You are on page 1of 4

Тема:Елементи во коло за назименична електрична струја

Наставна единица:Омски отпорник во коло со наизменична струја


Кога низ некој проводник тече еднонасочна струја тогаш таа ке се распореди низ
целиот негов пресек, притоа секој проводник поседува извесна отпорност и таа се
викаше омска отпорност. Ако низ истиот проводник се пушти наизменична струја
ке дојде до нерамномерна распределба на струјата по напречниот пресек односно
таа ке тече по површинскиот дел на проводникот со што неговиот активен пресек
се смалува па се зголемува неговата отпорност, ваквата отпорност се вика
активна отпорност.Треба да се напомене дека за индустриска фреквенција од 50
Hz скоро е занемарлива разликата помегу омската и активната отпорност , но не
и за поголеми фреквенции.

На сликата е прикажано електрично коло составено


од отпорник R приклучен на наизменичен извор со наименичен напон со моментна
вредност u(t)=Umsinwt V и во моментот на вклучувањето ке протече наизменична
струја со моментна вредност i(t)=Imsinwt A.
Притоа и овде важи Омовиот закон : i(t)=u(t) / R или кога ке замениме следува:

i(t)=Umsinwt / R

ако Um/R =Im (Омов закон преку максимални вредности)

а секако i(t)=Imsinwt тогаш и тука е докажан Омовиот закон.

Ако формулата со црвено ја помножиме и од лево и од десно со 0,707 ке добиеме:

0,707*Um/R=Im*0,707

U/R=I (Омов закон преку ефективни вредности)


За омски отпорник во коло со наизменична струја важи:

Нивните фази се еднакви(струјата и напонот се во фаза), односно струјата (со


амперметар) и напонот (со волтметар) доколку ги мериме во исто време се
појавуваат вредностите во исто така исто време, или на сликата во исто време ги
достигнуваат нивните карактеристични точки а тоа се максималната вредност и
нулата.

Значи фазната разлика φ=0° бидејки φ=Ψ-Θ=0° од тоа што Ψ=Θ.

Напоменувам дека почетните фази на струјата и напонот може да ја имаат било


која вредност, примерот е со 0°

Задача1: Отпорник со отпорност R=25Ω е приклучен на извор со наизменичен


напон со моментна вредност u(t)=500sin314t V. Да се определи
максималната,моментната и ефективната вредност на струјата во отпорникот.

Решение:

Im=Um/R

Im=500/25=20 A (максималната);

Почетната фаза на напонот е Θ=0° од u(t)=500sin314t

i(t)=20sinwt A (моментната);

I=0,707*Im

I=0,707*20

I=14,14 A (ефективната).
Задача2: Колку изнесува почетната фаза на напонот во електрично коло со омски
отпорник ако низ него тече струја со моментна вредност:i(t)=20sin(wt-55°) A.

Решение: бидејки Ψ=Θ, тогаш: Ψ=Θ=-55°

Наставна единица :Активна мокност


Мокноста на еднонасочната струја ја определувавме со формулата :

P=U*I

За мокноста на наизменична струја ке важи:P = u(t) * i(t)

Притоа потсетување за:i(t)=Imsinwt А, u(t)=Umsinwt V

Па ако ги помножеме сите моментни вредност за мокноста ке добиеме:

Се гледа дека
активната мокност
секогаш е
позитивна ,
односто текот на
енергијата е
секогаш од изворот
кон потрошувачите
во овој случај
отпорникот.

Таа понатака ке се пресметува исто како кај еднонасочна струја односно:

P=U*I (производ од ефективните вредности)


Задача1:На едно електрично решо со активна отпорност од 40Ω е приклучен
напон со моментна вредност u(t)=169sin314t V. Колку изнесува активната мокност?

Решение:

P=U*I

U=0,707*Um

U=0,707*169=120 V

I=U/R

I=120/40=3A или може Im=Um/R, Im=169/40=4,225A па I=0,707*Im=0,707*4,225=3A.

P=U*I

P=120*3=360 W(ват).

You might also like