You are on page 1of 10

Петар Велики

 Петар Велики бил разочаран од заостанувањето на неговата земја,


и затоа, пред да го заземе престолот патувал низ Европа, работејќи
разни работи и занимања за да стекне искуство, со што б можел да
ја осовремени Московија. Кога се вратил во Москва, Петар
најпрвин се справил со побуните против него во земјата.
„Стрелците“ како воена формација биле распуштени, а многу од
нив биле мачени, биле закопувани живи и испраќани во Сибир.
Самиот Петар учествувал во мачењето на неговата полусестра
Софија Алексеевна, која била затворена доживотно во манастир.
Петровата посета на западна Европа го уверила дека многу
европски обичаи биле понапредни од традиционалните руски.
Затоа, тој им заповедал на своите чиновници да ги избричат
брадите за да изгледаат според најновата европска мода. Освен ова,
тој ги забранил договорените бракови со варварски обичаи; сите
дворјани морале да приредуваат забави според европски обичаи;
жените од високите сталежи морале да одат на собири, со што била
отстранета традиционалната изолираност на жените која што
постоела до тогаш.
Петар I извршил реформи и во војската, според западните стандрди,
земјоделството и индустријата. Црквата, исто така претрпела
промени. Патријархот на руската црква бил заменет со синод, кој
бил под директна контрола на царот. Во 1699, Петар го напуштил
традиционалниот руски календар, во кој годината започнувала на 1
септември и го прифатил јулијанскиот календар, каде годината
започнува на 1 јануари.

Од доаѓањето на власт, па сѐ до неговата смрт, Петар без прекин


водел војни, од кои зависела целата негова политика. Тој војувал
против Османлиското царство во 1695, 1696 и 1711 година. Во 1696,
тој го освоил пристанишниот град Азов и на Русија ѝ обезбедил
излез на Црното Море, за подоцна во 1711 година да го изгуби во
мировни преговори со Османлиското царство. Тој војувал и
против Персија, со што освоил и територии на западниот и јужниот
брег на Каспиското Езеро. Тие територии, Русија ги загубила многу
бргу по неговата смрт. Меѓутоа, најважна од сите војни кои ги водел,
била онаа против Шведска, која траела 21 година (1700-1721).
Петар Велики ги смирува своите пљачкосувачки трупи по
заземањето на Нарва во 1704 од Николај Зауервајд, 1859.
Катерина II
Речиси педесет години поминале, до појавувањето на амбициозен и
безмилосен владетел на рускиот престол. Катерина II била германска
принцеза која се омажила со рускиот престолонаследник Петар III. Кога
се открило дека тој бил неспособен, таа издала дозвола за негово убиство.
Тогаш било најавено дека тој починал од „аполексија“.

Катерина II постигнала голем успех, војувајќи во Руско-турските војни во


периодот од 1768 до 1774 година, при што Русија за прв пат се проширила
до Црното Море, заземајќи ги
градовите Одеса, Николаев и Екатеринослав (денес Днепропетровск). По
договорот од 1774 година, Русија добила право да ги заштитува
интересите на христијаните во Османлиската империја, а Кримското
ханство добило независност од султанот. Во војната за баварското
наследство, таа била посредник помеѓу Прусија и Австрија. Во 1763
година, Катерина го поставила Станислав Понјатовски на престолот на
Полско-литванската унија. Таа учествувала во трите поделби
на Полска (1772, 1793 и 1795), по кои добила големи територии
од Литванија, Белорусија и Украина. Од 1788 до 1790 година, Катерина
завојувала против Шведска.
Споменик на Катерина II во Санкт
Петерсбург
До нејзината смрт во 1796 година, Катерина својата
земја ја претворила во една од најсилните и
најголемите во Европа и во светот. Територијалните
проширувања продолжиле во времето на нејзините
наследници Александар I, кој ја зазел Финска од
ослабената Шведска во 1809 година и Бесарабија од
Османлиската империја во 1812 година.
Во 1812н година, францускиот император Наполеон
I започнал поход, во кој имал за цел да ја освои Русија. Овој
негов погход завршил со катастрофални последици,
најмногу поради тоа што руската армија постојано го
избегнувала директниот удар на француската војска.
Наполеон се обидел да ја зазеде Москва и да го убеди рускиот
цар Александар I да преговара. По наредба на рускиот
командант, Михаил Кутузов, градот бил испразнет, па
Французите немало со кого да преговараат. Поради страшно
студената зима, илјадници француски војници умреле од
студ. Со герилски начин на војување, Русите ги принудиле
Французите да се повлечат, а по најавеното повлекување,
руските војски започнале да го прогонуваат остатокот од
француската војска и надвор од границите на Русија, дури
до Париз. По сојузничката победа над Наполеон, рускиот
цар Александар бил прогласен за Ослободител на Европа.
По Виенскиот конгрес во 1815 година, голем дел од
територијата на Варшавското војводство бил
припоен кон Руската империја.

Иако Руската империја одиграла водечка политичка


улога во текот на 19 век, која и овозможила голема
победа над Наполеон Бонапарт, задржувањето на
феудалните односи во земјата го оневозможил
економскиот напредок. Додека економскиот развој
во Западна Европа бил во подем, во времето на
т.н. Индустриска револуција, Русија се повеќе
заостанувала зад остатокот од Европа, што
предизвикало создавање на сè поголеми проблеми во
нејзиното општествено уредување.
Повлекувањето на Наполеон од Москва

You might also like