You are on page 1of 3

Константин Миладинов

Био-библиографски податоци
Константин Миладинов е роден во 1810год., во Струга,
како најмлад син на грнчарот Ристе и неговата сопруга
Султана Миладинови.Роден е неколку месеци по смртта
на неговиот татко, но и покрај тоа имал добри услови за
школување поради брат му Димитар, кој го зел под своја
закрила.По неговите стапки, основното училиште го
завршил во Струга, каде учител му бил токму
тој.Продолжувајќи по неговите стапки, заминал во
Јанина, Грција, каде завршил гимназија.Во 1847год., за прв
пат се судрил со учителска дејност, и тоа во битолското
село Трново.Со желба да учи на словенски јазик, на
враќање се задржал во манастирот Зограф, каде со
помош на П.Зографски го изучил словенското писмо, а за
да се оддолжи бил учител во селото Магарево.За да ја
оствари својата желба, во 1856 заминал во Русија, прво
во селото Минино (каде го научил рускиот јазик), а потоа
во Москва каде што стидирал словенска филологија.Во
тој период, покрај студиите, ги редактирал творбите
што му ги испраќал брат му Димитар.Таму, поради
студената клима и напорната работа се разболел од
туберкулоза, па затоа зимата 1859-60 ја прележал во
Екатеринската болница,каде ја напишал ,,Т’га за југ”.
Таму добил и писмо од Димитар во кое тој му вели да се
врати дома.На враќање од Москва, се задржал во
Хрватска, каде со помош на Ј. Ј.Штросмаер го отпечатил
Зборникот.Оттаму продолжил кон Македонија, но во
Бугарија дознал дека брат му е затворен во Цариград и
наместо дома, заминал во Цариград со цел да му помогне,
но и тој завршил во затвор. Починал на 18 јануари 1862 во
затворот во Цариград, а неколку дена пред него (на 11
јануари) починал и брат му Димитар.

Неговото значење како собирач за време на преродбата


Македонска преродба е период и процес на културно-
националното будење и национално-политичкото
ослободително движење на македонскиот народ во
Македонија што завршува сo државното конституирање
на Македонија.Константин Миладинов, во македонската
преродба имал придонес преку собирањето на народни
умотворби(,,спакувани” во Зборникот) и со тоа што бил
основоположник на македонската уметничка
поезија.Пред него стихови напишале Кирил Пејчиновиќ и
Џинот, но тие немале уметничка вредност. Константин
Миладинов го напишал Предговорот на „Зборникот“ кој
претставува прв обид за научен труд од областа на
народната литература. Тој го истакнува значењето на
народната литература како најчист, најсигурен
показател на националната индивидуалност. Тука е
објавен првиот преглед на нашата народна литература
и првиот обид за нејзина класификација.Во однос на
неговата поезија, познати се 15 песни кои со сигурност се
знае дека се негови. Две од нив имаат публицистичко-
пропагандистичка тенденција, а останатите се со
уметничка вредност.Најважни особености на неговата
поезија се:мотивиката(не се забележува дека неговата
поезија е авторска, бидејќи е многу блиска со
народната);употребувањето на македонскиот
јазик(струшки говор), и покрај околностите во кои се
наоѓал; најчесто ги користи осмерецот и десетерецот,
меѓутоа, и покрај сите овие елементи, тој во своите
дела остава личен печат.

Изработила:Кристина Јаневска II-1м.с.

You might also like