
индукција, односно дава физичка интерпретација на знакот минус во
равенката која го прикажува Фарадеевиот закон за индукција: .
 Според ленцовото правило, електричната струја што се создава под
дејство на индуцираната електроморна сила создава магнетно поле кое се
стреми да го одржи непроменет флуксот кој е опфатен со контурата.
Односно полето кое е создадено од струјата се стреми да ја поништи
причината за нејзино создавање.

You might also like