You are on page 1of 8

Походот на Александар III

Македонски против Индија и


неговата смрт
Индиски поход
• Во 326 година, Александар заминал во поход на Индија. Во пролета
го минал Инд, а Роксана му родила машко дете кое наскоро умира.
Дури по смрта на Александар, Роксана или „ќерка на светлината“,
која „имала долги руси плетенки како млада пченица“, ќе го роди
синот Александар IV. Во летото истата година, на реката Хидасп,
Александар ја водел последната голема битка со Абисар кралот на
Кашмир и Пор кралот на Пенџаб. По големата величенствена
победа, кон своето царство ги присоединил и земјите од онаа
страна на Инд. Во чест на големата победа го основал градот
Никаи(Победа), а во негова близина го изградил и градот Букефала
во спомен на својот починат славен и верен коњ Букефал.
Индиски поход
• Александар имал намера да ја освои државата Ганг и да го открие
крајот на светот. Тргнал кон истоток, но по пристигнувањето на
бреговите на реката Хифас, војската која била психофизички
исцрпена, одбила да продолжи. Александар ја послушал
македонската војска, а на брегот на реката подигнал дванаесет
олтари на македонските богови и столб на кој пишувало: „Овде
застанал Александар“.
Враќањето на војската
• Враќањето на војската започнало со давање жртви на боговите.
На враќање, на брегот на Инд, основал нов град Александрија, кој
бил уште еден од 17 –те кој ќе го носсат неговото име. На брегот
на Индискиот Океан, Александар ја поделил војската на два дела.
Војската под негово водство се движела по тешкиот пустински
предел покрај брегот, додека другиот дел под водство на Неарх
пловел 80 дена со флотата.
Смртта на Александар III Македонски
• а 10 или 11 јуни 323 г. п.н.е, Александар починал во Вавилон. Тоа било само еден
месец пред да наполни 33 години. Постојат различни теориии за причините на
смртта. Некои сметаат дека Александар бил отруен од синот на Антипатер или од
некој друг. Друга теорија е дека починал после пијанствата претходните денови.
Други сметаат дека починал од маларија од која се има заразено во 336 г. п.н.е.

• Непосредно пред неговата смрт, неговите генерали го запрашале кој треба да го


наследи неговото царство. Бидејќи Александар немал очигледен и легитимен
наследник (неговиот син Александар IV ќе се роди после неговата смрт, а неговиот
претходен син е роден од страна на негова конкубина, не жена), тоа било прашање
од голема важност. Постојат повеќе дебати за тоа што им одговорил Александар на
своите генерали. Некои веруваат дека Александар рекол, „Кратисто“ (што значи
„на најсилниот“) или „Крат'ерои“ (на силниот).
Изработил:
• Maртин Стоиловски IIe3

You might also like