Professional Documents
Culture Documents
КИЕВСКА РУСИЈА
Киевска Русија, е поим, кој бил воведен во употреба од современи
историчари за означување на периодот на древноруската држава во
Источна Европа од крајот на 9 век, како резултат на преместување на
престолнината од Ладога во Киев и обединувањето на власта на кнезовите
од династијата Руриковичи на двата главни центри на источните Словени
и Русите — Новгород и Киев. Киевска Русија е една од најголемите
држави, која постоела во Средновековието. Како основач на оваа држава
се смета кнезот Владимир I Велики. Периодот на владеење на Владимир I
Велики (980-1015.) и Јарослав I Мудриот (1019-1054) го претставува
периодот на Златното владеење на Киевска Русија.
Главен град--Киев
Јазици=Староисточнословенски јазик
Вероисповед=Словенски паганизам
Православие
Уредување=Монархија
Владимир I Велики
Создавање на Киевска Русија
Племенското име Рос за прв пат го споменува
историчарот Јорданес во VI век. Тие во почетокот ја
признавале врховната власт на Остроготите. „Во готскиот
јазик називот Росоман значи човек од племето Рос“.
Племенското име Рос за прв пат го споменува
историчарот Јорданес во VI век. Тие во почетокот ја
признавале врховната власт на Остроготите. Кнез
Териториите на племето Рос се наоѓала блиску до Олег
територијата на Остроготите. Во еден анонимен сириски
извор се вели дека племето Рос живеело северно од
Сирија. Тие не живееле војнички живот и не јавале на
коњи.
Од 1019 до 1054 година киевски кнез бил Јарослав I Владимирович, познат како Јарослав Мудриот. Тој бил син на големиот киевски кнез
Владимир, кој ги покрстил Русите во 988 година, а негов брат бил Мстислав Владимирович Велики (умрел во 1036 год.), кнез
тмуторокањски и черниговски. Јарослав бил наречен Стари за да се разликува од другите кнезови кои живееле подоцна (на пример,
Јарослав Всеволодович Черниговски). Јарослав Мудриот бил оженет со византиската кнегиња Ана, синот Свјатополк го оженил со
ќерката на полскиот крал Болеслав, ќерката Ана ја омажил со францускиот крал Анри I, другата ќерка Елисавета со норвешкиот крал
Харалд,[1] сестрата Марија ја омажил за полскиот кнез, а синот Всеволод го оженил со ќерката на византискиот император Константин
IX Мономах. Јарослав бил погребан во киевската црква Св. Софија, во мраморен саркофаг.
Во неговото време продолжило издигањето на Киевска Русија која станала една од најнапредните држави во Европа. Тој водел борба
против одредени феудалци кои сакале да се осамостојат. Таков бил случај со неговиот брат Свјатополк. Тој исто така се плашел од
барањето на Новгород за автономија. Тој постигнал договор со собранието на Новгород со кој тој ја осигурал приврзаноста кон
централната власт. Но сепак, со посебна повелба ја гарантирал автономијата на Новгород. „Кнезовите на Новгород при стапувањето на
должноста морале да му се заколнат на повелбата на кнезот Јарослав“[3]. Потоа влегол во конфликт со својот внук Брајчаслав. По
неуспешниот обид да го порази со оружје тој направил спогодба со него во која тој ја признал врховната власт на Киев но ја сочувал
внатрешната самоуправа. Јарослав ја зајакнал позицијата на Руската црква. Во 1037 година, по повод победата над Печенезите, Јарослав
Мудриот ја подигнал катедралната црква Св. Софија. Исто така, бил основан и манастир наречен „Киевската лавра“ кој станал културно
жариште. Во 1051 година, кнезот Јарослав, без да побара дозвола од цариградскиот патријарх, за митрополит го поставил рускиот
свештеник Иларион. Тоа било прв обид за осамостојување на руската црква од врховната власт на Цариградската Патријаршија. Со
јакнењето на христијанството се зајакнувал и културниот живот на Киевска Русија. Биле преведувани книги донесени Македонија и
Бугарија. Биле преведувани книги од грчки на старословенски јазик. Се создала руска црковна книжевност. Се развило и пишување на
летописни записи во Киев и Новгород. Се појавиле првите житија како: биографија на убиените Свјатополкови браќа, Борис и Гилеб. Во
1036 година излегол првиот дел од списанието „Руска правда“.
Руска култура
Руската култура е поврзана со земјата Стариот руски фолклор се заснова на корени
Русија, како и со етничките Руси кои живеат од паганските верувања на старите Словени,
низ целиот свет. Руската култура има многу кој пак денеска најчесто е застапен во
богата историја и истата може да се пофали руските бајки. Руските епоси заземаат важен
со долгата традиција од аспект на дел од словенската митологија. Најважните
уметноста, литературата, филозофијата, и најстарите епови од времето на Киевска
класичната музика,балет,архитектурата, Русија всушност се створени во денешниот
сликарството, киното, и анимацијата. Сите северозападен руски федерален округ.
овие правци во текот на историјата имале
значително големо влијание во светската
култура.