You are on page 1of 1

Неколку зборови за Македонскиот литературен јазик

Петтата статија „ Неколку зборој за македонцкиот


литературен јазик “ е всушност продолжување (и
остварување) на идејата за одделен македонски
литературен јазик, иницирана од Ѓорѓија Пулевски.

Таа претставува прво нормирање на јазикот и основа за


созадавање на македонскиот литературен јазик.

Во статијата, Мисирков тргнува од карактеристиките на


македонскиот јазик. Односно, од неговиот развој како
јазик во семејството на словенските јазици и неговата
функција во националното осознавање на македонскиот
народ. Понатаму, тој укажува на неопходноста од
забрзан развој на македонскиот литературен јазик и на
неговото издвојување како посебен јазик меѓу
јужнословенските јазици.

Мисирков се определил за брз, антитрадиционален модел за решавање на македонското


јазично прашање. Тој ги оформил своите ставови за македонскиот литературен јазик.

На крајот од статијата тој резимира:


„Но јас ке си дозвол’ам да повторам. Она јет:
прво, Македониiа да се неутралисат за Бугарија и
Србија и да се оддалечит једнакво од двете
држаи и друго, она требит да се објединит на
јазична осноа. Тије принципи ке ракоодат
изработуајн’ето на литературнијот наш јазик; они
ке ракоодат и праописот. На тије два принципа
одгоарат: 1, Прилепцко-Битол’цкото наречиiе за
литературен јазик, као једнакво далеко и от
србцкијот и бугарцкијот јазици, и централно во
Македонија. 2, фонетичнијот праопис со
употребените во таја книга писмени знакои и со
мали отстапки на етимологијата и 3, речничнијот
материјал да јет собрајн’е от сите македонцки
наречиiа.“

You might also like