You are on page 1of 10

Наука за јазикот

Критериуми и класификација на јазиците


1.Каква особеност е јазикот за човековиот род и човековите заедници?
- Јазикот е заедничка особеност на човековиот род и разликувачка особеност на човековите
заедници.
2. Колку јазици се зборуваат во светот денес?
-Според најновите податоци во светот се зборуваат околу 6000 јазици.
3. Кои критериуми се потребни за класификација на јазиците?
- Потребни се : јазичниот критериум, географскиот критерум, историскиот критериум и
општествено-политичкиот критериум.
4. Што е карактеристично за: јазичниот критериум, географскиот критерум, историскиот
критериум и општествено-политичкиот критериум?
- Јазичниот критериум тргнува од структурата на јазикот
-историскиот критериум, според кој се бараат врските меѓу јазиците во минатото
-географскиот критериум, според кој се има предвид непосредната близина на јазиците

-општествено-политички критериум, при што особено се нагласува општествено-


политичкиот статус на јазиците.
5. Наброј ги основните видови на класификација!
- Постојат различни видови класификација:
-генетската класификација
-типолошка
-ареална
-социолингвистичка
6. Што е карактеристично за генетската класификација?
- Генетската класификација ги групира јазиците во светот во јазични семејства врз основа на
нивната сродност.
7. Колку јазични семејства се изделуваат според генетската класификација?
-Според генетската класификација се изделуваат околу 20 јазични семејства.

8. Што е карактеристично за индоевропското јазично семејство и кои јазици влегуваат во


него?
- Индоевропското јазично семејство ги опфаќа речиси сите јазици што се зборуваат во
Европа, како и повеќето јазици во Азија.

9. Што е карактеристично за грчкиот и албанскиот, како јазици од индоевропското јазично


семејство?
- Тие се изделуваат како одделни.
10. Што е карактеристично за алтајското, уралското, африканско-азиското, кинеско-
тибетското, африканското, американско-индијанското и австралиското јазично семејство и
кои јазици припаѓаат на нив?
-Јазиците според оваа класификација не можат да се определат во ниедно јазично
семејство.
-атлајското, во кое спаѓаат турскиот јазик, татарскиот,монголскиот и др
-уралското, во кое спаѓаат унгсрскиот, финскиот, естонскиот и други.
-африканско-азиското во кое спаѓаат семитските во кои спаѓа арапскиот и др.
-Кинеско-тибетското во кое спаѓа кинескиот и други
-африканското во кое спаѓаат јазиците банту јазиците.
-американско-индијанското во кое спаѓаат индијанските јазици, ескимскиот и др.
-австралиското во кое спаѓаат јазиците на староседелците на австралискиот континент,
абориџинските итн.

11. Кој јазик во Европа е јазичен изолат?


-Тоа е баскискиот

12. Што е карактеристично за типолошката класификација и каква е поделбата на јазиците?


- Со оваа класификација јазиците се групираат во јазични типови, врз основа на нивните
формални карактеристики и според сличностите во граматичката структура.
Тип на јазици Тип на морфолошки средства
Флексивни Флексија(наставки)
Аглунативни Афикси(додатоци на зборот)
Коренски Корен
Полисинтетички Зборовен дел

13. Што е карактеристично за: флексивните, аглутинативните, коренски и полисинтетички


типови на јазици?
-Во флексивните јазици зборовите ја менуваат својата форма. Во оваа група спаѓаат
индоевропските и семитските јазици.
- Во аглутинативните јазици на основата на зборот се додаваат делови со различно
значење(афикси). Такви јазици на пр. Алтајските и уралските.
-Во коренските јазици, каков што е кинескиот, секој збор екорен и не се менува.
-Полисинтетичките јазици, какви што се индијанските, се одликуваат со сложени зборови
составени од повеќе зборовни делови.

14. Кои јазици се од синтетички, а кои од аналитички тип?


-јазици од синтетички тип, во кои превладуваат синтетички форми какви што се падежите.
-јазици од аналитички тип во кои превладува аналитичкиот начин на изразување на
граматичките односи на пр. со предлози.
15. Што е карактеристично и од особено значење за кинескиот јазик?
- Во кинескиот јазик коренот збор и не се менува.
16. Што е карактеристично за ареалната класификација?
- Во оваа класификација доаѓа до израз географскиот критериум. Таа опфаќа јазици во
непосредна близина, во кои се развивале заеднички јазични особености, пред се, на
структурен план.
17. Што е јазичен сојуз?
- Јазици под дејство на интензивни меѓусебни контакти и влијанија оформуваат јазичен
сојуз.

18. Кои јазици влегуваат во балканскиот јазичен сојуз?


- македонскиот, бугарскиот, албанскиот, грчкиот, романскиот, ароманскиот.
19. Според геополитичката класификација на јазиците како се делат европските азици?
-Според оваа класификација, европските јазици се делат на западноевропски и
источноевропски јазици.
20. Што е карактеристично за социолингвистичката класификација?
- Оваа класификација тргнува од статусот на јазиците во различни општествено-политички
заедници и од употребата на јазиците во различните области на општење.
21. Кои типови јазици ги имаме според оваа класификација?
- Притоа обично разликуваме разговорен јазик, официјален јазик,светски јазик,
меѓународен јазик и слично.
22. Што е карактеристично за разговорниот јазик, официјалниот јазик, светски јазик,
меѓународен јазик, регионални јазици или малцински јазици?
-Разговорните јазици се употребуваат во мали општествени заедници, обично се
употребуваат само во говорена форма.
-Официјалните(службените) јазици се употребуваат во сите области на општење во една
државна заедница.
- Како светски јазици се изделуваат јазиците со голем број зборувачи, а како меѓународни,
јазиците што обично се употребуваат во меѓународното општење.
23. Каков статус има македонскиот, англискиот и кинескиот јазик?
-Англискиот јазик има статус и на светски и на меѓународен јазик, а кинескиот само на
светски.
-Македонскиот јазик има официјален статус само во Македонија, но е признаен како
малцински и службен јазик во делови од Албанија
24. Што е карактеристично за македонскиот јазик според класификациите меѓу јазиците во
светот?
- Според типолошката класификација македонскиот е флексивен јазик.
-Според ареалната класификација спаѓа во балканскиот јазичен сојуз.
-Според општественополитичката класификација тој е официјален јазик во Република
Македонија.
ЈАЗИКОТ И ГОВОРОТ
1. Што е јазикот?
- Јазикот е систем од знаци за општење меѓу луѓето.
2. Што е говор?
-Говорот е всушност остварување на јазикот.
3. Што е јазична дејност?
- Единството од јазикот и говорот се нарекува јазична дејност
4. Кој е стабилен и постојан а кој е динамичен и променлив - јазикот или говорот?
-Јазикот е стабилен и постојан, а говорот е динамичен и променлив.
5. Во какво заемно дејство се јазикот и говорот?
-Јазикот и говорот се во непрекинато заемно дејство.
6. Каква активност е говорот?
- Говорот е творечка активност на човекот

7. Како може да трае и да се остварува јазикот?


-Јазикот трае низ времето со постојана употреба преку говорот.

8. Како стигнува говорот до мозокот на слушачот?


-Говорот се јавува во вид на звучни слики и на нервно- физиолошки процеси во мозокот на
зборувачот и во неговиот говорен апарат, па во вид на звучни бранови се пренесува до
слушниот апарад и до мозокот на слушачот
9. Што се јазични знаци?
-.Знаците што ги употребуваме при општењето со помош на јазикот се нарекуваат јазични
знаци.
10. Што е звучна слика?
- Звучна слика е материјалната, означувачката, страна на јазичниот знак.
11. Колку страни имаат зборовите односно јазичните знаци?
-Тие имаат две страни: форма и значење.
Историја на македонскиот јазик
Македонскиот јазик во втората половина на 19 век
1. Што се случува со македонскиот јазик во втората половина на 19 век?
- Во 2та половина на 19век македонскиот народен јазик се употребува во повеќе области на
меѓусебното општење во Македонија. Но употребата на македонскиот народен јазик во
голема мера е спречувана и е оневозможена од дејствувањето на пропагандите на
соседните народи, кои ја користат и ја злоупотребуваат македонската положба во Турската
империја.

2. Во колку контексти се одвива процесот на оформување на македонскиот литературен јазик со


зачувување на македонскиот народен јазик во втората половина на 19 век?
- Во втората половина на 19век се изделуваат 3 општествено-историски контекси во развојот
на македонскиот литературен јазик.

3. Што е карактеристично за црковно-училишната борба?


- црковно-училишната борба чија цел е возобновување н македонската национална црква со
воведување на македонскиот народен јазик во црквата и во училиштата. Оваа борба прво е
насочена против влијанието и пропагандата на грчката црква, а потоа и против бугарската и
српската и се одвива на рамниште на македонските црковно училишни општини.

4. Што е карактеристично за културно-преродбенската борба?


-културно-преродбенската борба чија цел е културно издигнување на Македонците. Оваа
борба се одвива преку личните и заедничките залагања на македонските преродбеници и се
претставува преку нивната уметничка литература, особено преку собирањето и
афирмирањето на мекедонското народно творештво.

5. Што е карактеристично за национално политичката борба?


-национална-политичката борба чија цел е национално ослободување и обединување на
Македонците со нивно официјално признавање како одделен словенски народ и со
признавање на македонскиот литературен јазик како официјален, против Турската империја
и против туѓите пропаганди во Македонија.

Избор на дијалектната основа на македонскиот стандарден јазик


1. Што е карактеристично за македонскиот стандарден јазик како размислување за него во 19
век?
-Оформувањето на македонскиот стандарден јазик започнато врз широка народнојазична
основа на македонскиот писмен јазик во делата на македонските писатели од првата
половина на 19век продолжува со изборот на дијалектната основа на јазикот

2. Кога дошол до израз изборот на дијалектна основа?


- Изборот на дијалеткната основа особено дошол до израз во почетокот на втората половина
на 19 век.
3. Кои две гледишта се оформиле во втората половина на 19 век, за оформување на
литературниот јазик во Македонија?
-Тоа биле гледиштата за:
- оформување на литературен јазик врз поширока(македонско бугсарска) дијалектна основа
како заеднички јазик за Македонците и Бугарите.
-оформување на литературен јазик врз западномакедонската дијалектна основа како
одделен македонски јазик меѓу другите словенски јазици.

4. Што е карактеристично за гледиштето за заеднички македонско бугарски јазик?


Оваа идеја била различно сфатена од македонските писатели. Јордан Хаџи Константинов
Џинот во оваа идеја гледал можност македонскиот писмен јазик да го достигне размништето
на поразвиените словенски јазици, па во својот јазик вклучувал зборови кои биле својствени
за соседните словенски јазици, српскиот и бугарскиот.

5. Кој бил носител на идеата и иницијатор на ова гледиште?


- Носител на идејата за оформување на еден заеднички литературен јазик за Македонците и
за Бугарите била бугарската црква.

6. Кои македонски културни работници биле приврзаници на ова гледиште?


- Тоа биле Партениј Зографски и Јордан Хаџи Константинов Џинот.

7. Што е карактеристично за гледиштето за одделен македонски јазик?


- Гледиштето за одделен македонски јазик се надоврзува на македонската писмена
традиција, во која црковнословенската основа постепено се заменила со народнојазична.
Употребата на македонскиот народен јазик се налошува во ризлични области на општење,
особено во трговијата, во црквата, во образованието, како и во печатот и во уметничката
литература. Исто така таа има значајна поткрепа во народното творештво. Во тој поглед,
централно место зазема Зборникот на народни песни на браќата Миладиновци.

8. Какви биле заложбите на Ѓорѓија Пулевски по ова гледиште?


-Заложбите за оформување на литературниот јазик врз западномакедонските говори се
поврзуваат со дејноста на Ѓорѓија Пулевски и на другите културни дејци кои работеле на
полето на јазикот.

9. Кои културни дејци биле нарекувани македонисти и поради што?


-Ѓорѓија Пулевски и другите културни дејци кои работеле на полето на јазикот, поради
нивните јасни и отворени македонски идеи.

10. Која дружина била активна во овој период во Софија и кое списание го издавала?
-Била активна младата македонска книжевна дружина, која во Софија го издавала
списанието „Лоза“.
11. Како се нарекувале македонистите што го издавале списанието Лоза?
-Тие се нарекувале “лозари”.
12. Кој значаен македонист ќе ги направи најголемите заложби за македонскиот литературен јазик
и изборот на дијалектна основа за него?
-Најголемите заложби за мак. Литературен јазик и изборот на дијалектната основа ке ги
направи Крсте Петков Мисирков.
Учебникарска дејност во Македонија
1. Кои биле основните задачи на македонската Преродба во втората половина на 19 век?
- Основните задачи на македонската Преродба биле отворање училишта на македонски
народен јазик, како и печатење соодветни учебници на македонски јазик.

2. Со која дејност македонските преродбеници го спречувале процесот на асимилација на


македонскиот народ и наложување на туѓите јазици?
- Тие особено со учебникарската дејност го спречувале процес на асимилација на
македонскиот народ и наложувањето на јазиците.

3. Што е карактеристично за првите македонски учебници на првите учебникари Партениј


Зографски и Кузман Шапкарев?
- Партениј Зографски и Кузман Шапкарев јасно ги истакнале своите погледи за местото на
македонскиот јазик во образованието. Цврсто застанале зад ставот дека образованието на
децата треба да започне на мајчиниот јазик.

4. Кои учебници имале главно место за образување на децата во овој период?


- Главно место меѓу македонските учебници имаат букварите и читанките.

5. Кои други автори на буквари на македонски јазик се познати во македонија во овој период?
- Како автори на буквари на македонскиот јазик, освен Партениј Зографски и Кузман
Шапкарев, се јавуваат и Димитар Узунов, Димитар Македонски, Јосиф Ковачев, Натанил
Зографски и др.

6. Во кој контекст се одвива учителската и учебникарската дејност на Зографски и на Шапкарев?


- Учителската и учебникарската дејност на Зографски и Шапкарев на македонски народен
јазик се одвива во контексот на црковно училишната борба на македонскиот народ.

7. Што е карактеристично за учебникарската дејност на Ѓорѓија Пулевски?


- Погледите за местото на македонскиот јазик во наставата и во учебниците особено доаѓаат
до израз во учебникарската дејност на Ѓорѓија Пулевски. Покрај учебници, тој пишува
речници и граматика. Учебниците (речениците) на Пулевски, исто така имаат
енциклопедиски карактер, односно од еден ист учебник(речник) се добиваат знаења од
различни области. Речениците на Пулевски имаат значајна ролја во збогатувањето на
лексичкиот фонд на македонскиот јазик.

8. Како се вика граматиката што ја отпечатил Ѓорѓија Пулевски?


- Таа се вика Слогница речовска.
9. Во кој контекст се одвива учебникарската дејност на Ѓорѓија Пулевски.
- Учебникарската дејност на Ѓорѓија Пулевски на македонски јазик се одвива во контексот на
национално-политичката борба на македонскиот народ.

Јазикот на македонските писатели од втората половина на 19 век


1. Што се случува со македонските писатели во однос на јазикот на кој што пишувале во втората
половина на 19 век?
- Кај нив превладува стремежот да пишуваат на своите родни говори, односно на
западномакедонското наречје.
2. На кој говор пишувал и врз која основа ги напишал Константин Миладинов своите песни?
-Тој своите песни ги пишувал на родниот струшки говор.

3. На кој јазик со чии јазични примеси ги пишувал своите песни Рајко Жинзифов?
-Тој пишувал поезија според моделот за еден заеднички македонско-бугарски јазик со
значително влијание од рускиот јазик.

4. На кои јазици ги пишувал своите дела Григор Прличев?


-Тој пишувал на својот роден охридски говор и од западномакедонските јазични особености,
како и од црковнословенскиот јазик.

5. На кој јазик ја напишал Марко Цепенков својата автобиографија?


-На македонски јазик.
6. Што е карактеристично за втората половина на 19 век и за македонските преродбеници во
однос на дијалектната основа на мекедонскиот литературен јазик?
- Во втората половина на 19век македонските преродбеници преку своите текстови
практично ја посочуваат дијалектната основа на македонскиот литературен јазик.

Погледите на Крсте Петков Мисирков за македонскиот литературен


јазик
1. Кога и каде е отпечатена книгата за Македонцките работи?
-Во Софија 1903 од Крсте Петков Мисирков

2. Кој наслов го носи последната статија и за што зборува во неа?


- Го носи насловот Неколку зборови за македонцкиот литературен јазик и претставува
практичен разработен проект за кодификација на македонскиот јазик.

Во колку точки ги оформува своите ставови за македонскот литературен јазик Мисирков?


- Главно во 3 точки:
--- за основа на литературниот јазик ги зема централните говори(Велес-Прилеп-Битола-Охрид)

--- го поставува правописот врз фонетска основа, со мали отстапки на етимологијата


--- во лексиката предлага да се вклучуваат елементи од сите македонски говори.

3. Со кои јазични особености македонскиот јазик најмногу се разликува од соседните словенски


јазици?
-испуштање на интервокални согласки и тоа на в(чоек), на х(дуот,Орид), на д(создаит) исл.

-ф наместо постарото х: успеф


-антиципација на мекиот изговор на ќ и њ(брајк’а, стаин’е, коин’е)
-групите стр,здр ( во сите случаи: спред, здрел, праздна)
-наставката -цки наместо -ски (македонцки, балканцки)
4. Што претставува јазикот на Мисирков?
- Неговиот јазик всушност е нормиран јазик и претставува солидна основа за дефинитивното
нормирање на македонскиот јазик и за неговата кодификација.

Македонскиот јазик меѓу двете светски војни


1. Каква била состојбата на македонскиот народ и македонскиот јазик по Балканските војни?
-Во главно ситуацијата била лоша поради поделбата на Македонија.

2. Како била поделена Македонија во тој период?


- На јужен дел(Егејска Македонија)-грчкиот, северниот дел(Вардарска Македонија)-
српскиот и во источниот дел(Пиринска Мак.)-бугарскиот.

3. Каде имало најостри мерки против македонскиот народ и македонскиот јазик?


-Во Егејска Македонија.
4. Кога бил издаден Абецедарот, каде, зошто и што содржел?
-Бил издаден 1924 година во Егејска Македонија и содржел кратки четива на македонскиот
јазик, наменети за учење на азбуката.

5. Каква била состојбата во однос на македонскиот јазик во делот од Македонија под


Кралството СХС?
- Во составот на Кралството на СХС, во официјална употреба бил наметнат српскиот јазик.
Македонскиот јазик бил сведен на дијалект за домашна употреба.

6. Кои писатели и поети пишувале во периодот меѓу двете светски војни и на кој јазик?
Како се викаат делата што ги изадале?
- На македонски јазик
- Васил Иљоски – Бегалка (кумановски говор)
-Антон Панов (дојрански говор)
-Кочо Рацин – Бели Мугри (централните говори)
-Коле Неделковски – збирки (велешки говор)

7. Што потврдуваат литературните дела меѓу двете светски војни?


- Литературните дела меѓу двете светски војни јасно ја потврдија народната основа на
македонскиот јазик.

Кодификација на македонскиот литературен стандарден јазик


1. Што претставува кодификацијата?
- Кодификацијата е официјално озаконување на литературниот јазик и на неговата употреба
во практиката
2. Со кои историски настани е поврзана кодификацијата на македонскиот јазик?
-со решението на Првото заседание на АСНОМ (2август 1944) за воведување на
македонскиот како службен јазик во македонската држава;
-со официјалното усвојување на македонската азбука;
-со официјалното усвојување на македонскиот правопис.
3. Кои принципи ги поставила Комисијата за оформувањето на македонскиот литературен јазик?
- Следните принципи:
1. Треба да се установат формите од централните говори за лесно приемливо меѓу луѓето.

2.Да се изрази македонската народна основа. Да има зборови од дијалекти.


3.Македонската азбука да биде составена од толку букви колку што и гласови. Правописот
да се изработи врз фонетскиот принцип.
4. Кога била донесена Резолуцијата за азбуката и правописот, а кога била усвоена?
- Била донесена на 3 мај 1945, а усвоена на 5 мај 1945
5. Кога е прогласен Правописот на македонскиот јазик?
- На 7 јуни 1945

6. Што одразува кодификацијата на македонскиот литературен јазик?


- Кодификацијата на македонскиот литературен јазик ја одразува македонската јазична
практика

Улогата на Блаже Конески во кодификацијата на македонскиот


литературен јазик
1. Каков придонес има Блаже Конески во кодификацијата на македонскиот литературен јазик?
- Блаже Конески има значаен придонес за кодификацијата на македонскиот литературен
јазик и за стандардизацијата на литературнојазичната норма.

2. На која обемна книга во два дела е автор Блаже Конески?


- Блаже Конески е автор на обемната Граматика на македонскиот литературен јазик 1-
2(1952-1954)

3. Од колку дела е граматиката на Конески и за што пишува во неа?


-Таа е од два дела.
Првиот дел од граматиката го опфаќа делот За гласовите во кој е опишан гласовниот систем
на македонскиот јазик, и делото За акцентот, во кој е претставен карактерот на
македонскиот акцент. Вториот дел од граматиката носи наслов За формите и нивната
употреба.

4. За која книга Конески дал придонес, а на која бил редактор?


- Граматиката на Конески придонесува за зацврстување на македонската лингвистичка
терминологија и ја претставува основата на современата македонска наука за јазикот.
Блаже Конески исто така е и редактор на Речникот на македонскиот литературен јазик во 3
тома.

You might also like