You are on page 1of 6

Кирил Пејчиновиќ

Проект по Македонски јазик и литература

Кирил Пејчиновиќ - Тетоец (1771 - 1845) — 


македонски  просветителски автор кој сите
свои дела ги напишал на народен јазик и
заедно со Јоаким Крчовски ја претставуваат
првата генерација писатели на
современата македонска книжевност.
Биографија
 Роден е во село Теарце, Тетовско, а учел црковно училиште во манастирот Св.
Пречиста Кичевска и Хиландар на Света Гора. Целото семејство било верски
настроено, па татко му и чичко му го продале имотот во Теарце и заедно со Кирил
отишле во Хиландар каде се закалуѓериле. Тие останале таму, а Кирил се вратил и
работел во Марковиот манастир, близу Скопје. Тука го обновил оштетениот манастир
и собирал стари текстови со што ја збогатил манастирската библиотека.
 Во Марковиот манастир Пејчиновиќ живеел дваесетина години. Отворил
манастирско училиште и се истакнал како активен проповедник и просветител на
населението. Тука ја напишал својата прва книга „Огледало“, печатена во Будим 1816
година.
 Во 1818 година дошол во родниот крај, во селото Лешок и го обновил манастирот Св.
Атанасија. Во манастирските конаци отворил училиште, каде поучувал и млади и
стари. И тука ја збогатил и уредил библиотеката.
 Во слободните часови пишувал. Освен „Огледало“, тој ги напишал и делата:
„Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“, како и „Епитафот“ кој е врежан на
неговата надгробна плоча.
 Починал 1845 година и е погребан во дворот на Лешочкиот манастир (Св. Атанасија).
Книжевна дејност
 „Огледало“ е требник, прирачна книга за свештениците која ја користеле при
вршењето на црковните обреди. Содржи неколку молитви и прозни текстови за
различни обреди и една голома проповед – „Слово за празниците“. Молитвите и
црковните текстови се напишани на црковнословенски јазик, а „Словото“ на
народен јазик – тетовски говор.

 „Утешение грешним“ – содржински е продолжение на „Огледало“. Немал


средства да ја отпечати, но на крај своите заштедени пари ги дал за обнова на
печатницата на Теодосиј Синаитски во Солун, каде 1840 година е отпечатена
книгата , а Синаитски напишал пригоден „Предговор“.

 „Житие кнеза Лазара“ е книшка за животот на кнезот Лазар, кој го сметал за


оснивач на Лешочкиот манастир.

 „Епитаф“ – е последно негово дело, но и прв обид да се изрази во стихови.


„Епитафот“ нема уметничка вредност, но тоа е првата песничка напишана на
македонски народен јазик.
Првата страница на Првата страница на
„Утешение грешним“ „Огледало“
Епитаф
 во 1835, Пејчиновиќ за себе составил надгробен натпис (епитаф) во облик на 
стихотворба. Ова е најраниот познат авторски пример на пишување стихови на
народен говор во развитокот на македонскиот јазик. Епитафот гласи:
Теарце му негово рождение
Пречиста и Хилендар пострижение
Лешок му е негоо воспитание
Под плочава негоо почивание
От негово свое отшествие
До Христово второ пришествие
Молит вас бракя негои любимия
Хотящия прочитати сия
Да речете Богза доброе дело

Гробот на Пејчиновиќ пред


Лешочкиот манастир
Изработиле:

 Јован Јакимов
 Бобан Ѓорѓиевски
 Дарко Николов
 Антонио Топалов
 Дарио Димов
II-3

You might also like