You are on page 1of 8

Охридска архиепископија

Изработено од Филип Филипов


Теории за настанокот на Охридската архиепископија

Поновата теорија за постанокот на Охридската архиепископија тврди


дека таа е идентична со поранешната Архиепископија на Јустинијана Прима која
била основана од Јустинијан I во 535 година, во неговото родно место.
Во XIII век се појавила една сосема нова теорија за името и за правната
положба на Охридската архиепископија според која Архиепископијата е исто што
и некогашната Архиепископија на Јустинијана Прима, па затоа и привилегиите
издадени од цар Јустинијан во 11 и 131 новела на Архиепископијата на
Јустинијана Прима важат и за Охридската архиепископија. 
Се наоѓа и еден податок во кој се зборува за новата теорија, во која се
вели дека по освојувањето на Охридското царство во 1018 година царот Василиј II
Oхридската архиепископија ја утврдил како автокефална, бидејќи од уредбите,
т.е. од 11 и 131 новела на цар Јустинијан I, дознал дека Охридската
архиепископија е исто што и Архиепископијата на Јустинијана Прима. Иако
поновата теорија била измислена да се прикаже високото византиско потекло на
Охридската архиепископија сепак нејзините архиепископи никако не сакале да се
подложат под јурисдикција на вселенскиот патријарх во Цариград, туку жестоко
ја бранеле автокефалноста на Архиепископијата
Охридската архиепископија во
XIII и во XIV век
• По обновувањето на Бугарското Царство во 1185 година,
од Охридската ерхиепископија се издвоиле епископиите
во Бугарија и се формирала Трновската патријаршија.
Кнежеството на Добромир Хрс од 1185 до 1202 година, а
од 1207 до 1214 година и кнежеството на Стрез имaле
поддршка од Охридската архиепископија. Во 1218
година од Архиепископијата се издвоила Рашката
епископија и се формирала Српската архиепископија. На
ваквата одлука остро реагирал охридскиот архиепископ
Димитрија Хоматијан кој на српскиот архиепископ св.
Сава му испратил протестно писмо.
Охридската архиепископија во XIII и во XIV
век
• Од 1230 до 1280 година, Охридската архиепископија изгубила
дел од својата територија, но подоцна повторно ја вратила, а со
паѓањето на Охрид под српска власт во XIV век, ја зачувала
својата автокефалност, но дел од епископиите во Северна
Македонија влегле во составот на Српската архиепископија.
Охридските архиепископи кои биле потврдувани од
византискиот цар, имале висок углед меѓу балканските народи.
Архиепископот Димитрија Хоматијан во 1224 година во Солун
го крунисал епирскиот деспот Теодор Ангел за цар, а во 1346
година архиепископот Никола учествувал на прогласувањето
на српскиот архиепископ за патријарх и на крунисувањето на
Душан за цар.
ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА ВО ВРЕМЕТО
НА ОСМАНЛИСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ
Со паѓањето на градот Охрид и на Македонија под Османлиска
власт кон крајот на XIV век, за разлика од Трновската и од Пеќската
патријаршија кои биле укинати, Охридската архиеписекопија
продолжила да постои. Таа одиграла голема улога во зачувувањето на
христијанството и била духовен чувар а македонскиот народ.
Манастирите и црквите биле жаришта на македонската писменост и
култура. Во средниот век и за време на османлиското средновековие
се издвоила и се негувала македонската варијанта на
црковнословенскиот јазик од кој подоцна се развил македонскиот
народен говор.
ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА ВО ВРЕМЕТО
НА ОСМАНЛИСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ
Бидејќи охридскиот архиепископ бил потврден од византискиот
цар, Охридската архиепископија во XV век не само што
продолжила да постои, туку со дозвола на османлиските власти
ги проширила границите на својот диоцез. Кон неа биле
приклучени Софиската и Видинската епархија. Од средината на
XV век во нејзин состав се наоѓале Влашко (до почетокот на
XVI век) и Молдавија (до крајот на XVI век). До обновувањето
на Пеќската патријаршија во 1557 година, во рамките на
Охридската архиепископија влегувале и делови на српската
црква, а во текот на XVI век под нејзина привремена црковна
власт се наоѓале и делови од италијанските православни
епархии (Калабрија, Апулија, Сицилија, Малта и др.).
УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

По големите територијални придобивки на Балканот


османлиските власти почнале да го менуваат односот кон
Охридската црква. Во XV век соборната црква во Охрид Св.
Софија Османлиите ја претвориле во џамија.
Архиепископското седиште било преместено во Климентовиот
манастир Св. Пантелејмон, каде што се наоѓал гробот на св.
Климент, но по нејзиното претворање во џамија (имарет
џамија!) седиштето на Архиепископијата било преместено во
црквата Св. Богородица Перивлепта – Св. Климент. Слична
судбина ги снашла и многу други цркви низ цела Македонија.
УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

Во XVII век охридските архиепископи, се повеќе биле изложени на напади и на


притисоци од Цариградската патријаршија. Членовите на Синодот на епархиите,
во согласност со традицијата и народните првенци, го вршеле изборот на
архиепископот. Тоа влијаело архиепископот да биде во потесна врска со
народот. Во XV и во XVII век архиепископите често патувале во европските земји
за да бараат поддршка за борба против османлиското господство.
Цариградската патријаршија настојувала да ја има под целосна контрола
Охридската архиепископија. Кога Цариградскиот патријарх поставил свои
доверливи луѓе во Костурската, Струмичката и во други македонски епархии,
односите се заостриле. На охридскиот престол бил поставен прогрчки
архиепископ. По неговото протерување, на архиепископскиот престол дошол
пелагонискиот митрополит Арсениј. Цариградскиот патријарх со разни интриги
и подмитувања на Османлиските власти го засилил притисокот за укинување на
Охридската архиепископија. На 16 Jануари 1767 година, за време на неговиот
престој во Цариград, Арсениј бил принуден да потпише „добро-волна" оставка,
со што била укината Охридската архиепископија.

You might also like