You are on page 1of 6

Животот и

делото на
Димитар
Миладинов
Изработила : Викторија Ѓорѓиоска
Ментор : Бранка Ристова
II-9
Вовед Димитар Миладинов бил роден во Струга во 1810 - Цариград,
денешен Истанбул и живеел до 1862. Познат како македонски
народен преродбеник, поет, учител, публицист,
собирач на народни умотворби, основач на македонската
етнографија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент,
а неговото творештво се состои од неколку лирски целини.
Заедно со својот помлад брат Константин водел организирана
борба против денационализаторството, пенхелизмот и
политиката на грчката влада на македонските подрачја.

Тој имал важна улога во борбата против грчката пропаганда во Македонија, иако
самиот бил човек со висока грчка култура и образование. Во својата
антихеленистичка пропаганда, Миладинов се служел со сите достапни средства, со
образованието, воведувањето народни говори во наставната практика, со едукацијата
на домашниот млад учителски кадар, со обемна кореспонденција во која настојувал
да објасни и да извести важни луѓе на своето време за она што се случувало во
моментот на македонски терен и што треба да се направи.

Тој финансиска поддршка добивал од монасите во светогорскиот манастир Зограф за неговата борба против хелинизмот.
Бил пријател со монасите Анатолиј и Партенија Зографски, кои исто така со лично залагање придонесувале во борбата
против хеленизмот, како и игуменот Иларион, Натанаил Кучевишки и др.
Животопис
Димирар е од семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана
Миладинова. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина,
Грција (1833 - 1836). Во периодот помеѓу 1836 - 1839 година, работи како учител во
Охрид, но поради грчкиот владика е принуден да го напушти училиштето. Потоа
учителствува и во Струга (1839 - 1840), Кукуш (1840 - 1842) и повторно во Охрид (1842
- 1845) и Струга во 1846 година. Подоцна доаѓа и како учител во селото Магарево,
Битолско (1849 - 1852) и во грчко училиште во Битола (1852 - 1854). Во училиштето во
Охрид, Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор
Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се
занимаваат и со собирачката дејност-собирање и запишување на македонски народни
песни и други умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во еден голем Зборник (наречен
"„Бугарски народни песни“", затоа што имало песни и од Бугарија). Во таа дејност се
вклучил и средниот брат Наум Миладинов. Тој ја завршил Духовната академија на
патријаршискиот универзитет "Халки" во Цариград и дипломирал на отсекот музика и
граматика. Во 1843 година напишал учебник по музика, прв од таков вид во
Македонија, додека при собирањето на народните песни истите ги запишувал со нотни
записи, ги мелографирал, па така тој е нашиот прв музичар и мелограф. како свои.
Собирачката дејност на Димитар Миладинов
Собирањето и објавувањето народни умотворби има огромно значење:
● афирмација на македонскиот народ како посебен народ со своја традиција, обичаи и
историја;
● афирмација на македонскиот јазик како посебен;
● истакнување на творечките и духовните вредности на народот.

Димитар Миладинов многу ангажирано собирал народни умотворби од


цела Македонија и ги поттикнувал своите ученици и следбеници да го
прават истото. Неговата посветеност кон оваа дејност се гледа во
обемот на собраниот материјал кој успеал да го отпечати.
Зборникот Зборникот на Миладиновци,
насловен како ‘’Бѫлгарски
Значење во македонската
литерура
народни песни’’, излегува од Без оглед што оваа епохална книга на
печат во Загреб, на 24 јуни Браќата Миладиновци се јавува по
Содржи: 1861 година. изданието на Стефан Верковиќ („
Народни песни на македонските Бугари“,
● 1. Предговор од Константин 1860 година), таа во историјата на
Миладинов во кој е дадена и македонската книжевност и култура воопшто
првата класификација на си го зазема првото, водечкото место во
презентацијата на македонското усно
македонските народни песни;
народно творештво.
● 662 песни;
● народни преданија за лица и
места;
● народни обичаи и верувања;
● стотина гатанки;
● педесетина пословици и
поговорки и
● повеќе од 400 лични имиња и
презимиња.
Ви благодарам на
вниманието!

You might also like