You are on page 1of 17

Печатниците во

Македонија
• Долго време требаше да помине од појавата на првата печатарска машина на
Гутенберг (Мајнц 1445 г.), додека во Македонија не се отвори првата печатница
и не се испечати првата книга.
• Отворањето на Првата македонска печатница на Теодосиј Синаитски во XIX век
во Солун, преставува историски настан кој има огромно значење за
националната и културната преродба на Македонците.
• Солунската печатница остави неколку значајни дела на македонски јазик кои
имаат клучна улога во борбата против елинизацијата на македонскиот народ.

• По укинувањето на Охридската архиепископија во 1767 година, Цариградската


патријаршија започнува елинизација во Македонија. Насекаде се поставуваат
Грци за свештеници или гркомани, кои го воведуваат грчкиот јазик во
богослужбата.
• Започнува уништување на црковните книги напишани на старословенски јазик
и воведување на грчката богослужбена книга. На ваквата политика се
спротивставуваат зајакнатите македонски трговци и занатчии кои бараат
возобновување на Охридската архиепископија, како и свои свештеници,
училишта, учители и книги.
• На почетокот на XIX век, Солун станува главен духовен центар на македонскиот
народ во борбата против елинизацијата која ја спроведува Цариградската
патријаршија. Младата македонска граѓанска класа, наоѓа поткрепа меѓу
свештениците и калуѓерите од Светогорскиот манастир на полуостровот Атон,
особено во Зографскиот манастир во кој било отворено ќелијно училиште на
црковнословенски јазик. Македонските свештеници и калуѓери помагаат при
отварањето на првите македонски народни училишта, во кои учебниците се
црковните книги, часословот, псалтирот и октоихот, кои свештениците, калуѓерите
и учениците по ќелијните училишта ги препишувале по манастирите. Некои од нив
напишани на македонски народен јазик, подоцна ќе бидат отпечатени во
печатницата на Теодосиј Синаитски во Солун.

• Веќе во триесетите години на XIX век македонскиот народ имал свое ќелијно
училиште во Солун. Меѓутоа потребата од печатени книги на македонски народен
јазик била неопходна за да се истисне грчката книга од македонските училишта и
цркви. Дојранчанецот Теохар, подоцна познат под монашкото име Теодосиј
Синаитски, ги поставува основите на македонското печатарство и ги подготвува
условите за национална и културна преродба на македонскиот народ.
• Улогата на Теодосиј во ширењето на просветата и културата, преку
печатење и издавање на книги на македонски народен јазик со
кирилско писмо е од огромно значење за македонскиот народ.
• Нагласувајќи дека ,,народниот јазик е клуч од железо и челик, што го
отвора срцето на простиот човек за да ја прифати светлината на
знаењето“, Теодосиј широко ги отвара вратите на македонската книга и
овозможува да ги надвладее грчките книги во севкупниот живот на
македонскиот народ.

• Интересна е животната сторија на првиот македонски печатар Теодосиј


Синаитски. Според народните преданија тој е роден како Теохар околу
1790 година во Дојран. Учел во грчки школи во Цариград, а откако ги
свршил тогашните ќелијни, старовременски школи, Теохар се вратил во
Дојран, каде се запопува. Таму останал се до смртта на својата попадија,
а потоа барал манастир низ цела Македонија каде би се закалуѓерил.
• Наместо да се смири во Македонија, која тогаш била под двојно ропство,
световно под Турците и духовно под Грците, околу 1827/28 година Теохар желен
да се посвети на бога заминал на полуостровот Синај (денешен Египет),
веројатно во тамошниот манастир „Св. Катерина“. Во овој манастир, уште од XI
век постоела бројна колонија на македонски калуѓери.
• Теохар таму стапил во калуѓерскиот ред добивајќи име Теодосиј, а подоцна
поради заслугите што ги имал за манастирот Теодосија бил избран за старешина,
архимандрит. Во спомен на престојот во манастирот на Синај, Теодосија кон
своето име го додава зборот Синаитски. Под ова име, тој подоцна ќе ја започне
својата културно - просветна работа.
• Додека престојува на Синај, во богатата манастирска библиотека Теодосиј се
сретнува со бројни старословенски ракописи.
• Иако е грчки воспитаник, тој ја изучува словенската писменост и набргу
преведува од грчки на македонски јазик разни молитви и потребни
богослужбени текстови. Своите преводи им ги испраќал на своите синови и
пријатели во Дојран. Така започнала неговата преведувачка дејност и борбата
против богослужењето на грчки јазик во македонските цркви.
• Откако станал архимандрит, Теодосија го посетил Ерусалим, каде се здобива со
титулата хаџија, а истовремено имал можност да ги прегледа и старословенските
ракописи.
• По неколкугодишен престој во синајскиот манастир, Теодосија доаѓа во Солун. Во
1831 година тој служи во тамошната црква Св. Мина словенска богослужба за
македонската колонија.
• Истовремено тој бил застапник на синајскиот манастир и како негов таксидиот,
патува по Македонија и собира милостина за манастирот.
• На своите патувања по Македонија, Теодосија се запознал со голем број познати
луѓе. Некои од нив подоцна кај него ќе ги печатат своите дела.
• Истовремено, тој осознава дека народот има потреба од македонска книга, со
која ќе може да се исфрли грчкиот јазик од школите и црквите, како и да се
воведе македонскиот јазик во просветните институции и во богослужбата.
Црковните преписи, скап и долготраен процес, неможеле да го надоместат
недостигот од учебници на македонски јазик.
• Книгите пак кои се печатеа во Будим, Виена, Белград и на други места беа скапи.
Оттука, потребата од македонска книга била огромна.
• Изборот каде ќе се постави печатницата, по игра на случајност паднала во Солун,
во градот каде пред еден милениум Солунските браќа го запалиле факелот на
сесловенската писменост.
• Во овој период Солун бил важен економски центар кој имал широки врски со
цела Европа. Во градот во кој богослужел Теодосиј Синаитски и во кого сеуште
постоела значајна македонска заедница, во првата половина на XIX век никна и
првата македонска печатница.
• Честопати отварањето на Солунската се поврзува со затворањето на
печатницата во Ваташа.
• Според оваа верзија, Теодосиј Синаитски со помош на тиквешанецот Даскал
Камче, кон 1836 година отворил печатница во селото Ваташа, Кавадаречко, а кон
1838 ја пренел во Солун, снабдувајќи ја со потребните кирилски букви.
• Исто така народните преданија говорат дека Теодосија Синаитски по добивањето
на согласност од солунскиот митрополит, односно од цариградскиот патријарх,
некаде меѓу 1835 и 1838 година ја отворил првата македонска печатница, а
потребниот материјал за печатницата бил набавен или изработен од некој
Евреин од Русија, кој тогаш живеел во Солун.
• Печатницата на Теодосија Синаитски во Солун додека работела,
отпечатила неколку книги меѓу кои: „Служение еврејско“,
„Утешение грешним“ од Кирил Пејчиновиќ, „Началное учение“ од
Натанаил Зографски, „Кратко описание на дваесетте манастири
на Света Гора“, „Речник од три јазика“. Теодосие е автор на
краткиот предговор кон книгата „Утешение грешним“ на Кирил
Пејчиновиќ.
• Втората печатница, веројатно била отворена во 1848 година од Даскал
Камче, а позната како Ваташка печатница.
• За Даскал Камче се знае дека бил роден во селото Курештица, но со
родителите се преселиле во Ваташа. Таму тој прво пеел во ваташката
црква, а потоа бил учител – даскал.
• Една година живеел на Света Гора и напишал, поточно превел еден
опис на манастирите, а додал свои дополнувања за словенските
манастири. Описот му го дал на Теодосиј Синаитски да го отпечати во
својата печатница.
• 1847 година отишол во Белград да купи материјал за да отвори своја
печатница. Пари му дал кавадаречкиот богат трговец Јовко Маркович.
• Се претпоставува дека во оваа печатница е отпечатен букварот на
Јордан Хаџи Константинов – Џинот „Првоначално учение за мали
деца“. Нема податоци што се случило понатаму со оваа печатница.
• Во втората половина на 19 век во Солун печатница отворил
Киријак Држилович. Таму, во 1852 година било отпечатено
„Кониковското евангелие“ на ениџевардарски дијалект со грчки
букви.
• Иако скромни, почетоците на македонското печатарство се многу
значајни за ширењето на просветата на народен јазик.
Јордан Хаџи Константинов - Џинот
За животот на Џинот

• Роден е во Велес, во сиромашно семејство на црковен клисар. Таму


завршил основно ќелијно училиште. Учел во Самоков и Солун, а по
завршувањето на школувањето се вратил во Велес каде отворил
училиште и предавал на народен јазик.
• Но, гркоманите го изгониле, па тој отишол во Скопје каде развива
широка дејност (меѓу другото и театарска), а училиштето се стекнува со
голем углед. Во скопското училиште доаѓале ученици од Куманово,
Дебар, Прилеп и други градови. Но, и тука им пречел на гркоманите, па
повторно бил изгонет.
• Отишол во Белград, каде се запознал со тамошната преродба и
успех во културниот и националниот просперитет. Охрабрен, се
вратил во Скопје каде ја продолжил својата работа уште
позасилено. Овојпат, гркоманите преку Турците успеваат да го
затворат прво во Призрен, а потоа во Битола.
• По излегување од затворот барал учителско место и конечно го
нашол во Прилеп. Не можел слободно да работи, бил наклеветен
дека е српски шпион и повторно бил затворен и прогонет во
Мала Азија (на 101 година). По патот бил малтретиран од
турските војници кои му го извадиле едното око.
• Во прогонство останал три години бидејќи неговите роднини и
пријатели успеале да соберат пари и да го откупат. Се вратил во
родниот Велес, неуморен и непокорлив, отворил приватно
училиште каде работел до крајот на својот живот.
Дејноста на Џинот

• Освен со учителска, тој се занимавал и со други дејности:

• 1. Пишување учебници.
• Го напишал првиот буквар „Таблица перваја“, по углед на
Доситеевата „Ижица“;
• 2. Пишувал статии за весници во Белград и Цариград;
• 3. Се занимавал со јазични прашања;
• 4. Собирал народни умотворби;
• 5. Пишувал литературни творби – песни и драми за потребите на
училиштето кои немаат уметничка вредност.
• Песни: „Плач на скопското училиште многотрудное“ (за напорната борба да
го одржи училиштето поради нападите на грчкото свештенство), „Аурора“ (за
патриотската функција на просветата), „Труд ми е името“ (за благодетите од
трудот), „Горка чаша кнеза Лазара“ – последна тајна вечера (најдолгата песна
).

• Драмски текстови: „Минерва и девет музи“, „Сербија шетаетсја в земељ


своих“, „Разговор или прави человек“, „Училиште и учение“, „Басни“.

• Сфаќајќи дека театарските претстави се многу погодни како образовно


средство, а особено во време кога македонскиот народ не бил многу
образован (ретко кој читал книги, луѓето биле неписмени во поголем број),
тој пишувал драмски текстови со морализаторско-дидактичен карактер. Тие
немаат уметничка вредност, но ја одиграле улогата која им била наменета.
Како и да е, Џинот ја започнува театарската традиција во Македонија.
Труд ми е името

• Песната „Труд ми е името“ нема уметничка вредност. Составена е


од 10 строфи од по четири стиха (катрени). Мотивот во песната е
размислувањето на авторот за човековите добродетели:
мудроста, љубовта и трудот. Песната е дидактична, бидејќи
нејзината цел е да подучи.
• Содржински може да ја поделиме на три дела.

• Во првиот дел (пет строфи), тој ни ги претставува мудроста,


љубовта и трудот како три убави девојки кои пеат и свират на
флејта. Трите му се претставуваат на најубав начин.
• Првата ми изрече:
• „Аз сум мудрост, рече,
• та погледни хубаво
• и расуди здраво!“

• Втората ме погледна
• за мене побледна:
• „Афродита бесрамна
• аз сум и огромна!“

• Третата ми привика:
• „Труд аз сум, извика,
• ти мене примај
• и Богу слава дај!“
• Во вториот дел (три строфи), Џинот го искажува својот став кон
мудроста, љубовта и трудот, кажувајќи дека ги сака сите три, но
ако мора да одбере, ќе го одбере трудот.

• Во третиот дел (две строфи), тој ќе ја истакне полезноста на


трудот, со што ќе ја постигне својата цел – да поучува.

• Труд ште вас научи


• и ште вас обучи
• блажено да ступате
• добро да творите.

You might also like