You are on page 1of 15

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј” – Скопје

Филозофски факултет

Институт за семејни студии

Семинарска работа по предмет: Историја на семејството 2


Тема: “Династија Романови (Распутин),,

Ментор: Изработи:
Проф.д-р Ирена Авировиќ Бундалевска Уран Рамадани (бр. Индекс 10985/21)

Скопје 2022г

0
Содржина

1. Апстракт ..........................................................................................................................2
2. Вовед.................................................................................................................................3
3. Главен дел........................................................................................................................4
4. Заклучок..........................................................................................................................13
5. Користена литература....................................................................................................14

1
Апстракт

Во ова мое кратко излагање преку семинарска работа, во кратки црти ќе се обидам да го
објаснам животот на семејството Романови, нивната историја и владеење се до неговото
целосно згаснување.

Клучни поими: Историја, живот, семејство, владеење, династија.

Abstract

In this short presentation of mine through a seminar paper, I will briefly try to explain the life of
the Romanov family, their history and rule until its complete extinction.

Key terms: History, life, family, rule, dynasty.

2
1.Вовед
Династијата Романови била втора династија која владеела со Русија, од 1613 до
ликвидацијата на царот Николај II на 15 март 1917, како резултат на Февруарската
револуција.
Романови се истакнале како болјари (термин што означува највисок аристократски ранг во
тогашно време најчесто земјопоседувачи и слично), на Големото Московско Кнежевство,
подоцна наречено Царство Русија. Во 1613, земскиот собор ја понудил руската круна
на Михаил Романов. Тој стапил на престолот како Михаил I, и станал првиот цар на
Русија од династиијата Романови. Неговиот внук Петар I од царството воспоставил
империја, и ја трансформирал земјата во континентална сила преку серија на војни и
реформи.

Слика 1. Семејно дрво на династија Романови.

3
2. Главен дел
2.1 Семејството - Династија Романови - опис во кратки црти
Николај II Александрович бил последниот император на Русија и кнез на Финска. Со
империјата раководил во периодот од 1894 до својата абдикција во 1917 година. Во
времето на неговото владеење, империјата доживеала пораз во руско-јапонската војна
како и многу загуби во Прва светска војна. Со преземање на власта од страна на
комунистите, Николај II и неговото семејство биле убиени.

Негови деца биле:


*Големата кнегиња Олга Николаевна била најстарата ќерка на Николај. Родена е на 16
ноември 1895 година.

*Големата кнегиња Татјана Николаевна е втората ќерка, родена на 11 јуни 1897 година.

*Големата кнегиња Марија Николаевна е третата ќерка на императорот, родена на 27 јуни


1899 во Петерхоф, Русија.

*Големата кнегиња Анастасија Николаевна родена на 18 јуни 1901 во Петерхоф. Се


претпоставува дека ја убиле болшевиците на 17 јули 1918 година заедно со целото нејзино
семејство. 

*Големиот кнез и царевиќ (титула за рускиот престолонаследник) Алексеј Николаевич бил


единственото машко дете на Николај. Роден е на 12 август 1904 во Петерхоф. Бил често
болен и со кревко здравје. Убиен е заедно со сите Романови на 17 јули 1918 година.

Слика 2. Николај Романов и неговото семејство.

4
Децата на рускиот цар биле одгледувани на наједноставен начин. Спиеле на тврди кревети
без перници, освен кога биле болни, наутро се капеле и миеле со ладна вода, од нив се
очекувало сами да ги чистат своите соби и плетеле џемпери, кои се продавале на
добротворни настани. Слугите, во дворот, титулата „ваше кралско височество“ не ја
користеле. Анастасија повремено се осудувала да ги премине границите на дозволеното
однесување. За време на Првата светска војна, Анастасија заедно со сестрата Марија ги
посетувале ранетите војници во приватната болница во Царское Село (резиденцијата на
царското семејство во близина Санкт Петербург). Тие двете биле премлади да бидат
болничарки, па настојувале со ранетите војници да играат шах или билијард. Царот
Николај II Романов абдицирал во февруари 1917, а неговото семејство за време на
Октомвриската револуција било ставено во куќен притвор во Александровскиот дворец во
Царско Село. Кога Белата армија дошла во близина на Екатеринбург, царското семејство
исчезнало. Ноќта кога е извршено убиството, Романови биле разбудени и им било речено
да се облечат. Кога Романови прашале зошто ги будат, им рекле дека треба да ги
преместат на посигурна локација, бидејќи Белата армија се приближувала кон
Екатеринбург. Кога се облекле заедно со неколкуте слуги кои останале биле одведени во
една мала визба во куќата и им било речено да почекаат. По неколку минути во собата
влегле џелатите предводени од Јуровски. Без двоумење Јуровски кратко ги информирал
царот и семејството дека ќе бидат убиени. Прв е убиен царот со куршум во главата.
Царицата и Олга пробале да се прекрстат, но биле убиени со првите куршуми кои биле
испукани, во главата. Остатокот од семејството биле убиени кратко после тоа.

Слика 3. Децата на Николај Романов - Олга, Татјана, Марија, Анастасија и Алексеј -


Романови.

5
2.2 Интересни факти за Династија Романови
По руската револуција во 1917 година, руското царско семејство било симнато од тронот и
оставено на милоста на болшевичките војници. До јули 1918 година целото семејство било
погубено.

Поминаа повеќе од 100 години од егзекуцијата на Романови. Сепак, светот и понатаму е


фасциниран од семејството, нивните животи како кралски членови и нивните брутални
убиства. Иако мистеријата за тоа што им се случило на Романови е решена, тие и
понатаму ги интригираат луѓето.

Со владеење од над 300 години во Русија, династијата Романови била турбулентна.

*Семејството ја формирало Руската Империја

По падот на династијата Рурик во Русија, во 16 век, аристократот Михаил Романов го


презел тронот и станал првиот цар Романов на Русија. Како што рускиот престол
поминувал низ рацете на семејството Романови, се формирала Руската Империја.

По Михаил Романов, неговиот внук, Петар Велики, во голема мера ја проширил


територијата на Русија и помогнал да стане една од доминантните сили во светот. Во 1721
година Петар Велики ја зел титулата император на Руската Империја

* Крунисувањето на Николај Втори довело до трагедијата Ходинска

Иако требало да биде радосен повод, крунисувањето на Николај Втори, последниот цар на
Русија, довело до трагедија. Всушност, неговото крунисување останало запаметено како
трагедијата Ходинска.

Николај Втори станал цар на 14 мај 1896 година, а прославите биле одржани на полето
Ходинска во Москва. Присуствувале многу луѓе, а сите очекувале да добијат бесплатна
храна и сувенири. Но, се проширил зборот дека нема да има доволно храна и бесплатни
подароци за сите присутни, па толпата излегла од контрола, при што во хаосот загинале
повеќе од илјада луѓе.

* Алексеј Романов ја имал „кралската болест“

Николај и неговата сопруга Александра имале само еден син. Алексеј бил најмладиот од
петте деца и единствен наследник на тронот. Сега се знае дека момчето боледувало од
болест наречена хемофилија, која го спречува нормалното згрутчување на крвта. Тоа
значи дека по каква било повреда има прекумерно крвавење. Поради ова, Алексеј главно
лежел во неговиот кревет.

Хемофилијата е наследна болест и ја имале многу роднини на кралицата Викторија,


бабата на Александра. Поради ова, болеста понекогаш се нарекува и „кралска болест“.
6
Слика 4. Алексеј Романов - тесна поврзаност со Распутин и распад на династијата.

* Биле далечни роднини со британското кралско семејство

Иако Русија и Британија се километри оддалечени, двете кралски семејства имале далечни
роднински врски. Англиската кралица Елизабета Втора е внука на Џорџ V, кој бил внук на
кралицата Викторија. Мајката на Џорџ V и мајката на Николај Втори, Александра од
Данска и Марија Фјодоровна од Русија, биле сестри. Така, кралот Џорџ V и Николај II
биле први братучеди. Интересно е тоа што двајцата кралски членови имале неверојатна
сличност.

* Биле погребани во необележани гробови

По нивното погубување, семејството било фрлено во рудник. Но, сакајќи целосно да ја


уништат секоја трага од нивните останки, војниците ги закопале во масовна необележана
гробница, полевајќи ги со киселина. Биле откриени 70 години подоцна, во 1991 година.
Бидејќи биле пронајдени само посмртните останки на Николај, Александра и трите ќерки,
долго време се верувало дека Алексеј и една од сестрите можеби избегале. Сепак, овие
останки биле пронајдени во втор гроб во близина, во 2007 година.

* Пред нивното погубување, семејството било во домашен притвор

Егзекуцијата на семејството Романови многумина ја паметат како особено брутален


настан во руската историја. Сепак, тие не биле директно однесени на нивната егзекуција.

На почеток, семејството било протерано во Сибир, каде што живеело во домашен притвор.
Потоа биле преместени во Екатеринбург, каде што биле чувани во трговска куќа позната

7
како куќата Ипатиев. Ова ќе стане место на нивното погубување неколку месеци подоцна,
во јули 1918 година.

* Александра му била посветена на Распутин

Иако не бил дел од семејството, Распутин е познат и исто толку озлогласен како дел од
кралското семејство. Мистериозен исцелител од едно сибирско село, Григори Распутин,
успеал да се зближи со семејството преку Александра, која на многу начини му била
посветена. Се смета дека таа верувала дека Распутин може да го излекува Алексеј.

Пред да биде убиено семејството, Распутин бил убиен во Санкт Петербург во палатата
Јусупов, во 1916 година. Историчарите генерално прифаќаат дека зад неговото убиство
стојат аристократи и други на кои не им се допаѓало неговото влијание врз кралското
семејство.

Слика 5. Распутин - Григориј Распутин

2.3 Григориј Распутин - историја и поврзаност со распадот на Романови

8
Григориј Јефимович Распутин бил руски мистик. Претставувајќи се како психички и
чудотворец, тој успеал да се наметне како човек од доверба на последниот руски цар
Николај II и неговата сопруга царицата Александра. Имал големо влијание на последните
денови на руската династија Романови и значајна улога во животот на царот Николај II и
неговата сопруга Александра и нивниот син Алексеј, кој боледувал од наследна
хемофилија од кралицата Викторија. Неговите противници го нарекувале „луд монах“
иако тој никогаш не се замонашил. Некои го сметале дека е психички и духовен
исцелител. Тој бил убиен од група благородници за да го „спасат“ угледот на монархијата.
Тој може да се смета и за една од најконтроверзните личности на 20 век.

До Новата 1917 година останале уште две недели според стариот календар, но атентатот
на Григориј Распутин го означил почетокот на хаосот во Русија, кој траел неколку години
и однел неколку милиони животи. Поуката од тоа убиство и денес е многу важна за
Русија.

Распутин, бил убиен во Санкт Петербург ноќта помеѓу 16 и 17 декември според стариот
календар – и бил убиен од роднините на императорот, незадоволни од неговата блискост
со кралското семејство и неговото „деструктивно влијание“ на Николај II.

Неколку години, во високото општество кружеле гласини дека Распутин е секташ,


изопачен, измамник, поткупувач, а по почетокот на војната против Германците –
„поддржувач на посебен мир со Кајзерот.

Од Сибир направиле сива еминенција која назначува и менува министри, управува со


земјата преку царицата која „манипулира со слабиот сопруг“. Сè на сè, „светиот ѓавол“,
кој морал итно да се отстрани за да се спасат Татковината и монархијата.

На прв поглед, чудна група била вклучена во спасувањето на татковината – покрај


големиот војвода Дмитриј Павлович и принцот Феликс Јусупов, кој бил во брак со
братучедата на царот, во убиството учествувале и пратеникот на Државната дума и
екстремно десничарски монархист Владимир Пурискевич и како што се покажало подоцна
и англискиот офицер Оскар Рејнер.

Се на се: содомија, масонерија, странски тајни служби и наивен руски патриот-пратеник


заслепен од „либералната пропаганда“.

Зошто пропаганда? Бидејќи Распутин не го решавал прашањето за назначувањето, ниту


прашањето за војна и мир – да, тие се обиделе да ја искористат неговата блискост со
царицата за свои интереси, но тоа го правеле и разни измамници кои биле претставници
на разни групи од „високи општеството“. Самиот Распутин не бил љубител на моќта.
Затоа тие многу се плашеле од повлекувањето на Русија од војната во сојузничкиот
Лондон – до тој степен што верувале во грди приказни за „предавство на суд“ што ги
ширеле непријателите на царицата, вклучително и англофилот.

9
Империјалното семејство (во поширока, монархистичка смисла) и повисоката
аристократија долго време не ја сакало царицата Александра Фјодоровна – а по почетокот
на војната – „германската принцеза“ почна да се сомневале дека е наклонета кон
предавство.

Распутин, во меѓувреме, станал контроверзна личност која води скандалозен личен живот
со жените од високото општество во Петроград. Уште повеќе, често бил гледан како
заминува со проститутки, се опива и не се враќа дома до рано наутро. Наводно и се
однесувал некултурно на јавни места. Поради сето тоа петроградската елита не го
прифатила многу великодушно.

Имал конфликт и со Руската православна црква поради неговото верување дека врската со
Бога се создава преку гревот, бидејќи според него гревот е незаменлив елемент на
човековото однесување и дека преку признавањето на гревот од страна на верникот и
прифаќањето на понижувањето од други, ја стекнал Божјата милост.

На почетокот на војната, Распутин предвидел дека руската војска ќе биде успешна само
ако самиот цар ја преземе командата на армијата, што резултирало со лоши последици за
Русија поради слабо подготвениот цар Николај. Додека императорот бил на фронтот,
влијанието на Распутин врз царицата Александра растело. Наскоро станал личен советник
на царицата и пополнил позиции со неговите кандидати. Поради влијанието на Распутин,
а исто така и поради Првата светска војна, руската економија почнала нагло да опаѓа. Се
разбира, царицата Александра била обвинета заедно со  Распутин, затоа што се знаело за
неговото влијание врз неа.

Влијанието на Распутин го искористиле политичарите и новинарите чија цел била да го


ослабат интегритетот на династијата Романови, да го принудат царот да се откаже од
апсолутната власт и да ја оддели Руската православна црква од државата.

Тоа било апсолутно неосновано, но поголемиот дел од општеството верувало во тие


приказни. Затоа, во очите на делата на високата класа, убијците на Распутин биле
„спасителите на Русија“ од предавничката царица. А во реалноста, сè било сосема
спротивно – тие се насочиле кон Распутин да ја „убијат“ царицата, а ја убиле Русија.

Во рок од два и пол месеци, истите англофили, масонски сили во елитата го принудиле
Николај Втори да абдицира – и уште тогаш станало јасно дека тие се елементи на истиот
заговор. Згора на тоа, наивните будали како патриотот Пуришкевич или либералниот
Миљуков не можеле ни да ја сочуваат монархијата – братот на царот Михаил не ја
прифатил круната, па највисоката власт останала без основа.

Новата влада немала легитимитет – Думата што ја формирала владата била избрана пред
почетокот на војната, а паралелно биле формирани и Советите (во кои биле вклучени и
некои од партиите кои имале свои претставници во владата).

10
Армијата, која го загубила својот врховен командант царот, брзо се распаднала, а
Германија на секој начин ги поддржувала радикалните противници на владата, која била
најверниот сојузник на Англија и Франција.

Земјата веќе почнала да се распаѓа до есента, немајќи сили да издржи ниту до изборите за
Уставотворно собрание закажани за крајот на годината. Болшевиците ја презеле власта и
го потпишале истиот посебен мир за кој бил убиен Григориј Распутин.

Во убиството на Распутин, поточно во неговите мотиви, сите причини за руската


револуција се рефлектирале како во капка вода. Не објективните, кои, се разбира,
постоеле, но кои, доколку историјата оди поинаку, можеби немало да имаат влијание, туку
субјективните, кои затоа не се помалку важни.

Затоа атентатот на Распутин има толку големо симболично значење и го означува


вистинскиот почеток на руската револуција. Пред сè, Распутин ја симболизира блискоста
на императорот со луѓето – на штета на елитата. Така што добро познатиот принцип на
руската монархија – царот ги штити интересите на народот, ја ограничува елитата и се
судрил со неа – во овој случај се манифестирал целосно.

Не сите, туку дел од елитата – главно прозападна, која се откажала од православието –


кренала рака против императорот. Прво со убиство на „човекот Божји“, човек од народот
до царот, а потоа со соборување на самиот цар.

Убиството на Распутин всушност е одраз на конфликтот меѓу народот и владетелите, од


една страна, и елитата лишена од националната свест, од друга страна. Второ,
патриотските монархисти како Пуришкевич, кои во суштина биле жртви на тогашната
„либерална пропаганда“, одиграле огромна улога во демонизацијата на Распутин.

Императорот бил де факто соборен од монархистите, поточно – вешто доведени да ја


ликвидираат монархијата: прво Пуришкевич, кој го застрелал Распутин, а два и пол
месеци подоцна, Шулгин, кој добил чин на абдикација од Николај II.

Всушност, оние кои го убиле Григориј Распутин се во голема мера виновни за


ликвидацијата на кралското семејство. Во исто време, монархисти-националисти-
патриоти, како и целиот руски народ, биле меѓу оние кои најмногу загубиле по дефакто
ликвидацијата на монархијата во пролетта 1917 година.

Дури и Граѓанската војна се водела меѓу републиканците („белите“) и советите


(„црвените“) – во таа „елита“ немало повеќе поддржувачи на монархијата.

Зошто? Бидејќи неколку години, личноста на монархот и неговото семејство биле


демонизирани – преку истиот Распутин, кој лично не бил виновен за тоа. Голем удел во
тоа имале -монархистите.

11
Григориј Распутин, 47-годишен сибирски селанец и „Божји човек“, бил убиен во Санкт
Петербург ноќта меѓу 16 и 17 декември 1916 година, според стариот календар.

Ноќта на 30 декември 1916 година, според новиот календар, Григориј Распутин решил да
го убие принцот Феликс Јусупов, братучед на царицата, и група заговорници. Најпрвин се
обиделе да го отрујат со вино и колачи, но отровот не делувал. Тогаш принцот Јусупов го
застрелал од непосредна близина, па Распутин паднал на подот, навидум мртов.

По неколку минути станал, го удрил принцот Јусупов и се обидел да избега. Други


заговорници го фатиле, го претепале, испукале уште куршуми кон него и го фрлиле во
студената река Нева. Кога било пронајдено телото на Распутин, неговите бели дробови не
биле наполнети со вода, што покажало дека тој е мртов пред да биде фрлен во реката, т.е.
дека не се удавил.

Наводно со убиството на Распутин целеле да ја „убијат“ царицата, но ја убиле Русија.


Атентатот на Распутин бил атентат врз Руската империја. За два и пол месеци, истите сили
во елитата го принудиле Николај Втори да абдицира – и уште тогаш веќе било јасно дека
тоа се елементи на истиот заговор, пишува Петар Акопов. Распутин – сибирски селанец и
„Божји човек“ – ја симболизирал близината на царот со луѓето – на штета на елитата. Не е
важно што царот всушност разговарал со Григориј само неколку пати – владејачката елита
смислила „распуштеност“, верувала во тоа и ја мразела царицата со нејзиниот
„православен мистицизам“ поради тоа (така ја нарекувале верата на Александра
Фјодоровна спиритизам).

Всушност, оние кои го убиле Григориј Распутин се во голема мера виновни за


ликвидацијата на кралското семејство. Дури и Граѓанската војна се водела меѓу
републиканците („белите“) и советите („црвените“) – во таа „елита“ немало повеќе
поддржувачи на монархијата. Убиството на Распутин е лекција за тоа колку често во
историјата на Русија не се забележани туѓи игри и грабежи на други земји. Зашто, во
критичен момент во 1916 година, пукањето на странски разузнавач ја насочила историјата
на земјата во катастрофален правец.

Слика 6. Григориј Распутин - познат како лудиот монах

12
3. Заклучок

Семејството Романови т.е Династија Романови, е доста добар пример и слика за историски
поглед на аристократските семејства, нивниот начин на доаѓање, дека не дошле на власт
туку така, туку биле големи земјопоседници и како најбројни и имотно најмоќни стигнале
до тој степен каде што биле, од императори, кралеви, цареви и слично па се до нивно
убиство и целосно истребување, т.е доаѓање на нова власт, нова ера, нови сфаќања на
работите и нов систем на функционирање.
Времето отсекогаш било мерна единица за промени и пример за укажување дека сите
работи кои се створени имаат почеток и крај, и оваа нова надоаѓачка моментално наречена
новост ќе стане нова нормалност и така последователно, и дека во животот може да се
сретнеме со најразлични ситуаци и разни чудаци кои се присутни во светот во одредена
единица време, биле и поминале, или .. се па ќе поминат и ќе бидат минато.

13
Користена литература

1. Radzinsky (2000), стр. 129-130


2. Mager, Hugo. "Elizabeth: Grand Duchess of Russia," Carroll and Graf Publishers, Inc., 1998
3. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 277-278
4. Гоогле.цом/имагес/романови

14

You might also like