You are on page 1of 11

.

Содржина:
•Детство и образование
•Живот
•Значајни дела
•Дионис Вакхо
ДЕТСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ
Јордан Хаџи Константинов-Џинот е роден
околу 1820/21 на 29 август во Велес во
славното велешко маало Прцорек кое се наоѓа
на левата страна на реката Вардар.Тој е роден
во сиромашно семејство на еден црковен
клисар. Неговиот татко се викал Костадин-
Kочо и тој имал уште два сина и една
ќерка.Тој се школувал во ќелијните школи во
Велес,а потоа своето школување го
продолжил во Самоков и во Солун
ЖИВОТ
Тој бил македонски просветител односно
еден од зачетниците на просветителството
во Македонија.Тој во 1838 година почнал да
работи во воведување просвета на народен
јазик во разни, школи во Македонија
почнувајќи од училиштата во Велес(1866 –
1867) а потоа во Скопје(1869–1870) .Тој
додека дејствувал одел во судир со сите
владики и со сите луѓе кои не го делеле
неговото мислење во поглед на потреба за
воведување народен јазик во школите,за
добивање народни црковни старешини
ЗНАЧАЈНИ ДЕЛА

Првото книжевно дело на Јордан Хаци


Константинов - Џинот е неговата „Таблица
перваја” – 1838. Тоа е еден практичен школски
текст, сличен на многубројни „таблици", што
биле во употреба по училиштата во Грција,
Романија, Србија, Бугарија. Таблица перваја на
Џинот содржи поголем број морализаторско-
дидактични мисли.
Таблиците обично биле закачувани по ѕидовите
на училниците и од нив читале учениците. Оваа
таблица служела како учебно помагало при
основно описменување на учениците. Неговите
филозовски мисли се собрани во две збирки
афоризми и се најблиску до „Таблица перваја“.
 Џинот во текот на околу две децении, пишувал
стихови, и преставува еден од првите
македонски стихотворци. Негови стихотворби:
“Плач на скопското училиште многотрудное”;
“Дионис Вакхо” ; “Труд ми е името”, “Рај
божји”; “Аврора”; “Крај реката Вардар” и “Горка
чаша кнеза Лазара последна тајна вечера” .
Познати се неговите драми кои ги изведувале
неговите ученици:  “Миневра и девет музи”,
“Разговор или прави человек”, “Училиште и
учение”, “Басна”, “Сербија шетаетсја в земел
своих”. Неговите драми, од кои првите четири
се објавени во „Цариградски весник“. Во август
1883 година Јордан Хаџи Константинов Џинот
умира во Велес,а неговиот гроб се наоѓа во
црквата Св.Спас во Велес.
ДИОНИС ВАКХО

Вонка,вонка грнците,
Баклите и букарите!
Купи,стомни всички доле,
Грне мое ме моле.
Что да правам,о леле?!
Виното ме разболе.
Не прилича на грозје
Ни на копање лозје,
Ни на цветје мило,
Ни трендафил било,
Ни черно мастило
За премурдо чколо,
Ни одежда хубава,-
Но на памет забава!
Уа,на момите,
Ак пијат от баклите.
Ха де,браќа момчиња,
Пите сос букарчиња!
Всички доле во механа,
И викајте “танана”!
Та што ште ви наука,
Виното кога вика?
Та што требува книга,
Виното кога ве руга?
Сега пите,браќа,
Назад нек ви се враќа!
Слушај-ху,ха,ха,ха!
Всичките се опиха!
Вонка,вонка грнците,
Баклите и букарите!
Всички пијаници доле
Да умрат по-боле

You might also like